Tag Archives: Пукање

Четворица повредени во вооружена пресметка во Скопје

Две лица се приведени во средата, во врска со пресметка во скопската населба Чаир којашто било користено огнено и студено оружје и притоа се повредени четири лица, информира во четвртокот Министерството за внатрешни работи.

Вчера, како што стои во соопштението, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода 38-годишниот С.Ф. и седум години помладиот С.Н., и двајцата од Скопје.

Тие се сомничат дека на плац на булеварот „Македонско-косовска бригада“  учествувале во физичка пресметка меѓу две семејства соседи, во која било употребено огнено оружје и остри предмети, при што со повреди од огнено оружје се здобиле М.И.на 51 година и еден малолетник, додека со повреди од остар предмет се здобиле 22 -годишниот Ш.И. и 27-годишниот С.И.

Повредените биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде што им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот

Двогодишно дете ја застрела бремената мајка

Инцидентот се случил на 16 јуни кога Лора Илг побарала брза помош пријавувајќи дека двогодишниот син го пронашол нејзиниот пиштол и ја застрелал.

Илг била однесена во болница, каде и бил извршен итен царски рез, бидејќи била во 34 недела од бременоста. Но, лекарите не можеле да ги спасат детето, а подоцна починала и мајката.

Полицијата го пронашла пиштолот СИГ Сауер П365, со која беше застрелана Илг. Но, во нејзиниот дом биле пронајдени и една сач, арка и друга пушка.

Сè уште никој не е обвинет за убиството, а полицијата соопшти дека наодите од истрагата ќе бидат проследени до локалното Обвинителство. 

,,Пукаше во девојчето во кое беше заљубен”

Соседите од зградата во која живее Коста Кецмановиќ (13), момчето кое вчера уби осум училишни другари и обезбедување, а повреди шест ученици и професор по историја, се уште се во голем шок, немаат сила да коментираат за вчерашната трагедија, а за семејството на момчето немаат да кажат лоши работи.

Како што вели еден сосед, таткото на момчето секогаш се наоѓал во зградата кога им била потребна помош – како лекар, но и како сосед.

Меѓутоа, она што сите ги изненадува е тоа што Владимир имал толку многу оружје во станот.

-Кога полицијата ги вадеше работите од станот, велат дека е пронајдено повеќе оружје. Во 2016 година поднел барање за оружје и претпоставувам оттогаш почнал да го собира, којзнае што му искочило во глава – вели сосед.

Коста зборуваат како повлечен и срамежлив тип, кој не се видел со другарите.

-Само жената што ги чуваше беше секогаш со нив, искрено никогаш не го гледав со друштво. Но, знам дека ноќта пред трагедијата беше на роденден со својот клас, оние што ги застрела! Имаше и девојка што му се допадна, и ја застрела – раскажува шокирана соседка.

Како што велат во интервјуто за „Блиц“, сметаат дека семејството ќе мора да се исели.

За таткото и мајката на момчето велат дека и двајцата работат во здравство и се познати како воспитани и љубезни луѓе.

Како што велат, најмалото дете на девојчето сега е некаде со нејзината мајка.

-Никогаш немаше никакви проблеми со нив, освен што Владимир протестираше кога требаше да се отвори православниот центар во зградата, беше отворен на истиот кат каде што се тие, зависниците одат таму на советување. Тој се побуни и протестираше дури и пред патријархот. Се плашеше какви луѓе ќе влезат во зградата, бидејќи е советувалиште за зависници од алкохол и дрога – вели еден сосед.

Синоќа илјадници граѓани ширум Србија им оддадоа почит на убиените деца и на училишниот чувар. Палеа свеќи во Белград, Нови Сад, Ваљево, Ужице…

ПУКАЊЕ во Капиштец: Едно лице е убиено !

Утрово имало пукање во скопската населба Капиштец во близина Млечен ресторан. Жителите биле  биле разбудени и вознемирени од пукотници.

Во пукањето има една жртва, објави МКД.

Од Министерството за внатрешни работи најавени се детели за пукањето од кое граѓаните се вознемирени утрово. За сега не е познат идентитетот на жртвата.

Полициски екипи се веќе на терен и се работи на откривање на детали што точно се случило.

Фото: МКД

ПОВТОРНО ПУКАЊЕ ВО СКОПЈЕ: Нова пресметка во Бутел, двајца специјалци префрлени на Ургентно

Две лица со тешки телесни повреди се пренесени на Ургентен, откако пет до седум напаѓачи некаде околу 01.00 часот по полноќ на 12.03 ги пресретнале на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош во општина Бутел, каде ги претепале, јавува „Инфомакс.мк

Двајцата повредени се припадници на МВР и тоа во специјалните единици на полицијата.

Според информациите на Инфомакс, во нападот користено било и огнено оружје, но за среќа нема починати од престрелката.

Најмалку пет лица се дале во бегство со возило марка „Цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, додека возило со другата група напаѓачи беше запрена од полицијата и задржана на лице место.

Полицијата трага по избеганите, а на лице место се чека увидна екипа и обвинител.

Минатата недела на само 300 метри од плоштадот во центарот на градот се случи професионална ликвидација на две лица со автоматски пушки, а сторителите се уште не се најдени.

Претходно беше киднапиран внукот на екс-министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски по кого полицијата се уште трага.

Фото и извор: Инфомакс.мк

Како Дивиот запад: Продавница, казино и две коли изрешетани од куршуми на „Бутелска“

Казино, продавница и два автомобила биле оштетени од куршуми за кои полицијата вели дека се залутани, на улицата „Бутелска“ во Скопје.

