Tag Archives: натпревар

Бугарскиот навивач кој беше повреден на натпреварот Левски-Шкупи пренесен со хеликоптер до Софија

Откако седум дена се лекуваше на Одделот за интензивна нега на хирургија во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје по хирушки зафат откако се здоби со повреда од нож во физичка пресметка со навивачи на Шкупи, повредениот навивач од Бугарија пренесен со хеликоптер од Скопје во Софија 

Надлежниот јавен обвинител денеска изврши распит на оштетениот пред неговото отпуштање од болница и ја обезбеди целокупната медицинска документација.

Постапката против четири лица за кривично дело – Насилство продолжува.

Се трага и по лицето за кое постои сомнение дека е директно одговорно за нанесување на тешката телесна повреда на бугарскиот државјанин.

Злато, сребро и две бронзи за македонските математичари на Интернационалната математичка олимпијада

На 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023) – најпрестижниот математички натпревар за ученици од средните училишта, кој годинава се одржува од 2 до 13 јули во Чиба, Јапонија – македонската репрезентација освои еден златен, еден сребрен и два бронзени медали, како и две пофалници, соопштија од Сојузот на математичари на Македонија.

Оттаму додаваат дека златен медал освоил Дамјан Давков, додека сребро освоил Алексиј Тасиќ. Никола Цветановски и Никола Спировски освоиле бронзени медали, а Јан Стојановски и Бранко Јангеловски пофалници.

-Успехот на овие наши деца е успех за целата татковина – заклучуваат од СММ.

За потсетување, на 27. Јуниорска балканска математичка олимпијада, која се одржа минатиот месец, Македонија беше единствената земја што освои златен медал со максимален број на поени. Златниот медал го освои Дамјан Давков. Покрај златниот медал, на ЈБМО сребрен медал освои Ивано Божиновски, а бронзен медал освои Андрија Младеновиќ. На ЈБМО 2023 државата успешно ја претставија и Никола Стојковски, Јаков Геговски и Андреј Тасиќ.

Претходно, на јубилејната 40. Балканска математичка олимпијада, која се одржа во мај во Турција, македонските математичари освоија шест медали, меѓу кои еден златен, еден сребрен и четири бронзени медали. Златниот медал го освои Никола Спировски, сребрениот Дамјан Давков, а бронзените – Јан Стојановски, Алексиј Тасиќ, Никола Цветаноски и Алек Танаскоски.

Златното дете Македон освои златен медал на уште еден натпревар по математика!

Осумгодишниот генијалец Македон Димитровски од Тетово освои уште еден златен медал на натпревар по математика.

Станува збор за натпреварот „Кенгур“ кој се одржа на Машинскиот факултет во Скопје.

„Македон го доби златниот медал од финалето по математичкиот натпревар „Кенгур 2023“ одржано на Машинскиот факултет во Скопје. Браво, ти си наша гордост“, напиша таткото на Македон, Владимир Димитровски.

Извор: reporter.mk

Овој Прилепчанец ја погодил Македонија-Англија и си лапна добра паричка (Фото)

Не сите беа незадоволни поради рекордниот пораз на македонската фудбалска репрезентација од 7:0, на гостувањето на “Олд Трафорд” во Англија.

Особено овој прилепчанец, кој си уплатил илјадарче на точен резултат и коефициент 51, па си заработи одлична добика од 43.500денари во “Спорт Лајф” – објави “Спорт Манија”

Aлал вера мајсторе и создравје да си ги трошиш!

Последниот „танц“ на Гоце Георгиевски: Националниот дрес секогаш бил светост за мене

Уште еден репрезентативец од генерацијата која беше причината за убавите ракометни денови во кои уживавме и уживаме, генерација која со своите игри успеа да ги „зарази“ со ракомет и оние кои не беа големи фанатици, генерација која беше причина фановите традиционално во јануари да ги запалат своите автомобили и да минат илјадници километри за да ја бодрат Македонија, одлучи да се збогува со националниот дрес.

Гоце Георгиевски денеска (18 часот) пред домашната публика во СЦ „Борис Трајковски“ против Турција ќе го одигра последниот „танц“ за Македонија.

„Кога ќе го вратам времето и сите случувања, овие 16 години навистина брзо поминаа. Првиот ден кога заиграв за репрезентација бев возбуден, бидејќи играш за Македонија, го претставуваш националниот дрес. Ова не се промени и ден-денеска. Настапот за националниот дрес го гледав како светост затоа што многу малку играчи добиваат шанса да играат за своите земји, а јас бев еден дел од сето тоа. Кога ќе се земе фактот дека игравме Европски првенства, Светски првенства, квалификации за Олимпијада, играњето за репрезентацијата добива уште еден голем плус“, ни рече Георгиевски.

