Tag Archives: Отпад

Стаорци си се шетаат по улица низ Дебар Маало, откако градот беше затрупан во смет (Видео)

Снимки од староци низ центарот на Скопје се споделуваат на социјалните мрежи. Видеата се направени попладнево, во Дебар маало. Се гледа како стаорците се движат во близина на кантите за отпад. Во позадина се слуша женски глас кој ја коментира појавата. Ова се случува откако изминатите три дена, градот беше затрупан во ѓубре.

„Така е еве ги искочија, супер, таму ти се кантите за ѓубре. Тражевте еве ги стасаа, така треба. Ќе нѐ изедат глувци, страшно“, коментира авторот на видеото.

На вчерашната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска рече дека директорката Косана Мазнева била во право кога најавила дека граѓаните на Скопје ќе трпат големи штети и дека ќе се појават стаорци низ улиците откако вработените на ЈП „Комунална хигиена“ одлучија да започнат штрајк и да прекинат со работа.

Денеска градоначалничката Арсовска и директорката на претпријатието истакнаа дека состојбата во „Комунална хигиена“ е нормализирана и продолжено е со редовното собирање на смет.

Петар и Никола ги дизајнираа првите македонски рамки за очила од отпад од кафе!

Искористеното кафе да не биде отпад и да заврши на депонија, туку да биде суровина од која ќе се направи органско ѓубриво и конкретни производи за секојдневна употреба, како на пример очила или пак други декоративни предмети.

Водени од идејата за циркуларна економија, младите Петар Стефаноски и Никола Вучков како дел од тимот Coffеe Мates, креираа еколошко решение за намалување на количините на отпад кои завршуваат на депониите со реупотреба и рециклирање на отпадот од кафе, кое неодамна беше избрано како еден од победниците од третата генерација на млади од проектот RISE, организиран од Здружението за социјални иновации АРНО.

Тие неодамна учествуваа и на регионалниот собир на нови социјални претпријатија RISE Bootcamp 2023, кој се одржа во Тирана, Албанија како дел од проектот на RISE. Тимот на Coffee Mates го освои првото место со својата презентација пред тричленото жири кое го сочинуваа претставници на програмата RISE, RYCO и останати регионални здруженија за социјални иновации.

Цело интервју на Иновативност

Во Скопје се фрла ѓубре кој каде ќе стигне: За 6 месеци собрани 7.000 кубни метри отпад

Во периодот јануари-јуни 2021 година, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје подигнаа и транспортираа вкупно 79.499 тони комунален отпад од скопските домаќинства во урбаниот и во руралниот дел на градот, што претставува зголемување од 4.921 тони, односно 6,6 проценти, во однос на истиот период минатата година, соопшти претпријатието.

Во  првите шест месеци од годината, информира претпријатието, се отстранети над 7.000 кубни метри отпад одложен на јавни површини, а во истиот период екипите на претпријатието расчистија неколку обемни диви депонии составени од мешан комунален, градежен и кабаст отпад, лоцирани во општините Чаир, Кисела Вода и Сарај.