Tag Archives: Починато

Почина уште едно новороденче во болницата во Битола

Во текот на вчерашниот ден уште едно бебе починало во болницата во Битола, по изведен царски рез. Информацијата за „Слободен печат“ ја потврди директорката на болницата Елизабета Ивановска.

Според неа станува збор за четврта бременост на млада мајка на возраст од 21 година, која до 7 месец не била во Македонија и немала контролирана бременост, а според директорката Ивановска и третото бебе на родилката починало на сличен начин.

Ќе се изврши обдукција за да се утврдат причините поради кои настапила смртта, но според информациите од Ивановска, бебето било родено мртво.

Мајка осомничена дека го полеала детето со врела вода, тригодишното момче починало во страшна агонија

Во Основниот суд во Ниш денеска не почна судењето на Тамара С. (32) од Ниш, чие тригодишно дете почина од изгореници со врела вода бидејќи обвинетата не се појави на рочиштето.

На рочиштето не дојдоа ниту нејзиниот адвокат ниту таткото на момчето, кој е оштетен во овој случај, при што беше кажано дека на таткото на момчето не му била доставена покана, пренесуваат медиумите во регионот.

Ново рочиште е закажано за 11 мај, а на обвинетите ќе им бидат врачени поканите и обвинението дополнето од декември минатата година.

Тамара С. (32) била уапсена по смртта на момчето и потоа била осомничена за запуштање и злоупотреба на малолетно лице, неукажување помош и кршење на семејните обврски, а мајка ѝ Д. Т. е осомничена само за неукажување помош и против неа во редовна постапка е поднесена кривична пријава.

Тригодишниот Г. С. починал откога бил изгорен од топла вода на 28 јануари минатата година под неразјаснети околности, а мајка му не го однела во здравствена установа за да добие помош.

Според неофицијални информации, мајката го намачкала со крем против изгореници и го заспала, но пред зори, на 29 јануари, сфатила дека момчето не дише и потоа повикала брза помош. По доаѓањето на местото на настанот, лекарите можеле само да констатираат смрт на несреќното дете.

Бабата Д. Т. првин кажала дека момчето се изгорело откако само се соблекло и ја вклучило водата под тушот, додека таа ја облекувала петгодишната внука, а Тамара С. го хранела шестмесечното бебе.

Меѓутоа, Д. Т. подоцна ја сменила изјавата и рекла дека во моментот кога момчето изгорело во станот не биле ниту таа ниту мајката на момчето, Тамара С. (32), туку наводно била само нејзината помала ќерка.

Наводно и единаесетгодишното девојче потврдило дека го капело момчето кога тој ја вклучил топлата вода и случајно се попарил, при што добил изгореници по целото тело. Обдукцијата покажала дека момчето имало изгореници на дури 90 отсто од површината на телото поради што починало.

Тамара С. во март беше пуштена да се брани од слобода, а првото психијатриско вештачење, кое беше извршено во април минатата година, покажа дека е привремено процедурално неспособна.

Новото вештачење, кое по наредба на Основното јавно обвинителство Ниш е извршено во Специјалната психијатриска болница, покажало дека таа сè уште е способна да го следи судењето.

Според написите, доколку, дефинитивно, се докаже вината на Тамара С., таа може да биде осудена на најмногу три години затвор.

Трагедија ! Шестгодишно девојче починало додека примало инфузија во Битола

Шестгодишно девојче од битолското село Кравари вчера попладне починало на Детското одделение во Битолската клиничка болница.

Според извори на „Независен“ од блиски на семејството на починатото девојче, тоа со симптоми на настинка, покачена температура и дијареа било однесено од родителите на Педијатрија, и, како што кажуваат, во текот на примањето на инфузија починало.

Роднините на семејството се сомневаат дека детето не било соодветно третирано.

Директорот на Битолската клиничка болница, Александар Обедниковски за „Независен“ потврди дека има починато дете,и врз телото на девојчето се врши обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.

Нема поголема болка – ХАРИ И МЕГАН САМИ ГО ПОГРЕБАЛЕ СВОЕТО ДЕТЕ

Особено скандалозни изјави од мемоарите на принцот Хари…

Но, во книгата или поточно неговите мемоари кои се продадоа со брзина на светлината, помладиот син на кралот Чарлс III не зборува само за своето семејство и неговите тајни.

Тој зборува и за многу тажно поглавје во неговиот и животот на војвотката Меган: спонтан абортус на нивното дете во 2020 година.

Кога војвотката Меган имаше спонтан абортус, парот мораше да се збогува со своето дете. Го закопаа под дрво.

Принцот Хари се сеќава како парот заедно се простиле од бебето. Вака тој го опишува овој тажен момент во книгата:

„Излеговме од болницата со нашето неродено дете. Мало снопче. Отидовме на место, тајно место кое само ние го знаевме. Под големото дрво, додека Мег плачеше, ископав дупка со рацете и нежно го ставив малото снопче во земјата.”