Повеќе на Спортмедиа мк

Загревање пред Ел Класико со „Слушам кај шумат шумите“, „Македонско девојче“, „Јовано Јованке“ (ВИДЕО)

Вчера вечер на „Камп Ноу“ се играше големото шпанско дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид, дуел кој е исклучително важен во борбата за пехарот во Примера.

Вистинскиот фудбалски спектакл во кој на трибините имаше и македонски навивачи кои споделија дел од атмосферата во градот пред натпреварот.

Имено Наце Митев е познат како голем спортски фан, човек кој редовно прати, присуствува на голем број на натпревари, па токму тој на социјалните мрежи сподели како пред „Ел Класико“ ечат македонските песни „Слушам кај шумат шумите“, „Македонско девојче“, „Јовано Јованке“ „Ако умрам ил загинам“.

Имено натпреварот заврши во полза на Барселона, за вистинска среќа за сите нејзини навивачи.

Вардар загуби од Партизан, „Гробарите“ со провокации: Делчев е Бугарин, Македонија е Србија (ФОТО)

Партизан беше подобар и заслужено го доби мечот на теренот. Импресивен беше нивниот голман кој беше клучот за победата, Трнавац имаше 20 одбрани. Одлични беа и Зечевиќ и Петриќ кои постигнаа по осум гола. Кај Вардар, Талески даде девет гола, но немаше поддршка од другите, Карапалевски и Чувара постигнаа по три гола, Томовски имаше девет интервенции. Но, во салата доминираа провокациите од навивачите на Партизан кон Вардар. 

 На трибините имаа грчко знаме, велеа дека Гоце Делчев е Бугарин, а Комити е српско име. „Група со српско име, бугарски војник слави, мора да е тешко со таа криза на идентитет во главата“, стоеше на паролата на Гробари. 

 Тие скандираа и „Јужна Србија, никогаш Македонија“. Навивачката група на Вардар, „Комити“ имаа вистинско патешествие додека стигнат до Белград. Ги задржаа на српската граница неколку часа, а потоа полицијата бавно ги водеше до салата во Белград, влегоа во 55. минута од натпреварот. За времето колку што беа, успеаа да извадат една парола на која пишуваше: „Живо ви е кралството, колку и другарството“.

(Видео) СВЕТОТ ВО СОЛЗИ: Нереални сцени од Турција – овој потег на навивачите ќе ви го допре срцето!

Натпреварот меѓу Бешикташ и Анталијаспор кој се игра во рамките на 14. коло во турскиот шампионат е прекинат. Но, за разлика од честите хулигански инциденти кои се карактеристични за оваа земја, овојпат причината за паузата е од сосема поинаква природа.

Навивачите на Бешикташ во секој случај се погрижија резултатот на овој натпревар да биде во втор план и направија феноменален потег.

Тие дефинитивно се победници на денот откако ја прекинаа играта за да донесат играчки за децата кои се во неволја поради земјотресот што се случи во Турција.

Ова е секако одличен потег на поддржувачите на кој му се восхитуваа целиот свет.

Да потсетиме, на почетокот на месецот во Турција имаше разорни земјотреси кои однесоа голем број животи, преживеаните останаа без својот имот, а илјадници деца беа без омилените играчки.

Благодарение на навивачите на Бешикташ, нема сомнеж дека сега сите оние дечиња кои лееја солзи во претходниот период повторно ќе имаат причина за насмевка.

Хуманитарен натпревар во Турција се претвори во голем срам (Видео)

Голем скандал и невиден срам направија навивачите на турските нискологаши Сакарија и Коџаели кои организираа хуманитарен натпревар за настраданите во земјотресот што го погоди југо-истокот на земјата. 

Организаторот продаде 18 илјади влезници и беа собрани сериозни пари како помош на настраданите но благородната идеја беше уништена кога навивачите не успеаа да се воздржат и направија хаос. Најпрво поединци влегоа на терен и ги провоцираа противничките фанови, се вмеша полицијата и на крајот дојде до масовна тепачка на трибините.

Во конкуренција од 4142 учесници УШТЕ ЕДЕН МЕДАЛ ЗА МАКЕДОН – генијалецот по математика (Фото)

Таткото на генијалецот Македон Димитровски на социјалните мрежи се пофали со уште еден медал освоен од неговиот син и тоа на натпреват „Математика без граници“ во зимската сесија во конкуренција од 4142 учесници од 24 земји – пишува Владимир Димитровски.

Браво за овој наш гениј по математика, му посакуваме уште многу успеси.