Tag Archives: МВР

ВИДЕО:Полициска акција во ГТЦ, се копале КРИПТОВАЛУТИ на див приклучок за струја

Попладнево Министерството за внатрешни работи покрена полициска акција во подрумските простории на Градскиот трговски центар.

Според првичните информации, во ГТЦ се ископувале криптовалути на див приклучок на струја.

Полицијата чека судски налог за влез во просториите.

Според информациите на Инфомакс, во магацинот има десетици компјутери за копање на криптовалути популарно наречени ригови кои се диво приклучени на електричен приклучок на ГТЦ.

За потрошената електричната енергија плаќаат дуќанџиите во ГТЦ.

Пред магацинот на лице место во моментов има полиција и инспектори од МВР.

Директорот вели дека не знае што се случува бидејки кај него има ревизија.

На позицијата директор на ГТЦ е поставен Ѓоко Трајчевски кој дојде на оваа функција на местото од Аго Абазовски, кој беше дел од партијата на Амди

Во Бутел, избоден со нож вработен во Општината

Вработен во Општина Бутел, утрово во непосредна близина на општинската зграда, бил прободен со нож, по што е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Ваков инцидент регистрирало и Министерството за внатрешни работи (МВР) од каде што ги соопштуваат само иницијалите на инволвираните.

-Во 7:52 часот во СВР Скопје било пријавено дека во непосредна близина на Општина Бутел, вработен во општината А.Т. (53) од Скопје е прободен со остар предмет од страна на неговиот брат Љ. Т. (52) од Скопје. Полициски службеници излегле на местото на настанот и Љ.Т. е приведен, а А.Т. со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Ургентен центар-Скопје, велат од МВР.

Полицијата работи на расчистување на случајот и засега нема информации за причините за нападот.

МВР се пофали со униформи, граѓаните пепел во коментари: Кондурчиња за на СВАДБА, патичиња за КАЈ КРАВИТЕ …

Во насока на континуирано унапредување на условите за работа на полициските службеници раководството на МВР продолжи со активностите за набавка на нови униформи за сите полициски службеници, па нови комплет униформи добија и припадниците на униформираната полиција и други единици во Министерството за внатрешни работи, кои денеска беа промовирани во кругот на Министерството за внатрешни работи.

Конкретно, за опремување на униформираната полиција набавени се целосни униформи во состав од 10.000 зимски јакни и 8550 високи специјални чизми чија испорака се очекува почеток на 2022 година, 20.000 летни и зимски панталони, 10.000 чевли со дебел ѓон и 20.000 летни и зимски капи со испорака во текот на следниот месец и испорачани 10.000 кошули со краток и 10.000 со долг ракав, 8.000 поло маички, 10.000 полувисоки чевли и 8.000 чевли со тенок ѓон и флуоресцентни елечиња – се вели во објавата на МВР.

Во коментари граѓаните со критики за лошиот квалитет на униформите, како и иронично смешни критики, издвојуваме дел од нив:

Објавата може да ја погледнете тука:

Уaпceни пoвeќе лицa пpи извpшен пpeтрес

МВР од слобода лишила три лица во Скопје и уште едно лице од Кичево, бидејќи при претрес им била пронајдена марихуана.

Еве што стои во извадокот до дневниот билтен на МВР:

На 29.10.2021 во 19,00 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода А.Н.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 30.10.2021 во 00,40 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Кисела Вода го лишиле од слобода Ј.П.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 30.10.2021 во 00,30 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода Д.Д.(25) од Неготино затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 28.10.2021 во 22,35 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, од полициски службеници од ОВР-Кичево бил лишен од слобода Д.П.(23) од Кичево кој бил со патничко моторно возило „киа пиканто“ со охридски регистарски ознаки, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Објавени идентитетите на полицајци кои малтретирале граѓани

ВМРО-ДПМНЕ објави дел од лицата за кои, како што претходно соопшти, има информации дека се дел од злосторничката група која давала наредби за тепање, убивање и казнување.

„ Сите до еден се вработени во МВР. И сите до еден одработувале за Заев и Спасовски. Не пробувајте да ги заштитите и понесете одговорност.

Ова се идентитетите на полицајците кои наместо во име на законот во име ма Заев и Спасовски „убивале, казнувале и малтретирале неистомисленици” :

Дарко Цуцулоски – Командир на ОВР Прилеп
Трајан Комиција – Командир на БПС Прилеп
Емилија Велкоска – Началник на НККР Прилеп
Андреј Лашкоски – БПС
Игор Нешкоски – БПС
Стефан – гранична
Давор Паскоски – БПС
Мелита – ПС
Невенче – администратор во БПС
Кире Китаноски – личен шофер на Оливер Лукароски
Коста Талески – ПС во дежурна
Венко Илиески – БПС
Валентин Димоски – БПС
Жарко Цуцулоски – БПС
Андреј Дукоски – БПС
Теодора Китаноска – БПС
Александар Крајоски – БПС
Љубе Стојаноски – БПС
Стефан Кучкарот – БПС
Борче Црнески – БПС
Ванеса Колашинац – Заменик командир на ОВР Прилеп
Анастас Паризо – БПС
Игор Божиноски – БПС
Марјан Мачорот – БПС

Доста е од бегање од одговорност. Време е за одговорност“ – стои во партиското соопштение.

