Tag Archives: пожар

(Видеo) Драма во Албанија: Гори 12-катница, 40 лица се заробени во становитe

Пожар денеска избувна во Лушња, Албанија, а се сомневаат дека околу 40 лица се заробени во становите во 12-катница, јавува Балканвеб.

Градските пожарникари со поддршка на противпожарната служба во Тирана работат на гаснење на пламенот и евакуација на станарите од зградата.

Се сомнева дека пожарот најпрвин избувнал на третиот кат, кој служи како трговски центар, во објект во кој се продаваат чевли, а потоа се проширил на целиот центар.

Десетици луѓе се пренесени во болница за вдишување чад, а нема информации за жртви.

Голем пожар во Волково, граѓаните во страв за своите домови (Видео)

Страв и паника на населението на скопско Волково во обид да ги спасат своите домови од пожарот кој настана денеска.

Се интервенираше со шест противпожарни возила, а пожарот настанал од запалено ѓубре кај реката Лепенец.

Пожарот е ставен под контрола иако на моменти изгледало страшно, и истиот зафатил површина од неколку километри.

Погледнете го прилогот на Сител ТВ

Грција преживува ПЕКОЛ – Четири грчки острови во пламен, од вчеравечер и Крф (ВИДЕО)

Над 17 села во североисточниот дел на Крф, седум во јужниот дел на грчкиот остров Евија и две во северниот дел на Пелопонез, превентивно беа евакуирани во текот на ноќта поради големите пожари активни од вчера, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчките пожарникари ширум земјата ќе поминат уште една ноќ во борба со огнените елементи, бидејќи освен во првите редови на Родос, огромни пожари избувнаа и во Каристос, Крф, Ахаја, објави „Катимерини“.

Шеесетина лица се евакуирани од плажата Нисаки на северозападниот брег, соопшти грчката крајбрежна стража. Во евакуацијата учествуваа шест бродови на крајбрежната стража и девет приватни бродови и чамци.

Крф е втор остров во Грција популарен меѓу туристите кој е зафатен од огромни пожари.

Пожари беснеат на островот Родос, а голем број жители и туристи беа евакуирани со приватни чамци од плажите бидејќи пламените јазици ги загрозиле одморалиштата и крајбрежните села.

Околу 19.000 гости и жители се евакуирани од Родос.

Пожарникарите во текот на ноќта се обидув аа да стават под контрола 82 шумски пожари низ Грција, од кои 64 започнаа во неделата, најтоплиот ден од летото досега, јави Катимерини.

Вистинско чудо! Пожар на поткровје каде живееле свештеници пеплосал се’, освен икона со Богородица и Исус

На социјалните мрежи се прошири фотографија, за која се вели дека е од српскиот град Рума, каде деновиве избил пожар на поткровје од зграда каде живееле двајца свештеници.

Пожарот според пишувањата на српските медиуми пеплосал се’, освен икона со Богородица и Исус.

Иконата била речиси недопрена, па случката остави без зборови илјадници корисници на социјалните мрежи.

Дали ова е правда за жртвите од модуларната болница во Тетово? – Бесими не се осеќал виновен

Прашан како се чувствува и дали ова е правда за жртвите, Бесими посочи: „Жалам за трагичниот настан, не се осеќам виновен. Не сум потписник, не сум бил надзор. Останува да ја барам правдата со цел сите жртви, семејствата, да ја знаат вистината. Највеќе заинтересиран за ова сум јас“.

Бесими денеска беше осуден на условна казна затвор.

Директорот на тетовската болница доби УСЛОВНА КАЗНА ЗАТВОР: Не ја разбирам пресудата

Осудениот ексдиректор на болницата во Тетово, Флорин Бесими, посочи дека не ја разбира пресудата со која доби условна казна за пожарот во модуларната болница односно за непревенирањето. Тој кажа дека не е потписник, ниту има некаква поврзаност со објектот. Најави жалба до Апелација.

„Не ја разбирам пресудата. Не ми е јасно како ме поврзуваат со модуларната болница кога самите бевте присутни и од самите докази се гледа дека не сум изведувач, не сум бил надзор, ниту сум ја примил, што постои во документите. Не сум потписник. Само знам дека се обвинувам за ПП-апарати – дали имало или немало, тоа во текот на судскиот процес го кажаа сведоците. Мене ми останува да се спротивставам на пресудата и да го барам правото во повисоките судски институции“, рече Бесими.

