Tag Archives: МВР

Детето едвај врисна и остана без здив, ги преврте очите и беше неподвижно: Инцидент на плажа во Охрид

Малолетно дете било претепано од возасен човек на плажа во Охрид.

По нападот, детето речиси се онесвестило, поради што морало да интервенира и брза помош.

Две деца почнаа да се расправаат во вода. Ги раздели една жена и на излегување по скали од мостот повисокото го стигна помалото со клоца. Една жена претпоставувам мајка на тоа што ја удри клоцата за да го укори синот му удри шамар и тоа падна. Во истиот момент братучед на помалото што ја доби клоцата додека беше паднато детево со патики и јак шут го издиша неколку пати. Страшно беше детето едвај два пати силно врисна и остана без здив, додека дојде брза помош два пати превртуваше очи и беше неподвижно. Со рака една вработена му го вадеше јазикот да не се удави. Се испотресовме сите. Цело време пред мене стои сликата на детенцето – потресено раскажува очевидец за „Охрид1“.

Инцидентот се најде и во билтенот на МВР

Пристигнаа 8.000 пара чевли за полицијата (Фото)

Во насока на реализација на стратешките активности за континуирано подобрување на материјално-теничките услови за работа на полициските служби, Министерството за внатрешни работи постојано набавува униформи и друга опрема за полициските службеници. Деновиве, во магацинот на МВР пристигнаа 8.000 пара чевли со тенок ѓон од италијанскиот производите „Гриспорт“, фабрика што инаку ги снабдува и полициите на повеќе земји од ЕУ. Вкупната вредност на набавката на чевлите со тенок ѓон изнесува 25.520.000 денари без ДДВ.

Покрај ова, Министерството за внатрешни работи преку италијанскиот „Гриспорт“ реализира набавка и на 10.000 пара чевли со дебел ѓон, а вкупната вредност на набавката изнесува 37.000.000 денари без ДДВ, како и 10.000 пара полувисоки чевли, набавени преку производителот „Дермал“ од БиХ, со вкупна вредност на набавката од 42.800.000 денари без ДДВ. Испораката на оваа опрема се очекува да биде реализирана во наредниот период. Наскоро се очекува испораката и на 2330 флуоросцентни елеци, 8000 маици, 8000 виндјакни, 20000 кошули…

Нови униформи пред неколку месеци добија Единицата за брзо распоредување, Единицата за обука и поддршка и Интервентната полиција, а во изминатиот период беа обезбедени пловни објекти и мотоциклистичка опрема за полицијата.
Министерството за внатрешни работи продолжува со континуираните набавки на униформи и опрема за полициските службеници и во наредниот период, а продолжуваме и со реконструкција односно реновирање на полициските станици, за да се овозможат подобри услови за работа. Досега се реновирани 56 енергетски ефикасни објекти, а деновиве ќе бидат промовирани реновираните објекти во општина Ранковце и Старо Нагоричане.

Министерството за внатрешни работи продолжува со силна мотивираност да ги гради севкупните капацитети на институцијата и да создава модерна, опремена и стручна полиција, бидејќи само така ќе се придонесе за уште подобри резултати во работењето, во полза на сите граѓани на Република Македонија. 

Уапсени сопственици на кафеана во Тетово поради свадба со 200 ГОСТИ

Ноќеска полицијата уапсила тројца сопственици на кафеана во Тетово, бидејќи организирале свадба со околу 200 гости.

-На 18.07.2021 во 03.05 часот во угостителски објект во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово се лишени од слобода С.Т.(26), М.Г.(26) и Н.П.(26), сите од Тетово, сопственици на објектот, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело казниво по член 206 од Кривичниот законик. Тие постапувале спротивно на здравствените прописи за време на епидемија и во објектот организирале веселба со околу 200 гости, информираат од МВР.

Оттаму исто така додаваат дека биле приведени и двајца од гостите, кои биле агресивни кон полицајците.

-Исто така, приведени биле и присутните Х.В.(20) и В.В.(35), двајцата од Тетово, бидејќи агресивно се однесувале кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Mислете му ја: МВР набави нови 50 лacepcки paдapи – ќе ги има насекаде

Во Министерството за внатрешни работи денеска беа промовирани новите ласерски радари наменети за потребите на сообраќајната полиција опремени со уред за ноќно снимање, далеку посупериорни од досегашните.