А во прилог на истото до медиумите беа испратени следниве фотографии:

Скандалот кој денес ќе го откриеме содржи информации кои потврдуваат зошто имаме режим. Информациите ни се доставени од загрижени полицајци вработени во МВР кои не сакале да учествуваат повеќе во истата злостoрничка група. За што станува збор: Полицајци блиски до Социјалдемократскиот сојуз одработувајќи за оваа партија, формирале злосторничка група за време на изборната кампања чија цел е следење на членови на ВМРО ДПМНЕ и злоупотрeба на службените овластувања, со цел физичко малтретирање и селективно попречување на слободата на движење на луѓе кои не се од Социјалдемократскиот сојуз. Групата од над четириесетина полицајци се координирала на апликацијата вибер. Во таа група именувана „ХХХ“ според она што досега го идентификувавме има началници, полициски командири и полицајци во улога на партиски извршители, истакна Ковачки на денешната прес-конференција.

Министерството за внатрешни работи ги отфрла обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, дека полицијата координирано следела и малтретирала членови на ВМРО-ДПМНЕ.

„Категорично ги отфрламе како невистинити сите обвинувања за наводно „координирано следење, малтретирање и селективно попречување на слободата на луѓе”. Во јавноста не е изнесен ниту еден доказ ниту дека тоа се договарало, ниту дека МВР на било кој начин е дел од таква наводна операција, ниту пак дека тоа реално се случувало“, велат од МВР.

Од МВР велат дека не постои таква вибер група и дека активностите на МВР и во Прилеп и во било кој друг град не се координираат преку вибер групи.

Во исто време, велат од МВР, после направена проверка на статистиката за возила испратени на технички преглед, информираме дека тој ден во Прилеп нема испратено возило на технички преглед, ниту пак, е изречена санкција за сообраќаен прекршок, што, како што велат од МВР, говори дека наведените дејствија, всушност, не се случиле.

„МВР веднаш започнува внатрешна истрага за утврдување на фактите, имајќи предвид дека вибер групи или графички прикази од вибер групи може да се креираат и изработат во секое време и од секого, и имајќи предвид дека до МВР не е пристигната ниту една пријава од граѓанин за дејствија во Прилеп на денот на изборите какви што беа презентирани на прес – конференцијата“, се наведува во соопштението.

Заразена со Ковид-19 излегла на гласање

Гласањето генерално се одвива мирно, без проблеми, велат од Министерството за внатрешни работи

Шеесет и еднагодишна жителка на Росоман денеска излегла да гласа за локалните избори, иако знаела дека е позитивна на ковид-19. Случајот е пријавен во полициската станица во Кавадарци и се преземаат мерки за негово расчистување, информира Министерството за внатрешни работи.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, вели дека за време на денешното гласање за локалните избори, досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето.  Процесот, генерално, се одвива мирно, без проблеми, соопшти Ангеловски на денешната прес-конференција.

По отворањето на гласачките места до 11 часот, од страна на МВР регистрирани се неколку пријави поврзани со изборниот процес.

Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место 2600 граѓанин ги фрлил гласачките ливчиња затоа што не му била дозволена помош од друго лице при гласањето.

Во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.35 часот во близина на влезот на гласачко место 2842 и 2842/1 на ул.„Борка Талески“ во Скопје било забележано дека на девет возила од надворешна страна на стаата била залепена бројка на кандидат за градоначалник за град Скопје.

Во 07.28 часот во СВР Штип било пријавено дека било прекинато гласањето на гласачко место број 852 во кино Култура во Кочани поради истакнат плакат во близина на гласачкото место.

Во 10.10 часот во Полициската станица Кратово – СВР Куманово, претседателот на Општинска изборна комисија од Кратово пријавил дека од претседател на избирачко место бр.0931 во Кратово бил информиран дека имало агитирање на избирачкото место. Се работи на расчистување на случајот.

Портпаролот во МВР Ангеловски апелираше до граѓаните и до учесниците во изборите и во останатиот дел од гласањето да се воздржат од инциденти, а доколку има какво било нарушување на изборниот процес граѓаните веднаш да ја известат полицијата или на бројот 192 или да пријават во најблиската полициска станица.

