Tag Archives: Пендаровски

Пендаровски си го доби на ФБ- Зошто молчеше кога Џамбаски викаше дека Македонија е бугарска?! Бруко една !

Навреди, гнев, огромен револт, омраза – сево ова е содржано во стотиците жестоки реакции, кои ги предизвика објавата на претседателот на „нашата земја“ Стево Пендаровски, кој вчера попладнето, на 20 јануари на својот официјален фејсбук-профил се огласи во својство на претседател на држава во врска со тепачката, во која граѓанинот Христијан Пендиков здобил физички повреди. Пендаровски напиша: „Го осудувам нападот врз секретарот на клубот на бугарската заедница во Охрид Христијан Пендиков. Ги повикувам надлежните институции да спроведат брза и темелна истрага, со соодветна одговорност и санкции за сторителите.“

На Пендаровски нема да му бидат потребни никакви сондажи, за да си го согледа својот рејтинг како шеф на државата меѓу народот македонски, во чие име претседателствува. Доволно ќе биде самиот да прочита што напишале за него Македонците на оваа општествена мрежа, а потоа ќе биде добро и да претпостави, што мислат и сите оние припадници на македонската нација, кои се уште не се огласиле во јавноста со „пофалби“ кон неговата „личност и дело“. Еве покарактеристичен дел од реакциите кон Пендаровски:

– „Зошто давате изјава за една обична тепачка во Охрид каде Бугарите од конец направија јаже?“; –„Претседателе, дали е натепан затоа што е секретар на Бугарски клуб во Македонија, или поради нешто сосема друго, што нема никаква врска со неговиот ангажман во клубот!? Немојте да долевате ,бензин’ кај македонскиот народ! Власта и вие директно стимулирате бес и нетрпение, не преземајќи соодветни мерки кога разни идиоти од туѓи држави во средиштето на ,’нашата држава’ го провоцираат сиот македонски народ.“; – „За кафеанска тепачка објавува на фејсбук, а молчи кога бугарскиот дебил Џамбаски во центарот на Скопје не омаловажува сите. Свесни ли сте колку го разочаравте македонскиот народ?. Толку да немате срам од сопствениот народ?!“

– „А молчеше председателов за навредите на цел македонски народ од Џамбаски и компанија во центарот на Скопје?! Затоа и сега да молчи.“; –„Немавте никаква осуда како прв човек на Македонија кон бугарските фашистички здруженија и нивните навредливи скандирања кон македонскиот народ и држава. Чиј претседател сте вие?“; –„Пендаровски, бидејќи важите за човек близок со Бугарите и пристрасно работите за нив по налог на туѓи странски интереси, ние, Македонците бараме да поднесете веднаш неотповиклива оставка од функцијата претседател на Македонија.“; –„Румен Радев ли го копираш? Момчето е криминалец и некоја си кафанска тепачка не заслужува политичко и медиумско внимание!“

–„Главен конкурент за прва награда ‘Фикус на годината’ си ја обезбеди уште во првиот месец од 2023 година. Криминалец со кривична за дрога, за да избегне одговорност, тврди дека го тепале зашто бил Бугарин и Стево доаѓа и фрла бензин на огнот, наместо да го гаси. Брукоо!“; –„Се разбуди, бе, Стево? Ги преспа Бугарите кога пред некој ден викаа среде Скопје дека Македонија е бугарска и сега ти текна да се огласиш! Човек да не те стави за претседател на куќен совет, не па ли на држава!“; –„По кој основ пишуваш статуси за некој наркоман, кој го претепале за дрога? Аман бе, еднаш да осудиш што не газат како народ и не не признаваат. Претседател ли си, што ли си? Ја срамиш нацијата, а и сам себе.“

–„А те немаше да гукнеш за Џамбаски кога среде Скопје ги искажа територијалните претензии кон Македонија и негираше се што е македонско!“–„Стево, треба да те осудат тебе на 1000 години тешка робија за сите предавства.“; –„Претседателе, во ред е да се реагира на она што е недолично, но зошто не реагиравте кога ни дојдоа среде главниот град и не нарекуваа дека сме Бугари? Зошто го дозволивте тоа? Да ни дадете одговор и објаснување, на сите македонски државјани.“; –„Пак те, насанкале, претседателе! Без да знаеш, штитиш дилери во кримипресметки.“;

– „Не оправдувам насилство од чија било страна, но кај беше, претседателе, да се јавиш кога Џамбаски среде Скопје го навредуваше македонскиот народ? Или тоа не го слушна и не го виде?“; –„А бре, претседателе, ако имаш малку доблест и ако прочиташ 2-3 коментари од постот, не мора повеќе, ќе ја видиш целата омраза и разочараност од целиот македонски народ, а не е ништо партиско, па ќе станеш и ќе си заминеш од државата, не од функцијата.“; –„А ги осудуваш ли Џамбаски и компанија што ни се испосраа на македонштината среде Скопје?!“; –„Вие сте се, само претседател на Република Македонија не!“; –„Стево, седи мирен,не додавај масло на оган, не брани ги бугарските интереси…. И така државата е отидена во неповрат.“; –„Стево, чии интереси ги застапуваш? На Македонците сигурно не! Не се знае официјално зошто е натепан, поради кои причини, а ти си даваш за право да заземаш страна? Стево, повеќе не надевај се дека ќе бидеш претседател. Ниту со албански гласови како минатиот пат.“.

