Tag Archives: Прилеп

После 6 години, 1200 ученици од Прилеп повторно го формираа македонското знаме

1200 ученици од прилепските основни училишта денеска по повод Денот на народното востание – 11-ти Октомври, го формираа знамето на Република Македонија.

Една прекрасна традиција која оваа година се возобновува после 6 години. Во продолжение погледнете го дрон видеото од овој величенствен настан:

Видео: https://youtu.be/ZFCfEk9ldQU

Извикуваа “Македонија, Македонија…” и делеа знаменца, дечињата од прилепските градинки како никој досега го одбележаа Денот на независноста (Фото галерија)

Вистинстинска позитива како никогаш досега ја огреа прилепската Стара чаршија денеска. Во пресрет на Денот на независноста – 8-ми Септември, малите ангелчиња од градинките “Наша иднина”, заедно со нивните воспитувачки, покажаа дека и тоа како си ја сакаат државата во која живеат.

Насмеаните дечиња ја украсија со македонски знамиња камената бина во центарот на градот, а потоа извикувајќи: “Македонија, Македонија…”, прошетаа низ чаршијата, а на случајните минувачи, дуќанџиите и на оние кои одмараа на клупите, им делеа македонски знаменца.

Една искрена, весела и среќна дружина која ни го разубави денот, и воспитувачки кои заслужуваат награда. Ако најмалите ги воспитуваме вака, од мали нозе да си ја сакаат Македонија, тогаш се уште можеме да ја исправиме иднината.

Браво за дечињата од Прилеп

Маркукуле.мк

Во Прилеп оваа учебна година има 100 помалку првачиња од лани

За 100-тина е намален бројот на запишани првачиња во новата учебна година во 10-те основни училишта во Прилеп. Пред стартот на новата учебна година петте средни и десетте основни прилепски училишта се подготвени, ама наставнитците и учениците ќе се снаоѓаат како знаат и умеат без сите учебници.

Едно од основните училишта во центарот на градот во просек запиша по 12 деца во одделение. За шест месеци во претходната учебна година родителите отпишаа 300 ученици и заминаа од државава. Во училиштата не се изненадени и за годинава.

-Во оваа учебна година за првпат ќе зачекорат околу 700 ученици во прво одделение од предвидените околу 800 во единаесетте основни училишта, вклучувајќи го и музичкото училиште. Во прва година од средното образование, во петте средни училишта се запишуваат околу 730 ученици. Трендот на намалување на учениците продолжува и во оваа учебна година. Со воспитно образовниот процес од предвидените околу 800 ќе започнат 700 ученици. Имаме намалување од 100-тина ученици што е алармантно и нешто што се случува со години. Ситуацијата родителите да ги отпишуваат децата и да заминат во странство се случува во сите степени на образовниот процес од прво одделение до четврта година во средното образование. Тој тренд продолжува. За шест месеци од училишните клупи се отпишани околу 300 ученици што треба да не загрижи и да го вклучи алармот кај сите за да се преземе нешто, и кај институциите и кај сите нас како поединци, ни изјави Гоце Бумбароски наставник и советник за млади при прилепската локална самоуправа.

Ланската практика на скрипти и интернет-истражувања ќе се повтори во новата учебна година што долгорочно се одразува на квалитетот на школството и образованието кај младите. Наставниците се чудат кој крај да го фатат. Некаде стигнале некои учебници, но недоволно.

Поучени од минатогодишното искуство кога недостигаа голем дел учебници, претпоставка е дека и оваа година ќе ни се случи да немаме учебници, или, можеби да добиеме материјали за работа, во еден учебник спакувани неколку учебници само за првото тримесечие, па повторно да доаѓаат ученници, пак ќе се снаоѓаме. Не знаеме како и кога ќе стигнат учебниците, ниту кои теми и содржини се опфатени во нив, а нашите годишни програми се веќе доставени до службите во училиштата. Навистина е сето неизвесно, а тоа влијае на целиот образовен процес и на општеството и треба да се запрашаме што се случува, вели Бумбароски.

Новата учебна година отвори повеќе прашања отколку што понуди одговори и за преку 10 000 основци и средношколци во Прилеп.

Неизмерна љубов! Два дена го чека газдата пред прилепската болница и не јаде, а “луѓе” го гаѓале со камења

Кучево е пред болница Прилеп. Трчало по возило на итна помош во кое се превезувал газдата со мозочен удар.


Два дена го чека пред болница сопствениоот и не јаде – пишува на својот Фејсбук профил Славко Дамјановски.

(Фото) Автомобил излета во река во Прилеп

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) во 13:11 часот на Единствениот број за итни ситуации 112 во ЦУК е добиена информација дека патничко моторно возило марка „голф“ влетало во реката кај мост „Кочо Рацин“ во Прилеп.

