Tag Archives: пановски

ЈАС И ПРОФЕСОР ПАНОВСКИ, ТРИ ГОДИНИ ЏАБЕ ТРОШЕВМЕ ЗБОРОВИ И ВРЕМЕ: Никому ништо не му влегло во глава!

Докторот Драган Даниловски, во гостувањето на ТВ Сител, се огласи по повод новиот ковид бран за кој што медиумите се повеќе пишуваат.

Линк до постот на професор доктор Даниловски:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3455421298043933&id=100007282895748&mibextid=Nif5oz

Пановски за сојот КРАКЕН: МНОГУ Е ПРЕНОСЛИВ, ама НЕ Е МНОГУ ОПАСЕН

Постарите и оние со коморбидитети треба да избегнуваат гужви, да носат маски во продавници, банки, автобуси, помладите и здравите да живеат нормално, а ако имаат респираторна инфекција, било каква, да се изолираат пет дена, апелира микробиологот д-р Никола Пановски.

Кракенот, односно новиот подвид на сојот омикрон, само дополнително ќе го зголеми бројот на новозаразени со коронавирусот, оценува микробиологот д-р Никола Пановски за порталот Локално.

– Новиот подвид е најпренослив коронавирус познат досега. За среќа, изгледа дека не е поопасен. Затоа, постарите и оние со коморбидитети треба да избегнуваат гужви, да носат маски во продавници, банки, автобуси, помладите и здравите да живеат нормално, а ако имаат респираторна инфекција, било каква, да се изолираат пет дена – апелира тој.

Ајде први во свет да ги укинеме сертификатите, децата во училиште без маски

Добро би било ако сега можат да го скратат периодот на изолација, а уште една многу важна работа што треба да се направи е да се повлечат ковид-сертификатите. Ние треба да бидеме први во светот што ќе ги повлечеме сертификатите кои се голема глупост, немаат никаков ефект и никако медицинско оправдување, објасни микробиологот д-р Никола Пановски за Канал 5.

Тој вели дека земјава досега немала стратегија како да се справи со пандемијата, а како што посочува, сега е веќе доцна да се смислуваат нови стратегии.

Тргнете ги сертификатите и одложете ја училишната година за две недели, а потоа децата да тргнат на училиште без маски на лицата – истакна д-р Пановски.

Во видеото погледнете го целиот разговор на Сања Трајковска Ставров со проф. д-р Никола Пановски – микробиолог.

Доцна е за мерки, вирусот е во десетици илјади домови!

Зошто не се научивме на грешките и повторно се доведуваме до неповолна ситуација, прашува микробиологот Никола Пановски.

Бројката на заразени во Македонија во изминатите два дена значително скокна, а според него, сега е веќе доцна за воведување на нови рестриктивни мерки.

„Се знаеше дека ова ќе се случи. Предупредував јас и некои епидемиолози. Нова варијанта омикрон, отворени граници и масовни собирања и прослави пред и за Нова Година, се знае што ќе се случи. Треба да ги прашате тие што по катастрофата со делта варијантата, кога пуштија без тестирање лица да ја внесат делта варијантата од странство и да ја шират по свадби летоска, зошто го повторија тоа. Зошто ги повторуваат грешките упорно?“, вели Пановски за „Фокус“.

И да се донесат дополнителни рестриктивни мерки од надлежните органи, тоа ќе биде бадијала, смета нашиот соговорник.

„За конкретни мерки сега е доцна. Вирусот од надвор лесно влезе во Македонија, а сега од прославите веќе е внесен во десетици илјади домови и фирми. Сертификатите се малтретирање на луѓето, немаат никаква епидемиолошка оправданост, особоно со омикрон сојот. И вакцинираните се заразуваат и пренесуваат“, додава тој.

Извор: Фокус

Пановски: Брзото ширење на омикрон ќе доведе до крај на пандемијата во рок од шест месеци

Брзото ширење на омикрон ќе доведе до крај на пандемијата во рок од шест месеци, вели микробиологот д-р Никола Пановски во гостувањето на емисијата „Што не е јасно“.

-Многу повеќе луѓе ќе бидат во контакт со него и за 6 месеци омикрон ќе го сврти целиот свет. Не верувам дека повторно ќе има сој кој ќе биде со ваква голема брзина. Исто така сметам дека 99% од пациентите ќе го поминат полесно. Останува енигмата само колку ќе биде вирулентен, вели Пановски.

Според него нема да се појави друг сој што ќе се шири со ваква брзина.

Ако на луѓето им викате да носат маска на нива и во планина ама во кафана да ја симнат, како после да не веруваат дека нè прскаат од авион?

