Tag Archives: поддршка

Наставниците ќе го враќаат авторитетот со ЌОТЕК – Класната од Кичево која удри ученик доби масовна поддршка!

Наставничка во Кичево физички нападнала ученик во основно училиште. Оваа вест вчера предизвика бура од реакции на социјалните мрежи, а јавноста за случајов дозна од полицискиот билтен.

-Завчера во 15.20 часот во ОВР Кичево, С.И.(40) од Кичево пријавил дека неговиот малолетен син, ученик во едно основно училиште во Кичево, бил физички нападнат од неговата класна раководителка, соопшти МВР.

Неофицијално дознаваме дека станува збор за шлаканица која ученикот ја добил од наставничката.

Периодов актуелно е прашањето за воспитувањето на децата дома, но и во образовните установи.

Додека надлежните го истражуваат случајот јавноста „го даде својот суд“. Повеќето од нив велат дека „ќотекот е излезен од рајот“ и дека можеби оваа воспитна мерка е „изнудена“ за денешните генерации на деца кои знаат да провоцираат.

Повозрасните генерации велат дека скубењето, тегнењето за уво, благ удар со стапче во минатото биле нормална појава на училиште, а притоа не смееле да се пожалат дома затоа што родителите не застанувале на нивна страна.

-Денес, нешатата се поинакви, па така од модерните родители може да се слушне „Не го чувам јас, за некој да го тепа и/или малтретира, вели еден скопјанец.

Ви пренесуваме дел од реакциите на јавноста која побрза да ја оправда псотапката на наставничката:

-На времето училиштето беше воспитно-образовна институција, а сега е само образовна, па затоа Господ нека им е на помош на денешните деца и родители.

-Со тоа што на децата им се дадоа секакви права, наставниците го изгубија авторитетот, а родителите со европски вредности кои се „другари и другарки” со синот/ќерката исто така! Родител, наставник, треба да се авторитет,а не другари. Една глобална европска мафија го наметна и уште наметнува деструктивен систем за целото општество.

-Јас кога учев подобро беше наставникот да ме искубе, отколку дома да кажам, три пати повеќе ке ме превоспитаа. Па еве не сум истрауматизирана.

-Браво! Додека не им дадат право да заигра стапче, ќе им се качуваат на глава и ќе прават се што сакаат. -Децата се излезени од контрола немаат никаква почит кон наставниците. Треба промена на законот под итно.

-Децата треба да имаат почит кон наставниците. Скроз се деградирани наставниците, без никаков авторитет ниту од родителите, а се разбира покрај нив, ниту од учениците. Ние кога учевме да им речевме на родителите дека не удрил наставник, дупло ќотек ќе си добиевме, а не пак да трчаат родителите кај наставникот и да го пишуваат по порталите. Луѓе, родители свестете се еднаш! Ова е зло што го правите и на децата и на општеството! Браво за наставничката треба да се знае кој е наставник, а кој ученик и ние сме биле ученици и имало ред ќе те искараат во школо, а дома и ќутек ќе добиеш. Овие денешни родители само штета прават на своите деца за понатаму во животот. На што личи ова до кој степен се дојде срамота и голема брука за родителите поддржувачи на своите деца паразити.

– Да се вратат стапчиња за воспитни мерки во училиштата, за секое невоспитано дете – казна за родителот. Ако нема да плати ќе ги мете пазарите!

-Сме јаделе ќутек и на улица и во школо, а дома кога ќе сум се вратил и кога не сум бил крив сум јадел ќутек ! Во војска и вц сме чистеле и команда атомски во коприви да се фрлаш итн. па ништо не ни фали ! Подршка за учителите!

-Ако е со причина ќотекот поддршка до наставничката, но не верувам дека е без некоја причина. Во мое време ако наставникот ти врзеше шлаканица требаше да бидеш среќен што си поминал со толку, не дај Боже па да ти речеше утре да дојде и родител се знаеше што значи тоа – дупли ќотек ке си го однесеш и од родителот.

Скопје инфо

МТСП ги објави списоците на корисници на финансиска поддршка

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) на својата веб-страница ги објави списоците на корисници на финансиска поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза. Списоците се достапни на линкот: http://bitly.ws/BcrC Паричните средства ќе бидат исплатени идниот понеделник, 13 март. 

-На веб-страната на Министерството за труд и социјална политика се објавени (корисници  на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош), соопшти МТСП.