Од Регионалниот ЦУК Битола контактирале со ТППЕ Прилеп и добиле известување дека имаат екипа на лице место, како и од Итна медицинска помош Прилеп и дека во возилото имало две лица кои се извлечени. На терен, согласно ситуацијата, била излезена и полициска екиа од Полициската станица Прилеп.

Едното од лицата е неповредено, додека другото било повредено, но било надвор од животна опасност

Конкретно, ЦУК има информација од МВР Прилеп дека ангажираните екипи од Системот за управување со кризи (СУК) се уште се на терен и е повикана „шлеп“ служба за извлекување на возилото. Во возилото имало 2 лица, од кои едното лице се здобило со лесни телесни повреди и е пуштено на домашно лекување, додека другото лице е со тешки телесни повреди, но е вон животна опасност и веднаш е транспортирано со Брза помош во ЈЗУ Општа болница „Прилеп“.

Фото: Маркулеле

Прилепски камион е хит низ Европа – Го управува 25-годишна девојка, која ги освојува сите погледи (ФОТО)

Катарина Сечи од Нови Сад е една од ретките жени со потекло во Македонија и регионот што руши стереотипи и работи како професионален возач на камион.

25-годишната девојка веќе две години е шофер на шлепер во прилепската фирма “Енигма Транспорт” и е вистинска мотивација за сите припаднички од понежниот пол кои сакаат да се занимаваат со оваа професија.

И не е само тоа, Катарина освен голем шлепер, во слободно време вози и моторцикли, и тоа од оние со дебела кубикажа.

Пред извесно време Катарина, заедно со екипа од фирмата, беа поканети на четиридневно гостување во седиштето на Renault Truck, во Лион, Франција, каде го презедоа новиот розев убавец со кој ќе управува новосаѓанката.

Новиот другар на Катарина ја чекаше украсен со балони, а на него беше испишано и нејзиното име. Во разгледувањето на новото возило друштво на Катарина и’ правеше директорот на фабриката, кој и’ ги објасни сите перформанси.

Секоја чест за оваа инспиративна девојка, пред се’ за храброста, а потоа и за умешноста да се справува со толку големо возило. И’ посакуваме среќен пат, каде и да оди!

Извор Маркукуле

(ВИДЕО) Џамбазов со важна порака до целата нација

Најпознатиот македонски шоумен, Игор Џамбазов, го најави двесеттото јубилејно издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пиво Фест 2023”, кое ќе се одржи од 13-16 јули.

Видео:

https://fb.watch/l8ejiPeGYu/?mibextid=Nif5oz

Со својот прекрасен настап и моќен вокал го освои жирито: Александра Трајческа од Прилеп е победик на талент шоуто “Заблескај” (ВИДЕО)

Талентираната прилепчанка Александра Трајческа (19) е победничката во втората сезона на оналјн-талент шоуто „Заблескај“, кое е во оригинален мултимедијален проект на компанијата “Колор Медиа Плус“ и магазинот “Убавина и Здравје“ поддржан од ОРБИТ.

Александра успеа да ги освои максималните бодови од жирикомисијата составени од членовите: Композиторот Николче Мицевски, пејачката Александра Јанева, естрадниот новинар Антонио Димитриевски и модната дизајнерка Маја Кикириткова.

Вкупно во финалето се натпреваруваа 12 кандидати, но само Александра со својата изведба на џез-нумерата „Orange Colored Sky“ брилијираше и заслужено го освои првото место.

Одлични беа и останатите натпреварувачи, но за жал мора да победи само еден…
Инаку Александра како главна награда освои 1.000 евра и договор со пиар и букинг менаџер во времетраење од една година.

Погледнете го како изгледаше финалето од втората сезона на музичкото онлајн талент шоу „Заблескај“. Настапот на Александра е од 36-та минута.

Како славеа матурантите од Прилеп – Песна, оро, знамиња… (ВИДЕО)

Матурантите од прилепската гимназија “Мирче Ацев” денеска го прославуваат завршувањето на четиригодишното средно образование, па со песна, оро и знамиња, го разиграа прво училиштето, а потоа и сите во центарот на градот.

Во пресрет на деновите кога треба да се одлучат каде ќе го продолжат своето образование, заслужуваат да се провеселат и за последен пат да се дружат со целата своја генерација.

Она кога ќе ти го украдат ретровизорот – „Арамијата да дојде да го врати ретровизорот за да не се расправаме“ (Видео)

Кражба на ретровизор на „ауди“ во Прилеп снимија безбедносните камери, пренесува Макфакс.

Oштетениот го повика крадецот веднаш да дојде и да му го врати оти се знае колку такви автомобили има во Прилеп.

„Арамијата да дојде да го врати ретровизорот за да не се расправаме. Се знај колку коли има вакви и на кого му треба ретровизор“, вели прилепчанецот.