Tag Archives: писмо

Заев му се закани на австрискиот амбасадор дека ќе го ТУЖЕЛ, Пендаровски контра Заев – КАША ПОПАРА !

Целосно се оградувам од  каква било моја инволвираност во споменатиот деловен спор што се води во судовите, изјави бившиот премиер Зоран Заев по вчерашното јавно обраќање на австрискиот амбасадор Георг Вуцас.

Австрискиот амбасадор преку соопштение до медиумите во кое на невообичаено директен начин упати критики до македонското правосудство затоа што австриска компанија не може да наплати отштета од фирма во Македонија, со реакција се јави експремиер и екслидер на СДСМ Зоран Заев, чиј член на фамилијата, но и самиот тој се споменуваат во дописот на амбасадорот.

Покрај оградувањето од  каква билоинволвираност во деловниот спор, Заев во реакцијата упатува и порака до австрискиот амбасадор дека ќе се видат на суд, ако повторно го спомене неговото име на ваков начин.

– Целосно се оградувам од  каква биломоја инволвираност во споменатиот деловен спор што се води во судовите. Колку што гледам и читам од соопштението на амбасадорот, овој судски деловен процес е јавен и транспарентен како и сите други судски процеси. Законите важат еднакво за сите и убеден сум дека судот ќе донесе законита одлука како и впрочем се очекува без разлика за кој грагјанин или правен субјект се однесува. Јас можам само да апелирам судот и правосудните органи, како и која било друга институција да си носат исклучиво законски одлуки и да не дозволат никој да им влијае на работењето и одлучувањето. Ако амбасадорот и амбасадата го споменат уште еднаш моето име во ваква негативна конотација нема да можам ништо друго да превземам освен што ќе морам да ги тужам за нанесена штета врз честа и угледот, наведува Заев во реакцијата, пренесува порталот „Независен“.

– Следното споменување на моето име на ваков начин ќе значи дека ќе треба да се видиме на суд со амбасадорот на Австрија за да покаже и докаже било каква моја инволвираност, во спротивно ќе барам јавно извинување, надомест на штета за нарушени чест и углед и лично ке го известам австриското МНР и Владата на Австрија за ваквиот однос на амбасадорот на Австрија, вели Заев во реакцијата.

Пендаровски контра Заев

Го следам случајот и слушнав коментари дека австрискиот амбасадор наводно се меша во нашите внатрешни работи. Но, тука не станува збор за никакво мешање во нашите внатрешни работи, оти секој амбасадор има легитимно право и обврска да си ги штити интересите на својата земја.

Вака претседателот Стево Пендаровски ја искоментира вчерашната реакција на австрискиот амбасадор во земјава Георг Вуцас, кој истакна дека фирма од Австрија не може да си наплати 4,5 милиони евра долг од зетот на Заеви.about:blank

– И нашите амбасадори кои ја претставуваат нашата држава во странство имаат обврска да ги штитат интересите и на приватните бизниси на нашите граѓани во странство, а не само на институциите. Вчера видовме реакција и од поранешниот премиер Зоран Заев кој упати на институционална разврска, па очекувам македонските институции да утврдат дали навистина имало непочитување на меѓународна арбитража – рече Пендаровски.

На австриската амбасада и пукна филмот ! Фирма од Австрија не може да си наплати 4,5 милиони евра долг од зетот на Заеви

Австриската амбасада ги повикува коморите да им ги одземат лиценците на извршителите и нотарите кои учествуваат во ова беззаконие, а медиумите ги повикува на јавно наддавање на кое должникот го распродава имотот над кој има судска забрана.

Фирма од Австрија, која има побарување од 4,5 милиони евра од македонска фирма, и времена мерка за забрана за отуѓување на нејзиниот имот, реагира на тоа што и покрај судската забраната, фирмата ја отуѓува својата сопственост, оставајќи мали или никакви шанси доверителот, австриската компанија АММА, да си го наплати долгот. Според австриската амбасада, станува збор за злоупотреба од страна на нотари, извршители и судски функционери, кои се под влијание на фирмата должник. Австрискиот амбасадор бара надлежните судски органи, обвинителството и стручните комори да реагираат и да го спречат криминалот. Една од фирмите, преку која се испумпува имотот на фирмата должник, е во сопственост на Емилија Заева Костова, братучетка на Зоран Заев и сопруга на самиот должник Атанас Костов од Валандово – наведува амбасадата на Австрија.

