Tag Archives: Преспанскидоговор

Книгите „Црно семе“ и „Црнила“ ИЗБРИШАНИ од средното стручно образование

„Како само за нас, Македонците, да се создадени сите црнила на овој век„ – оваа позната реченица од книгата „Црнила„ на Коле Чашуле веќе нема да допира до македонските средношколци. Нема ни да го прочитаат цитатот „Ајде потпиши дека си коњ, кога не си коњ„ од романот „Црно Семе„ на Ташко Георѓиевски. Двете антологиски дела се тргнати од програмата во средното стручно образование, потврдуваат професори по македонски јазик за Алфа телевизија.

Официјално нема никакво образложение од бирото за развој или од другите образовни институции. Сепак, дел до професорската фела се сомневаат дека мотивот за цензурата на овие две дела во средното образование е што едното се занимава со состојбата на Македонците во Бугарија, другото со Егејците, објавува Алфа телевизија.

Дејството на Црнила се случува во 1921 година во Софија, а Чашуле е прв автор кој на ваков начин напишал за македонските црнила, за антимакедонштината. Инспирација за да го напише делото му бил вистински , историски настан, убиството на Ѓорче Петров. Идејата е да се прикаже осуда на моралниот пад, “братоубиство”, забивање на нож во грбот-како честа појава во нашата мрачна историја.

-Видов кревање рака на својот идеал. Усмртувањето на Ѓорчета од македонска рака, а во служба на антимакедонски однародени интереси, за мене станаа симбол на македонските црнила воопшто, кажал Чашуле.

Заев не жали за Преспанскиот договор: Национализмот може да ја уништи мојата земја одвнатре

Национализмот може да ја уништи мојата земја одвнатре, но може да им наштети и на односите на Македонија со Грција и Бугарија бидејќи провокациите и националистичката реторика може да им обезбеди на премиерите на Грција и Бугарија, доволно причини да преземат мерки против нас за да го заштитат нивното достоинство и гордост, вели поранешниот премиер Зоран Заев во интервју за ANTEREC – Академска мрежа за поддршка на политиката на ЕУ кон Западен Балкан.

Тој потенцира дека национализмот не придонесува за градење пријателства, не поттикнува врски и не обезбедува за просперитетна иднина.

За потпишувањето на Преспанскиот договор, Заев вели дека „со Алексис Ципрас никогаш нема да жалиме за компромисите што ги направивме“.

-Граѓаните од двете страни знаат дека не само што  „деценискиот спор“ најде конечна разрешница, туку и отвори пат за стратешко партнерство меѓу двете земји. Договорот дава цела рамка која овозможува идна соработка, вели Заев во интервјуто.

Црвенковски: Преспанскиот договор е избор на помалото зло

Поранешниот премиер и претседател на Македонија Бранко Црвенковски по долго време се појави во јавноста и ги коментираше актуелните политички случувања.

Тој го даде и првиот коментар во однос на договорот со Грција со што земјава стана Република Северна Македонија, с о што продолжи патот за ЕУ и НАТО.

„Преспанскиот договор со Грција јас не го сметам за добар, уште помалку за идеален туку за избор на помалото зло. Сепак затвори едно тешко прашање“, изјави поранешниот премиер и претседател Бранко Црвенковски.

Македонија без тоа на „С“: Конгресменка на САД не ја почитува извршната наредба на Бајден за Преспанскиот

Американската конгресменка Лиса Меклејн не ја почитува извршната наредба на американскиот претседател Бајден насочена кон тие што не го почитуваат Преспанскиот договор.

Конгресменката од 10тиот дистртикт во Мичиген ја честиташе 30 годишната независност на државата Македонија а не на Северна Македонија.

“Би сакалa да им посакам на #Македонија и на моите македонско-американски пријатели во #М10 (областа 10 во Мичиген) многу среќен ден на независноста! #Македонија30”, напиша конгресменката.

Меклејн од оваа година е членка американскиот конгрес од редовите на Републиканската партија.

Избрана е делумно и со гласовите на Македонците во овој дел на Америка.

Заев ќе прими НАГРАДА ЗА МИР, вели дека обезбедил ИДНИНА за младите

Премиерот Зоран Заев вчера вечер повторно се сретна со неговиот поранешен грчки колега Алексис Ципрас.