Прашан како се чувствува и дали ова е правда за жртвите, Бесими посочи: „Жалам за трагичниот настан, не се осеќам виновен. Не сум потписник, не сум бил надзор. Останува да ја барам правдата со цел сите жртви, семејствата, да ја знаат вистината. Највеќе заинтересиран за ова сум јас“.

Бесими беше осуден на условна казна затвор.

Во пламен фабрика за канабис во Росоман (ВИДЕО)

Со повеќе од 10 возила и над 25 пожарникари ставен е под контрола пожарот пожар кој денеска зафати фабрика за одгледување на канабис за медицински цели во тиквешкото село Дебриште.

Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчева информира дека во гасењето биле вклучени екипи на ТППЕ Кавадарци, ЈП Комуналец Кавадарци и Еуроникел.

Изгоре куќата на семејството Марковски, немаат ниту облека за децата (Видео)

На 24 јануари изгоре куќата на четиричлено семејство во Скопско Поле во населбата Гоце Делчев.

Семејството Марковски упати апел за помош со облека, храна, млеко, пелени и хигиенски средства. Тие исто така имаат потреба и од градежни материјали, мебел и бела техника.

Во проделжение погледнете го видеото од кобната ноќ и како сега изгледа домот на семејстово:

– За жал јас и моето семејство останавме и без тоа малку што ни остана. Би сакал да Ве замолам во името на целото мое семејство за помош. Огнот ни одзема буквално се, со нас е само облеката што беше на нас, немаме ниту финансии за основни работи. Комшии мои доколку сте во можност да ни помогнете со облека, храна, млеко, пелени и хигиенски средства ќе ви бидам благодарен. Господ да Ве чува, стои во објавата.

Линк од објавата за помош – контактирајте го Никола Марковски

https://www.facebook.com/nikola.markovski.984/posts/893985378698016

Семејството Марковски од Гази Баба бара помош: Им се пеплоса домот (ФОТО)

Силен пожар избувна доцна синоќа во домовите на семејствата Марковски од населеното место Гоце Делчев во скопска Гази Баба. За среќа нема повредени од членовите на семејствата.

Пожарот за кратко време бил ставен под контрола и било спречено истиот да се прошири на останатите куќи кои се наоѓаат во околината, со оглед на тоа дека станува збор за густо населена средина.

Семејството Марковски кое остана без својот дом преку социјалните мрежи упати апел за помош со облека, храна, млеко, пелени и хигиенски средства.

„За жал јас и моето семејство останавме и без тоа малку што ни остана. Би сакал да Ве замолам во името на целото мое семејство за помош. Огнот ни одзема буквално се, со нас е само облеката што беше на нас, немаме ниту финансии за основни работи. Комшии мои доколку сте во можност да ни помогнете со облека, храна, млеко, пелени и хигиенски средства ќе ви бидам благодарен. Господ да Ве чува“, стои во објавата.

ГРАЃАНИТЕ КОИ МОЖАТ ДА ПОМОГНАТ НА ОВА СЕМЕЈСТВО НЕКА ГО КОНТАКТИРААТ НИКОЛА:

Се засолниле во некогашната дискотека да се дружат, па изгореле – СТРАШЕН ПОЖАР ВО НОВИ САД (Видео)

Две јагленисани тела се најдени во Рачка улица во Петроварадин, откако околу пет часот избил пожар во некогашната дискотека, инаку објект каде што никој не живее.

Наводно во пожарот изгорел сопственикот на еден дел од објектот, а се работи за идентификација на другиот настрадан човек.

Според некои извори запознаени со случајот, двајцата се засолниле таму да се дружат, иако внатре скоро да нема ништо.

Пожарникарите добиле повик утринава дека избива оган и дим од некогашната дискотека и набрзо околу 5.30 часот пронашле две јагленисани тела на мажи, додека две жени за тоа време се прегледани од страна на екипата на новосадската Брза помош и установено  е дека тие не се повредени, туку дека само се во состојба на шок – вели извор на истрагата.

Засега не е познато како дошло до пожарот.