Tag Archives: Пелистер

Црно МЕЧЕ на прошетка низ Пелистер (ФОТО)

Бабам Битола се пофали дека Мецана се шета низ побелениот Пелистер.

Националниот парк Пелистер е прекрасен во секое годишно време, но зимската белина си има своја магија 🙂

ФОТО: Падна првиот снег на Пелистер

Снегот го побели врвот на Пелистер, Антена на надморска височина од 2601м. Ова се први снежни врнежи оваа есен.

Во Битола обилно врне дожд и се очекува врнежите да продолжат во текот на денешниот ден. Температурата во градот падна до 12 Целзиусови степени, што е вистинска промена, ако се знае дека до вчера, битолчани се шетаа по кратки ракави.

Фото: Јонче Илиевски

Ако одам во Битола 🎶 и 4000 битолчани во еден глас 📢(Видео)

🎶🎵🟢👏ПРЕКРАСНО! “Ако одам во Битола” – Димитар Андоновски и 4000 битолчани во еден глас.

Во драматичен ракометен натпревар и по изведување на пенали ракометарите на Еурофарм Пелистер вчеравечер го совладаа Мешков Брест со 27:26.

Во регуларниот тек, натпреварот одигран во Битола заврши нерешено 23:23.

Во фер и коректен натпревар битолчани заслужено патуваат во Задар на завршниот турнир од ракометната СЕХА лига, каде силите ќе ги одмерат со Веспрем од Унгарија.

Атмосферата во салата „Боро Чурлевски“ беше загреана уште пред почетокот на натпреварот кога пејачот Димитар Андоновски заедно со цела битолска публика заедно ја испеаја „Ако одам во Битола“.

Видео:

https://fb.watch/f9S7UQ4B6u/

Борко Ристовски: Честитки до Пелистер за проектот, но да не заборавиме дека Вардар е Вардар

Борко Ристовски, како и сите останати ракометари на Вардар беше пресреќен по триумфот над Е.Пелистер и остварената цел, да се освојат бодовите во Битола, а потоа мирно да се заврши сезоната за нова 15. титула во колекцијата на „црвено-црните“.

„Тежок натпревар кој се одигра во врвна атмосфера. Драго ми е што се уште постои, поточно се врати ривалството меѓу Скопје и Битола, постојат две екипи кои можат да се борат за шампионската титула. До последните неколкму кола не се знаеше кој ќе биде шампион. Честитки до Е.Пелистер за добриот проект, се движат во вистинска насока, мора да растат уште бидејќи Вардар е Вардар. Да не заборавиме европски шампион, искрено сме поквалитетни од нив. На Е.Пелистер им фалат македонски играчи кои знаат како се играат ваков тип на натпревари, имаат искуство, овој меч не го одлучија странци, туку домашни играчи, не може секој да се носи со ваква атмосфера, не може да го издржи притисокот. 

34 планинари првото изгрејсонце во 2022 го дочекаа на врв на Пелистер (Видео)

Дури 34 планинари за Нова година се искачија на Антена на Пелистер и првото изгрејсонце во новата 2022 година го дочекаа на врвот.

Искачувањето започна по полноќ, ова беше прекрасна мирна ноќ иако целиот пат беше со снег. Упеавме до врвот да стигнеме за 4 часа и 40 минути, а горе нè дочека прекрасно изгрејсонце. Нема поубав начин да се почне Новата година отколку на Пелистер“, рече Влатко Крбалески, кој пред 11 години ја започна оваа традиција.

Покрај него, дел од групата „Олимпус Монс“ се Иванчо Тошевски, Александар Димовски, Јасмин Биберовиќ и Ана Крбалеска, кои веќе неколку години со ред се искачуваат за Нова година на Пелистер. Полноќното искачување „Први на први“  годинава беше во рамките на празничната програма „Зимска приказна“ во организација на Општина Битола.

Видео:

https://www.instagram.com/reel/CYMBC51hjil/?utm_medium=copy_link

Навивачите на Пелистер по примерот на Бетис подарија играчки за деца за социјални ранливите семејства (Фото)

Навивачите на Еурофарм Пелистер на денешниот натпревар против Вардар фрлија на теренот плишани играчки наменети за децата од социјално ранливите семејства!

ИЗГОРЕ ЛОВЕЧКАТА КУЌА НА ПЕЛИСТЕР (ФОТО)

Денеска изгоре Ловечката куќа на Пелистер и тоа е вториот објект што изгоре после големиот пожар во 2013 година во кој изгоре планинарскиот дом Копанки.

Објектот се наоѓа на 1950 метри надморска височина, на патот што води до Антена.

Овој објект порано го користеле вработените во МРТВ, а подоцна со него се служеле планинарите.

Таму наводно за време на викендот во објектот престојувале луѓе, сепак се уште нема точни информации од што настанал пожарот.

Вистинска снежна идила: Маврово, Попова Шапка и Пелистер под снег

Речиси да нема повисоко место и планина во земјава кое не е утрово под снег.Според очекувањата на УХМР, снег се најавува денес во текот на денот, а започна да врне вчера во вечерните часови. 

Утрово снежна покривка има во Маврово, Попова Шапка и Нижо Поле според камерите во живо на страницата skimacedonia.mk.

Снежната покривка се очекува да достигне до 15 сантиметри, а според видео камерите најверојатно подебел слој на снег има на Попова Шапка и во Стрежево.

Падна снег во Македонија – Пелистер утринава обеле

Денеска падна првиот снег на Пелистер и ја обели Баба планина, објави порталот Бабам Битола.

Температурата на планината Баба денеска изнесува минус 3 степени Целзиусови. Ниските температури ќе се задржат и деновиве што значи дека има услови снегот да продолжи да паѓа.

Метеорологот Славчо Попоски информира дека денес времето во Македонија ќе биде облачно и СВЕЖО со повремени врнежи од дожд кој локално ќе бидат и ПОИНТЕНЗИВНИ. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени.

Потоа за време на продолжениот празничен викенд времето ќе се задржи облачно и ДОСТА СВЕЖО со повремени врнежи од дожд. Повремено врнежите ќе бидат и ПОИНТЕНЗИВНИ а ќе дува и слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец. Не се исклучува можноста на највисоките планински места и за провејување на СНЕГ. Температурите остануваат потпросечни за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

И во Скопје и околината времето во следните денови останува облачно и СВЕЖО со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 14 степени.

Cноубординг во kоcтум на Пелиcтер (Видео)

„Кога минатата година со јакна за скијање се појавив на седница на Совет на Општина Битола на која поднесов иницијатива за развој на Пелистер во огромен зимско – летен туристички центар кој можи и то како да биди носител на економијата во градот, колегите од власта ме искараа дека не ме личело по јакна и дека сум го рушел угледот на советот.По неколку дена се појавив по костум на врвот Пелистер, спуштајќи се со борд по падините на Баба планина, со една цел, да им докажам на колегите дека облеката не е важна кога имаш една цел и визија“ – вели советникот во општина Битола Иван Чулакоски.

Тој по втор пат на сноуборд во костум се спушти по падините на Баба планина и посочи дека тоа ќе стане традиционално сѐ додека Пелистер не стане современ и модерен зимско летен туристички центар – објави Бабам Битола.

Видео: