Tag Archives: работа

Во Базел луѓето СЕ ВРАЌААТ ОД РАБОТА ПЛИВАЈЌИ по реката Рајна (Видео)

Инфлуенсерка Вана Бојовиќ објави видео на Интаграм на кое се гледа како луѓето пливајќи се враќаат од работа.

Таа вели дека постојат повеќе причини за тоа, скапиот јавен превоз, но и топлите температури па сакаат да се разладат.

Користат посебни водоотпорни торби во кои веројатно ја ставаат облеката и личните предмети.

Видете за што се работи:

https://www.instagram.com/reel/CvDGJe-oMTX/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==

Германија реши: СЕКОЈ ШТО МОЖЕ ДА РАБОТИ – МОРА ДА РАБОТИ, во спротивно ќе биде казнет

Германците се познати како исклучително организирани и дисиплинирани, луѓе на кои работата им е повважна од се. Но, последниве деценија-две дојдоа многу доселеници и менталитетот почна да се менува. Германците решија да се вратат на своите принципи и да ги потсетат дека се уште во Германија работата е пред се.

Конзервативната опозиција во Германија бара од владата порестриктивни критериуми за помош на невработените. Тој предлага да бидат казнети оние кои неоправдано одбиваат понуда за работа.

„Нешто мора итно да се смени во политиката за поддршка на невработените. Треба да воведеме работна обврска за невработените кои всушност можат да работат“, изјави во петокот за агенцијата ДПА потпретседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Карстен Линеман.

Според неговиот предлог, невработените кои нема да најдат работа во рок од шест месеци, нивната општина да ги испрати на работа „освен ако нема добра причина“, на пример, ако невработеното лице е во процес на образование или стручна преквалификација.

Доколку некој од бирото неоправдано го одбие понуденото работно место, продолжи Лајнмен, врз основа на проценката на Уставниот суд, помошта може да се намали и до 30 проценти.

„Мора да се искористи тој простор за маневрирање, како и можноста да се плаќа помош во стоки наместо пари“, додаде тој.

„Секој способен за работа кој прима социјална помош во Германија има обврска да работи. Во спротивно, нашиот систем за социјална заштита ја губи смислата“, заклучува политичарот.

ЦДУ беше на власт 16 години, до нејзиниот пораз на изборите во септември 2021 година. Сега таа води во анкетите за популарност со месеци, далеку пред Социјалдемократската партија на канцеларот Олаф Солац.

Фактор: ЗЕМАМ ПЛАТА ИЛЈАДА ЕВРА, РАБОТАМ ОСУМ ЧАСА, ИМАМ ТРИ БЕСПЛАТНИ ОБРОЦИ И БЕСПЛАТНО СМЕСТУВАЊЕ: Македонка во Хрватска

Хрватска е доста атрактивна за младите лица од земјава, за сезонска работа. За претстојната сезона, голем број млади лица заминаа токму во оваа земја, за да заработат некој денар.

Фактор разговараше со триесет годишната Б.Б., која втор месец веќе е на работа во Хрватска, на островот Крк.

– Лично сум презадоволна од условите но и од односот на работодавците. Работам во пекара и ова е втора година како доаѓам да работам кај овие луѓе. Имаат фамилијарен бизнис, сите работат во пекарата и имаат неколку студија за изнајмување. Јас работам во пекарата како продавачка – вели таа.

На прашањето зошто се одлучила повторно да замине во Хрватска, вели дека зема 60.000 денари плата, има здравствено осигурување, пријавена сум, имам бесплатни три оброци и бесплатно сместување.

– Работам осум часа, потоа сум слободна да правам што сакам. Ако сум прва смена, по завршувањето на смената заминувам на плажа а потоа и на прошетка. Ако сум втора смена исто така шетам наутро, ја запознавам локалната историја и култура – раскажува Б.Б.

Вели дека многу од нејзините пријатели заминале на работа во Хрватска.

– Дојдоа и оние што се во брак, а кои немаат деца. Двајца ќе работат, ќе користат една соба, а на газдите не им е проблем храната, бидејќи се пекари и тоа го работат. Не им е никаков трошок да ни дадат три оброци. Моите пријатели за три месеци работа, ќе земат шест илјади евра. Ниту јас не се жалам, ќе земам три илјади евра, а може и повеќе, зависи како ќе се погоди времето – тврди девојката.

Огласот го нашла во група на Фејсбук. Уште лани им пишала на сопствениците на пекарата. Тие веднаш и одговориле и се договориле. По само три дена заминала таму.

-Оваа година им пишав директно на нив. Не барав воопшто по огласи. Ме познаваат веќе а и јас ги знам луѓето. И ним им значи да имаат познат човек но и на мене. Кога финансиски се двете страни задоволни, нема причина да се прекине соработката – вели Б.Б.

Младата мајка Филимена која ја избркаа од работа додека беше на породилно и ѝ ги бараа парите назад – победи !