Пендаровски: Апсолутно не постои начин од Македонец да направиш Бугарин

Модифицираниот француски предлог, поради кој се поделивме до невидени граници, предизвика бројни контроверзии, но, сите беа директно или индиректно поврзани со стравот од идентитетска закана, за Македонците и македонскиот јазик. Реферирајќи на тезата дека само како Бугари можеме да влеземе во Европската Унија, сакам да потенцирам дека апсолутно не постои начин од Македонец да направиш Бугарин, нагласи денеска претседателот Стево Пендаровски при годишното обраќање во Собранието.

Осврнувајќи се на масовните протести што се одржаа во текот на летниот период поврзани со таканаречениот „француски предлог“, за кој рече дека денес е европска преговарачка рамка, Пендаровски нагласи дека беше создадена атмосфера на жестоки политички тензии во земјата и перцепција во дел од јавноста дека тоа е судбинска дилема да се биде или не за нацијата и државата и дека наводно носиме одлука која ќе ја дефинира судбината на идните генерации Македонци и македонски граѓани

– Тоа се два различни идентитетски кодови, два различни народа со своја специфична етногенеза. Во историјата нема таков пример, со договор да му биде сменето националното чувство на цел еден народ, потенцираше претседателот зборувајќи тензиите создадени меѓу Македонците и Бугарите, односно наводното загрозување на нашиот идентитет. И по пет месеци, длабоко сум убеден дека ставот кој го изнесов на 3 јули оваа година дека одлуката да го прифатиме модификуваниот француски предлог не е ниту историски триумф, ниту историски дебакл и денес може да издржи аргументирана критика. При тоа, одбивам да поверувам дека политичка цел или приоритет на претседателот на Франција или на пример, на германскиот канцелар им е да го обезличат македонскиот народ за како Бугари да не внесат во Европа, нагласи Пендаровски.

Пендаровски рече дека практичните чекори по усвојувањето на т.н. „францускиот предлог“ само потврдиле дека формулацијата за македонскиот јазик во рамката била недвосмислена, што, како што наведе, беше јасно потврдено со потпишување на договорот со Фронтекс.

Шефот на државата нагласи и дека во контекст на меѓународно заокружување на македонскиот идентитет, ова беше година на крупен исчекор и со конечното етаблирање на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија во рамките на православната екумена.

– Иако станува за збор за одлуки на верски власти, а ние живееме во секуларна држава, ноторен факт е дека туѓите пропаганди низ историјата, а и денес се обидуваат да ја разнишаат духовната врска на Македонците со нивната црква, потенцира Пендаровски.

Според претседателот на Републиката, таквиот позитивен развој на настаните овозможи и за првпат по повеќе години да се поклониме во манастирот „Свети Отец Прохор Пчински“ на местото каде што се поставени темелите на современата македонска држава.

– Туку, денес не е лошо да се потсетиме накусо каква е нашата грижа, поточно негрижа за македонскиот јазик, дома, во татковината, од каде што тврдам дека потенцијално нѝ доаѓаат поголеми опасности за неговото опстојување, отколку нападите од Бугарија. Дали беше потребно да го чекаме јубилејот 100 години од раѓањето на Конески, за да се соочиме со нашата негрижа за јазикот во јавниот простор, со драстично намалениот број на лекторати и македонисти во светот, со само неколкуте преостанати паралелки со македонски деца кои го изучуваат македонскиот јазик во дијаспората или очајната состојба со младиот наставен кадар кој со години не е обновен на факултетите и институтите по македонски јазик, рече претседателот.

Пендаровски е ШОКИРАН !

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски реагира на одлуката на Апелацискиот суд Скопје откако истиот одлучи да ја укине пресудата за случајот „Таргет-Тврдина”, што се однесува на нелегалното прислушување, во која поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков е осуден на 12 години затвор. Судот вчера одлуки да го врати случајот на повторно судење.

-Шокиран сум од одлуката на апелацискиот суд за случајот „Таргет-Тврдина”. Одлуката е пораз за правната држава и доказ за ниската доверба на граѓаните во правосудните органи. Ваквите одлуки само ја поткопуваат вербата на граѓаните дека се можни вистински реформи во владеењето на правото и борбата против корупцијата”, е ставот на претседателот Пендаровски по повод одлуката на апелацискиот суд за предметот „Таргет-Тврдина”, вели во реакцијата за МКД.мк, претседателот Пендаровски.

