Tag Archives: пановски

Д-р Пановски: За една до две недели, учениците ќе продолжат со онлајн настава

Не знам како ќе реагираат епидемиолозите при појава на ковид-случај во училница, дали сите ќе одат во изолација. Нешто слушнав 10 % ако се заразени. Не сум сигурен што не чека, но веројатно по недела-две повторно ќе продолжат со онлајн настава, ако оди ситуацијата вака, изјави микробиологот д-р Никола Пановски за емисијата „Жешко политичко лето“.

Тој наведува дека во средните училишта каде што има по 34 деца во клас, треба да имаме поделби на смени и веројатно тоа ќе се случи.

-Мое искуство е дека помладите деца се подициплинирани, така да кај средношколците не знам колку ќе носат маска, особено кога ќе го нема наставникот. Сметам дека средношколците кои се 3-та и 4-та година веќе се имунизирани, затоа што имаа толку многу контакти во претходниот период, откако што ќе имаат во училиште, потенцира Пановски.

Д-р Пановски: Не сме ШВЕДСКА, ќе има хаос во училиштата кога ќе заболи ЕДЕН УЧЕНИК

Ризик е да се започне учебната година со физичко присуство, бидејќи има многу луѓе кои не се вакцинирани, вели д-р Никола Пановски.

Тој смета дека  треба да се овозможи комбинирана настава со оглед на фактот што премногу ученици во едно одделение тешко можат да одржуваат дистанца и да ги почитуваат протоколите, вели Пановски за Плусинфо.мк.

Докторот исто така посочува дека здравствените власти знаеле дека ни претстои попис, избори, учебна година, па затоа не требало да дозволат свадби и собири

ПАНОВСКИ „го утепа“ ЗАЕВ: Тешко нас кога премиерот мисли дека вакцинираните десет пати помалку оболуваат од што пријавува МЗ

По се изгледа Заев тешко се снаоѓа со математика па професорот доктор Пановски коментираше:

Го гледам премиерот Заев на Сител. Вели, “Само 10% од позитивните се потполно вакцинирани, тоа е 0,017% од сите вакцинирани. Од 7700 активни случаи 10% се само 77 лица”. Ете, тој мисли дека само 77 лица се заразиле од вакцинираните. Нема кој да му каже, па и “Цаци” дека 10% од 7700 е 770. Крај на муабетот – пишува доктор Пановски вчера на Фејбук.

Статусот сеуште е коментиран, а докторот буквално „го утепа“ Заев.

Тој вели: Потоа оди тезата вакцинираните се позаштитени од прележаните итн. Кога ќе најде 770 прележани од 7700 активни да ми пише, нема да најде ни 77 прележани по неговата пресметка на проценти.

Тешко нас кога премиерот мисли дека вакцинираните десет пати помалку оболуваат отколку што пријавува Министерството за здравство и врз основа на тоа донесува одлуки – пишува Пановски.

Како прележан може да ДОНИРА ПЛАЗМА, а НЕ МОЖЕ да влезе во КАФУЛЕ ⁉

Владата на почетокот од неделава усвои нови мерки со кои на неимунизираните, односно на оние кои немаат сертификат за примена барем една доза, од 16-ти август нема да им се дозволи влегување во ниту еден објект каде има повеќе од 30 лица.

Граѓаните кои не сакаат да се имунизираат најавија протест пред Собранието, а многумина од епидемиолозите се изјаснија дека во целост не се согласуваат со мерките. Најголем акцент се стави на тоа што оние со една доза смеат да влезат во угостителски објект иако не се потполно заштитени, а оние кои прележале и имаат антитела по природен пат го немаат тоа право.

-Мерките на власта се нелогични и задоцнети. Како некој дарувал плазма со антитела,  ама не смее да влезе во кафуле, вели во интервју за тв 24 професорот Никола  Пановски.

Порачува дека одговорноста за состојбата со болеста е кај оние кои дозволија прослави на затворено и отворени граници е огромна.

Пановски контра С3O: Со ненayчни и контpaдикторни ставови предизвикаа недовepбата на граѓаните кон пандемиjaта

Короната не постои, маските можат да убијат, вакцините содржат микрочипови, опасни се и имаат штетни ефекти – на овие и безброј слични дезинформации наидуваме секојдневно во инфодемијата поврзана со пандемијата со ковид-19. Дел од нив нанесуваат мошне штетни последици по општото здравје и ја разнишуваат довербата на луѓето во врска со сè што се презема за да се спречи пандемијата со ковид-19.