Во отвореното писмо до медиумите од Амбасадата на Австрија во Македонија се опишува проблемот:

„Основниот граѓански суд во Скопје на 7 јуни годинава издаде времена мерка во корист на компанијата AMMA Import Export GmbH (AMMA), со седиште во Хоенемс, Австрија, високо ценет индустриски снабдувач на зеленчук во регионот на Југоисточна Европа, првенствено ангажиран во трговија на големо и дистрибуција на земјоделски производи. Со забраната се замрзнува недвижниот имот на фирмата ДЕНА ПРОДУКТ Увоз Експорт Велес (ДЕНА) во сопственост и управуван од г-дин Атанас Костов од Валандово до признавање и извршување на арбитражна одлука во износ од приближно 4,5 милиони евра дадени на 3 јануари 2023 година во фер и транспарентен процес од реномиран меѓународен арбитер, во корист на АММА. Не е изненадувачки што мерката е обжалена.

Испаѓа дека патот до извршување на меѓународна арбитражна одлука во Северна Македонија е тежок и комплициран, и ги загрозува инвестициите преземени од австрискиот инвеститор. Во случајов времето е значителен фактор, со оглед на тоа што ДЕНА уште од почетокот, со поддршка на сродни компании, извршители и нотари, презема разни активности за да ги избегне и спречи легитимните побарувања од АММА, и тоа на следниве начини:

– најголемиот дел од својот имот го префрли на ГЛОБАЛ ТРЕЈД ДММ ДООЕЛ Валандово, (ГЛОБАЛ), поврзана компанија која е во сопственост на г-ѓа Емилија Заева Костова, сопруга на г-дин Атанас Костов, и братучетка на поранешниот премиер Зоран Заев,

– помогнала во спроведување на две извршни решенија против сопствените стакленици и имот во Валандово, при што има јасни докази дека официјалниот јавен катастар е изманипулиран како поддршка на овие акции, и трето,

– спровела јавно наддавање на сопствена стаклена градина во Богданцина на 10 јули 2023 година, иако е во тек граѓанска постапка и кривична истрага.

Со последното закажување на јавното наддавање на 10 јули 2023 година, во корист на компанија поврзана со ДЕНА, АММА речиси сигурно нема да може да си го наплати отштетниот износ од 4,5 милиони евра.

Зошто австриски инвеститор мора да ангажира три адвокатски канцеларии и да поднесе повеќе од десет тужби за признавање на арбитражна одлука во Северна Македонија? Како е можно да се манипулира со информациите од Централен катастар, официјалниот јавен регистар? Како може да продолжат извршни постапки, кога во исто време против некоја фирма се изречени привремени судски мерки, а против неа се води истрага? Зошто надлежните институции во државата, најважно, се Советот на јавни обвинители, Државниот јавен обвинител, Вишото јавно обвинителство – Скопје, се целосно неактивни и воопшто не го истражуваат случајот?

Дали ДЕНА и ГЛОБАЛ ги заробија судството и службениците (извршителите и нотарите)?

Како последица на тоа, австрискиот амбасадор Георг Вуцас побара од Судскиот совет и Советот на обвинители во неодамнешното писмо итно да ги отстранат сите неспособни или пристрасни судии и обвинителите во овие случаи. Секој притисок и влијание се некомпатибилни со независноста на судството и мора да се пријават за понатамошно постапување. Покрај тоа, амбасадорот Георг Вуцас ги повикува надлежните Комори на извршители и Комора на нотари да ги укинат лиценците на нотарите и извршителите кои ја злоупотребиле својата службена положба и овластување во конкретниот случај.

Австриската амбасада будно ќе ги следи понатамошните случувања во оваа работа, вклучително и сите нерешени правни барања до судовите и до јавното обвинителство. Ние ги изразуваме нашите големи надежи и очекувања дека правосудниот систем во Северна Македонија ќе дејствува самостојно и правично и ќе дозволи владеењето на правото да преовладува во разумна временска рамка.

Австриската амбасадата ги повикува сите одговорни медиуми во Северна Македонија да бидат сведоци на јавната аукција во просториите на извршителот Ангел Костадиновски во Кавадарци, на 10 јули во 12:00 часот. На аукцијата ќе присуствува и амбасадорот Георг Вуцас, а тој ги повикува сите одговорни граѓани кои се залагаат за владеење на правото, особено државниот јавен обвинител, да му се придружат. Ако заложбите за борбата против корупцијата и организираниот криминал се искрени, сега е време да се обрне внимание, а не да се гледа настрана!“ – се вели во писмото од амбасадата на Република Австрија во Македонија.

