Tag Archives: невреме

Катаклизмични сцени од Делчево: Градот го погоди страшно невреме, водата носеше автомобили и корнеше улици (ФОТО)

Големо невреме проследено со врнежи од дожд и град попладнево го зафати Делчево.

Под вода се многу од улиците во ниските делови од градот, а оштетени се голем број на објекти и улици. Сцените кои се споделуваат на социјалните мрежи се страшни. Во дел од делчевските населби во прекин е снабдувањето со електрична енергија.

Се споија небото и земјата: Страшно невреме во Белград (Видео)

Силно невреме започна во главниот град на Србија.

Како што јавија српските медиуми, црни облаци се надвиснаа над градот. Дожд врне во Нов Белград, Миријево, Дорчол…
Во центарот на Белград, како што велат, има поплава…

Во делови од градот се очекува да наврнат над 20 до 30 мм дожд на метар квадратен.

Во следните два часа во белградско ќе има повремени обилни врнежи со грмежи, кои локално ќе бидат придружени со град и засилен ветер. Поројни врнежи со грмежи и град се очекуваат и во подрачјето на централен и јужен Банат и западна Србија – пишува на веб-страницата на РХМЗ.

ЛИНК од видеото

УЖАС НА ПОСЛЕДНИОТ ДЕН ОД ГОДИНАТА: Над 60 лица загинаа во зимското невреме во САД, во тек е идентификација

Повеќе од 60 луѓе досега загинаа во силната зимска бура што ги зафати САД, јави Би-Би-Си.

Повеќето од жртвите се во округот Ири во државата Њујорк, каде се наоѓа вториот по големина град во државата Бафало. Во тек е идентификација на десетици жртви кои ги загубија животите во зимското невреме во САД.

Жртвите биле пронајдени во нивните автомобили или на студениот тротоар, па дури и во нивните домови.  (МИА)

Громови и град во сред Декември – Невреме го зафати Скопје

Нестабилна облачна маса од запад ја зафаќа Скопската Котлина и градското подрачје, информира УХМР.

Проследена е со пороен дожд, грмежи и краткотрајно засилување на ветерот. Движењето е во правец кон исток со релативно голема брзина, па се очекува нејзино поминување во наредниов час.

Во делови од Скопје падна град. Граѓаните споделуваат дека град паднало во Железара и Бутeл, а многумина констатираат дека ваквата временска состојба не е својствена за месец декември. 

Денеска ќе имаме променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне кога претежно во северозападните делови ќе има и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд, претпладне со ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта северен ветер. Максималната температура ќе достигне 15 степени.  

(Фото и Видео) Што се случи со НЕБОТО над СКОПЈЕ ВЕЧЕРВА

Скопје попланево е зафатено од силно невреме со силен дожд и зголемено електрично празнење. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат за нестабилност на времето викендов.

Скопје го зафати силно, но краткотрајно невреме со силен дожд и зголемено електрично празнење.

Дел од граѓаните загрижено бараа информации што се случува, затоа што громови имаше на секоја секунда.

https://fb.watch/fUl4lgrR9O/

Драматични сцени во Ријека по силното невреме: Пожарникари и граѓани спасуваа деца од поплавена игротека (ВИДЕО)

Хрватски „Нови Лист“ доцна синоќа објави драматична снимка од центарот на Ријека по силното невреме кое го зафати градот.

Пожарникари и граѓани извлекуваа деца од поплавена игротека во која биле при налетот на поројниот дожд кој предизвика поплави во градот. При ваквото невреме игротеката почнала да се полни со вода.

Досега невидено невреме вчера ја погоди Ријека. Поплавени беа улиците во ценатрот на градот, сообраќајот беше оневозможен. Според неофицијалните информации, во Ријека за 2 ипол часа наврнале 140 литри дожд.

Атмосферската канализација не можела да ја прифати водата, пошто што дошло до поплави. Во надојдената вода животот го загуби едно лице.