На веб-страницата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија се објавени корисници на оваа финансиска поддршка кои се приматели на ниски пензии односно  тие што имаат пензија до 11.525 денари и тие што немаат поголема пензија од 14.000 денари, како и корисници на право на надомест за телесно оштетување.

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија на својата веб-страница ги има списоците на невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надомест.

-Списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка. Приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку електронската пошта: mtsp@mtsp.gov.mk, информира МТСП.

Министетството наведува дека списоците на корисници на финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе биде отстранети од веб-страниците на МТСП, ФЗОРСМ и Агенцијата  за вработување по истекот на три дена од денот на објавувањето. 

Мајка од САД си ги убила трите мали деца, па добива стотици писма со поддршка

Во друго писмо е опишана како „подготвена и мирна“, а во друго писмо, Кленси, медицинска сестра, била опишана од колешка како „љубезна, сочувствителна, трпелива, емпатична“ работничка и мајка која им била посветена на своите деца.

„Таа е прекрасно човечко суштество и ќе биде тешко да се слушне нешто освен позитивни работи за нашата прекрасна Линдзи“, напишала до судот Лаура Сандерс, медицинска сестра во Општата болница во Масачусетс, која седум години работела во ноќни смени заедно со Кленси.

Сандерс е меѓу десетиците луѓе кои напишале, потпишале или испратиле писма или е-пошта за поддршка на Кленси, која е обвинета дека користела лента за вежбање за да ги задави нејзините три деца: Кора (5), Досон (3) и 8-месечното бебе Калан, според судските документи.

Кора и Досон биле прогласени за мртви истиот ден, а Калан починал следниот ден.

Речиси 100 мајки потпишале писмо од 6 февруари испратени до судијата во кое изразувале поддршка и сочувство за Кленси (32), која се обидела да се самоубие скокајќи од прозорец на вториот кат во нејзиниот дом истиот ден кога биле пронајдени телата на нејзините деца.

„Таа претрпела сериозни повреди на ‘рбетот поради кои останала парализирана, изјави нејзиниот бранител Кевин Редингтон, кој пред судот тврдел дека Кленси се борела со ментално здравје и ѝ биле препишани голем број лекови, кои ја претвориле во зомби.

Некои од мајките кои ги потпишале писмата ја познаваат лично Кленси, додека други ја познаваат само од извештаите во медиумите.

„Никој не разбира низ што поминала Линдзи подобро од мајка која имала тежок постпородилен период и која исто така имала проблеми со менталното здравје по породувањето. Многумина од нас почувствуваа очај, мислевме дека не можеме да продолжиме. Многу сме тажни дека не можевме да ѝ помогнеме, но знаеме дека нејзиното семејство правеше сè што може за да ѝ ја даде потребната помош“, се вели во писмото.

Она што се случило е поразително за целото семејство Кленси, додаваат мајките.

“Линдзи ќе мора да живее со последиците од нејзината постпородилна депресија, а тоа е реченица која не би ја посакале на ниту една ужалена мајка. Никој од нас не може да замисли што чувствува, ниту сакаме. Како мајки, знаеме дека Линдзи била во нездрава состојба.” додаваат мајките во писмата.

Кленси била поддржана и од неколку нејзини колеги.

Кампањата GoFundMe за помош на нејзиниот сопруг, Патрик Кленси, собрале повеќе од 1 милион долари. Парите се наменети за болнички сметки, погребни трошоци и правна помош.

Кон крајот на минатиот месец, Патрик Кленси апелирал до луѓето да ѝ простат на неговата сопруга.

Линдзи Кленси треба да се појави на ново сослушување на 2 мај.

4-ти февруари ПРЕД ВЛАДА – Протест ЗА ЗДИВОТ КОЈ НИ НЕДОСТИГА!

Асоцијацијата за цистична фиброза повикува на протест на 4-ти февруари (сабота ) пред Владата со надеж дека иснтритуциите ќе имаат слух за овие пациенти, чија борба значи борба за здив.

Нашата борба продолжува во надеж дека ќе се ослободат нашите бели дробови од бодликавата жица и ќе пораснат 65 рози. Нашата борба продолжува во надеж дека ЦФ ќе значи Целосно Функционални наместо Цистична Фиброза.4 февруари (сабота) 12 часот пред Влада, дојдетe, поддржете не, да ни се даде здивот кој ни недостига! – пишува на социјалните мрежи Асоцијацијата за цистична фиброза.