Tag Archives: МВР

(Фото) МВР го пpoнајде укpaдениот арапски кoњ од 50,000 евра

Полициските службеници од Гази Баба го пронајдоа украдениот арапски коњ чија вредност се проценува на 50.000 евра и му го вратија на сопственикот.

Професионално тренираниот коњ бил украден во центарот во одделението за тренирање на полициски животни во Хиподром.

Животното беше украдено во средата навечер за време на полицискиот час.

Запленета дрога во вредност од над 800 илјади евра, yaпceн командирот на ПС Прилеп и началник при БЈБ

Во заедничка полициска акција на МВР и американската ДЕА запленета е дрога во вредност од 800 илијади евра, а во акцијата уапсени се командирот на ПС Прилеп К.С, како и началник на организиран криминал при БЈБ..

За акцијата претходно на социјалната мрежа на Фејсбук објави и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Во голема полициска акција заедно со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник. Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот, пишува во својата објава Спасовски.

Ова е моментот на пукањето врз украинскиот водач на „Кавачкиот клан“ – пука мафијашот на кого МВР му издало македонски пасош (ВИДЕО)

Еден од двајцата мафијаши кој денеска ги откри ВМРО-ДПМНЕ е и Стефан Џукиќ кој е осомничен за обид за убиство на еден од водачите на така наречениот „Кавачки клан“.

Обидот за убиство  се случил во Киев, Украина, а името е Радojе Звицер.

Стефан Џукиќ во тоа време имал македонски пасош на име Каче Герѓи.

Од моментот за обид за убиство на водачот на „Кавачкиот клан“ објави и заменик министерот за внатрешни работи на Украина минатата година на 27 мај.

Станува збор за обид за убиство на Радој Звичер (37) во центарот на Киев.

Тој бил ранет со неколку куршуми од кои три во градниот кош.

Не ги пцујте министрите на Фејсбук, МВР ќе ве третира како „криминалци“

Скопјанец на возраст од 72 години е поканет од МВР на информативен разговор затоа што на Фејсбук го опцул министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, тврди неговот син на Твитер пост.

Иако овој вид на поведение се гони според законот за граѓанска одговорност и Бочварски ако се смета за понижен или навреден и ако сака треба да покрене граѓанска парница во МВР најверојатно изливот на емоции на скопјанецот го третираат како закана за безбедноста на министерот и го повикуваат во полиција.

https://twitter.com/BVasilevski/status/1358723648304128000?s=20