Досега Министерството за внатрешни работи располагаше со само 5 радари што можеа да мерат брзина во ноќни услови. Набавката на нови 50 уреди значи дека полицијата ќе „лови“ брзи возачи и ноќно време, практично, низ целата држава.

Набавката, информира МВР, вредна 21.257.175 денари е направена согласно побарувањата, односно потребите на Единиците за сообраќај во МВР, следствено на актуелните европски полициски стандарди во овој дел од полициското работење, согласно законските норми и согласно нашите проекции за развој и унапредување на функционирањето на сообраќајната полиција.

-Со оваа набавка нашето Министерство е единствено во регионот кое располага комплетно со уреди од последната генерација, од кои невозможно е да се избрише снимениот материјал, при што бројот на уреди за брзина и алкохол по глава на жител е на исто или дури и повисоко ниво од земјите од Европската Унија.Во крајна линија, сите сме сведоци дека од 2017 година наваму, како раководство на МВР, без престан инсистираме и делуваме на континуирано организационо и, пред сѐ, материјално-техничко опремување на сите наши служби, што како процес напоредно течеше со процесите на полициски реформи, истакна министерот Оливер Спасовски.

Спасовски изрази уверување дека со овој нов зафат уште повеќе ќе се зголеми ефикасноста и квалитетот на сообраќајната контрола што пак како што рече, треба да даде свои резултати во зголемување на нивото на безбедност на сообраќајот на патиштата.

Недостатокот на пасоши предизвика турканици и тензична атмосфера, гужви пред пасошко(Фото)

Пред просториите на управните служби во Скопје, колони луѓе чекаат за вадење на лични документи кои во претходниот период не можеа да ги добијат, на голем број луѓе им се поместени термините, а други преку ред се обидуваат да добијат термин бидејќи и закажувањето преку телефон оди со тешкотии и речиси е невозможно да се добие слободна линија на бројот за закажување.

Граѓаните со денови чекаат да добијат пасоши од МВР. Тие неколку пати беа вратени од службениците во МВР со изговор дека „системот не работи“ и им беше кажано да дојдат за неколу дена. Сето ова предизвика големи гужви и турканици пред портите на МВР.

Граѓаните кои по десетици неуспешни повици, некако успеале да го контактираат министерството, велат дека пасоши конечно има а можат да се добијат 10 дена по сликањето за документот и тоа со новото име Република северна Македонија.

Според неофицијални информации, надградбата на системот за лични документи која се правеше пред неколку недели, била токму поради имплементирање на новото име.

Од УТРЕ до НЕДЕЛА нема да можете да си извадите ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ

Министерството за внатрешни работи уште еднаш ги информира граѓаните дека поради миграција во нов систем од утре, 23 јуни од 21 часот до недела, 27 јуни до 21 часот нема да биде во функција системот за прием и издавање лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола).

-Се известуваат граѓаните кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ во итна постапка во деновите 23, 24 и 25 јуни 2021 година, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ на 22.06.2021 година во текот на целиот работен ден или на 23. 06.2021 година до 12 часот, наведува МВР.

Граѓаните, пак, кои имаат закажан термин за 23, 24 и 25 јуни 2021 година, во редовна постапка, правото за поднесување барање за личен документ ќе можат да го остварат во кој било термин на исто место каде што имаат закажано во периодот од 28.06. 2021 година заклучно со 02.07.2021 година.

-Воедно ги информираме граѓаните готовите лични документи да ги подигнат до 23.06.2021 година до крајот на работното време, бидејќи на 24 и 25 јуни нема да биде овозможено нивно издавање, соопштува МВР.

Припадници на МВР учествуваа во акција во Виена – запленети над 2000 стебла марихуана

Припадници на МВР заедно со австриските полициски службеници учествуваа во разбивање на меѓународна криминална група во Виена, каде се запленети над 2000 стебла марихуана во околината на Виена и приведени три лица, соопштија од МВР.

– Во заеднички координирана акција на територијата на Република Австрија од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единица за недозволена трговија со дрога и од Сојузната криминалистичка полиција на Р. Австрија – Оддел за борба против организиран криминал, во текот на месец мај во околината на Виена, откриени се три големи нелегални лаборатории за производство на дрога. Станува збор за лаборатории опремени со софистицирана опрема, а лоцирани во подрумски простории на три станбени објекти, при што се запленети над 2000 стебла марихуана. Во акцијата лишени од слобода се три лица кои директно учествувале во одгледувањето и понатамошната продажба на наркотичната дрога, а се дел од поголема меѓународна организирана криминална група, која дејствува во повеќе држави во Европа, истакна Сузана Прањиќ Талевска од Секторот за односи со јавност при МВР.