Цapoвска СЕ ЗАКАНИ: Сите КНИЖАРИ лично ќе ги приjaвам во МBP

Министерката за образование и наука Мила Царовска го истиот став од вчера дека просветниот Инспекторат спроведува редовни инспекции во училиштата, но, досега не наишле на фотокопирани или оригинални дигитални книги што ги купиле учениците за четврто одделение.

-Сите детектирани случаи на комерцијализирано пуштање во употреба на бесплатни учебници ќе биде спроведено до надлежните институции, изјави кратко Царовска.

Министерката вчера потврди дека учебниците се бесплатни и тие имаат испечатено 20 отсто од вкупниот потребен тираж за оние ученици кои немаат услови да следат дигитална настава. Задоволна е како се одвива реформата и потенцира дека сите училишта ги прифатиле промените и ги користат новите алатки за работа.

-Ако ми посочите каде се наоѓаат, тогаш јас тоа лично би го пријавила во Министерството за внатрешни работи како што направив и во претходни случаи кога имав сознанија дека такво нешто се случило и каде што имаше постапување, изјави Царовска.

Само по еден случај постапиле МВР за незаконско печатење учебници за 4 одделение. На почетокот од учебната година добиле пријава за лице од Штип кој продавал учебници преку интернет. Полицијата во фотокопирниците пронашла 20 комплети од по 6 книги. За други немаат добиено пријава.

„Од страна на полициски службеници од СВР Штип по наредна на Јавен обвинител од фотокопирници во Штип биле пронајдени и одземени неовластено испечатени 20 комплети од по 6 книги наменети за учениците од четврто одделение од основно образование, кои С.Р ги нудел на продажба преку социјалните мрежи. СВР Штип до ОЈО поднесе известување за понатамошхна надлежност за постапување.“ – велат од МВР

Ние премиер у ѓепек пикнавме не па дрога …

Дневна доза Твитер реакции на тема заборавена дрога у ѓепек 🙂

Уште никој не знае КАКО Е МОЖНО 10 кг марихуана да останат незабележани во возило на МВР, пет години❓

Тргнале на обука во Црна Гора, завршија на распит во Албанија. Ова е патешествието на началничката за компјутерски криминал во МВР и уште еден службеник откако во нивното службено возило на граничниот премин „Сукобин“ меѓу Албанија и Црна Гора се најдени десетина килограми марихуана. Марихуаната била сокриена во бункер во багажник на полицискиот „крајслер војаџер“, пишува Телма телевизија.

Од црногорската царина соопштија дека возилото не било издвоено за контрола туку било посочено од службеното куче на цариниците. Прегледот траел кусо време, бункерот е откриен веднашо а возилото со двајцата службеници на МВР вратени во Албанија, бидејќи Сукобин е интегриран премин меѓу двете држави.

Според експертите, кои се упатени во процедурите,  овој сериозен скандал се должи на серија на кардинални грешки и пропусти пред се во Царината. А од Царина засега молк и без одговор на клучните прашања.

Она што е познато е дека на 2 декември 2016 година на граничниот премин „Блаце“ во крајслерот кој тогаш е на шведски регистерски таблички се наједни 32,5 килограми марихуана и уапсен е еден државјанин на Шведска.

Овој успех царина ќе го документира и сеуште е на нивниот сајт. Цариниците кои ја вршат заплената се наградени. По завршувањето на судскиот процес, возилото го превзема агенцијата за запленет имот и во 2018 година го доделува на МВР.

Како царинските работници го напшле едниот бункер а не и вториот кој е на помалку од еден метар. Зошто возилото не е целосно расклопено или барем зошто не е извршено пробно дупчење на повеќе места во возилото вклучително и багажникот кој е често место за бункери и конечно зошто не е однесено на скенирање со рентген.

Оттаму нема инфомација дали Вантрешната контрола во Царина работи на случајот, кои се службениците кои во 2016 година ја нашле марихуаната и дали е разговарано со нив и што изјавиле за нивните пропусти.

Од МВР пак  нема информација дали примопредавањето на „крајслерот“ од Агенцијата за запленет имот е извршена физичка проверка на возилото, процедура која во минатото ја извршуваше одделот за антитероризам.

За овој скандал истрага отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал.

Ова се нашите xepoи 💛 Близу 600 припадници на МВР ангажирани во последното деноноќие во справување со пожapите

Во текот на изминатото деноноќие од 7 часот вчера до 7 часот денес во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територија на државата ангажирани биле 590 полициски службеници, вклучувајќи ги и припадниците на сите специјални единици на полицијата. Реализирани се 216 мото-патроли и користени 159 моторни возила.

Од МВР апелираат строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат догорчиња и да не се оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар.

– Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец, велат од МВР.