„Ќе се самоубијам, гласачка книшка имам, а уште јадам од парите на татко ми“ – напишал заканувачот во ЈСП

Порталот МКД.мк дојде до меилот кој ги предизвика хаос утрово во Скопје. 

„Здраво. Јас сум Ј.И. Подолго време размислувам на самоубиство. Не можам веќе да го поднесам мојот живот. Вработен сум во ЈСП, немам плата на време со месеци. Гласачка книшка имам, а уште јадам од парите на татко ми. Се претворив во нов човек. Ќе горам во пеколот, не постои ништо што ќе ме спречи. Пробав да се молам на Алах и одам во џамија, но ништо не ми помогна. Земав рачна бомба и ја поставив во еден од двокатните автобуси на скриено место. Знам, ќе експлодира пред протестот утре. Ќе загинат многу луѓе. Го планирав ова многу долго време и сега е спремно. Колку убаво ќе биде кога конечно го испуштив бесот и заврши мојата агонија. Знам дека нешто не е во ред со мене, заборавам работи, се дрогирам и гледам мали деца на работа. Ако не фатите пред да успеам во мисијата нема ништо да признаам. Се знам, но не можам да го сменам ова или да ја стопирам својата мисија. Ова е мое време, луѓе мора да загинат”, стои во испратениот мејл од заканувачот до кој дојде редакцијата на МКД.мк. 

„Македонски манифест“ испрати отворено писмо до Владимир Путин

Здружение за одбрана на македонизмот, македонското Име и постоење меѓу народите, „Македонски манифест“ испрати отворено писмо до претседателот на Русија, Владимир Путин.

Писмото го пренесуваме во целост.

Почитуван Владимир Путин, претседател на Руската Федерација; Добар ден. Сакаме нашево писмо во пресрет на 22-та година од ова травматично столетие на третиот милениум по Христа да ве затекне во добро здравје и расположение. Во добро затоа што знаеме колку многу сте натоварени со грижи и несоници за својата Родина, која денес е без причина сатанизирана од западната колонијалистичка цивилизација. Таа, како што добро знаете, почна уште веднаш по Втората светска војна, во која рускиот народ пред да го забие советското знаме на Рајхстагот во Берлин даде 27 милиони драгоцени жртви, факт што некој арогантно го игнорира.

Почитуван претседателе Владимир Путин, вие сте челник на голема и силна земја, која има моќ да се брани и одбрани од секаков непријател. Покрај другото гарант на тоа е и храброто срце на рускиот народ бескрајно вљубен во својата Родина. Но со нас Македонците не е така. Ние, некогаш големи, сега сме како синапово зрно мал народ, „столчено племе“, како што вели нашиот поет Блаже Конески. Такви, ние не можеме реално да се браниме и доодбраниме од моќната евроатланска машинерија, која има мирис на модерен фашизам. Имено, како што знаете таа воено-профитерска машинерија, благодарение и на нашата квислиншка влада што ја постави за таа цел, нѐ ликвидира идентитетски преименувајќи нѐ. Со други зборови, изврши врз Македонците идентитетски геноцид, смрт која според антрополозите е најстрашната од сите видови смрт. Начин за да се пресечат жиците на струјата низ која до срцето и свеста на еден народ дотекува меморијата на генезата, на генеричкиот идентитет. Тоа е всушност новиот софистициран либерален неофашизам на колонијалистичкиот Запад.

Вие тоа добро го знаете почитуван Владимире Путин. Знаете дека една од целите на тој макијавелистички проект е и намерата со ликвидација на меморијата на Македонците да се ликвидира и нивната генеричка свест за братство со словенството, и посебно со Русија и Русите, на нивната љубов кон нив. Да ја укинат нивната цврста генеричка поврзаност по основ на срцето, јазикот и писменоста, како и на христијанството и христинијазирањето на Русија од Охридската архиепископија, за што имаат пишувано еминентни руски, македонски и други слависти. Знаеме во тој важен контекс, на пример, и дека првите руски христијански мартири и светци Глеб и Борис, заштитници на руското небо, по мајка се Македонци. А има ли подобар знак за крвната родствена врска меѓу Македонците и Русите?