Пендаровски ќе размислел за втор мандат

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски во синоќешното гостување во емисијата „Патот кон“ на „Алсат М“ не ја исклучи можноста да се кандидира за нов мандат.

Пендаровски кажа дека би можел да се се кандидира за втор мандат на наредните претседателски избори.

-Ако граѓаните се задоволни од мојот мандат, здравје Боже до 2024 година, и се разбира ако добијам политичка поддршка од коалицијата што ме поддржуваше во претходните два пати, ќе размислам на таа тема, кажа Пендаровски.

,,СИН МИ НЕ БИ ГО ПУШТИЛ ДА ЖИВЕЕ ВО СТУДЕНТСКИ, ги знам условите”

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски коментирајќи ги условите во студентските домови и студентските протести, даде изјава во налик на онаа дека ако не бил претседател ќе се иселел од Македонија.

Тој вечерва изјави дека неговиот син е втора година на факултет во Скопје, но доколку бил од друг град секако дека не би го пуштил да живее во условите во студентите домови низ Македонија.

-Мојот син е втора година на факултет во Скопје и има каде да преспива, меѓутоа не би го пуштил. Условите во студентскиот дом „Стив Наумов” ги знам бидејќи 25 години живеам до тој дом. Беа грозни и одвратни уште тогаш, не гледам дека нешто суштински се променило, рече Пендаровски.

Тој вели дека од деведесетите години па наваму студентите од време на време се бунат и со право за услувите во кои живеат и од време на време во условите во кои студираат.

– И да завршат и да дипломираат во такви никакви услови низ студентските домови зборувам, понатаму на пазарот на трудот таков каков што е кај нас во Македонија прашање е колку ќе може да најдат соодветна работа или ќе работат како таксисти или фисикалци и на крајот и заради тоа кога ќе сфатат дека години и години им пропаднале во студирање за џабе ќе отидат надвор и ќе пробаат во струката да најдат работа, ако ништо повеќе, изјави претседателот Пендаровски.

Тој рече дека секој политичар треба да ја разбере реченицата која според него била доста коректна за тоа дека политичари не сакаат да присуствуваат на протестите.

Најлесно да го убиеш еден протест е да го обоиш политички или партиски, а порано сме имале и етнички, додаде претседателот.

Нивес Целзиус на приемот кај Пендаровски, ги бакнувала војниците пред влезот во Вила Водно

Познатата хрватска пеjачка, модел, глумица, писателка и старлета Нивес Целзиус била на прием кај претседателт Стево Пендаровски во вила Водно во Скопје.

Целзиус на социјалните мрежи објави фотографии и видео од приемот кај Пендароски при престојот во Скопје, каде што дошла на турнир во мал фудбал.

Видео:

ВИДЕО: Пендаровски и сопругата оддадоа почит на посмртните останки на Кралицата Елизабета Втора

Претседателот на државата, Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил сподели и видео во кое може да се забележи дека со својата сопруга го посетиле ковчегот во домот на Парламентот за да и оддадат последна почит на најдолговечната кралица пред нејзиниот погреб утре.

„Со Бети оддадовме почит на посмртните останки на Кралицата Елизабета Втора, пред утрешната погребна церемонија во Вестминстерската опатија“, порача Пендаровски.

Видео:

https://fb.watch/fD7xhKd0s0/

Во Струга исвиркан Пендаровски на пристигнување на ракометен натпревар (Видео)

Видео се споделува на социјалните мрежи од како што се вели пристигнувањето на претседателот Пендаровски кој бил исвиркан од страна на публиката.

Видео:


Како не излажа Пендаровски ?(Видео)

Дали државниот врв имал увид во францускиот предлог, очигледно да откако во вчерашното интервју претседателот на државата Стево Пендаровски истакна дека тој заедно со францускиот претседател Емануел Макрон го прецизирал предлогот во неколку точки.

Очигледно Пендаровски пред само 2-3 недели ја лажеше македонската јавност кога истакна дека го нема видено францускиот предлог.

Погледнете Видео 👇

https://fb.watch/eDtNVEuCFl/

По Османи, на ред за навреди на Википедија дојдоа и Ковачевски и Пендаровски

Повторно има навреди за политичарите на Википедија.  Овојпат на удар се шефот на државата, Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски.

За претседателот Стево Пендаровски, на англиската верзија на Wikipedia,  непознат администратор му впишал  навредливо средно име. Таму беше додаден зборот „стока“.

За премиерот Димитар Ковачевски некој администратор впишал и датум на смрт (Илинден, лани). Исто така во еден момент за Ковачевски наместо премиер на Македонија, стоеше премиер на Бугарија.