Tag Archives: почината

Почина мајката на Аки Рахимовски: До самиот крај не знаела дека нејзиниот син заминал пред неа

Утрово во Скопје почина Ана, мајката на музичарот Аки Рахимовски. Веста на Фејсбук ја објави нивната кума од Скопје, новинарката Мирјана Василева. Василева на Фејсбук напиша дека Ана сега конечно е крај својот син, кој почина на 22 јануари годинава во Ново место, Словенија.

– Патувај во божјата светлила тетка Ана, сигурно ќе те дочека синот Аки Рахимовски, почивај во мир, напиша Василева. За Женски магзин таа раскажа дека Ана починала во домот за стари лица каде што претсојувала последниот период од својот живот, и до самиот крај не знаела дека нејзиниот син починал пред неа.

„Никогаш не знаеме кој ни е последниот ден“: Ова е загинатата девојка по земјотресот во Бих, претходно цел ден била на молитва (ФОТО)

Една девојка загина во синоќешниот земјотрес во Бих кога голема карпа паднала врз нејзината куќа во Столац, Босна и Херцеговина.

Таа била донесена во болницата во Мостар во тешка состојба и докторите не можеле да и го спасат животот. Нејзините родители биле полесно повредени.

Станува збор за 27 годишната Елмира Сефо од која вчера доцна вечерва започнаа да се простуваат многу пријатели и познаници преку социјалните мрежи.

-Никогаш не знаеме кој ни е нашиот последен ден, затоа секој ден живејте го како последен. Многумина погрешно ги сфаќаат овие зборови. Живеј секој ден така што си подготвен да му се вратиш на господ, е една од пораките на Фејсбук.

Друг корисник напиша дека таа вчера била на молитва во џамија и откако се вратила се случила трагедијата…

Почина мајката на Марко Пејчиновски, најмладиот маратонец кој исплива 30 километари

Почина мајката на Марко Пејчиновски, најмладиот маратонец кој исплива 30 километари

22.01.2022

Семејство од Скопје има могу пари, бидејќи дознале трик од 2021Bitcoin UpОвој трик ги расчистува крвните садови веднаш!Cardiol

Веста дека починала Виолета Пејчоновска, медицинска сестра од Охрид, осамна и на социјалните мрежи оти тоа е мајката на Марко Пејчиновски, детето кое направи голем спортски подвиг и на со инфаркт на нозете исплива 30 километри во Охридското Езеро објави Шило магазин.

„ Виолeта секогаш беше ведра и насмеана, вистински професионалец во својата работа и жена со големо срце“, коментираат вработените при ЈЗУ Општа Болница Охрид.

За потсетување нејзиниот син Марко, пред три години го преплива езерото, кога со 12 години стана најмладиот маратонец што ја испливал 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид. Следната година тој пливаше и за децата со ретки болести.

ПОЖАР ВО СТАН ВО АЕРОДРОМ, ЗАГИНА НЕПОДВИЖНА ЖЕНА

Скопската Противпожарна бригада вечерва изгасна пожар во стан во нова зграда на улица „Методиј Шаторов-Шарло“ во Аеродром, во кој загинала повозрасна неподвижна жена.

Командантот на Противпожарната бригада Владимир Симоновски изјави дека пожарот го зафатил делот со креветот каде лежела жената, која била сама во станот и поради тешката здравствена состојба не можела да побегне.

Од МВР информираат дека околу 21 часот полицијата добила пријава за пожар во стан на ул. „Методија Шаторов – Шарло“, сопственост на  М.Ш.(1955) која била во станот и починала.

-Од страна на доктор во 21:30 часот констатирана е смрт. Пожарот е изгаснат од страна на БППЗ. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на судска медицина за обдукција.

Екипа на Министерството за внатрешни работи и Јавен обвинител вршат увид во опожарениот стан кај починатата.

26-годишна родилка со тешка здравствена состојба почина во Гинекологија Чаир

Министерството за здравство информира дека синоќа на ЈЗУ СБГА “Мајка Тереза” – Чаир почина родилка на 26 години, на која со царски рез и беше извадено машко бебе.

Пациентката, прворотка која била во 36 седмица од бременоста, во болница била донесена во многу тешка здравствена состојба, со висок крвен притисок и отежнато дишење. Во вакава лоша состојба таа била во предходните 4 дена во кои ниту еднаш, до вчеравечер не побарала лекарска помош. На увид од извештаите во електронската база „Мој термин“ констатирано е дека станува збор за недоволно контролирана бременост, со само една предходна контрола во 30 недела од бременоста кога за првпат е утврено присуство на висок пристисок. Тогаш на пациентката и била ординирана терапија и дадени напатствија за интензивен мониторинг и болнички контроли. Според кажувањето на семејството, пацинетката не одела на контроли, а терапија пиела повремено.

