Tag Archives: павлетрајанов

ЧУДО во Македонија – ТРАЈАНОВ излезе од Владата, за прв пат е во опозиција !

Демократски сојуз излегува од владината коалиција и ќе делува како опозиција истакна претседателот на партијата Павле Трајанов по состанокот на Централно собрание во партиското седиште на партијата.

– Демократски сојуз нема да ја поддржи реконструкцијата на Владата и нема да биде дел од парламентарното мнозинство, кажа Трајанов.

Се работи за коренити промени на изборните правила, преку укинување на системските предности за четири партии (две од власта и две од опозицијата), како и клучната промена Македонија да биде една изборна единица. Потоа, за борбата против корупцијата преку департизација на институциите кои работат на откривање на криминалот и донесување Закон за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, реформа во правосудниот систем преку ревизија на работата на судиите и донесување Закон за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка (преиспитување на монтираните полициско-судски процеси). Меѓу приоритетите се и донесување закон за формирање Фонд за младите од 2% од Буџетот, како и вработување на сите студенти по дипломирањето во јавниот или во приватниот сектор на година дена со просечна плата остварена во претходната година и други-велат во партијата.

Општинските организации на Демократскиот сојуз имаат и сериозни забелешки на соработката со СДСМ на локално ниво.

Демократскиот сојуз истакнува дека е против најавите за наводен фронт, сојуз за Европа и поделба на граѓаните и партиите кои се „за“ а кои се „против“ ЕУ, поради тоа што и Демократскиот сојуз, но и сите партии и граѓани се за Македонија што побрзо да стане полноправна членка на ЕУ.

Павле Трајанов со писмо до премиерот Ковачевски

Павле Трајанов,  Демократски Сојуз со писмо до премиерот Ковачевски, како дел од владината коалиција најавува поддршка за новиот валадин партнер, Алијанса доколку, како што се наведува, се заканува  дестабилизација, радикализација и реорганизација на Македонија по етничка основа околу најавените уставни промени. 

Во писмениот допис Трајанов ги реафирмира приоритетите за кои имало усогласени ставови со СДСМ, но за нивната реализација, како што се наведува,  досега ништо не е направено. А тоа се измени на изборниот законик, Македонија  како една изборна единица, неселективна борба против криминалот преку целосна департизација на надлежните институции,  реформи на судскиот систем и друго. 

Павле Трајанов НЕ ГЛАСАШЕ за Францускиот предлог

Од Демократски Сојуз соопштуваат дека Павле Трајанов НЕ ГЛАСАШЕ за Францускиот предлог..

-На денешната седница на Македонскиот Парламент, на која се расправаше за Францускиот предлот (Преговарачка рамка), Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и пратеник, НЕ гласаше за заклучоците предложени од СДСМ и ДУИ. Од говорницата порача да се гласа за заклучоците што тој ги предложи, со кои се задолжува Владата да се заложи во Преговарачката рамка да се вгради став за македондкиот јазик, да се изостават билатералните прашања и историските теми, како и Протоколот. Потоа да има една меѓувладина конференција за почнување на преговорите со ЕУ , а вградувањето на Бугарите во Уставот да биде на реципрочна основа, односно Бугарија да ги признае правата на Македонците кои живеат во Бугарија, истакнаа од ДС.

ДС цврсто стои на определбата Македонија да стане полноправна членка на ЕУ, но согласно европските принципи и стандарди и Копенхагенски критериуми,кои целосно ги исполнува, додаваат од таму.

Павле Трајанов бара референдум за францускиот предлог

Претседателот на ДС и коалициониот партнер на Владата, Павле Трајанов бара референдум за францускиот предлог – мислењето на граѓаните да биде крајниот и одлучувачки фактор за предлогот, кој сепак треба да помине низа филтри. Според Трајанов, првиот предлог кој беше одбиен во Брисел од премиерот и сегашниот немаат суштински разлики.

Целиот пакет, вклучително и протоколот, треба да се објави во изворна(оргинал) форма и да се преведе на македонски јазик за да може секој граѓанин да изгради свој став.Неопходна е широка расправа во општеството, потоа во Парламентот и за ставот што ќе го изрази Парламентот, да се изјаснат граѓаните на референдум. Се работи за стратешки и национални прашања за кои треба поширок консензус. Владата треба трпеливо и одговорно да ги анализира сите реакции на граѓаните, експертите, невладиниот сектор и партиите и на крај да изгради свој став, за кој ќе се отвори расправа во Собранието.

Од ДОМ пак, сеуште го разгледуваат предлогот.

Од ЛДП денеска денеска не сакаат да го коментираат последниот предлог од Париз, иако тие беа првите кои остро се спротиставија на првиот предлог и најавија напуштање на влдината коелиција доколку се прифати.

Ауу им заврши љубовта: Трајанов го обвини Заев за падот на владата

Пратеникот и лидер на Демократски сојуз, Павле Трајанов, во вечерашното гостување на ТВ Сител, го обвини Зоран Заев дека е виновен за актуелната сложена политичка ситуација во земјата.

Трајанов анализира дека и премиерот во заминување и Социјалдемократскиот сојуз ќе трпат последици по оставката на Заев на премиерската и на функцијата претседател на СДСМ.

“Не е така едноставно и лесно да се сруши влада, последици ќе има дали преку оставка на актуелниот претседател на владата, дали преку интерпелација. Мислам дека Заев ја иницираше оваа севкупна состојба што се случува сега. Сигурен сум дека Зоран Заев и СДСМ за ова ќе сносат последици. Но, легитимно е правото на опозицијата да се здружува и да бара оставка бидејќи на секоја политичка партија главната цел и е да дојде на власт”, рече Трајанов.