Tag Archives: празници

УЦЕНИ ОД МЕСАРИТЕ ПРЕД ПРАЗНИЦИ: Мора да купите половина главче или дропчиња за да добиете јагнешко месо за Велигден

Незаконска е продажбата на половина или четврт јагне во комбинација со половина главче или јагнешки дроб по иста цена.

Ова за весникот Слободен печат го тврдат од Организацијата на потрошувачите, особено што јагнешките внатрешни органи и главчињата, посебно се продаваат по речиси 4 пати пониска цена од еден килограм јагнешко месо.about:blank

Граѓаните се револтирани оти веќе плаќаат по 550 денари за килограм јагнешко, не мора така да им се пресметуваат и внтрешните органи, кои посебно се продаваат по 159 денари за јагнешка дроп сарма или 59 денари за едно главче.about:blank

-Купив два килограми јагнешко месо, околу четврт јагне и ми кажаа дека со тоа следува јагнешки дроб (бел и црн). Морав да го земам и него, а беше потежок од 600 грама, кој ми го наплатија по цената за еден килограм јагнешко месо (550 денари). Значи за два килограми јагнешко и за дробот, кој инаку посебно чини 160 денари за килограм, морав да платат речиси 1.500 денари. Ова е вистински грабеж, се случува секогаш пред празници и не само со јагнешкото, туку и со прасечкото за Нова Година, кога секој сака да има побогата трпеза. Од една страна замрзнуваат цени за денар и два, а никој не контролира што ни прават месарниците и големите маркети со овие видови месо, вели е читателка на Слободен печат.

Женски тепачки за празниците во Македонија

На 06.01.2023 во 16.30 часот било пријавено дека во казино на ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 42-годишната Г.Т. од Кавадарци и 23-годишната Т.Т. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 06.01.2023 во 12.30 часот М.Г.(68) од Битола пријавила дека на 02.01.2023 околу 15.30 часот во Битола била физички нападната од З.Г.(52) од Битола. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Скопскиот бискуп Стојанов – Љубовта на Бог трае вечно, оваа радост се манифестира во празнувањето на Божиќните празници

„Од Неговата полнота ние сите примивме благодат врз благодат“, вели свети Иван Евангелист во прологот на своето Евангелие. Бог го создаде универзумот и целиот свет. Тој, исто така, го создаде човекот како свој пријател и му ја довери грижата за целиот свет и целото создание да управува со него мудро и праведно. Но, човекот не се однесува секогаш како оној кој верува дека Бог му е пријател, па затоа како разиграно дете се препушта на своите лудости и ароганција. Поради тоа го губи највредното нешто што го има, а тоа е пријателството со Бога.

Човекот едноставно дозволи да биде убеден од застрашувачката змија (сатаната) дека Бог не му е пријател, па се оддалечил од Бога и му се приклонил на овој искушувач, надуеност, грев и зло. Најлошото во сѐ што се случи е што после тоа човекот не знаел сам да ја поправи штетата и го изгубил ова големо богатство, пријателството со Бога. А кога по овој чин ги започнал своите историски заобиколувања, започнува и неговиот егзилски пат низ историјата. Тој пат е обележан со потоци крв и солзи уште од времето на Каин.

Меѓутоа, и покрај сè, Бог останува верен на своите ветувања и неговата љубов трае вечно. Тој не го остави човекот, туку го следеше по тој пат на егзил, да го бара и пронајде изгубениот човек. И кога се исполнило времето, тој се наведнува кон човекот, брза да го пречека за да го спаси и да му го врати првобитното достоинство што го изгубил. Уште повеќе, Бог зема човечка природа и станува човек во својот Син Исус Христос за да нè облече во неговата божественост.

Бог чудесно нè создаде како свои пријатели, а уште повеќе чудесно нè откупи. Ова е нашата среќа и нашата радост. Оваа радост се манифестира во празнувањето на Божиќните празници. И додека сме среќни со чинот на Божјата љубов, во молитвите и мислите ги носиме нашите браќа и сестри кои ќе бидат во немир за време на овие празници поради воените настани, особено во Украина. Го молиме Миротворецот, Господ Бог, да им даде мир на сите луѓе, кога веќе не сме способни да направиме сами нешто за оваа наша Земја.

На сите им посакувам среќен Божиќ и благословена Нова Година!

Скопски бискуп и Струмичко  -скопски епарх

ДВЕСТА МИЛИОНИ Американци во студ и мраз ќе ги дочекаат празниците

– Повеќе од 200 милиони луѓе во САД се засегнати од студот и невремето проследено со мраз и снежни виулици што го зафати континентот во деновите пред престојните празници.

Мразот и опасните услови го пореметија одвивањето на сообраќајот во поголемиот дел од земјата, со откажани илјадници летови.

Во многу сојузни држави условите се премногу опасни за возење, предупредуваат властите, бидејќи милиони Американци излегуваат на патиштата и се упатуваат кон аеродромите за да ги прослават престојните божикни и новогодишни празници.

Со денеска на пладне се регистрирани повеќе од четири илјади откажани летови, а најпогодени се аеродромите во Сиетл на северозапад, Њујорк, Чикаго на север и Детроит.

Во округот Ири во американската сојузна држава Њујорк беше прогласен и полициски час.

Повеќе од милион Американци денеска напладне останаа без струја во сојузните држави Северна и Јужна Каролина, Конектикат и Тексас.

Проценките на Американското здружение на возачи се дека околу 112 милиони луѓе треба да поминат најмалку 80 километри во периодот од денеска до 2 јануари.

