Tag Archives: прогноза

Пресврт со времето – Подгответе се за невреме

До петок ќе се задржи стабилно и многу топло време. Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа и во форма на невреме. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурата.

Прогноза за 04.08.2023
Минимална температура: 14°C до 23°C
Максимална температура: 34°C до 40°C

Сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. UV=9

Прогноза за 05.08.2023
Минимална температура: 15°C до 23°C
Максимална температура: 30°C до 38°C

Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. UV=8

Прогноза за 06.08.2023
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 26°C до 31°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. UV=8

Детална неделна анализа: Очекувајте го првиот снег во градовите

Под влијание на влажен и постуден воздух од север, како што најавивме ќе го донесе првиот снег и на пониските места и тоа денес и во понеделник, особено во западните предели каде се очекува на повисоките места и на планините формирање на снежна покривка од над 15 цм, додека во населените места (градовите) понекаде ќе се формира снежна покривка од 5 до 10 цм.

Температурите значително ќе се намалат и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 9 степени во најтоплите централни и југоисточни предели од државава. Минималните температури пак ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени.

Во Скопскиот регион се очекува снег само на поголема надморска височина, односно особено на околните планините.

Во некои пониски места (градови) и тоа особено во централните и југоисточните предели ќе врне дожд. Потоа во текот на следната седмица очекуваме значително постудено време и барем одсега гледано ќе има нови врнежи, но сепак детали околу ова овие денови.

Сончево и топло до 36 степени, УВ индексот 9

Времето денеска ќе биде сончево и топло, а попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец, а попладне со мала локална облачност. Максималната температура ќе достигне до 35 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на многу топло време. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.