Почитуван претседателе Владимир Путин, постојат уште многу архетипски знаци за македонско-руското родствено пријателство, за нивната сијамска близначка врска. Нашите заеднички непријатели добро го знаат тоа и, имено, токму затоа сакаат да создаваат преку валкана пропаганда длабок шизофреничен јаз меѓу Македонците и Русите, кои се всушност фиданки на иста генеза, генеричка душа и мемориска светст. На тоа работат и секаквите таканаречените квислиншки „невладини“ организации кај нас, специјално формирани за таа цел од демонот на модерната цивилизација Сорос и од американскиот УСАИД.

Да. Тоа е реалната ситуација во Македонија, почитуван претседателе Путин. Но она што сакаме да ви го кажеме ние од Македонски манифест, пишувајќи ви по втор пат, е дека оваа антируска кампања кај Македонците однапред е осудена на неуспех. Премногу се длабоки корењата на родсвеното Дрво на животот што ги спојува срцата на Македонците и Русите за да бидат уништени тие. Оттука, исклучена е секоја можност дека Македонците во еден евентуален судар меѓу северноатланската НАТО алијанса и Русија Македонците ќе војуваат против братска Русија. Не. Тоа е невозможно, оти тоа би бил најсрамниот и најголем историски парадокс. А тоа нема да се случи.

Ете. Не сакаме, иако има уште многу нешта да споделиме со Вас, да биде предолго нашево писмо кон Вас, претседателе Владимир Путин. Сакаме само на крајот од него уште еднаш да ви посакаме во пресрет на Новата 2022 крепко здравје и ведрина лично на Вас, Вашето семејство и на братскиот руски народ цврсто збратимен со срцето на македонскиот народ.
Со длабока и искрена почит,
Македонски манифест

За Македонски манифест:

Ефтим Клетников – поет

Агатангел – Митрополит повардарски

Проф. Стојан Стојков – композитор

Проф. Запро Запров – диригент

Проф. д-р Цветан Гавровски – универзитетски професор

Проф. д-р Слободан Пренџов – универзитетски професор

Проф. д-р Наташа Котлар – историчар

Ристо Никовски – амбасадор

Фима Клетникова – поетеса

Дардан Венетски – правник

Сотир Костов – правник

Александар Русјаков – писател

Проф. д-р Нестор Огинар – универзитетски професор

„Сине мој, расти Габер и не се срами од татко ти,… за едните станав херој, за другите издајник“ – Писмо од Голи Оток испишано со конец по 72 години стигна во Музеј Кавадарци

Писмо од Голи Оток со многу емоции, извезено на внатрешната страна на манжетната од кошула со распаран конец од затворските панталони, по 72 години стигна во Музеј Кавадарци.

Писмото го испратил политичкиот затвореник Боро Ангеловски-Ваташки. Тој всушност извезал тајна порака за својот двомесечен син Габер. Тајното писмо било везено во август 1949 година. Музејот го доби оригиналното извезено писмо на манжетната, од неговата ќерка, д-р Олга, која живее во Пула, Хрватска.

-Татко ми Боро Ангеловски-Ваташки е роден во село Ваташа 1919 година, а починал 1954 година, од откажување на бубрезите, како последица од злоставувањето во затворот на Голи Оток, кадешто бил до мај 1952 година. Ви ја испраќам оригиналната манжетна со пораката бидејќи нејзиното место е во музејот во Кавадарци. Како дел од историјата на Република Македонија, во чиешто создавање учествуваа покрај моите чичковци Наќо Ангеловски и Димката Ангелов-Габерот, така и татко ми, Боро Ангеловски-Ваташки. Манжетната ја испраќам по почитуваниот колега доктор Перо Пењушков, стои во писмото кое неодамна исто така го испратила доктор Олга од Пула.

Доктор Пењушков, кој ја донесе манжетната, рече дека се уште постојат траги од крв на писмото.

„Сине мој. Расти Габер и не се срами од татко ти”, му напишал Боро со конец на својот штотуку роден син. Надевајќи се дека еден ден пораката ќе биде во рацете на синот, тој му објаснил дека е свесен оти згрешил кон КПЈ и својата фамилија.

– За едните станав херој, а за другите издајник. Јас сум обичен комунист и како таков погрешив. Но треба ли да лежам на земе гол и да не ме праќаат во болница – прашува Боро Ангеловски во везеното писмо. “Само желбата да видам тебе и Хриса и да ве загрлам сине, праи да живеам. Хвала ти Хрисе на скапиот дар. За Габерот. Ве сака Боро. Ц. Затвор, 21.8.1949”, пишува Ваташки на крајот од пораката која е упатена и до сопругата Христина, која живеела во Пула со ќерката Олга.

