Tag Archives: платформи

Мерко ја навреди новинарката: Неписмена си … Груби се смееше (Видео)

65 дивоградби кои има околу езерото во Струга, вака имаше изјавено секретарот на општина Струга, Ристо Талески пред еден месец. Но ова категорично го негира градоначалникот на општина Струга,Рамиз Мерко кој на прашање од новинарка, ја нарече дека е неписмена.

Ваквите коментари Мерко ги даде при инспекцијата на уривањето на платформите кои се изградени на езерото во Струга, тој тврди дека има само 6 и сите се со дозвола и дека не го загрозуваат статусот на УНЕСКО, а дека сега се уриваат доброволно.

Но министерот за животна средина го вели спротивното од Мерко. Тој на прес конференција рече дека тие платформи се дивоградби и дека се отстрануваат.

Инаку сопственикот на локалот Версус кој започна со уривање на платформата пред локалот, вели дека ја спроведува наредбата која му е издадена во петокот,

Во Струга ќе се урнат само 6 платформи доброволно, иако имаат дозвола и не го загрозуваат статусот на УНЕСКО, Мерко вели дека нема да ги обесштети сопствениците бидејќи тие не сакаат. Уривањето на платформите врз основа на препораките на УНЕСКО се спроведува и во Охрид каде започна чистењето на платформите и дивоградбите околу Охридското езеро – пренесе ТВ21.

Се гледаме во подобри времиња за брзо! – Се урива платформата на „Куба Либре“

„Куба Либре“ ви се заблагодарува на сите што години наназад бевте заедно со Нас.

Се гледаме во подобри времиња за брзо!

Ова е кусата порака на фејсбук страницата на познатиот бар на охридското крајбрежје објавена откако денес под полициско обезбедување почна најавуваната акција за отстранување на нелегалните градби и урбана опрема од плажите во градското подрачје. За почеток се почна со отстранување и демонитирање на платформата во езерото пред „Куба Либре”, една од најатрактивне плажи и локации на брегот на Охридското Езеро.

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески неодамна најави дека ќе се отстрануваат сите нелегални објекти и градби од сите плажи на кои им се истечените договорите за концесија, вклучувајчќи ги и петте што влегуваат во опфатот на ГУП-от. Од друга страна, пак, дел од сопствениците на платформите побараа таа акција да се одложи, да не биде сега пред почетокот на туристичката сезона кога лани имале огромни загуби.

На социјалните мрежи се објави дека и „Кадмо“ е на ред за уривање, но сопственикот решил самиот да ја острани урбаната опрема. Овој случај веројатно ќе влезе и во судница. Менаџерот на „Куба Либре“ изјави:- Плажава е изградена по сите проекти и дозволи од држава и од општина. Револтирани сме затоа што никој не дојде да каже како треба да изгледа ова, каков е планот понатаму, кои мерки ние да ги преземеме. Не бевме известени за ништо, дури и дека ќе ни биде исклучена струјата. Без оглед што процесот за јавното наддавање за плажите во 2018 година не е завршен и формално правно се уште трае, ние најдовме начин да ги подмириме сите концесии до февруари 2021 година, а уредно се платени и сите други давачки кон државата и општината која, намерно или не, целосно ги измеша математиките.

Во официјалните информации на градските власти не се кажува дали акцијата се спроведува и во согласност со препораките на УНЕСКО или станува збор за акција од локален карактер и има цел да се пополни празната охридска буџетска каса.