Tag Archives: пановски

Даниловски: Предавањето на Пановски секој доктор да си го пушта барем еднаш дневно – не неделно!

Епидемиологот д-р Драган Даниловски како маестрални ги оцени предавањата на проф. д-р Никола Пановски и проф. д-р Александар Петличковски по повод Светската недела на имунизацијата.

Предавањето на проф. Пановски би требало да се дистрибуира во буквално секоја здравствена установа на сите нивоа на здравствена заштита, како и до Лекарската комора и сите здруженија во склоп на Македонското лекарско друштво!
Секој доктор да го има и да си го пушта барем еднаш дневно – не неделно!
Изгледајте го и ќе дознаете зошто…, порача Даниловски.

Предавањето на микробиологот д-р Пановски почнува од 36 минута:

Пaнoвcки против фармацевстката индустрија: Астpa3eнека е нajбeзбедна вaкцина, ова што се случува е да не се ocмели никoj да paботи без пpoфит

Од вакцините коишто ги има кај нас најмногу податоци за безбедност има за АстраЗенека и според мене е најбезбедна, бидејќи најмногу знаеме за неа, вели микробиолгот д-р Никола Пановски по секојдневните вести во светските, но и нашите медиуми за појава на тромбоза и смртни случаи по примањето на оваа оксфордска вакцина.

– За жал во јавноста најмногу и веруваат на кинеската вакцина за која ништо не знаеме, потоа доаѓа Спутник за која нешто знаеме, па потоа доаѓа АстраЗенека. Мене ми е нелогично за другите вакцини да не се зборува. Ако сте вакцинирале денеска 3 милиони луѓе, веројатно на некој од тие 3 милиони му дошол судниот ден и без да го боцнат да добие тромбоза или да умре. И кога тоа е мерено на 100 илјади, да речеме кај Фајзер е еден кома нешто, а кај АстраЗенека е еден процент(смртни случаи по примена вакцина). Но, таа смртност на еден на 100 илјади е иста и кај невакцинирани, така треба да се спореди и тромбозата. Што, кај Фајзер и Спутник нема тромбоза, зошто би немало кај Спутник кога и таа е направена со аденовирус исто како и АстраЗенека, изјави Пановски во гостувањето на Сител.

Тој изнесе и свое мислење дека ова што се случува со оваа вакцина која е најевтина и единствена направена без профит, е опомена никој да не се осмели во фармацевтската индустрија да не работи без профит.

-Мислам дека тука, еве ќе кажам можеби тешки зборови, иако не можам да тврдам , дека ова е последна опомена до секој, да не се осмели да работи во фармацевтската идустрија без профит. Тоа испадна дека е казниво дело. Во фармацевската индустрија е прво заработка, па после пациентот. Тоа лично сум го видел како директор на Фондот за здравствено осигурување. Кога сме преговарале да купиме некој лек кој чини милион евра годишно, а им треба на две дечиња кои имаат седум, а со него би живееле 70 години, ако не ќе умрат во тешки маки, нема тука сентименталност, тие така работат, вели Пановски.

Микробиологот не ја поддржува одлуката на Владата со АстраЗенека да не се вакцинираат лица под 60 години, но вели дека тоа е веројатно поради случајот со 28-годишната девојка која прими ваква вакцина во Србија и потоа доби тромбоза. Забележува еден парадокс, дека нашата НАТО армија ќе се вакцинира со руска вакцина Спутник. За да ја долови ефикасноста на вакцините спореди дека вчера Велика Британија и Македонија имаа ист број на починати лица, земји кои се далеку во бројот на жители, но и далеку во бројот на вакцини.

Докторите согласни: Трет бран и пик по 20-ти април, ќе достигне по 60 смртни случаи во ден

Епидемиологот др Драган Даниловски, смета дека врвот на третиот бран може да го очекуваме за две недели, некаде кон средината на април.

Но, како што рече д-р Даниловски во вестите на Канал 5, за да стигнеме до пикот имало период на качување. Сега треба да очекуваме уште еден толкав период на симнување, значи уште пет-шест седмиици.

Смета дека полицискиот час од 22 часот дал резултати, затоа што без него кој знае колкав ќе беше бројот на заразени и починати.

„Се намалија социјалните контакти и се спречи ширењето на вирусот“, вели Даниловски.

