Tag Archives: Органи

Жена на жена: Денов нека зрачи од тебе, ти го заслужуваш тоа Верче!

Фото: Фејсбук

Некако уште сум под импресии од денешниот ден и чувствувам слатко-горчлив вкус на усните. Од една страна спокој дека 14 пациенти ќе добијат органи, а од друга страна тага за прерано изгаснатиот живот.

Како и за Емилија, така и за Верица, истото чувство. Две хероини, различни, посебни, а сепак обете ќе живеат вечно. Што во туѓите тела, а уште повеќе и уште потрајно во туѓите срца.

Верица била млада девојка, всушност, во цутот на својата младост. Невина и чиста душа која како и многумина прерано згаснати животи, во себе носела бројни осништа и копнежи.

Секој човек копнее и сонува, секој човек мечтае и чувствува, битисува. Еден сон згаснал, а друг се разбудил. Една душа згасна, а 14 се пробудија.

Господ да ги благослови сите оние кои ги добија или ќе ги добијат органите на Верче. Да им подари долг и спокоен живот, со божјата шанса.

А на семејството на Верица, Белчоски, им посакувам долг и спокоен живот. Им се поклонувам. Нека знаат дека се „виновни“ за 14 насмевки и продолжени животи.

Животот на Верче не згасна, тој продолжува, само во различни тела и во различни димензии. Но душата е таа… никогаш не заборавена.

Нека зрачи денов заради тебе Верче, заслужуваш! Почивај во мир, убавице.

Пишува ЖенаНаЖена

Докторите и се поклонуваат на младата девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи

Министерот за здравство Венко Филипче сподели, како што кажа, историска фотографија на која докторите ѝ се поклонуваат на младата девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи.

Нејзиниот млад живот трагично згасна, но нејзиното срце спаси друг млад живот. Нема зборови со кои може да се искаже благодарноста кон семејство. Нема зборови со кои може да се опише алтруизмот и големината на чинот на органодарителство. Во моменти на длабока тага да се донесе одлука за донирање на органите на блиските е дефиниција за хуманост, напиша Филипче.

Веаповска: Cе чувствувам како половина човек

Родилката Јалдз Bеапоска од Дебар чии три органи по операцијата со царски рез во струшката болница беа извадени, денеска на Институтот за патологија во Скопје успеа да ги подигне своите парафински калапи коишто ќе ги вештачи повторно за да докаже дека се извадени  здрави.

Таа за „Слободен печат“ изјави дека по операцијата што се случила во Струга се чувствува како половина човек, не е во состојба да работи и добива панични напади при самото стапнување в болница и покрај тоа што и самата е медицинска сестра.

Линк од целосниот текст:

„Здрави органи ми се извадени имам извештај од патологија, ќе се борам до крај“

„Здрави и прави органи ми се извадени од телото, а Лекарската комора не наоѓа грешка во тоа, но правдата ќе ја барам додека сум жива“.

Вака медицинската сестра Јалдз Веапоска чии матка, јајник и бубрег беа извадени по породување во струшката болнница, низ солзи ги раскажа своите маки, но и разочарувањето од одлуката на Лекарската комора, која во својот стручен надзор не утврди постоење на лекарска грешка од страна на медицинскиот тим предводен од директорот на болницата, доктор Мухамед Асани – објавува Слободен печат.

– Органите се супер, извадени се без потреба. Велат дека нема лекарска грешка, но не објаснуваат зошто било потребно да ги извадат. Дури сум жива ќе ја барам правдата, ако не во Македонија, тогаш во странство. Органите ќе ги дадам на вештачење кај наши експерти во Судска медицина и кај странски експерти. Тие да кажат дали имало потреба да се отстранат. Мене во разговор неколку гинеколози ми кажаа дека органите се добри, меѓу нив и луѓе од Швајцарија, изјави за „Слободен печат“ Веапоска.

Линк до целосниот текст:
https://www.slobodenpecat.mk/dokumenti-rodilkata-ke-se-bori-do-kraj-mi-izvadija-zdravi-i-pravi-organi-go-imam-naodot-od-patologija/