Tag Archives: НикоБеќаровски

„Да се зголемат платите на лекарите затоа што ќе останеме без нив“

Докторот Нико Беќаровски кажа дека директорот на Клинички центар треба да го бира Владата, но раководителите на клиниките треба да бидат вработени со минимум 20 години искуство.

Беќаровски кажа дека Иницијативниот одбор ја поздравува идејата за спојување на Клинички центар.

– Иницијативниот одбор ја поздравува идејата за спојување на Клинички центар, тоа беше една од нашите заложби. Меѓутоа, од друга страна, спојувањето треба да значи и професионализација на клиниките. Што подразбираме под тоа? Директорот на Клинички центар, да, може, нека го бира Владата, меѓутоа раководителите на клиниките исклучиво да се бираат од редот на вработените на клиниката со минимум 20 години искуство да бидат специјалистичко, пожелно би било секако да бидат од редот на професорите коишто се на таа клиника. Ние направивме една груба проценка дека само по основ на втор директор којшто постои моментално во клиниките и по основ на управни одбори, годишно околу милион и сто илјади евра се неповратно фрлени без никаква конкретна импликација, освен што служи за вработување на кадри, вели Беќаровски.

Резултатот од т.н „вечерни школи“, како што вели, е неквалитетен кадар.

– Секој најдобро знае каков персонал му недостига. Во моментот се случува од денеска да добиеме писмо дека овој е прераспределен кај вас, овој е тргнат од кај вас. Со ваков начин квалитет нема. Верувајте, има сестри што не знаат да ја стават иглата на шприцот. Таква сестра не може да работи на Клинички центар. Не би требало да работи ни на друго место. Се дисперзираа, секаде се отворија школи, се завршуваат вечерни школи, од таму произлегоа неквалитети, оцени Беќаровски.

Истовремено, лекарите го повторија и барањето за зголемување на платите.

Во спротивно најавуваат протести и напуштање на јавното здравство. Ова го најавија од Синдикатот на Клиничкиот, кому му се приклучува и докторскиот одбор.

– Ние бараме со августовската плата да се изврши тоа усогласување со минималната. Доколку тоа не се реши пред покачувањето најавено во септември, ние ќе почнеме да ги користиме сите законски акти и прописи, а тоа значи дека може да има приватни и колективни тужби до Фондот за здравство и до Министерство за здравство, а во согласност со членството, во консултации со членството може да почнат и протестите, вели Серафимовски.

– Како што се најдоа пари за судиите и за функционерите, така треба да се најдат пари и за лекарите, вели доктор Беќаровски.

Доколку не се исполнат барањата на лекарите, тие ќе преминат во приватното здравство, а младите лекари ќе заминат од државата.

Покрај зголемување на платите, се бара и обединување на сите клиники во еден правен субјект, со што, како што велат, ќе се заштедат огромни суми пари од плаќање на организациските директори и непотребните управни одбори, и тоа од над милион евра. Од Синдикатот се бара и регулирање на специјализациите, како и на статусот на сите вработени со договор на дело подолг од 6 месеци.

Кој колку заслужува: Конгресмени, лекари, плати, пратеници …

По најавите за енормно зголемување на платите на функционерите за дури 78%, но не и за оние кои со професионалност и труд заработуваат за живот, д-р Нико Беќаровски со пример како на тој план стојат работите во други земји.

Конкретно, кој е соодносот на платите на конгресмените наспроти лекарите во една Америка:

„Бруто платите на американските конгресмени и сенатори се 174.000 $ годишно.

Просечната бруто плата исплатена на докторите специјалисти во САД е 234.000 $ годишно за специјалистите по јавно здравје до 554.000 за пластичните хирурзи.

Од денес нето платата на македонските парламентарци без патни трошоци, без пресметан стаж, без дневници за патување итн е само 110.000 денари.

Ајде да го земеме американскиот модел за исплата и во македонското здравство“, пишува д-р Беќаровски на Фејсбук.

Скопјанка да бидам – Во Скопје стана сиво се што беше бело, ама Донка повеќе никогаш не се врати во село…

Фејсбук статус на Нико Беќаровски:

СКОПЈАНКА да бидам

Во Скопје стана сиво се што беше бело,
ама Донка повеќе никогаш не се врати во село.

Во Скопје квадратен метар е богатство цело,
ама Донка повеќе никогаш не се врати во село.

Во Скопје ја гледаат како младо неискусно тело,
ама Донка повеќе никогаш не се врати во село.

Во Скопје работи цел живот со договор на дело,
ама Донка повеќе никогаш не се врати во село.

Во Скопје се вози многу бесно и лудо смело,
ама Донка повеќе никогаш не се врати во село.

Во Скопје има магла цела зима и изгор лето врело,
ама Донка повеќе никогаш не се врати во село.

Во Скопје од смог ѝ се корне ждрело,
ама Донка повеќе никогаш не се врати во село.

Во Скопје од “junk food” и вито тело стана дебело,
ама Донка повеќе никогаш не се врати во село….

P.S.
Меѓу двата пописи во Македонија 410 села останаа без жители. Следни се малите гратчиња.

P.P.S.

