Tag Archives: натпревар

Македонија дeнec ќe гo имa пocлeдниoт нacтaп нa ЕП вo фyдбaл – пocлeдeн мeч и зa Горан Пандев во нaциoнaлниoт дpec!

Фудбалската репрезентацијата на Македонија денес во 18.часот во Амстердам го игра својот последен натпревар на ЕУРО 2020 против репрезентацијата на Холандија.

Ова беше историски прв настап за нашата репрезентација на Европско првенство, и иако резултатски во првите два натпревари потфрливме, тоа секако не треба да се доживее како разочарување, со оглед на фактот што дебитиравме на едно големо натпреварување како самостојна држава.

Овие момци , не направија горди во секаква смисла на зборот, и за прв  пат ја осетивме фудбалската еуфорија на едно големо натпреварување. Македонија ги загуби двата натпревари од Австрија 3-1 и од Украина 2-1 и останува да се одигра само мечот со Холандија за крај на ЕУРО 2020 за престиж и да се одигра за капитенот Горан Пандев кој за последен пат ќе го носи националниот дрес, Горан Пандев дебитираше во 2001 година а досега за Македонија настапи на  113. натпревари и постигна 34 погодоци.

Без разлика на крајниот резултат , Македонските фудбалери се најголемите херои кои ја сплотија македонската нација и повторно ја вратија вербата во репрезентативниот фудбал.

ЕВРО 2020 ќе биде запишано со златни букви  во Македонскиот репрезентативен фудбал и без разлика на се што ќе се случи во иднина, така и ќе остане.

Секоја чест за момците кои не направија горди во секоја смисла на зборот, направија Македонија да се пробие на Европската фудбалска карта и го направија горд секој Македонец каде и да живее.

Капа доле за се дечки и уште еднаш благодарност што ни овозможивте да уживаме во ЕВРО 2020 со Македонија.

Денеска Македонија против Украина, без калкулации со срце на теренот

Македонската фудбалска репрезентација попладнево од 15 часот против Украина на Националната арена во Букурешт го игра вториот натпревар од групата Ц на ЕУРО2020.

Македонскиот селектор на Игор Ангеловски на вчерашната официјална прес – конференција истакна дека неговите избраници ги очекува најважниот натпревар во кариерата.

– Дојдовме на ЕУРО со цел да се пласираме во втората фаза и таа фаза за нас е активна. Имаме пред нас ривал кој исто така има нула бодови, што значи дека ова за нас е финале. И да не успееме нема да биде трагедија, а нормално дека ќе дадеме се од себе. Украинците се квалитетни, тоа го покажаа и против Холандија. Имаат одлични индивидуалци, но и ние имаме квалитет и покажавме дека можеме да се носиме со сите, изјави Ангеловски.

Без калкулации во натпреварот ќе влезат и Украинците, кои како и македонските фудбалери, беа поразени во првиот натпревар на Европското првенство.

Избраниците на Ангеловски по вчерашниот попладневен завршен тренинг спроти дуелот со Украина беа специјални гости на концертот што во Букурешт го одржа македонскиот пијанист со светско реноме, маестро Симон Трпчески.

Пpилеп гopи: Moќна нajaва во пpecpeт на пpвиот натпpeвap на Maкедониja (Видео)

Mоќна најава од Прилеп во пресрет на историскиот настап на Македонија на Европското првенство во фудбал.

Мартин Пресилски и Петар Јанкоски направија нешто специјално во пресрет на првиот дуел на Македонија против Австрија, кој вечерва се игра во Букурешт.

Љубителите на фудбалот со нетрпение очекуваат нашите херои да истрчаат на теренот и одново да ја израдуваат нацијата.

Погледнете го ова видео кое дополнително ќе го разгори навивачкиот дух во секој еден од вас:

Фудбалерот Ериксен е жив, тој е во стабилна состојба и е пренесен во болница

Трауматични беа сцените на теренот во Копенхаген кога Ериксен колабираше на теренот а лекарите се обидуваа да го спасат. Последните информации се позитивни.

Спикерот на стадионот во Копенхаген потврди дека Ериксен е во стабилна состојба и е пренесен во болница. 

Оваа вест ја потврди и УЕФА која информираше дека двата тима имаат кризен состанок и наскоро ќе има официјално соопштение дали натпреварот ќе продолжи. Се појави и фотографија која покажува дека Ериксен е свесен.

Фудбалер изгуби свест, реанимација беше во тек, прекинат мечот, навивачите во солзи!

За малку избегната голема трагедија на ЕУРО 2020.

Имено играчот на Данска и Интер, Кристијан Ериксен во еден дуел падна покосен и почна да го голта јазикот.

Докторите се борат да го спасат неговиот живот…

Кралот е соборен: Ѓоковиќ е во финале на Ролан Гарос! (Видео)

Победа на Новак Ѓоковиќ над Рафаел Надал вчера во полуфиналето на Ролан Гарос.

Ноле по пресвртот го победи 13-кратниот шампион и ја обезбеди борбата за титулата.

Надал никогаш не загубил во полуфиналето на Ролан Гарос. Шпанецот го доживеа првиот пораз во Париз од 2015 година – тогаш беше елиминиран од Ѓоковиќ во четвртфиналето. Вкупно, ова беше трет пораз на „кралот на земјата“ на вториот Грен слем во сезоната, а Новак му нанесе два.

Фото: © Nicolas Gouhier/FFT