Според кажувањето на неговата ќерка, татко и’ кошулата му ја дал на пријателот и сограѓанин Вано Ралев, кој бил ослободен од Голи Оток и требало да се врати во Македонија. Тие двајцата всушност си ги замениле затворските кошули, за да може Вано да ја пренесе пораката до најблиските на Боро. Според тоа што и го кажала мајка и, а и од она што го слушала од самиот Ралев кога била студентка, Вано не знаел дека манжетната била извезена и дека носи тајна порака.

– Можеби тоа е и среќна околност во тие виорни времиња, бидејќи тоа сознание за него би било кобно, знаејќи ги џелатите од Голи Оток. Кога Вано дошол во Скопје, ја дал кошулата на мајка ми. Таа зела да ја пере и видела дека се темнее манжетната. Ја распарала и ја прочитала пораката од татко ми, раскажува Олга.

Ваташки бил роден на 13 ноември 1919 година. Починал во 1954 година, кога му откажале бубрезите како последица на мачењето на Голи Оток. На злогласниот остров тој бил од мај 1949 до почетокот на 1952 година.

Боро бил еден од тројцата синови на илинденецот Ташо Ангелов. Сите тројца биле неприкосновени борци за Македонија. Според историчарот Петре Камчевски, на Голи Оток во тоа време, биле испратени дваесетина политички затвореници од Кавадаречко.

Директорката на Музејот, Весна Ѓорѓиева, кустос советник, се заблагодари за овој вреден подарок и рече дека тој во иднина ќе им раскажува на посетителите за историјата на едно време, на оригинален и емоционален начин.

МИА

Автобиографско писмо на Лазаров за ЕХФ: Се оженив за Љубица, но и за Македонската репрезентација

За Љубица се оженив, но чувствувам дека некако се оженив и за својата репрезентација. Тоа е како врска. Како што сме заедно толку долго време, кога сме далеку едни од други, стануваме несреќни. За мене, играњето за мојата земја е свето – и кога си капетан, тоа чувство се зголемува уште повеќе – напишал Лазаров со автобиографското писмо кое е објавено на страната на ЕХФ.

Дел од писмото на Кире Лазаров:

Моето патување започна по улиците. Не, не со ракомет, туку со кошарка. Едноставно беше полесно да играме, само двајца или тројца заедно.

Мојот прв идол беше легендарниот Тони Кукош. Тој славно го носеше дресот со број 7 за време на неговото незаборавно време со Чикаго Булс. Бројот 7 ми лепеше низ целата кариера.

Но, ако кошарката беше мојата прва loveубов, ракометот беше loveубовта на мојот живот. Татко ми беше одличен ракометар и се сеќавам дека честопати присуствував на неговите тренинзи. Јас бев очигледно најмладиот во групата, но се чувствуваше толку природно за мене. Тогаш ми дојде ракометот.

Прво дојде одлуката да се избере број. Кукош беше инспирација, но не беше единствениот. Мојот прв тренер кога растев, Илија Јанев, исто така, носеше број 7. Повторно е тој број. Некако, помислив дека сите левичари мора да го носат, па останав со тоа.

Потоа дојде време да се стане лидер. Нешто што некои можеби мислат дека сум роден. Од деновите на Пелистер кога имав 18 години, па до сега, 22 години подоцна, имав водечка улога, без разлика која екипа.

Некои луѓе ја бркаат можноста да го водат целиот свој живот. Да се ​​биде во можност да се земе топката и да се постигне гол кога и да е потребно. Да се ​​биде храбар и да има самодоверба и сила да носи важни одлуки. За мене, тоа доаѓа само природно. Никогаш не сум морал да се присилувам. Можеби тоа е поврзано со мојот карактер и дисциплината на моите родители, Благоја и Милка.

Мајка ми и татко ми ме научија да ги почитувам другите и никогаш да не се откажувам од своите соништа. Затоа, си дадов едноставна мантра: постави цел и фокусирај се на тоа. Секако, можеби изгледам како тврдо момче, но имам желба постојано да се докажувам.

Татко ми отсекогаш бил клучна личност во мојот живот. Тој сакаше јас и брат ми да бидеме воспитани со дисциплина. Многу ретко татко ми ми вели дека е горд на мене. Но, првиот пат кога се преселив во Загреб, можев да ја почувствувам оваа емоција од негова страна.

Целосното писмо прочитајте го на следниов линк:
https://www.eurohandball.com/en/news/en/this-is-me-kiril-lazarov/