Младата мајка Филимена Бошковска Мишевска, која доби отказ среде породилно отсуство и барање да ги врати на државата парите од породилното, извојува победа во спорот, со помош на здружението Гласен текстилец.

„По увидот од доставените списи од страна на Државниот Трудов инспекторат ја задолжил Агенцијата за вработување да направи исправка во М1/М2 образецот и да се промени основот на отказ. Односно со истек на определено време е известен и Фондот за Здраствено Осигурување за неправилностите во одјавата од страна на работодавачот, за што Филимена треба да го продолжи своето породилно одсуство и да не врати ни денар на Фондот за Здраство како што беше наложено во решението на ФЗО,“ велат од здружението.

Бошковска работела речиси до крајот на бременоста, а нејзиниот газда од компанијата „ЛДИ Димотранс Македонија-Дооел Скопје“ бил информиран дека таа ќе замине на породилно отсуство. Жената поднела документи до Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) за исплата на деветмесечниот надоместок за плата додека е на породилно. Таа прво се соочила со подолго доцнење на исплатата за два месеци, за откако парите конечно и легнале на сметка, да добие барање од ФЗО да ги врати назад за последниот месец, бидејќи била одјавена со отказ.

„Јас се збунив. Беше шок затоа што знам дека законски не смее да има отказ. И се јавив таму, они – тоа ти е, не можеш ништо. Секаде (ми велеа) не можеш ништо и почнав да праќам мејлови…Тоа е лавиринт. Еден ти вели повреден е Законот за работни односи, оди во Трудова(инспекција). Трудова – до тука ни се ингеренциите и заглавуваш. Добиваш совети- плати адвокати и оди на суд ќе добиеш. А поената да докажуваш право кое е основно, нема логика“, рече Бошковска кога случајот излезе во јавноста.

Од Гласен текстилец велат дека се надеваат оди и останатите институции, како што е АВРМ и ФЗО, ќе бидат претпазливи и ќе ги заштитат работниците и работничките од одредени работодавачи.

„Воедно случајот со Филимена е еден од многуте каде се укажува на потребата од заштитата на бремените жени и жените на породилно отсуство од страна на Државата“, велат од здружението, пишува Слободен печат.

Германија ја губи ПОПУЛАРНОСТА кај странските работници, овие земји сега се ПОПРИВЛЕЧНИ

Германија едури 15-та меѓу развиените земји по атрактивност за странски работници и претприемачи, покажува истражувањето, додавајќи дека подобро се рангираат земјите како Нов Зеланд или Шведска, објави Дојче веле (DW).

Според резултатите од таа студија, Германија ја губи популарноста во конкуренција за квалификувани работници и основачи на компании, а според проценката на фондацијата Бертелсман, од 2019 година паднала од 12 на 15 место меѓу 38-те земји членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Студијата ги проценила деловните можности на имигрантите, приходите и даноците, можностите за членовите на семејството или добивање виза, а според тој индекс, Нов Зеланд, Шведска, Швајцарија, Австралија и Норвешка се најатрактивни за висококвалификуваните професионалци.

Од 2019 година и последната евалуација на податоците, условите во Германија не се влошени, но има подобрување во другите земји, така што тие ја надминаа Германија во рангирањето.

За претприемачите, според овие податоци, на врвот на листата се Шведска, Швајцарија, Канада, Норвешка и Нов Зеланд. Во тој сегмент Германија падна од 6-то на 13-то место.

Како главен проблем се наведува бавната дигитализација. Германија, за разлика од другите земји, исто така, бара поседување на минимален капитал. Дополнително, во неа е помалку изразено прифаќањето на мигранти.

Во 2023 година за првпат беа испитани рамковните услови за основачите на компании (старт-ап) во рамките на индексот на ОЕЦД. Во тој сегмент најатрактивни се Канада, САД, Франција, Велика Британија и Ирска.

Германија го зазеде 12-тото место во таа категорија. Авторите на студијата како причини за ваквата проценка гледаат помалку можности за напредување во кариерата, премалку иноватори и недостаток на соодветни визи.

„На Германија и требаат квалификувани работници, вклучително и оние од странство, за да се осигура дека сегашниот просперитет ќе се одржи“, рече Ралф Хек, извршен директор на фондацијата Бертелсман, за резултатите од студијата.

Според него, меѓународната споредба јасно покажува што треба да направи Германија за да биде уште подобра миграцијата на квалификувани работници, што е толку важна за Германија.

Сепак, Германија котира многу добро во областа на високото образование. Според резултатите од студијата, по атрактивност за студенти од целиот свет, Германија е на второ место, зад САД.

Гентерм бара 200 работници – Нудат плата за оператори од 26.000денари

Компанијата Гентерм Прилеп има потреба од 200 општи работници. Заинтересираните своите апликации за вработување да ги достават во Агенција за вработување (Битола ).

Просечна исплатена плата на оператор изнесува 26.000

Компанијата обезбедува Превоз и Храна

Последен работен воз за Слободан кој заминува во пензија – Возот грмеше во негова чест (ВИДЕО)

Последен работен воз за Слободан Тодороски – Прцулот. Нека му е честита и долговечна пензијата!