Неколку држави прогласија вонредна состојба, како што се Њујорк, Оклахома, Кентаки, Џорџија и Северна Каролина.

Интензивни врнежи од снег се регистрирани во северните делови на САД, особено во регионот на Големите езера.

Пред нас се големи празници, утре е Лазарова сабота, а во недела Цветници: Еве што треба да знаете за овие денови

Лазарова сабота или Лазарици или Лазаровден — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден. На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците.

Во Македонија овој празник има големо значење и масовно се прославува низ целата земја. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места и пеат лазарски песни. Има повеќе лазарски песни и се користат според личниот, семејниот или општествениот статус на лицето за кое е наменета песната.

Песните обично се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок.Лазарова сабота или Лазарици или Лазаровден — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден.

На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците.

Во Македонија овој празник има големо значење и масовно се прославува низ целата земја. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места и пеат лазарски песни. Има повеќе лазарски песни и се користат според личниот, семејниот или општествениот статус на лицето за кое е наменета песната. Песните обично се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок.

Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител. Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил тамо но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар, Марта и Марија го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да умре. Марта уште му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми.

Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“. Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим.

Во Македонија со Лазаревата сабота се поврзани повеќе обичаи и песни познати како лазарски. Ги изведуваат девојки во групи одејќи по куќите и низ населените места и пресретнувајќи ги луѓето. Лазарките му пеат посебна песна на секој човек зависно од неговата возраст и општествената положба и за тоа добиваат дарови, најчесто пари. Во овие песни се велича личноста, се посакуват напредок на семејството здравје и среќен живот на поединецот. Овој обичај се нарекува Лазарување.

На овој ден обично се оди на река и се вели: Колку далеку го фрлив овој камен, толку подалеку да биде змијата од мене! На овој ден се бере цвеќе, но не се внесува дома, туку важно е да се остави во дворот. Со цвеќето се кити домот, а со водата каде стоело се замиваат домашните.

Неделата, една седмица пред Велигден е празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, што се празнува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери кршеле цвеќе од дрвјата и врбови гранки и со нив, како и со својата облека му го постилале патот по кој минувал. Саботата пред Цветници се вика Лазарева Сабота или Лазарица, 

односно Лазара. Според преданието, во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата.

Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител.

Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар, Марта и Марија, го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“.

Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот, Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим.

Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора, Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија за да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати“.

Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ. Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре?

Толкувачите на Светото Писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот, наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот, како што и Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините“.

Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој, меѓутоа, се празнува од III век. На иконата овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека.

Јагнешкото ќе поскапи за велигденските празници, се очекува да надмине 200 ДЕНАРИ за килограм

Цената на јагнето жива мера во моментов е околу 160 – 200 денари за килограм. Производителите очекуваат нејзино зголемување за претстојните велигденски празници, но се уште не прецизираат колкаво ќе биде поскапувањето.

-Цената на јагнешкото месо оваа година е релативно ниска, зашто сите репорматеријали и храната двојно поскапеа. Јас го продадов моето јагне од првиот турнус по 160 денари за килограм. Очекувам дека јагнешкото ќе поскапи за празниците и дека откупната цена во шпицот ќе надмине 200 денари, но ќе видиме, зашто домашниот есап на пазарот не излегува, вели Петре Пешов, сточар од Виница кој има околу 300 грла.

Според него, на нашите граѓани им е побитна цената, од квалитетот.

-Цената на јагнето е флуктуирачка и постојано расте, секој ден. Не би можел да кажам конкретна вредност во моментов, но околу 200 денари е откупната цена и постојано расте. Реалната цена ако се земат предвид производните трошоци, би била над 230 денари. Производната цена не се покрива веќе години наназад и тоа е една од причините за падот на овчарството во земјава. За велигденските празници очекуваме вкупната цена да се зголеми. Продажната цена во месарниците сега е 400 – 500 денари, истакна претседателот на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“, Никола Георгиев.

Производителите велат дека потрошувачката на јагнешко во земјава е ниска и достигнува околу 10 000 јагниња, додека извозот е 170 000 грла годишно.

Две недели онлајн настава за учениците пред новогодишните празници, предлага Пановски

Никола Пановски предлага две недели принуден распуст, односно онлајн настава за учениците пред новогодишните празници. Оваа мерка ја предлага со цел да се превенира за евентуално влошување на епидемилошката состојба.

Јас би преземал мерки, еве сега на две нели од католички Божиќ, православен, распуст на децата и да се редуцира и јавниот превоз, затоа што нема да одат учениците во школо, ќе бидат онлајн две недели. Нема тоа да биде распуст, во некои земји две недели ги пуштаат. За овој период кога се тие слави, да се ублажи сегашниот сој или тој што ќе дојде“, рече неодамна професорот Никола Пановски во изјава за Алфа ТВ.

Полицискиот час почнува од 21:00, за празниците без ограничувања, се отвораат летните тераси на угостителските објекти

Владата на денешната седница донесе одлука, односно ги прифати предлозите од Комисијата за заразни болести и Кризниот штаб, и од утре полицискиот час почнува во 21 часот, дознава ТВ21 од извори блиски до Владата.

Исто така од утре ќе може да работат и летните тераси на угостителските објекти.

Како што беше првично најавено, за престојните празници Велигден и Рамазан Бајрам, односно од 1-ви кон 2-ри мај и од 12-ти кон 13-ти мај ќе нема никакво ограничување на движењето на граѓаните, со тоа што продолжува да важи мерката за угостителите да не работат од 21 часот до 05 часот наутро.