Tag Archives: Ослободување

Спасена мечка која 10 часа била заглавена на Шар Планина (Видео)

Од Националниот парк Шарл Планина информираат дека по дојава на локален жител од село Бозовце дека во неговото бачило е заглавена мечка.

Ј.У.Н.П. Шар Планина заедно со стручни лица од Јавната Установа Зоолошка градина на Град Скопје организираа акција за ослободување на животното.

– Возрасниот мажјак кој беше заглавен во сајла околу 10 часа, беше изморен и исплашен, а по 3 часа работа Бозо беше успешно ослободен. Мечките се строго заштитени жители на Шар Планина, а локалното население од планинските села живее во соживот со природата, се вели во објавата од Националниот парк.

Од таму упатуваат благодарност до сопственикот на бачилото кој го пријави настанот за да се ослободи мечката.
Благодарност и до полициските службеници за напорите да го обезбедат теренот, како и до сите други надлежни.

ПАРТИЈАТА НА ГЕОРГИЕВСКИ: Бугарија ги ослободи Македонија, Косово и Србија од германските фашисти !

Бугарската армија учествувала во ослободувањето на Македонија, Косово и Србија од германските фашисти и на крајот во најактивната битка, битката на Сремскиот фронт, соопшти денеска партијата на Љубчо Георгиевски, ВМРО-ДПМНЕ.

Таа ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за антибугарски активности во Република Македонија:

„ВМРО-ДПМНЕ како идеолошки наследник на Вардарскиот четнички корпус продолжува да биде носител на антибугарската хистерија во Северна Македонија продолжувајќи со манипулација и искривување на фактите. ВМРО-Народна партија сака уште еднаш да им го прераскаже претходното соопштение на сите оние кои не успеале да го разберат“, велат од ВМРО-НП.

Натаму во соопштението се додава:

„Да повториме, ВМРО-Народна партија зборува за конкретен ден, 13 ноември 1944 година во кој според сите светски извори вклучително во најново време и српските, бугарската армија после превратот на 9 септември 1944 година и формирањето на татковинскиот фронт земала учество во ослободувањето на Македонија, Косово и Србија од германските фашисти и на крајот во најактивната битка, битката на Сремскиот фронт.

На тој пат има ослободено повеќе градови во источна Македонија, водела голема битка кај Страцин против германските фашистички сили и учествувала во ослободувањето на Скопје, а понатаму кон Косово и Србија“, соопшти ВМРО-НП.

„ВМРО-ДПМНЕ го поставува прашањето на СДСМ што таа мисли за тој наш став, а со тоа ВМРО-ДПМНЕ пак потврдува дека сеуште живеат во идеолошките матрици на комунизмот и треба да го постават прашањто што мисли светската историска наука, а не нивните индоктринирани умови.
Конечно во нашето прво соопштение имаше и една друга провокација до ВМРО-ДПМНЕ, а и до другите сили кои учествуваат во антибугарската хистерија, јасно и гласно да ни кажат кои беа фашистите во Скопје на 13 ноември 1944 година“, се додава во соопштението на ВМРО-НП.

Како Генералот Михајло Апостолски спречи влез на бугарска војска – „Бугарите ни куршум не испукаа за ослободување на Скопје“!

Генијалниот генерал Михајло Апостолски не дозволи преобразената бугарска војска да влезе во градот. Да дозволеше, може да замислиме како тоа денеска ќе го претставуваше Софија, рече неодамна Трајко Стаматовски, претседател на боречката организација на Скопје. Генералот Апостолски дури и војска испратил за да спречи бугарски војници да влезат во Скопје.

Но, борецот од НОБ Стаматовски на 13 ноември, на одбележувањето на ослободувањето на главниот град на Македонија, пред Споменикот на ослободителите на Скопје потсети на историските настани:

„Генијалниот генерал Михајло Апостолски не дозволи преобразената бугарска војска да влезе во градот. Да дозволеше, може да замислиме како тоа денеска ќе го претставуваше Софија”.

Стаматовски рече дека борците од Народно ослободителната војна многу добро знаат дека војувале против бугарската војска. Товарот на војната го носеа македонските партизани, а посебни заслуги тој му дава на генералот Михајло Апостолски.