Погледнете како во Македонски железници возот ги поздравува вработените кои заминуваат во пензија:

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО:

Шпанија е првата земја каде жените добија право на МЕНСТРУАЛНО ОТСУСТВО од работа

Новиот предлог-закон им дава на жените можност да се јават како болни во случај на онеспособување во време на менструален циклус.

Шпанскиот парламент месецов го одобри создавањето боледување за жените кои страдаат од периоди на неспособност, со што стана првата земја во Европа што го стори тоа.

Новиот предлог-закон создава можност жените да се јават на болни „во случај на онеспособување во менструацијата“, се вели во соопштението на шпанскиот Конгрес.

Беше усвоен со 185 гласа против 154 и три воздржани. Гласањето е победа за социјалистичката влада на Педро Санчез, надминувајќи ги внатрешните несогласувања во неговата партија (Кармен Калво, социјалистички пратеник, кој порано беше потпретседател на владата во претходниот кабинет на Санчез, се воздржа од гласањето). Нацрт-законот беше поддржан од широка левичарска коалиција, вклучително и Социјалистичката партија, екстремно левичарскиот Подемос и две прокаталонски партии за независност, додека конзервативната Народна партија и екстремната десница Вокс гласаа против мерката.

Предлог-законот е дел од поширок закон, кој особено има за цел да го олесни пристапот до абортус во јавните болници, но исто така вклучува и бесплатно обезбедување на менструални производи во училиштата и затворите.

Истиот ден, шпанскиот Конгрес одобри друг закон за зајакнување на заштитата на правата на ЛГБТК+ – што ја поттикна шпанската министерка за еднаквост, Ирене Монтеро, на Твитер да го прослави „историскиот ден за унапредување на феминистичките права“.

Стефан Лазаров „остана на улица“ – Си бара работа, а на јавноста и ги приложи своите способности и вештини (ВИДЕО)

Откако најпознатиот македонски јутјубер Стефан Лазаров ја крена јавноста на нозе со својот прв „новинарски подкаст“ во кој гостин му беше Драган Павловиќ Латас, па по хајката обајцата  обајцата завршија со „отворен предмет“ и обвинение во јавното обвинителство, по препорака на истото и јутјуберот и гостинот добија забрана за јавни медиумски настапи.

Или во превод – Стефан Лазаров барем засега, не ќе може да го користи својот Јутјуб канал, што ќе рече – остана без работа, спонзорите му откажаа, а со тоа остана и без приход.

Откако неодамна правеше веридба, а и ја најави свадбата за годинава, за да не мора да биде домазет што ќе го рани невестата, Лазаров реши „принудно да смени професија“. Аналогно на ваквата одлука, јутјуберот решил да бара работа. И тоа јавно.

За среќа, Инстаграм профилот не му го укинаа ниту забранија, па токму на своите Инстаграм приказни Лазаров реши да ги понуди своите работни способности вештини, па кој сака, нека види, размисли и ако му фаќа око, може слободно да го ангажира. Патем, откако лани добро се набилда, ни на крај памет не му паѓаше дека ќе дојде време кога  еден ден мускулите ќе му го вадат лебот и колку – толку, полнат џебот. Арно ама и тоа се случи, па затоа Лазаров одлучи јавно да се понуди, па дури и CV  да приложи.

Млад, здрав, прав, силен, строен, копачот за него е како детска играчка на песок во плажа. Требало дупка или канал да се ископа, бавча или градина да се прекопа или цвеќињата во нечиј двор, викни го Лазаров – цена по договор!

Стапуваат на сила мерките за намалување на загадувањето во овие четири града: ОВАА КАТЕГОРИЈА НА ГРАЃАНИ ОСЛОБОДЕНИ ОД РАБОТА!

Поради зголемено загадување стапуваат на сила препораките и мерките за надминување на праг на алармирање за Градот Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица, известува Владата согласно информацијата на Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 микрограми на метар кубен во текот на два последователни денови) на мерните места во Скопје – Центар и Лисиче, Кичево, Кавадарци и Струмица.

Владата ги информира надлежните институции и релевантните општини дека е потребно да постапат согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата одржана на 28 ноември 2017 година, според кои Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство им препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар, како и да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот.
Исто така, се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, како и да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и единиците за локална самоуправа треба да обезбеди прифатилишта за сместување на бездомници, и да даде поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.

Од Владата информираат дека согласно заклучоците, Министерството за здравство треба да ја ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето.

Државниот инспекторат за животна средина, пак, треба да почне со вршење зачестена контрола на инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.

Министерството за животна средина и просторно планирање треба да подготви и достави препорака до инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 %) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.

Според владините заклучоци, единиците на локална самоуправа се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на советите на општините.

Истовремено, Владата ги задолжува сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила и се препорачува ограничување на работите на градежните објекти до престанок на важење на препораките и мерките.