Синоќа, кај пациентката дошло до бурно влошување на и така лошата здравствена состојба, со знаци за сериозно компромитирање на белодорбната функција со развој на белодробен едем, пад на сатурацијата под 80%, белодробен наод и агитираност. Истовремено мониторингот на плодот покажал сериозно загрозување на благоостојбата на плодот. Поставена е индикација за crash интубација и итен царски рез. Во операциона сала паралелно по интубацијата констатиран кардиоциркулаторен колапс и паралелно со постапки за кардио-пулмонална ресусцитација отпочнат е царски рез. Породен е жив машки плод кој по иницијалната стабилизација е префрлен на Клиника за детски болести. Кај пациентката, за жал и покрај сеопфатни мерки за ресусцитација уследила општа срцевобелодробна декомпензација и кај пациентката во 22:10 часот настапи смрт

Трајковски: Дeнecкa oд Koвид-19 пoчинa 17-гoдишнa yчeничкa

Професорот Дејан Трајковски денеска објави дека од Ковид-19 ппочинала 17 годишна девојка.

-Денеска од ковид-19 почина 17-годишна ученичка. Истовремено се отвораат диско клубовите, ноќните клубови и баровите. Како не сфаќаат дека основната претпоставка им е грешна, дека со вакцини не може да се совлада епидемијата, бидејќи вакцините моментално имаат ефективност (намалување на ризикот) против заразување од само 20%? Вакцинираните речиси подеднакво како невакцинираните ја пренесуваат болеста наоколу и умираат други, од ранливите категории, иако самите се прилично заштитени од смртен исход. Време е инечно да се сфати: епидемијата може да се запре исклучиво со превентивни и рестриктивни мерки, пишува Трајковски.

Неофицијално, девојчето е од битолско, а како последица од коронавирусот починало во Скопје.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

СП:Две недели фантом лекар и давал инфузија на ковид позитивна пациентка дома, по што таа починала

Скопјанка починала во ковид-центар само неколку часа по приемот откако две недели претходно, дома, непознат лекар и давал терапија за која никаде не постои медицинска историја, ниту белешка, дознава „Слободен печат“ од свои извори во Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Случајот го пријавил здравствен работник од ковид-центарот.

Блиски родини на починатото лице дале податок дека лицето било лекувано седум дена во домашни услови со инфузиона терапија и ги навеле точните називи на лековите кои биле давани, а истите ги посочил во писмен допис и здравствениот работник кој извршил прием на пациентката во ковид-центарот каде починала.

– Според сите законски прописи, испектори од ДСЗИ веднаш по преставката на здравствениот работник излегоа на терен и утврдија дека матичниот лекар на пациентката и препишал само таблетарна антибиотска терапија, пациентката потоа никогаш не побарала преглед или совет од матичниот лекар и дека не е познато кој, на сега веќе починатата и давал терапија и притоа не оставил никаков пишан документ или извештај. Од тие причини, ДСЗИ случајот го пријави во Министерството за внатрешни работи, посочуваат од Инспекторатот.

Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) апелираат до граѓаните кои се позитивни на ковид-19, да не прифаќаат лекување во домашни услови, ако за тоа не се изјасни матичниот лекар и задолжително да побараат пишан документ за терапијата и начинот на лекување.

Директорката на инспекторатот д-р Ирина Бухова, вели дека апелот го упатуваат со цел да ги заштитат граѓаните и нивното здравјек, пишува Слободен Печат.

ТРАГЕДИЈА: Почина поранешната ракометна репрезентативка Јулија Портјанко

Ракометна Македонија е во шок и неверување по веста дека утринава, од засега непознати причини, почина поранешната репрезентативка и ракометарка на Кометал ЃП, Јулија Николиќ (Портјанко) на 38 годишна возраст.

Во редовите на европскиот првак Кометал Ѓорче Петров, Николиќ настапуваше од 2003 до 2009 година, а во меѓувреме заигра и за сениорската селекција на Македонија.

Откако доби македонско државјанство, ракометарката беше еден од најдобрите играчи во својата генерација, препознатлива по својата борбеност.

Од Кометал Ѓорче Петров во 2009 година, таа се пресели во Беледијеспор во Турција. Потоа играше и во Франција каде што беше прогласена за најдобар странски играч, а по враќањето во Македонија настапуваше и за екипата на ЖРК Вардар.

Tpaгeдија во Стар Дојран: 25 годишна скопјанка пронајдена пoчинaтa во изнајмен апартман

На 02.10.2021 околу 17.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Стар Дојран во апартман од вила починала Д.Ќ.(25) од Скопје која во изнајмениот апартман пристигнала околу 12.00 часот заедно со С.Т.(25) од Скопје.

Од итна медицинска помош Гевгелија потврдена е смртта без знаци на насилство. Увид на лице место извршила увидна екипа на Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.

Син сам го зел телото на почината мајка од тетовската Ковид-болница

Тетовската полиција добила пријава дека ноќеска од клиничката болница човек сам ја зел својата мајка почината од Ковид-19 и ја однел со возилото. Настанот се случил околу неколку минути пред полноќ.

-Вработена во Инфективното одделение на тетовската Клиничка болница во СВР Тетово пријавила дека едно лице дошло, ја зело и потоа во возило „форд“ ја ставило наводно неговата мајка, претходно почината од „ковид -19“ и со возилото се оддалечило од местото. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпаролот на тетовската полиција.

Починатата жена е на 72 години. Во текот на денот Ковид центарот информира дека имаат само смртен случај на починато лице поради коронавирус.