Tag Archives: полиција

Ученичка од Скопје направила список со закани за соучениците – МВР презема мерки!

На 08.05.2023 во СВР Скопје 47- годишна жена пријавила дека во основно училиште на подрачје на Центар ученичка во училиштето направила список со закани за соученици.

Известена е директорката на училиштето, Центарот за социјални работи и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдени малолетничките од Струмица што се изгубија на екскурзија во Скопје

Двете девојчиња од Струмичко кои вчера беа пријавени дека се изгубиле на територијата на центарот на Скопје, се пронајдени синоќа околу 23.50 часот на бул. Борис Трајковски во Кисела Вода, соопшти МВР. 

-Веднаш по добиената пријава од страна на полициските службеници преземени се соодветни мерки и малолетничките се пронајдени, наведуваат од МВР.

Девојчињата на возраст од 12 и од 14 години беа пријавени вчера околу 16 часот во СВР Скопје, од страна на нивната наставничка која ги водела на еднодневна екскурзија. 

Маж се заканувал со нов масакр во Србија: Погледнете како полицијата го приведе (ВИДЕО)

Мажот З.М. роден во 1967-ма година, денес е приведен за предизвикување општа опасност.

Се јавил во полиција и рекол дека ќе направи масакр како оној што се случи во Младеновац.

Српската полиција набрзо го лоцирала и идентификувала лицето кое се заканувало дека ќе го изврши масакрот, по што бил уапсен.

Приведен ученик заради закана по живот кон професори, со друг извршен службен разговор бидејќи мавтал со пластичен пиштол на час

Полициски службеници од ЕВР Карпош при СВР Скопје вчера привеле 16 годишен малолетник – ученик, постапувајќи по пријава од директорот на училиштето поради објава на социјална мрежа на содржина со закани по живот кон професори.

Од МВР информираат дека е известен јавен обвинител и против лицето ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.

Исто така вчера, полициски службеници извршиле службен разговор со малолетник затоа што на час извадил пиштол играчка и го вперил кон соучениците и наставничката.

НА 05.05.2023 ОКОЛУ 12 ЧАСОТ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ЧАИР, СКОПЈЕ, ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ПРИСУСТВО НА РОДИТЕЛИ, ПЕДАГОГ, ПСИХОЛОГ И ДИРЕКТОРКАТА НА УЧИЛИШТЕТО ИЗВРШИЛЕ СЛУЖБЕН РАЗГОВОР СО МАЛОЛЕТНИК-УЧЕНИК ВО УЧИЛИШТЕТО, ПОСТАПУВАЈЌИ ПО ПРЕТХОДНА ПРИЈАВА ОД ДИРЕКТОРКАТА НА УЧИЛИШТЕТО ДЕКА ИЗВАДИЛ ПЛАСТИЧЕН ПИШТОЛ (ИГРАЧКА) И ГО НАСОЧИЛ КОН ДРУГИ УЧЕНИЦИ, А ПОТОА И ГО ПРЕДАЛ НА НЕА. ИЗВЕСТЕН Е ДЕЖУРЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ, КАКО И ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ЗА НАТАМОШНО ПОСТАПУВАЊЕ.

„Пукав затоа што сум психопат“, им рекол на полицајците убиецот од Белград

По утринската драма во Врачар, полицијата веднаш го приведе осомничениот.

Со лисици на рацете и јакна на лицето беше изнесен од училиштето.

Како што дознава „Информер“, Коста К. бил мирен, не покажувал никакви емоции и не давал отпор при апсењето.

Полицајците му рекле да го спушти оружјето и да ги стави рацете на главата и да легне на подот. Тој ги послушал нивните наредби без отпор. При апсењето изговорил една реченица:

„Пукав затоа што сум психопат“, рече тој.

Грозоморно убиство во Виена: 10 мажи ја опколиле жртвата, со мачета му ги сечеле нозете и рацете и побегнале

По ужасното убиство со мачета, кога на жртвата и беа отсечени рацете и нозете на станицата во Виена, се појавија нови детали од истрагата. Сторителите се уште се во бегство.

Имено, според австриските медиуми, сведокот повикал полиција на 20 април околу 00:50 часот, бидејќи маж (31) бил нападнат од група луѓе, кои го удирале и го сечеле со мачета. Полицијата за неколку минути пристигнала на местото на настанот и ја пронашла жртвата која почина во болница.

Новите детали откриваат колку сурови биле сторителите. Се наведува дека во нападот имало и до 10 напаѓачи. Го „приковале“ човекот на земја и го сечеле. Наводно, рацете и нозете му биле речиси целосно отсечени. Кога напаѓачите слушнале како доаѓа полиција, побегнале.

Еден од напаѓачите бил виден во близина на Дунав, тој скокнал во водата кога ги видел полицајците. Млад човек (24) од Алжир бил извлечен од водата малку подоцна и уапсен.

Полицијата се уште работи на расчистување на случајот. Останатите напаѓачи се уште се во бегство.

18 годишник истепал ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ во Сарај!

На 25.04.2023 околу 11.20 часот во кругот на Полициското одделение Сарај, полициски службеници од Полициското одделение Сарај го лишиле од слобода А.С.(18) од с.Крушопек, општина Сарај, затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА во Скопје: Уапсени петнаесетина криминалци!

Голема полициска акција е во тек во Скопје во која досега се уапсени петнаесетина лица  според она што првично го објави МВР.

Се прават претреси на дваесетина локации, а уапсени се петнаесетина криминалци, пред сè дилери и разбојници, информира МВР.

Оттаму потврдуваат дека во тек е полициска акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.

СКОПЈЕ ли е Колумбија ли е: Голем грабеж кај Скопјанка, ВРИЕ ОД ПОЛИЦИЈА!

Голем грабеж и драма се случува во моментов во Аеродром во близина на Скопјанка каде неколку напаѓачи со хируршки маски ограбуваат објект за кој се уште не е потврдено дали е обложувалница или некој од дуќаните на таа локација.

Според нашите информации на терен се неколку полициски екипи меѓу кои и Интервентната полиција.

Засега нема информации дали ограбувачите се уапсени и дали има повредени лица.

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА: Полицијата објави видео како ја ликвидира жената која уби 6 лица во САД

Одри Елизабет Хејл (28) која вчера уби три деца и тројца возрасни во пукотница на југот на САД, во приватно христијанско основно училиште во Нешвил, го загуби животот во полициска акција.

Полициската управа на „Метро Нешвил“ објави снимка од камери на телото што ги носеле полицајците Рекс Енгелберт и Мајкл Колазо, кои го убиле напаѓачот во 10:27 часот. На видеото се гледа како полицајците влегуваат во училиштето и го бараат напаѓачот, а алармот се слуша во текот на целата операција.

Откако слушнале пукотници на вториот кат, полицајците се упатуваат таму, а Енглеберт испука повеќекратни истрели кон Хејл со автоматска пушка. Откако напаѓачот паѓа на подот, се појавува Колазо и ја застрелува Хејл уште четири пати со пиштол.

„Престани да се движиш“, се слуша како вика додека Хејл лежи на земја.