Вели дека здравствените власти постојано информираат дека здравствениот систем не е под толкав притисок и дека има слободни кревети. Но, како што вели докторот, што е со медицинскиот персонал, и здравствено и емотивно тие се истоштени, а се истите кои постојано работат.

Даниловски смета дека нашиот народ живее нездраво и дека токму затоа Ковид-19 зема толку жртви.

„Тие се затвораат по кафеани, на домашни седенки, во обложувалници. Не се движат надвор, на свеж воздух. Повеќето се пушачи, нездраво се хранат и тоа се фактори придонесуваат болестите да имаат потешка слика“, вели д-р Даниловски за Канал 5.

Според бројот на нови заболени и хоспитализирани пациенти со ковид-19 можеше да се очекува и зголемената стапка на смртност, вели микробиологот д-р Никола Пановски во интервју за Сител и потенцира дека пикот се очекува за две недели со над 60 смртни случаи на ден.

„Според бројот на хоспитализирани можеше да се очекува бројот на починати, што според разни статистики е околу 20-30 отсто. И, не е тешко да се прерачуна ако имате 1 700 хоспитализирани, колку ќе си одат дома колку нема да си одат дома, и од таа бројка ќе испадне околу 500. Рачунајте во следните 10 дена, тоа ќе варира, меѓутоа тој е процентот. Не се намали процентот на смртност, не се пронајде некој нов лек. Бар кај нас лекувањето мислам дека е такво какво што беше есетнта и бројот на смртни случаи го прати бројот на ново откриените случаи и на хоспитализираните пациенти. За жал бројот на смртни случаи две недели доцни во однос на новооткриени и ако она вчера 1 500 беше некој пик или деновиве ќе го достигнеме, тогаш би требало да сметаме дека  пикот на смртни случаи ќе биде две недели подоцна. Ако бројот во следните денови е 40 се за жал да оди и над 60“, вели Пановски.

Oниe кoи ce вakцинираа во пpвитe три нeдeли дa ce пaзaт пoвeќe откoлкy дo ceгa

За да се развијат антитела потребни се три недели. Особено во овие три недели луѓето треба да се чуваат повеќе отколку што се чувале до сега, вели микробиологот д-р Никола Пановски.

Ова е една од препораките на микробиологот, д-р Никола Пановски, до македонските граѓани кои викендов се вакцинираа во Србија, но и до сите оние кои неодамна примиле вакцина против Ковид-19.

– Ако малаксаноста и главоболката, покачената температура, по приемот на вакцината траат подолго од два дена, треба да се помисли да не не се резултат од вакцината, туку може да станува збор за инфекција добиена пред или за време вакцинирањето во Србија, изјави д-р Пановски за А1он.

За ефикасноста на вакцината „АстраЗенека“ која ја примија македонските граѓани во Србија, првите резултати стигнале пред 3 дена, со оглед македонските граѓани во Србија, првите резултати стигнале пред 3 дена, со оглед на тоа што втората доза се прима 8 до 12 недели по првата, па од тие причини потребно било време за да се извршат испитувања кај лицата што ја примиле првата доза во декември лани или во јануари годинава.

„Казнување луѓе по улица за маска нема врска со ширење пандемија, треба клуч на кафаните„

Надлежните да признаат каде најмногу се шири корона вирусот, а не во интерес на економијата да се затскриваат зад напишани казни за неносење маски на улица, бидејќи на отворено и со држење на дистанца вирусот не се шири, дециден е професорот Никола Пановски. Тој вели оти неопходно е да се стави клуч на врата кај угостителските објакти, и да се воспостави ред во јавниот превоз, оти само така ќе се држи под контрола третиот корона бран.

-Сите мерки, додека работат кафани, кафичи, фитнес клубови, коцкарници и обложувалници се депласирани, без разлика дали од 22 до 05 часот. Казнување на луѓе по улица дека не носеле маски, никаква врска тоа нема со ширење на епидемија. Се знае каде се шири епидемија. Рестораните, барем според мене, не треба да работат. Од економски причини работат, па плаќаме со болест и животи, а друго е што таму внатре не се почитуваат мерките, бидејќи во кафичите секојдневно гледате како стојат на коњопои на триесет сантими без маски, вели професор доктор Никола Пановски за Алфа.