  1. Во куќниот ред во зградите Ви пишува дека треба да владее тишина меѓу 14-17 часот и по 22часот !!!!!
  2. Ѓубрето се носи до контејнер, не се фрла од прозор !!!!!
  3. На кокошките и петлите им е место во селскиот двор, а не на балкон.
    2 и 3 не ги пишува ама се подразбираат.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02CV3FJvzH4LczjFaKZoD7UrobyJv2XyzJqDfijZBAzjhWppdv7r4XGrHVkUtzrb7jl&id=1637636807&mibextid=Nif5oz

Д-р Беќаровски: Вчера стававте слики од дочек на Стара нова година, а утре ќе објаснувате како е нехумано децата да одат во училиште

Ситуацијата со болеста во нашата држава станува се посериозна, откако новиот сој зема замав за време на новогодишните прослави и празниците кои следуваа подоцна.

Докторите постојано апелираат да не се прославува во големи групи, како и да се избегнуваат гужви, меѓутоа веројатно бранот повеќе не може да се контролира затоа што болеста е многу проширена.

На својот Фејсбук профил то*сикологот д-р Нико Беќаровски упати критика до сите оние кои деновиве прославуваа стара нова година.

– До 14 часот стававте слики од масовни собири на работните места со паричката. Вечерва го преплавивте Инстаграм со слики од дочек на Стара нова година. Утре ќе бидете големи филантропи и ќе објаснувате како е нехумано децата да одат на настава со физичко присуство – пишува д-р Беќаровски.

Беќаровски: Ако уште утре не ги смените протоколите за изолација, на 10 јануари ќе нема кој да работи во државата

Д-р Нико Беќаровски упати порака до Комисијата за заразни болести.

„Ако уште утре не ги смените протоколите за изолација на контактите со ковид болни и не го намалите времето за изолација на позитивните, на 10 јануари ќе нема кој да работи во државата“, пишува на Фејсбук д-р Нико Беќаровски. 

Според него, изолацијата на контактите при вака раширен омикрон е неодржлива и без епидемиолошка оправданост. Вели дека задолжителната изолација за позитивните треба да се намали на 7 дена. 

„Добрата вест е што до крај на февруари ќе направиме колективен имунитет и за 8 март ќе може пак да играте чочеци“, додава тој.

Докторот проценува дека ако денес имавме 1.197 позитивни со регуларно направени тестови, сигурно има уште 5.000 кои се самотестирани и 25.000 недијагностицирани.

Шaнcитe дa зaвршитe вo бoлницa сe oкoлу 80% пoмaли

Сите релевантни и независни укажувања сугерираат дека омикрон е со многу поблаги симптоми и шансите да завршите во болница се околу 80% помали, од моментално доминантната делта варијанта во Македонија, пишува проф. д-р Нико Беќаровски на својот Фејсбук профил.

– А зошто се крева толкава прашина и се влева страв? Ако во моментов ние имаме околу 500 новозаразени дневно, кои нашиот здравствен систем успешно ги апсорбира, тоа би значело дека од омикрон варијантата здравствениот систем успешно би апсорбирал и до 4000 новозаразени бидејќи заболените воглавно би лежеле дома.

Каде е тогаш проблемот? Ако просечното траење на ковид-19 е околу десет дена, тоа значи дека секој ден во подолг временски период би имале околу 40 000 активни случаи, што мора да се согласиме дека може да создаде сериозни економски импликации и голем број отсутни работници од своите работни места.

Токму затоа, поради сериозните импликации врз бизнисот, е големата паника која владее во ЕУ и САД, од омикрончето.

Човекот во западната цивилизација оддамна ја изгуби битката со неговото височество профит, стои во неговата објава.

Беќаровски: За некои работи се однесуваме како СТАДО, прегоревме во овој бран со делта сојот

Уште во јуни апелирав да се вакцинираат, а тие слободно влегуваа, не се вакцинираа, правеа свадби во затворено. И веќе прегоревме во овој бран со делта сојот, изјави во вторникот д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во гостувањето во „Утрински брифинг“.

Тој, набројувајќи ги земјите од региот како Хрватска и Србија, и објаснувајќи го нивниот начин на внимателно избирање на мерките за заштита од Ковид-19 за време на летната сезона, се обиде да ги наброи нашите грешки, кои резултираат со голем раст на новозаболени овој период, иако предвидувањата на експертите се дека, не очекуваат уште потешки ковид-сценарија во Македонија.

„Човек кој има пиљара кашла, се тестира позитивен и целата неговата фамилија е позитивна. Но не може да ја затвори пиљарата, зошто му е извор на егзистенција. Оди на лекар и не кажува дека е болен. Тоа се луѓе кои системот не ги регистрира како ковид позитивни“, вели д-р Беќаровски.

Докторот во своето гостување, говорејќи за пандемијата, голем дел посвети објаснувајќи ги причините зошто сме далеку од имунитет на стадо, или познато како колективен имунитет.

„За некои работи навистина се однесуваме како стадо. Сабота недела гледаме шпанско, италијанско, англиско превенство, преполни стадиони, а таму смртноста е помала поради добро спроведена вакцинација. Кај нас е поголема, а причината е многу едноставна, прво кога дојдоа вакцините сите прашувавме за нејзината ефикасност“, рече д-р Беќаровски.

Дополнително, во своето гостување предвиде и тој, исто како и другите експерти дека бројките на новозаразени ќе растат, а кластерите од политичките митинзи ќе резултираат за 15 денови.