Доктор Никола Пановски распали на панел дискусија во врска со нелогичностите на мерките за Ковид вирусот, пренесува Оф нет мк.

Поважно беше да се збогатат приватните болници, приватните лаборатории. Нечуено е две години да не потпишете договор со приватни лаборатории за ПЦР тестови. Тоа е скандал.

Многу работи има со кои ни студент не би поминал на испит со такви ставови. Не можеш да одиш со ставови дека маска требало да се носи на планина и на нива, а после во кафана да се симне. И после се чудат зошто луѓето викале дека нè прскаат. Друго објаснување нема ако ти носиш маска на нива или планина. Или она прскање улици во скафандери и слични работи.

Имавме катастрофа во Тетово која можеше да се избегне ако нè послушаа доктор Даниловски и мене во само една работа: да не  дозволуваат свадби на затворено. Ништо повеќе. Да не се додворуваат на онаа партија која видете каква катастрофа им направи на своите граѓани. 

И кога министерот даде оставка, премиерот рече не е време во пандемија да даде оставка. За после, здравството, во ек на пандемија, да го преземе партија која „а“ нема кажано за здравство. Тука заврши муабетот.

Или ако јас на 18 ноември излегувам и им викам дека во ноември 72.000 луѓе примиле сумамед и дека е препишан на 40.000 осигуреници а тој месец има само 15.000 болни, и дека тоа трае цела година и прави огромна финансиска штета и дека се препишуваат дози кои се забранети – пазете, забранети! – и дека наши доктори тоа го препишуваат, им давам податоци за тоа од Фондот за здравствено осигурување.

На таков скандал, партијата реагира со некое партиско директорче од Фондот кој истражува кој ги дал податоците, како на татко му да се податоците.

Ним им е битно некој да не им го расипе имиџот за надвор. И кога мене ме сметаат за нивен непријател; ти им работиш без пари, им помагаш на граѓаните, даваш совети (иста е ситуацијата и со Даниловски)….

Тие чекаат на мои неполни 67 години да кажам како што ТИЕ мислат. Да си ја заборавам струката и да поплукам по неа.

Тоа не може. Не можам јас да кажам луѓе да се вакцинираат после 45 дена (од прележување – н.з.), за такво нешто студент паѓа на испит.

Антиваксери на Балканот имало отсекогаш, а сега преку социјални мрежи се засили тоа движење. Како на ова одговара светот, а особено ние? Наместо да се одговори со факти, искрено , транспарентно, секојдневно (да се види една реклама за вакцинација наместо оние реклами за простата кои ги одат десет пати на ден), од надлежните постои молк и целосно игнорирање на состојбата.

Се оди со излитен став „само вакцината е спас.“ И целосно го игнорираат природно стекнатиот имунитет. Тоа е нечуено, во историјата на медицината.

И сега имаме, на една страна антиваксери, а од друга страна вакцинални фанатици меѓу кои е и Комитетот за имунизација кој вика дека „ние силно веруваме дека вакциналниот имунитет е супериорен во однос на природниот“, притоа не ги интересираат ни бројки ни наука а нив ги слушаше досегашниот министер и досегашниот премиер.

И меѓу едните, антиваксерите, и другите, вакциналните фанатици, имаме исплашени и збунети граѓани.

Кога немаше вакцини, па кога дојдоа, кога викавме дека тоа е спас а не ги силувавме луѓето, тие масовно одеа да се вакцинираат во Србија. Кога почна силувањето на луѓето, без факти, одејќи дури и кон децата од две или пет години, имаме контраефект.

Луѓето гледаат и ги одмеруваат работите. Јас не можам да разберам дека месец и пол не можат да дознаат дали омикрон е поопасен или не е. Колку време треба за тоа, на илјадници пациенти? Еден умрел во Велика Британија на три ипол илјади луѓе, во Израел еден на 450. Што треба да се случи за да ни кажат дали е поопасен или не е?

Меѓутоа, знаат дека побрзо се шири и знаат дека трета доза е одлична за луѓето. Нејасно од каде дознаа дека третата доза е одлична, кога за тоа треба повеќе време отколку да се дознае колку варијантата е опасна. Човек од СЗО кажа и дека луѓето во Јужна Африка не може да ги споредуваме со други бидејќи таму имало многу голем природно стекнат имунитет (??) Замислете ја сега вие таа реченица. А народот гледа. Ама затоа во земји кои имаат 90% вакцинација, ова ќе било многу опасно….

Затоа, заклучок, вакцинирајте се! Е ај сега разберете го вие тоа? Кај што има само 20 посто вакцинирани минале лесно, кајшто има 90% е опасно и викаат вакцинирајте се со трета доза.