„Ние добро знаеме против кого војувавме, колку жртви дадовме. Колку беа храбри нашите партизани. Се бореа за секоја улица, за секоја зграда, за секоја институција. Загинаа 398 борци, меѓу нив и голем број првоборци. За подвизите на диверзантските групи кои ги деминирираа Камен мост, ХЦЕ Матка, за недолжните стрелани скопјани, многупати сум говорел. Овојпат сакам да потсетам на генералот Михајло Апостолски и на неговата далекусежна визија да не се дозволи влез во Скопје на единици од тукушто преобразената бугарска војска. Како ќе се користеше денеска тоа доколку им беше дозволено на Бугарите, можеме да си замислиме. Значи, се имаше чувство како за минатото, така и за иднината. Генералот Апостолки својата генијалност ја покажа многупати, како за време на Февруарскиот поход, или во акциите во источна Македонија, многу многу пати за време на антифашистичката борба”, рече Стаматовски.

Инаку, во сеќавањата на генералот Михајло Апостолски е запишано дека пред ослободувањето на Скопје му била испратена пораката од Отечествено фронтовската бугарска војска дека би сакале да одржат парада во Скопје. Апостолски насетил кон што тоа може да доведе, дека веќе утре довчерашните окупатори на Македонија би можеле да се претстават како ослободители. Наредил вооружена единица да се распореди на приодите кон градот и да спречи влез на бугарски војници.

„Кога го видоа тоа Бугарите, се повлекоа. Ако дозволевме да одржат парада, денес никој не можеше да докаже дека тие, буквално, ни куршум не испукале за ослободувањето на Скопје”.

Но потоа била испратена порака дека би сакале да одржат помен „за бугарските војници паднати во борбите за ослободување на Скопје”.

„И тоа ме налути. Веднаш испратив чета за да го спречи поменот. За каков помен станува збор, на кои паднати бугарски војници?”,запишал генерал Михајло Апостолски.

За време на бугарската окупација Скопје претрпе огромни загуби:

„Скопје загуби 4.654 сограѓани, од кои што 956 во борбите, а 3.698 како жртви на фашистичкиот терор, но и дека го загуби и речиси целото свое еврејско население. Орце Николов, Вера Јоциќ, Цветан Димов, Раде Јовчевски Корчагин, Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Даме Крапчев…се само дел од многуте борци коишто ги положиле своите животи за нашата подобра иднина и за слобода на нашето Скопје.

Битката за ослободување на Скопје била сложена операција, СЛАВА ИМ НА БОРЦИТЕ – ЧЕСТИТ 13-ти НОЕМВРИ !

Битката за Ослободување на Скопје, претставувала многу сложена операција, бидејќи за да биде успешна од голема важност биле успесите на нивните бригади во битките во другите градови со крајна цел да се поврзат 50та дивизија која била во реонот на Штип со 42та дивизија која била на Сува Гора, за да можат заедно да нападнат во Скопје. 50та дивизија незначително задоцнила (еден ден) на позицијата за нивно спојување, а тоа бил реонот на Велес.

Нивното доцнење се должело на силниот отпор кој го дале Германците во реонот на Штип, каде 5табугарска дивизија воопшто не ни учествувала како било договорено и планирано, туку пасивно ги запоседнале позициите кај Злетовска Река, без да учествуваат во битките за ослободување на Штип и реонот околу градот. Со вакви предуслови, ослободувањето на Скопје останало да се изврши со пешадија и улични борби (без употреба на артилерија) кои зависеле исклучиво од храброста и моралот на македонските војници. Во борбите за Скопје заробени биле голем број Германци како и нивното вооружување (топови од разни калибри, митралези и најразновидна техника).[1]

Методија Андонов-ЧентоДимитар Влахов и Михајло Апостолски – свечена парада во ослободено Скопје.

Набргу по нивното заминување, кај мене дојде еден командант на полк и ми рече дека сакале да одржат парада во Скопје. Во меѓувреме, влегле и некои единици во индустрискиот дел на градот. Ваквото барање и доаѓањето на некои нивни единици во градот, кај мене предизвикаа голем револт и лутина. Веднаш им реков дека нема да можат да одржат никаква парада во Скопје, зашто парада одржува само оној што се борел за Скопје, а тие пушка не пукнале за неговото ослободување. Им наредив веднаш да го напуштат градот. – Генерал Михајло Апостолски