Запленетата дрога претставува посебна хибридна сорта канабис, со висок процент на ТХЦ (психоактивна супстанца), со улично име „aмнезија“, која на нелегалниот нарко пазар во западноевропските држави достигнува цена и до 10.000 евра за еден килограм, наведуваат од  МВР.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилен интензитет во борбата против домашните, но и меѓународните организирани криминални групи кои се занимаваат со недозволена трговија со дрога, во заедничка соработка со Одделите за организиран криминал во соседните држави, партнерските држави од ЕУ, како и во координација со ИПА и СЕЛЕК. 

Во Жеровјане се организираат стриптиз забави во клуб што работи доцна во ноќта ? (Видео)

Во Ориентал-Жеровјане/Тетово се организираат стриптиз забави,во клуб што работи доцна во ноќта,а за тоа каков вид на гости и танчерки идат нека отиде МВР да се увери ! – пишува Твитер акаунт.

Кој објави видео од журките кои се случуваат таму, а повика МВР да постапи за ваквите однесувања во тетовско.

ВИДЕО од акцијата во Apaчиново, апсење спроведено од специјалните единици

Министерството за внатрешни работи денеска (28.04.2021) сузби организирана криминална група инволвирана во вршење на криминални активности од областа на недозволена трговија со оружје и дрога, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

„Во рамки на повеќемесечната истрага обезбедени се доволен број на докази кои ја потврдуваат инволвираностa на членовите во недозволена трговија со оружје и дрога и документирани се продажби на наркотична дрога и оружје. Денеска (28.04.2021) во раните утрински часови, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, со поддршка на Одделот за специјални полициски операции и Одделот за криминалистичка полиција, под раководство на јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција лишени се од слобода членовите на организираната криминална група. Приведени се девет лица (осум од с. Арачиново и едно од Свети Николе), а едно лице-член на групата од претходно е на издржување мерка притвор“, соопшти Ангеловски.

Врз основа на издадени Наредби од надлежен суд извршени се претреси во дом и други простории на повеќе локации на подрачјето на град Скопје (с. Арачиново) и на една локација на подрачјето на Свети Николе. При извршените претреси се пронајдени и одземени и рамки за автоматска пушка, куршуми од различен калибар, седум возила, мобилни телефони, како и други предмети поврзани со истрагата.

Х.Б. (54) и А.М. (44) создале организирана криминална група инволвирана во вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со оружје, муниција и дрога, и раководеле со групата која подолг период делувала на територијата на нашата држава, а кон неа се приклучиле Ф.Б.(22), В.Б.(25), Д.Б.(44), И.С.(48), И.Ј. (45) (полициски службеник), Љ.А. (31), И.А. (40) и Р.А.(16), кои на заинтересирани лица го продавале нелегалното оружје, муниција и дрога.

„При спроведувањето на повеќемесечната истрага и презамањето на мерки и активности, документирани се повеќе од 20 случаи на купопродажба на дрога,оружје и муниција при што се обезбедени доволен број на докази кои ја потврдуваат нивната инволвираност за кривичните дела за кои се теретат овие лица. Исто така, во рамки на ова криминалистичко истражување, по преземени мерки и активности се реализирани повеќе случаи на недозволена трговија со дрога (најмногу хероин, но и марихуана и хашиш), како и оружје и муниција, за што веќе од МВР се поднесени кривични пријави за уште 12 лица (девет за недозволена трговија со дрога и три лица за недозволена трговија со оружје и муниција). Оваа криминална група е поврзана и со претходно реализиран случај во Кичево на 10.11.2020 година, каде што се запленети голема количина на оружје и муниција.Министертсвото за внатрешни работи и во наредниот период продолжува со интензивните акции за сузбивање на вакви и слични криминални групи“, рече Ангеловски.

Гoлeмa пoлициcкa akциja yтpoвo вo Apaчинoвo: Уaпceни дилepи нa opyжje и дpoгa и пoлициcки cлyжбeник – ова се деталите

Утрово полициска акција во врска со недозволена трговија со оружје и дрога. По повеќемесечна истрага, во Арачиново се приведени осум лица, а меѓу нив и еден полициски службеник и едно лице во Св. Николе дрога, објави пред малку на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Од МВР најавуваат детали по завршувањето на акцијата. Ова е една од низата полициски акции спроведени писледниов период.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.