Средбата е пред денешната церемонија по повод доделувањето на Меѓународната награда за мир на Вестфалија.

-Храбрите одлуки носат мир и градат вечни пријателства. Најголемата награда за нашиот подвиг е тоа што обезбедивме иднина за младите кои ги зближуваме. Радосни сме што нижеме признанија, голема чест е што и светот ја препознава големината на нашиот подвиг остварен со Договорот од Преспа, напиша Заев на Фејсбук.

Белата куќа ќе ги става на „црна листа“ сите што ќе го кршат Преспанскиот договор!

Сите оние кои ќе го кршат Преспанскиот договор ќе бидат ставени на американската „црна листа“. Истото се однесува и за Охридскиот рамковен договор. Ова е заверено со потпис на американскиот претседател Џо Бајден кој во вторникот ја потпиша новата Извршна наредба за замрзнување на имотот и забрана за влез во САД на лица кои ја загрозуваат стабилноста на Западен Балкан. Новото во оваа наредба е што во неа се вклучуваат санкции и за лица кои работат против Договорот од Преспа и Охридскиот рамковен договор, соопшти Белата куќа.

– „Јас, Џозеф Бајден Помладиот, претседател на САД, го проширувам опсегот на итната состојба објавена со Извршната наредба 13219 од 26 јуни 2001 (Замрзнување на имот на лица кои ги загрозуваат меѓународните напори за стабилизација на Западен Балкан), прецизирана со Извршната наредба 13304 од 28 мај 2003 “, се вели во дел од Извршната наредба.

Затоа, Бајден наредува да бидат замрзнат сиот имот и интереси што се во САД на лица кои ќе ги одреди Секретарот за финансии, во консултација со Државниот секретар. Ова значи дека освен санкционирање на корупција или терористички активности, Белата куќа на „црна листа“ ќе ги става и лицата или групи кои се одговорни, директно или индиректно, за поткопување на демократските процеси или институции во Западен Балкан.

Ова се однесува на дејствие „кое го попречува или е закана по имплементацијата на кој било регионален безбедносен, мировен или договор за соработка или рамковен договор поврзан со Западен Балкан, вклучувајќи ги Договорот од Преспа од 2018 година, Охридскиот рамковен договор од 2001 година“.

Власта лута на поглаварот на МПЦ-ОА, го уривал Преспанскиот договор

Високи членови на СДСМ во Владата се лути на поглаварот на Македонската православна црква Архиепископот Стефан затоа што не сака да го тргне од своите простории знамето со ѕвездата од Кутлеш и со тоа го уривал Преспанскиот договор.

Со тоа поглаварот, според изворите во Владата, правел сериозни проблеми за премиерот Заев кој на Грција ќе треба да и објаснува зошто првиот човек на МПЦ-ОА инсистира во секоја јавна прилика да го промовира 16-кракото сонце од Кутлеш кое во Македонија е практично забрането со Преспанскиот договор.

Заев пред грчките партнери уверувал дека владата ќе направи напор да го тргне овој симбол дури и од институции и организации за кои нема ингеренции а велел дека поглаварот Стефан е негов личен пријател кој може да биде убеден да не го покажува знамето од Кутлеш.

Знамето со сонцето од Кутлеш, во Грција познато како сонце од Вергина заедно со знамето на МПЦ-ОА и државното знаме е поставено на официјални средби што ги има поглаварот Стефан.

Сонцето од Кутлеш е присутно во многу храмови на МПЦ-ОА кои се изградени во последните десетина векови и се смета за неофицијален симбол на македонската црква.

Според договорот од Преспа што го потпиша Никола Димитров сонцето од Кутлеш треба да биде избришано од сите ентитети кои имаат врска со државата.

Во еден период власта на СДСМ се обиде да го брише и од канализациски шахти но се откажа откако увиде дека тоа е лудо, невозможно и политички штетно.

Владата на СДСМ е свесна за моќта на архиепископот и не сака да влегува во директна битка со него ниту официјално може да бара МПЦ-ОА да го тргне знамето од Кутлеш но се надева дека поглаварот Стефан самиот ќе разбере каква штета прави за односите со Грција и барем на јавни настани ќе престане да го користи симболот за кој државниот врв целосното право на користење му го даде на јужниот сосед.