Утрото на 12 ноември отпочнале првите борби во самиот град на неговата јужна страна. Овие напади ги извршила 42та дивизија, додека паралелно со неа од правецот на Кисела Вода со силен напад, влегла Третата македонска ударна бригада, заземајќи стратешки згради и потиснувајќи ги Германците кои се прегрупирале во веќе запоседнати згради во центарот на градот. Истиот ден (12 ноемвримакедонските броци – биле стигнати до самите згради, крај кејот на Вардар. Делови од Дванаесеттата и Третата македонска ударна бригада, ја блокирале железничката станица и отпочнале борба за самата зграда како и за Кранговата палата (која се наоѓала во нејзина близина). Главницата на Дванаесеттата македонска ударна бригада ги нападнала зградите на Учителската школа и Поштата. Дел од Дванаесеттата бригада се упатил кон денешната населба Ѓорче Петров (тогашно Ханриево).[1]

Во овие улични борби значајна улога одиграла скопската младина која веднаш странично ги нападнала сите утврдени германски позиции и ги водела македонските борци до сите за ним добро познати германски упоришта низ градот. 50та дивизија и осмата бригада со извесно задоцнување претпладне на 12 ноември отпочнале напад на германската одбрана во источниот дел од градот (реонот на Гази Баба и индустриската зона)

Паралелно со нив во текот на 11 и 12 ноември Шеснаесеттата македoнска ударна бригада, ги нападнала албанските балистички групи на Скопска Црна Гора, а во попладневните часови веќе ги напаѓале касарните во кои биле сместени германските војски. Германските сили кои биле стационирани во северниот и северно-источниот дел на градот успеале да се извлечат од градот и да се упатат кон кон Качаничката Клисура. Најсилни упоришта на Германците останале Учителската школа и Поштата кои доцна во ноќта на 13 ноември биле заземени од страна на македонските борци. Во учителската школа биле заробени 86 германски војници.[3] Целата ноќ од 13 кон 14 ноември како и целиот 14 ноември вршени се чистки на целиот терен од преостанати германски единици.[1]

Битката за Скопје, била извршена со голем успех бидејќи биле спасени сите мостови во градот и успеале да ги обезбедат и зградите кои биле веќе минирани. Германските единици успеале да ги срушат железничките мостови во Скопје и Ханриево (денешна населба Ѓорче Петров), едно крило од зградата на Железничката станица, а нешто подоцна од непронајдена мина била оштетена и зградата на Народната банка.[1]

Од работа СЕ ОСЛОБОДУВААТ БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ како и ЛИЦАТА кои имаат НАД 60 ГОДИНИ

Владата на Република Северна Македонија, денеска, преку видеоконференциска интернет комуникација ја одржа 70-та седница на која,

беа донесени препораките за намалување на ризиците од високи температури, во времетраење од два дена, 18-19.8.2022 година (четврток и петок).

На укажување од Министерот за здравство, дека според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи во следните два дена,

територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури – портокалова фаза, Владата ги донесе следните препораки:

1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи на население, како што се бремените жени и лицата на возраст над 60 години.

2. Во установите за згрижување на децата, (градинките) да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено од 11:00 до 17:00 часот.

3. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран возраст, да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

13-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје

Денеска се одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна.

На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација.

По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.

По повод одбележувањето на 13 Ноември, борците од Народноослободителната антифашистичка војна ќе имаат средба со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

По средбата предвидено е делегациите да положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и на вечното почивалиште на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужни граѓани. Делегациите ќе положат цвеќе и пред Споменикот на ослободителите на Скопје, пред Владата на Република Северна Македонија.

Во Филхармонија на Република Северна Македонија вечер ќе биде доделена и наградата „13 Ноември“. Од областа на науката добитници се: проф. д-р Денко Малески и д-р. Емил Нијами, автор, лектор и преведувач. Во образованието и воспитанието добитник е проф. д-р. Мишо Докмановиќ, а во публицистиката Слободан Петровиќ. Од областа на културата добитници се: Ирена Колиштрковска-Настева и Лилјана Пандева, писател, поет, прозаист, од областа на уметноста добитник е Емилија Џипунова.

Од областа на здравствената заштита награден е тимот за имунизација од КОВИД-19 при Здравствениот дом – Скопје и медицински тим на доктори кои ја изведоа првата операција во Република Северна Македонија, имплантација на вагус нерв стимулатор, кај пациент со епилепсија отпорен на лекови.

Од областа на меѓународна награда добитник е Раде Шербеџија. Од ученици и студенти добитници се: Сандра Недановска, од правни лица Институтот за македонска литература – Скопје и Основното училиште „Кирил и Методиј“ од село Стајковци, Општина Гази Баба.