„Утрово (07.02.2023) во 01.51 часот во СВР Скопје, З.З.(34) од Скопје пријавил дека на улицата „Бутелска” од залутано зрно од огнено оружје било оштетено неговото патничко возило „Сеат Леон” со скопски регистарски ознаки. Полицајци од Полициската станица Чаир излегле на местото, при што било констатирано дека од залутано зрно било оштетено и патничко возило „Фиат” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.Н. (24) од Скопје, како и продажен објект и казино“, пишува во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Хорор во Велес – Својата 25 годишна девојка ЈА ПРЕТЕПАЛ и ПУКАЛ ВО НЕЈЗЕ

25-годишна велешанка со прострелна рана во стомакот рано изутрина е однесена во велешката болница, јавуваат локалните медиуми. Инцидентот го потврдија и од СВР Велес од каде велат дека во неа пукал нејзиниот невенчан сопруг.

-Денеска во 07:47 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека кај нив била донесена 25-годишна жена со повреди на телото нанесени од нејзиниот невенчан сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Велес.

Освен прострелна рана, девојката имала и видливи повреди на лицето кои личеле на повреди од тепање, пишува „Батали.нет“. Порталот пишува дека девојката била донесена во свесна состојба но одбивала да одговара на прашњата на докторите.

Девојката сега е пренесена на лекување во Скопје.

-Во 8:30 часот е примена 25-годишна девојка со прострелна рана во долниот дел на стомакот, по што е препратена во Ургентниот центар на хурушките клиники во Скопје, рече д-р Елена Ќулумова, портпарол на велешката болница.

ВЕЧЕРВА ОД 22 ДО 02 ПО ПОЛНОЌ ЌЕ СЕ СЛУШААТ ИСТРЕЛИ ВО СКОПЈЕ – Во оваа населба

Во објект на ул. „Владимир Полежановски“ во Скопје вечер ќе се снимаат сцени за серијата „Бистра вода“, во кои ќе биде употребено огнено оружје.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи по информација добиена од страна на продуцентот на играната серија „Бистра вода“, снимањето ќе се одвива во периодот од 22.00 до 02.00 часот.

Путин пукаше со снајпер за време на посетата на мобилизираните војници (Видео)

Рускиот претседател Владимир Путин, додека ја проверувал обуката на мобилизираните на полигонот во регионот Рјазан, самиот пукал од снајперска пушка Драгунов.


Во четвртокот Путин го слушна извештајот од министерот за одбрана Сергеј Шојгу за мобилизираната борбена обука и ја прегледа тактичката, огнената, инженерската и медицинската обука на мобилизираниот воен персонал на полигонот на Западниот воен округ.
Шефот на државата ставил слушалки, зазел лежечка положба и испукал неколку истрели од пушка Драгунов.

СВД, денес главната снајперска пушка во вооружените сили на Руската Федерација, беше усвоена уште во 1963 година. Пушката е самополна и се напојува со патрони 7,62 x 54 R. Лесна е за учење и ракување и има висока доверливост.

Кај нас НЕ СЕ ПУКА САМО НА ПОГРЕБ

Рафалите од оружјето станаа главен белег на заедничките семејни собирања Свадби и разни други прослави проследени со пукотници се доста честа слика во земјава.

За жал, ова претставува навистина сериозен проблем за граѓаните, кои, од друга страна, и покрај тоа што сите овие пукотници од огнено оружје предизвикуваат општа опасност за нив, сепак, се плашат да пријават бидејќи не сакаат да си навлечат дополнителни проблеми. И покрај кампањите на Министерството за внатрешни работи, и покрај казните за некои од „пукачите“, населението никако да се откаже од овие примитивни навики.

Од она што екипата на Нова Македонија го констатира на терен, но и од многубројните поплаки на граѓаните, се чини дека ниту една превентивна и репресивна политика не е доволна причина „пукачите“ да се откажат од примитивното славење со вадење огнено оружје и негово употребување.

Во Арачиново, Чаир, Сарај, Бутел, па и во други градови и села во земјава, пукањето на прослави станува рутина без која не може да се одбележи свечен настан.

Екипата направи обиколка во неколку населени места и она што го забележавме е поразувачко. Нема прослава каде што не се употребуваат најчесто пиштоли, а поретко и автоматски пушки.

Граѓаните со кои разговаравме, а кои не сакаа да ни дадат податоци, поради тоа што се плашат да не им замерат соседите што вообичаено пукаат, велат дека се плашат за своите животи.

– Живеам во Бутел 2 и изминатиов период во нашата населба имаше доста прослави. Имам мали деца што си играат во дворот од семејната куќа, кои, за жал, секогаш кога ќе почнат соседите да пукаат, ги прибирам дома, затоа што се плашам од заскитани куршуми. Не сакам да излезе дека набедувам или измислувам информации, меѓутоа, јавна тајна е дека тука кај нас нема прослава без пукање од огнено оружје – вели нашата соговорничка.
Таа вели дека нема никаква слобода да седне со децата во двор, бидејќи пукотници има речиси секој ден во кој било период од денот.

– Не пријавувам, затоа што се плашам за мене и за моето семејство. Знаете какво време е дојдено, не сакам да пријавам затоа што може потоа да си имам проблеми со соседите. Тој што има пиштол дома, тој е подготвен и да го употреби. Навистина се плашам од реваншизам, се плашам да не ми се закачат на глава, па да имам уште поголеми проблеми. Нема друг спас, освен да трпиме – вели друг соговорник од Чаир.

Преземено од Vecer.mk