Инфодемијата за ковид-19 се шири паралелно со ширењето на вирусот и последиците од него. Медиумите непрестајно пласираат вести, јавноста е преплавена со информации помеѓу кои често знае да се најде и некој непроверен факт што дезинформира и под притисок на „безизлезната“ ситуација, често станува вистина во која веруваат многу луѓе.

Сето тоа ги води граѓаните до неверување на постојните мерки и препораки и загрозување на своето и здравјето на околината. Сè поради една (дез)информација.

Професорот д-р Никола Пановски вели дека на почетокот од пандемијата, 30 проценти од населението во земјава не верувало дека воопшто постои болеста, а по 5.500 смртни случаи, 10 проценти сè уште не веруваат во тоа. Дел од вината тој ја лоцира во неснаоѓањето на Светската здравствена организација со контрадикторни и, според него, честопати ненаучни ставови.

– Еве само еден пример, науката докажува дека природно стекнатиот имунитет е долготраен, веројатно доживотен, а СЗО форсира вештачки имунитет кај сите, вклучително и кај прележаните, што е спротивно на сите досегашни искуства, вели тој.

Така, кај нас врз база на оваа дезинформација, како што вели, пред сè, се вакцинираа прележаните и природно имунизирани. Како друг пример д-р Пановски го издвојува носењето маска на отворено, кога лицето е сосема само, со образложение дека вирусот се ширел од улична прашина, при што посочува дека тоа некој ќе си го објасни со „ни пуштаат вирус преку авиони“.

– Дел од луѓето се плашеа да одат во болница, огромен дел сè уште се плашат да примат вакцина. На пример, дезинформациите за „Астра-Зенека“, кои пред сè, беа мотивирани од финансиски причини, однесоа десетици животи во март годинава, кога тие одбија да ја примат, па ги зафати пролетниот бран, вели д-р Пановски.

Струката и науката, пред сè, без калкулации, финансиски или политички мотивирани. Искреноста и вистината, ги издвојува Д-р Пановски како неопходни во справувањето со ширење дезинформации поврзани со Ковид-19. Објаснувањето и одговорите, дијалогот, упорноста, фактите и бројките ги издвојува како неизоставен дел од таа цел.

Извор: Плусинфо

Пановски: Ми беше понудено да се кандидирам за градоначалник, но одбив

Микробиологот д-р Никола Пановски добил понуда да биде градоначалник, но ја одбил, изјави тој за порталот„Локално“.

Едноставно, за таа функција немам ниту искуство ниту знаење, а според тоа, разбирливо, ниту волја да ја работам, вели Пановски, кој е дел од новото граѓанско движење на центарот кое пред неколку дена го промовираа партиите ЛДП и ДОМ.

Според него, стручноста, одговорноста, културата на дијалог, љубовта место омраза, се шанса за да се спаси државата од погубниот антагонизам меѓу двете најголеми партии кои,како што вели, земјава ја носат во амбис.

Целата ми е да помогнам ова движење да освои релевантен број на гласови на локалните избори, што поголем број на советници во советети, кои ќе имаат моќ да носат одлуки во интерес на граѓаните, и да спречат носење на урбанистички планови кои се спротивни на здравото и пристојно живеење на граѓаните, објаснува тој.

Невакцинираните да не одат на свадби и слави- еве што препорачува Пановски

Само вакцинирани граѓани и оние кои го прележале ковид вирусот можат да одат на свадби и семејни веселби. Останатите да ги почитуваат ковид мерките, препорачува епидемиологот Никола Пановски, по информацијата дека во Тетово, во изминатите неколку денови од свадба и семејна прослава е зголемен бројот на случаи на ковид-19.

Според Пановски повозрасните и сите оние кои имаат хронични болести, да им се извинат на славениците и да си останат дома, во спротивно тие ризикуваат да заболат од вирусот.

Нашите иселеници од земјите во кои нагло се шири Делта вирусот, слободно влегуваат во државата. Има свадби и слави и на отворено и на затворено, а токму тоа му треба на вирусот. Препорачувам што повеќе луѓе да се вакцинираат и да ги почитуват мерките во затворено. Ако се невакцинирани и одат на свадба и таму има луге од земјите каде се шири Делта сојот тоа значи дека се под висок ризик дека ќе се заболат, вели Пановски.

