Tag Archives: почината

Секс симбол и една од најубавите жени во светот – Почина Џина Лолобриџида

Џина Лолобриџида, која со децении го претставуваше италијанскиот стереотип за медитеранска убавица и беше наречена „најубавата жена на светот“ – по насловот на еден од нејзините филмови, почина во Рим на 96-годишна возраст.

Филмската кариера ја започна во 1946 година, а животот го поминала во Рим. Некои од нејзините најзначајни филмови се „Леб, љубов и соништа“, „Кралот, кралицата и слугата“, „Сервантес“, „Трапез“, „Царската Венера“, „Ѕвонарот на Нотр Дам“.

Таа глумеше со други големи актерски имиња, вклучувајќи ги Шон Конери, Марчело Мастројани, Рок Хадсон и Хемфри Богарт.

Кога ја напушти филмската кариера, таа се занимаваше со фотографија и политика во текот на 1960-те.

ПОЧИНА ЌЕРКАТА НА ЕЛВИС ПРИСЛИ, откако синоќа итно беше пренесена во болница

Лиза Мари Присли (54), ќерката на Елвис Присли, почина откако итно беше префрлена во болница поради можен застој на срцето.

Лиза Мари Присли (54), ќерката на Елвис Присли, почина откако итно беше префрлена во болница поради можен застој на срцето.

Ќерката на музичката икона Елвис Присли и Присила Присли, вчера итно била пренесена во болница, пренесува ТМЗ. Лиза била ставена во вештачка кома.

Веста за нејзината смрт пристигна неколку часа откако заврши во болница.

ЦЕЛ ГРАД ОЖАЛОСТЕН ОД ТРАГЕДИЈАТА: Наставничка загина во тешка сообраќајка кај Јајце

Во Подмилачје кај Јајце вчера било пронајдено тело на жена со идентитет Џана Куленовиќ (39) чие возило слетало во реката Врбас. Не е познато како дошло до несреќата, пишува порталот Аваз.

Јајце е ожалостено по трагедијата во која животот го загуби просветната работничка Џана Куленовиќ, пренесува Српскаинфо. Од неа на социјалните мрежи се збогуваат пријатели и познаници.

– За жал, уште еден млад живот заврши во реката Врбас. Нашиот тим за пребарување го пронајде и извлече телото на жртвата. Изразуваме искрено сочувство до семејството – рекоа вчера од планинската спасувачка служба Јајце.

Пронајдено телото на жената што на новогодишната ноќ се фрли во Вардар во Велес

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека во понеделнкот полициски специјалци од МВР го пронашле телото на женското лице кое на новогодишната ноќ се фрлило во водите на река Вардар кај Велес.

„Регионалниот ЦУК Велес информира дека од Полицијата – СВР Велес добиле информација дека во 12:20 часот денеска во близина на мостот кај село Кочилари од страна на полициските специјалци од МВР е пронајдено телото на женското лицето кое на 31.12.2022 година (половина час по полноќ) се фрли во водите на реката Вардар од Мало Мовче во централното градско подрачје во Велес“, информираат од ЦУК во објава на социјалните мрежи.

Како што соопштуваат од ЦУК, телото е извлечено на брегот на реката и се чека екипа од СВР Велес за увид на лице место, по што ќе следи процедура за потврда на состојба од лекар и од јавен обвинител.

Трагедија во Велес – Полицијата трага по 29-годишен велешанец КОЈ УСМРТИ ДЕВОЈЧЕ НА ПЕШАЧКИ И ИЗБЕГА !

Велешката полиција го пронајде возилото „Мерцедец“ со велешки регистерски таблички, а се уште трага по 29-годишниот А.Н. кој е осомничен дека доцна синоќа околу 22:15 часот на пешачки премин на ул „.Борис Трајковски“ во близина на ООУ „Васил Главинов“ во Велес усмрти 11 – годишно девојче и ја повреди нејзината 43 – годишна мајка Е.И.

Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес појаснува дека во несреќата малолетничката починала на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, додека со телесни повреди се здобила 43- годишната Е.И, констатирани во болницата во Велес.

ТАЖНА ВЕСТ: Почина младата македонска фолкерка Андријана

По тешко боледување попладнево почина фолкерката Андријана Андреевска, познато име на македонската фолк естрада.

На социјалните мрежи нејзините колеги преку статуси се збогуваат од неа.

Која беше Маја Миа ? – Приватни авиони и најскапа брендирана облека

Информацијата за смртта Македонката Маја Јанеска (Маја Миа) од Охрид стана топ тема во Македонија.

Таа пред неколку дена беше во посета на земјава, па овдешната поширока јавност првпат слушна за инфлуенсерката и мејкап артиската, која околу 22 години живееше во Танзанија и Јужна Африка.

Која е Јанеска?

Според информациите кои за нејзе можат да се најдат на нејзините профили на социјалните мрежи, на интернет и тие што ги сподели Универзитетот АУЕ-ФОН, каде пред неколку дена пред студентите држеше мотивациски говор, од Македонија во Африка заминала на 19-годишна возраст.

Најпрво живеела во Танзанија, каде се вработила во хотел. За полесно да се прилагоди во Африка, за само три месеци го научила јазикот свахили, еден од 14. официјални јазици во Африка, а зборувавала седум јазици.

