Tag Archives: пожар

Шумски пожар заради засилен ветер во Галичник, гори дел од планината

Центарот за упрвување со кризи соопшти дека пожарот во Галичник е на непристапен терен и гори борова шума.

„Шумскиот пожар заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото, но истовремено е опасност и за силите ангажирани за гаснење“, велат од ЦУК.

За состојбата, известена е и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Локалните едининици за противпожарна заштита (ТППЕ), Министерството за внатрешни работи (МВР), а и другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), согласно процедурите за работа на дежурните регионални центри за управување со кризи.

Инаку, информацијата за пожарот над селото Галичник, во ЦУК е добиена денеска околу 13.30 часот. Испратени се хеликоптер за гаснење пожар, екипи од противпожарната служба, а на терен е екипа на Национален парк.

Од месната заедница Галичник, претходно соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“ и нема опасност за куќите.

Починатото дете во пожарот во Гостивар било врзано со ланец на нозете!

Јавното обвинителство на Македонија соопшти дека од страна на Основното јавно обвинителство од Гостивар се врши увид на местото каде утринава избувна пожар во станбена зграда во Гостивар во кој загина едно седумгодишно дете. Се очекува и пристигнување на специјална екипа од Одделот за криминалистичко – технички испитувања и вештачења при МВР со цел да се испитаат причините за пожарот.

  Првичните сознанија на лекарскиот тим на лице место упатуваат на тоа дека детето за време на пожарот било врзано со ланец на нозете. Според исказот на семејството, причина за врзувањето било што детето било агресивно. Обвинителството ги презема сите дејствија за утврдување на евентуална кривична одговорност, се наведува во соопштението.​

Издадена е наредба за обдукција на телото на починатото дете и се разговара со очевидците на настанот. По наредба на јавниот обвинител, се врши прибирање на трагите од лице место, кои треба да помогнат за прецизно утврдување на причините за пожарот.

Дете почина, а жена е тешко повредена во пожар во зграда во Гостивар (Видео)

Гостивар 16 март 2021 (МИА) – Едно дете почина, а една жена е во животно-загрозувачка состојба пренесена во гостиварската болница по пожарот што избувна во станбена зграда во Гостивар.
Пожарникарите изнеле безживотно тело на дете и една 35 годишна жена кои набрзо се пренесени со брза помош во градската општа болница.

На ургентното одделение во болницата била констатирана смрт на детето, која наверојатно настанала од задушување.
Според очевидците и станарите, пожарот се појавил утрово пред 8 часот по што се раширил чад и станарите од зградата на улицата “Кеј Вардар” почнале да се евакуираат.


Дежурниот пожарникар Изет Изети изјави дека непосредно по пријавата за пожар на терен излегле со две возила и за пола час го локализирале огнот. Првичните сознанија се дека огнот се појавил во една од собите на станот во кое престојувало повеќечлено семејство.


Според станарите, брзата интервенција спречила ширење на огнот и поголема штета.
Во тек е увид на екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител за да се утврдат причините кои довеле до трагичниот настан.

Експлозија во скопска Автокоманда, изгорени три возила (Видео)

Доцна синоќа, пред полноќ, се случила силна експлозија одекна во скопската населба Автокоманда, при што се запалија и изгореа три возила.

За кратко време стигнале и полициски возила. Засега нема информации за евентуални жртви или повредени, а во возилата што изгореа немало патници во моментот на експлозијата.

Сѐ уште не е позната причината за експлозијата, ниту колкава е вкупната материјална штета причинета во инцидентот.

На следниов линк можете да погледнете снимка од граѓанин кој го снимал настанот постирана на Твитер мрежата:

https://twitter.com/kaamiii__/status/1358560327277936645?s=20