Невидено невреме во Србија (Видео)

Силно невреме се прошири во текот на попладневните часови од северна Србија кон остатокот од земјата. Обилните врнежи беа придружени со грмежи и невреме, а на места падна и град.

Градот, меѓу другото, падна во населените места Лазарево и Бачки Петровац, каде оштети многу возила. Земјата побеле како да паднал снег.

Невремето потоа околу 15:00 часот го зафати и поширокото подрачје на Белград. Околу половина час пред да почне да врне, дувал многу силен ветер кој кршел гранки и носел делови од покриви и фасади, а во некои моменти грмело толку силно што прозорците се треселе.

Силен ветер собори дрвја, многу улици беа поплавени, а гром удри во пистата на аеродромот „Никола Тесла“, предизвикувајќи штета, што привремено ги прекина полетувањата и слетувањата.

Невремето потоа се спушти и во другите делови на Србија. На Дунав кај Кладово гром удрил рибар. Мажот бил пренесен во болница со тешки изгореници.

Силно невреме ја погоди околината на Јагодина, каде град со големина на јаболко го зафати Драгошевац и проби покриви.

Видео:

https://www.instagram.com/reel/CjA7gu0Ao0Z/?igshid=YmMyMTA2M2Y=

https://www.instagram.com/reel/CjAYtgTgLQP/?igshid=YmMyMTA2M2Y=

(ВИДЕО) Како изгледаше страшното невреме во Солун: Силен дожд ги поплави улиците и продавниците

Солун минатата ноќ повторно го зафати големо невреме, кое предизвика поплави низ улиците, а на некои места има и прекин на електрична енергија, објавија грчките медиуми.

Цивилната заштита издала предупредување до граѓаните и ги информирала жителите за претстојното невреме.

Цел тунел бил поплавен во Солун. Штети имало и во предградијата на Солун, во Переа. Штети биле забележани и на места на патот кон Халкидики, најмногу во Неа Каликратија. На тие места многу куќи претрпеле значителни поплави.

Пороен дожд и грмотевици се очекуваат од недела навечер до понеделник попладне низ поголемиот дел од земјата, се наведува во написите.

Невреме и во Бугарија – Дваесет луѓе се спасени со хеликоптер

Дваесет луѓе се спасени со хеликоптер од поројниот дожд во Карлово, централна Бугарија.

Tие се спасени со хеликоптер „Кугар“ од најтешко погоденото село Богдан по силниот дожд во централниот дел на Бугарија во Рајна кај Карлово, јави дописникот на МИА од Софија. Уништени се три куќи и продавница во селото Слатина, една куќа во селото Богдан и неколку делумно уништени куќи во село Каравелово.

Сто војници од бугарската армија се во областа за да им помогнат на повредените, коментира началникот на одбраната адмирал Емил Ефтимов, додавајќи оти хеликоптерот ќе ги надлетува најкритичните точки додека да падне мрак.

Се очекува воениот хеликоптер да достави храна и вода до селото Богдан, кое и понатаму е отсечено.  Паднале четири мостови на реките Стријама и Татладере.

Вознемирувачко видео: Младоженец го уби гром, сватовите го носеа на раце

Младоженец загина од гром на сопствената свадба за време во провинцијата Јунан во Кина.  Руан починал на лице место додека се фотографирал со својата избраничка на популарното место за свадби Jade Dragon Snow Mountain.

Пред самата свадбена церемонија, невестата и младоженецот биле на фотографирање на Спреус Медоу, познат по прекрасниот поглед на планинските врвови, кои и сред лето се покриени со снег. Времето било тмурно и врнеше, но не се очекувало невреме.

30 минути пред инцидентот, метеоролозите издале предупредување за областа дека за еден час ќе пристигне грмотевици, па младенците побрзале да се фотографираат пред да почне невремето.

Фотографите ја изнесле двојката на ливадата ги наместиле да се фотографираат, кога одеднаш почнало да свети, а една од искрите директно го погодила младоженецот. Несреќниот млад човек паднал на земја, додека присутните меѓу кои и невестата почнале панично да викаат и да повикуваат помош.