За брзо таму започнала бизнис во текстилната индустрија, а подоцна влегла и во уметничкиот бизнис и стајлинг, и го отворила своето прво училиште за make up, кое било прво и единствено училиште од таков вид во земјата.

Освен познати личности од Африка, таа соработувала и со светски познати ѕвезди, како Кајли Џенер и Ким Кардашијан.

Продолжува со едукативни видеа за шмикање и стајлинг на нејзините профили на Инстаграм, Фејсбук и Јутјуб, на кои ја следат повеќе од 1,2 милиони следбеници.

Имаше и своја линија за шминка во соработка со светскиот бренд Анастасија Беверли Хилс.

Имала и сопствена компанија за бизнис со руда, нафта, гас, лотарија, пакување тутун и трговија со други стоки.

Зошто беше во Македонија

Таа пред неколку денови беше во Македонија заедно со бизнисмени од Јужна Африка за воспоставување дипломатска, образовна и економска соработка меѓу Македонија и африканските земји, а на Универзитетот АУЕ – ФОН одржа мотивациски говор пред студентите.

На социјалните мрежи објави и фотографии со актуелни и поранешни македонски политичари.

ТРАГЕДИЈА: Популарната инфлуенсерка Маја Миа Јанеска пронајдена почината во Африка

Популарната мејкап артистка и инфлуенсерка Маја Миа Јанеска, по потекло од Охрид, наводно била пронајдена мртва во Африка, јавуваат тамошните медиумипренесуваат домашните медиуми.

Повеќе официјални информации и детали нема, освен објавите на тамошните медиуми на нејзиното момче.

Откако вечерва брзо се прошири веста за смртта на популарната мејкап артистка и инфлуенсерка Маја Миа, по потекло од Охрид, се огласи нејзиното момче Оми Димпоз, пренесува MSN.com.

Медиумот објавува дека популарната шминкерка и девојка на печајот ѕвездата Оми Димпоз, Маја Миа е мртва. Убавата шминкерка беше познато дека излегува со Оми Димпоз од 2020 година.

Миа се забавуваше и со комичарот од Танзанија, Идрис Султан, кој исто така објави на неговите платформи на социјалните мрежи.

Од нејзе се збогуваат и нејзините најблиски, преку социјалните мрежи, каде се редат низа информации и претпоставки за тоа што се случило со Маја Миа Јанеска.

Засега не се наведуваат причините за смртта на Маја, иако има разни шпекулации.

Миа е родена во Македонија, но живеела во Танзанија повеќе од една деценија. Извештаите велат дека пред нејзината смрт таа живеела во Јужна Африка.

Сепак, што точно се случило, засега е мистерија.

Маја Миа неодамна беше во центарот на вниманието на јавноста во нашата земја откако фотографии со неа објавија актуелни политичари, меѓу кои и министерот за надворешни работи Бујар Османи и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче.

Во објавите кои ги сподели и таа, наведуваше дека се радува на продлабочување на соработката меѓу нејзините две татковини, Македонија и Јужна Африка.

Бајден повикуваше мртва колешка среде пресконференција! – Џеки тука ли си? (ВИДЕО)

Името на починатата конгресменка Џеки Валорски од Индијана можеше да се слушне на пресконференција на која говореше американскиот претседател Џо Бајден. Тој заборавил дека таа починала во месец август.

– Џеки, дали си тука? Каде е Џеки? – прашал Бајден, а откако не добил одговор продолжил да зборува на пресот.

На трети август американскиот претседател издал изјава за сочувство кон јавност за смрта на свокјата колешка.

Почина поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева

Почина поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева, објави СДСМ.

„ Искрено сочувство до семејството на прерано починатата Илинка Митрева, поранешна пратеничка од редовите на СДСМ и министерка за надворешни работи. Голем е придонесот на професорката Митрева во градењето и афирмацијата на македонската државност во времиња кои беа полни со сериозни предизвици. Делото на Митрева останува трајно богатство за македонската дипломатија и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон државата и иднината на граѓаните.

Нека почива во мир“ пишува во објавата на владејачката партија.

Илинка Митрева е родена на 11 февруари 1950 година во Скопје. По дипломирањето на Филолошкиот факултет во Скопје – група романска филологија во 1973 година, магистрирала на Филолошкиот факултет во Белград, а потоа и докторирала на Филолошкиот факултет во Скопје.

Од 1974 до 2001 работи како помлад асистент, доцент и шеф на Катедрата за романски јазици и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Професор по француска книжевност на Катедрата за романски јазици и книжевност е од 23 ноември 2001 до 31 октомври 2002 година. Митрева е автор на повеќе стручни и научни трудови.

Функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија ја извршува од 1994 до 2001 година. Митрева беше претседател на Комисијата за надворешна политика и шеф на Делегацијата на Македонија во Парламентарната димензија на Централно – европската иницијатива, шеф на собраниската група за соработка со Европскиот Парламент и член на Иницијативниот одбор за создавање клубови на НАТО.

Од 13 мај до 23 ноември 2001 беше министер за надворешни работи на Република Македонија. По победата на СДСМ на парламентарните избори во 2002 година повторно е назначена на оваа функција од 1 ноември 2002 година на која останува се до 26 август 2006 година.

Таа беше одликувана со три ордени на Француската Република во 1998 и 2016 година, и третиот – највисокото француско одличје – Витез на Легијата на Честа” во 2021 година.