За загубата претходно пишуваше и војвотката Меган

Војвотката Меган ја објави тажната вест во ноември 2020 година. Таа напиша есеј за Њујорк Тајмс во кој ја откри својата загуба.

„Откако му ја сменив пелената на Арчи, почувствував остра контракција. Се струполив на подот со него во раце и потпевнував приспивна песна за да не смири двајцата. Среќната мелодија беше во целосна спротивност со моето чувство дека нешто не е во ред. Додека го гушкав син ми, знаев дека губам уште еден…“, напиша таа во есејот.

Во средината на декември 2022 година, Сасекси ја објавија документарната серија „Хари и Меган“ на Нетфликс. Во една од епизодите, парот зборуваше и за нивната голема загуба. Принцот упати неколку сериозни обвинувања до печатот.

Принцот Хари индиректно го обвини британскиот весник „Мејл“ за спонтан абортус. Весникот претходно го објави приватното писмо на Меган до нејзиниот татко од 2019 година. Тогаш војвотката го обвини весникот, кој пак ја обвини Меган.

„Верувам дека мојата сопруга имаше спонтан абортус поради она што го направија новинарите. Дали знаеме со сигурност дека спонтан абортус е предизвикан од ова? Се разбира не. Но, со стресот, недостатокот на сон и бременоста, можам да кажам дека овој спонтан абортус беше поради тоа што тие се обидуваа да го направат“, рече Хари, кој беше сведок како ситуацијата влијаела на неговата бремена сопруга.

(Фото) Страшна несреќа во Хрватска: Се судрија товарен и патнички воз, има починати

Товарен и патнички воз се судриле вчера вечер во близина на местото Новска, во областа Славонија во Хрватска, јавуваат локалните медиуми.

Во несреќата, според неофицијални информации, има неколкумина загинати, како и десетина повредени луѓе. Дел од медиумите објавија дека во товарниот воз имало мигранти.

Судирот се случил меѓу Окучани и Новска, на околу 100 километри југоисточно од Загреб, околу 21 часот и 30 минути, пишува „Јутарњи лист“.

Телевизијата Нова објави, исто така од неофицијални извори, дека патничкиот воз број 2506, кој сообраќал на релација меѓу Винковци и Новска, поминал на црвено светло и со полна брзина налетал на товарниот воз, кој запрел поради дефект.

На фотографиите што ги објави Дневник, се гледа дека патничкиот воз се превртел во несреќата, а медиумот јави дека спасувачите се трудат да ги извлечат преживеаните од згмечените вагони.

На местото на несреќата има голем број полицајци, пожарникари и возила на итната помош, а таму вечерва тргнаа и премиерот и претседателот на Хрватска, Андреј Пленковиќ и Зоран Милановиќ.

Вчера вечер се огласи и државната компанија Хрватски железници, која изрази сочувство до семејствата на загинатите, соопшти дека започнала истрага, но не откри повеќе детали за несреќата.

,,Со свои раце детето си го ставив во ковчег и го погребав !”

Мајка која го загубила своето дете лутајќи низ болничките лавиринти низ земјава по лек, го споделува своето потртесно искуство преку отворено писмо.  

Таа пишува дека нејзиното дете малата Никоја својот кус живо го минува по болниците, од операција на операција, од инфузија на инфузија, од „нормално е“ до „ќе се среди“, а умра од Хиршспрунгова болест, најтешката вродена маана на црева, која се оперира во првите 20 дена од животот на бебето. 

Во нејзината објава за вистината за македонското здравство таа опишува како болеста можела да се открие уште првиот пат кога лежеле на Детската клиника, и како било нивна задача да ја доследат состојбата, но тие биле испуштени дома.  

– Николија таа операција ја имаше на 7 месеци, само 1 месец после операцијата на срце. Огромниот стомак притисна на срцето и тоа престана да чука, ја реанимираа и мораше да оди директно во сала. За време на операцијата се извади дел од нејзиното дебело црево на кое имало дупка од толку страдање низ која се излеваа фецес и бактерии во крвта, тука се потврди дека доаѓаат бактериите од таму. Во многу критична состојба беше вратена на интензивна нега каде што никако не успеваше да излезе од кризата,ниту од сепсата. По 9 дена ми се јавија да одиме да ја видиме зошто состојбата драстично се влошила. Кога појдов, ќерка ми беше модра и со жолти очи. Беше будна но како да не беше тука. Знаев дека е крај, вели таа. 

Верица на јавноста ѝ ја доближува вистината за македонското здравство. На сите кои на своите лажни и купени дипломи го носат трулиот здравствен систем им порачува секој крик на родител и детски плач да им ѕвониво ушите и да ги мачи до последниот здив. 

Постот може да го прочитате на следниот линк:

https://www.facebook.com/100048883520868/posts/pfbid0Y64UXhy353iy9z11hTBHf6ruFQTVFYfootVQxd5Y77CkWpDpkHPoB2L4j4F6376pl/