Во моментов, во Тетовскиот Регион активни се 65 случаи, а најголем дел од нив се од два кластери создадени од прослави. Денеска во земјава беа регистрирани 21 нов случај на ковид-19, од кои 11 од Тетово.
Од Министертсвото за здравство велат дека ја следат епидемиолошката состојба во Тетово, но дека имаат проблем затоа што заразените не даваат податоци за контактите.

Првиот кластер е од свадба, а вториот е повеќечлено семејство кое исто така било на мала семејна прослава. Она што загрижува и со што се соочиле здравствените работници е што некои од ковид позитивните пациенти не давале точни податоци и информации за контакти, за да може да се спречи создавање на кластери околу двата постоечки. Министерството за здравство апелира граѓаните да соработуваат со епидемиолозите, велат од Министерството за здравство.

Свадбите, крштевките и родендените беа забранети од лани на 23 јуни, поради високите дневни бројки на заболени од ковид-19, но од први јули поради мираната епидемиолошка состојба дозволи свадби во затворени простории со максимум 250 гости.

Да се укинат свадбите во затворено за да се запре ширењето на Делта сојот ❗

Микробиологот д-р Никола Пановски смета дека за да се забави ширењето на Делта сојот потребни се навремени мерки.

Тој во изјава за Телма рече дека свадби во затворен простор не смее да има, а потребни се и рестриктивни мерки на границите.

-Треба контрола на границите од земјите во кои тој доминира. И на Аеродром и на границите. Треба да се размисли со исто со нашите луѓе што одат масовно во Грција. Меѓутоа, особено на иселениците кои понатаму во домовите, во затворен простор, овој вирус уште побрзо да го прошират. Треба да се повлече одлуката за одржување на свадби, барем во затворен простор бидејќи иселениците доаѓаат баш на тие места и исто така да се прекинат какви било прослави во затворен простор. Тоа е минимум што би требало да се направи, вели Пановски.

Индискиот сој ќе се засили наесен, спасот е во вакцините

Најважно е да не се полнат болниците, а ако почнат да се појавуваат случаи на овој сој на разни места низ земјава треба веднаш да се преземат мерки, прво локални, а потоа глобални, вели микробиологот д-р Никола Пановски за Фактор.
Тешко дека ќе го спречиме индискиот сој да влезе во земјава, но прашањето е дали ќе се вакцинираме во што поголем број и колку ќе штитат тие вакцини, вели микробиологот д-р Никола Пановски во интервју за Фактор.

Тој предупредува дека во следните месеци мора да имаме масовна вакцинација за наесен да не се доведеме повторно во ситуација која би го блокирала здравствениот систем.

– Од вакцините ќе имаме многу поголема придобивка отколку без нив, а многу важен факт е тоа што голем број од македонското население го прележа вирусот, па тоа значи дека и индискиот сој кај нас нема да се шири многу брзо. Секако, тој ќе се шири, но нема да има случаи со тешки симптоми и тешка форма на болеста. Најважно е сега да се вакцинираме во што поголем број. Без 15.000 нововакцинрани дневно ништо не правиме – вели Пановски.

Според него, засилување на индискиот сој се очекува да се случи наесен кога луѓето ќе почнат да се прибираат внатре.

Пановски вели дека граѓаните стекнаа колективен имунитет поради природно заразување

Mикробиологот Никола Пановски вели дека е што е на отворено не е опасно.

Но, смета дека вирусот нема да се шири како претходно. Пановски вели дека граѓаните стекнаа колективен имунитет поради природно заразување, а не поради вакцините. 

„Со оглед на тоа што мерките беа доцна донесени, многу голем дел од населението доби контакт со вирусот, некој го поминаа без симптоми некои не знаеја дека го имаа..и некои завршија во болница.Според сите проценки околу 60 проценти го имаат прележано вирусот и повеќето по природен пат, и за жал доста скапо го плативме тој природен имунитет имајќи ги предвид жртвите и пост ковид синдромите“, вели професорот Пановски, за Алфа.

Рече дека добар дел од населението, веќе е имун, но и топлото време има влијаниие за намалување на бројките.