Омикрон најверојатно веќе е меѓу нас, да се бараат негативни ПЦР-тестови на границите

Микробиологот проф.-д-р Никола Пановски смета дека сојот омикрон најверојатно е веќе влезен во земјава.

-Сепак не треба да се ризикува, за да не дојде до експлозија во болниците и поставување на модуларни болници. Треба да се преземат мерки. На пример Грција од вчера воведе задолжителен ПЦР-тест за сите патници. Јас да сум некој фактор во државата, веднаш после нив би вовел и ПЦР тестови за сите граѓани што влегуваат. Прва мерка да ни биде наменета за границите и аеродромите и таа да важи 15 дена за почеток, а после тоа да се анализира. Нема бегање од сојот, ако велат дека се шири со таа брзина, вели Пановски во дневникот на ТВ Сител и додава дека Комисијата за заразни болести предложува „нелогични мерки“.

Според д-р Пановски, по седум дена коронавирусот го нема во телото на човекот.

-Во градите е може, но во носот го нема. ПЦР тест по седум дена не треба да се прави. Нереални се овие 300 новозаразени на ден. Што се однесува до учениците, доцна е за онлајн настава, но е е доцна за да се пуштат порано дома на распуст, поточно од следниот понеделник, вели д-р Пановски.

Пановски: Младите не се тестираат и користат фалсификат сертификати, па се добиваат нереални бројки

Младите не се тестираат и користат фалсификат сертификати, па се добиваат нереални бројки во однос на позитивните, вели доктор Никола Пановски, кој беше гостин на Утринска на Телма.

Пановски истакна дека во време на пандемијата сите треба да се лекуваат во јавно здравство, без оглед на тоа дали се или не осигуреници на фондот.

При ваква состојба во здравството, во време на пандемија, Пановски смета дека е несериозно да се менува актуелниот министер за здравство Венко Филипче.

Пановски: Рестриктивни мерки МОРА ДА ИМА, без разлика на ОМИКРОН варијантата

Епидемиолошката состојба со ковид-19 во Северна Македонија е стабилна, засега нема да се воведуваат нови мерки и рестрикции, а внимателно ќе се следи состојбата со ширењето на новиот сој омикрон, најавија здравствените власти. Дали може да се биде спокоен?

„Без разлика на новиот сој омикрон, рестриктивни мерки треба да има“, вели микробиологот д-р Никола Пановски за Дојче веле.

„Омикрон ќе дојде, ама му треба време. За него ќе треба да се обрне внимание пред Нова Година. Но, да не чекаме да се повтори ситуацијата како со делта сојот. Тогаш сметаа дека нема потреба од контрола на границите за граѓани кои доаѓаат од земји со висока трансмисија на делта сојот, а кога воведоа мерки – се однесуваа за излегување од земјава“, потсетува д-р Пановски.

Според него, најдобро е во овој период училиштата да преминат на онлајн настава, или барем на комбиниран модел „пола–пола“.

„Исто така, по 22 или 23 часот не треба да има собирања надвор, а бројката на присутни во угостителски објекти да се редуцира на 30 отсто“, смета д-р Пановски.

Мерките на Филипче се промашени и нелогични бидејќи ги делат граѓаните

Овие мерки на Владата претставени од министерот за здравство не личат на мерки за спречување на нов бран на корона, бидејќи оние кои ќе се вакцинарираат ќе имаат дури во февруари имунитет. Јас би донел поинакви мерки или би направил мерки веднаш и сега. Ова сега е еден вид кампања за поттикнување која требаше да ја има одамна, а сега личи на кампања за присилна вакцинација, рече доктор Никола Пановски, на гостувањето во емисијата Само вистина што се емитува на телевизија Канал 5.

Пановски посочи дека мерки за стекнување на имунитет не може да бодат такви со што ќе се делат граѓаните.

-Зошто само за вработени во јавни установи, не може да се прават разлики за ова, рече Пановски.

Дека се нелогични Пановски објасни и со примери.

-Има човек кој пет пати дарувал крвна плазма има неколку илјади антитела и нема право на сертификат, кажа Пановски.

Според него вакцинацијата во Македонија генерално трае многу кратко.

-Но, ова што го прави Македонија го нема никаде, не може да се ограничуваат луѓе кои вистиснки прележале, имаат антитела, рече Пановски.

Тој посочи и пример.

-Има осум починати прележани од февруари 2020 година, споредено со 400 или 350 починати комплетно вакцинирани, не знам за што треба понатаму да дискутираме, рече Пановски.