Tag Archives: ракомет

На Европско со публика – ЕХФ ги пушти билетите во продажба

Ракометната репрезентација на Македонија, ќе игра со Данска, Словенија и Црна Гора на Европското првенство кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка следната година.

И покрај ковид пандемија, ЕХФ реши да ги пушти во продажба билтетите за Европското првенство. Од утре истите се во продажба.

Ме изнервираа Швајцарците пред натпреварот, требаше да покажат повеќе почит кон нас

Изјавите на Швајцарците пред натрепварот со Македонија дополнително го мотивирале селекторот и капитен на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, кој е задоволен од играта во четирите квалификациски меча во кој ја предводеше Македонија и во новата улога.

Денеска на Швајцарија ѝ беше доволен и бод за пласман на ЕП, но не дојдоа до него.

Ме изнервираа изјавите на Швајцарците пред натпреварот, кога кажаа дека биле блиску со Данска, но очигледно заборавија дека ние ја победивме Данска и дека треба повеќе да покажат почит кон насСакам да им се заблагодарам на ракометарите за тоа што го направија, три победи во четири меча против врвни репрезентации. Може да забележите дека не е лесно ако не играте квалитетно. Денеска беше голем психолошки притисок за мене и моите играчи дека нема да го добиеме овој натпревар, но останавме чесни пред нас, се боревме до крај и среќен сум што победивме. Одигравме квалитетен натпревар против Швајцарија. Во овие два три месеци направивме неколку чекори напред и има уште простор за да напредуваме, но и во важни моменти кога бевме во минус, знаевме што правиме и верувавме во насЈас сум презадоволен од тренинзите. По последниот тренинг им реков на луѓето од мојот стручен штаб дека ова изгледа неверојатно. Ракометарите со голем ентузијазам, концентрација и желба го реализираат тоа што ние го имаме замислено и сакав да кажам дека добивме самодоверба. Ќе ги искористиме следните шест-седум месеци за да организираме турнири на кои ќе треба да подобриме некои работи, а на тие дуели ќе им дадеме шанса на помладите за да добијат искуство и самодоверба. До Европското првенство мора да добиеме уште три-четири ракометари кои ќе треба да допринесат со квалитет, рече Лазаров.

Ракометарките се изборија за место во баражот за СП

Женската ракометна репрезентација на Македонија, обезбеди место во баражот за пласман на Светското првенство. На турнирот во Скопје, Македонија, вечерва, ја забележа втората победа, со која во пресрет на последното коло го обезбеди најмалку второто место во групата.

По вчерашната победа над Исланд (24:17), репрезентативките на македонија, вечерва, убедливо ја поразија Литванија со 31:21 (15:12).

Ракометарите заминуваат за Данска, реваншот е утре во 16 часот

Македонската ракометна репрезентација попладне заминува за Алборг, Данска. По триумфот на првата средба против актуелниот светски првак, Данска, селекторот Кирил Лазаров и неговите момци имаат една желба – утре на реванш дуелот да ја повторат истата игра од Скопје.

Како што соопшти синоќа Данската ракометна федерација, 24-годишниот Милер ќе го пропушти мечот поради повреда на коленото.

На негово место, данскиот селектор Николај Јакобсен го повика дебитантот Николај Ласо од локалниот прволигаш Алборг.

Македонските ракометари вчера го одржаа последниот тренинг во Скопје пред денешното заминување за Алборг, откако завчера го совладаа светскиот и олимписки првак со 33:29.

Во македонската репрезентација, како што претходно денеска соопшти капитенот и селектор Кирил Лазаров, за реваншот против Данска ќе отсуствува кружниот напаѓач Стојанче Стоилов, поради повреда на грбот.

Дуелот со репрезентацијата на Данска се игра утре со почеток во 16 часот.

Денот кога Европа му се поклони на Лазаров, одиграа магично за да ја клекнат Данска

Лазаров ја воскресна репрезентацијата по дебаклот на неодамнешното Светско првенство во Египет и враќајќи прославени имиња во тимот, што на теренот, што во стручниот штаб, им даде дополнителен мотив на играчите да се надминат себеси и да ја остварат една од најголемите победи за македонскиот ракомет воопшто.

Црвено-жолтите го дочекаа крајот на мечот со насмевки, честитајќи си меѓусебно за победата, која ја прослави и раководството на Ракометната федерација на Македонија на трибините.

Поразот од македонската репрезентација е голем шок за данската ракометна јавност која очекуваше лесна, петчасовна прошетка до Скопје и назад.

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, веднаш синоќа по мечот со светскиот шампион Данска им ја честиташе победата на македонските ракометари која во суштина значи и голем чекор напред кон пласман на ЕП 2022.

Мукаетов, притоа, ги информирал репрезентативците дека за големиот успех ќе добијат и премија во износ од 20.000 евра.