Tag Archives: ракомет

Последниот „танц“ на Гоце Георгиевски: Националниот дрес секогаш бил светост за мене

Уште еден репрезентативец од генерацијата која беше причината за убавите ракометни денови во кои уживавме и уживаме, генерација која со своите игри успеа да ги „зарази“ со ракомет и оние кои не беа големи фанатици, генерација која беше причина фановите традиционално во јануари да ги запалат своите автомобили и да минат илјадници километри за да ја бодрат Македонија, одлучи да се збогува со националниот дрес.

Гоце Георгиевски денеска (18 часот) пред домашната публика во СЦ „Борис Трајковски“ против Турција ќе го одигра последниот „танц“ за Македонија.

„Кога ќе го вратам времето и сите случувања, овие 16 години навистина брзо поминаа. Првиот ден кога заиграв за репрезентација бев возбуден, бидејќи играш за Македонија, го претставуваш националниот дрес. Ова не се промени и ден-денеска. Настапот за националниот дрес го гледав како светост затоа што многу малку играчи добиваат шанса да играат за своите земји, а јас бев еден дел од сето тоа. Кога ќе се земе фактот дека игравме Европски првенства, Светски првенства, квалификации за Олимпијада, играњето за репрезентацијата добива уште еден голем плус“, ни рече Георгиевски.

Повеќе на Спортмедиа мк

Лазаров: Во спортот секогаш треба да се верува во нешто невозможно

Ракометната репрезентација на Македонија ги остави зад себе подготовките и сега дојде пред првиот испит на Светското првенство и натпреварот со Норвешка. Европскиот ракометен гигант ќе биде вистински тест на силите на дополнително подмладената репрезентација.

Во пресрет на мечот, на утринскиот брифинг свое видување на ситуацијата и најава даде селекторот Кирил Лазаров. Предводникот на националниот тим на Македонија даде детална анализа на ситуацијата, противникот и целите на оваа репрезентација.

Подготвени сме за ова СП. Уште во првиот натпревар играме со Норвешка, за која не треба да зборуваме која е и што е, играше во финалињата на Мундијалите во 2017 и 2019 година. Тие се дојдени да направат голем резултат, сакаат златен медал. Сметам дека во спортот секогаш треба да се верува во нешто невозможно. Ние сме во таква позиција, не можеме да загубиме ништо, а можеме да добиеме многу. Има доста конфузија дали ќе се штедиме, ама тоа нема да е така, ние ќе одиме од стартот максимално и ќе чекаме шанса да одиграме еден квалитетен натпревар.

Сакам да нагласам дека оваа репрезентација направи многу, за првпат победивме два баражи против квалитетни противници. Треба да се даде поддршка, и покрај сите скептици, успеавме да го задржиме континуиетот на големите собири. Успеавме без Кире, Жути или Столе да се пласираме на СП, а на чекор сме и до пласман на ЕП. Одиме чекор по чекор, резултатите можат да дојдат побргу или подоцна. Што и да се случи, мора само да одиме по нашиот пат. Сакам да нагласам дека тука имаме седум дебитанти. Сепак, имаме голема самодоверба и подтовени го очекуваме овој турнир. Имам јасен концепт и визија за денешниот натпревар. Ова е турнирски систем и ќе правиме ротации за различни противници со различен тип на играчи“, кажа Лазаров.

Натпреварот меѓу Норвешка и Македонија е закажан за вечерва во 20:30 часот. Дотогаш Лазаров ќе свика уште еден последен тренинг на кој ќе ги подели последните совети.

Македонија на 13 јануари ќе игра против Норвешка. Два дена подоцна, односно на 15 јануари, избраниците на Лазаров ќе имаат дуел против Холандија, додека последниот натпревар од групната фаза ќе го одиграат против Аргентина на 17 јануари.

Поддршка за нашите ракометари – Среќно момци, со срце на терен !

Македонските ракометари денеска го започнуваат својот настап на Светското првенство, а среќа им посака од ФФМ.

-Се чини дека оваа година започнува нова ера за македонската ракометна репрезентација. Зад нас оставивме големи имиња на големи натпреварувања. Погледот напред нуди нови амбиции. Да се ​​надеваме дека во „ДНК-то“ на оваа репрезентација ја има таа важна карактеристика – „знаат да победуваат“. Со среќа на натпреварите од Светскиот ракометен шампионат, порачаа од Фудбалската федерација на Македонија.

Македонските ракометари вчера одржаа тренинг во Таурон Арена, каде вечерва од 20:30 часот против Норвешка го играат воведниот натпревар во групната фаза, на својот осми настап на мундијалските турнири, а шести во серија.

За дуелот против фаворитот во групата Ф, според најавите, избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе имаат голема поддршка од македонските навивачи на трибините на Таурон Арена со капацитет од 15.000 седишта.

Стани Ванчо, нек те види сала: Младите ракометари ги испратија великаните во заслужена пензија!

Со резултат 25:21 вечерва заврши ревијалниот хуманитарен ракометен натпревар помеѓу актуелната ракометна репрезентација и екипата формирана од најзвучните ракометни имиња во историјата на Македонија.

Во поголемиот дел од времето, ветераните машки и рамо до рамо се држеа резултатски со помладите свои колеги, но очигледно, падна концентрацијата во вториот дел од второто полувреме кога актуелните македонски репрезентативци постигнаа неколку голови во низа и практично го одредија победникот.

За играч на натпреварот беше прогласен некогашниот пикер Ванчо Димовски, кој одигра одлична партија и постигна неверојатни голови.

При прогласувањето на играчот на натпреварот, шоуменот Сашко Коцев го грабна микрофонот и имитирајќи го актуелниот премиер Димитар Ковачевски, извика: „Стани Ванчо, нек те види сала“, по што целата публика грмна да се смее.

Организаторот на настанот, Ракометната федерација на Македонија, уште еднаш ја покажа својата хуманитарна димензија со поддршката на најранливите, децата и младите без родителска грижа.

Македонската репрезентација утре заминува за Пореч да ги продолжи подготовките за претстојниот Мундијал во Полска и Шведска.

Фалангата подготвена за РАКОМЕТНО ЛУДИЛО, започнува мундијалот во Полска

Според последните информации, македонските навивачи поради ултра евтините билети ги ,,разграбаа” сите слободни места и ќе бидат во голем број со поддршка за Македонија.

Еден од организаторите на СП, директорот на полскиот дел од организацијата Грегор Гутковски во изјава за „Спортове Факти“ вели дека подготовките за Мундијалот одат во добра насока, и очекува спектакл од 11 до 29 јануари.

Македонија ќе биде дел од група со Норвешка, Аргентина и Холандија, а првиот меч е против скандинавскиот ривал на 13 јануари.

Македонските ракометари го прегазија Луксембург👏

Ракометната репрезентација на Македонија успешно ги отвори квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2024 година. И комбинирани „црвено-жолтите“ беа подобри од Луксембург (38-24) кој важи за аутсајдер во квалификациската група.

Прашањето околу победникот на натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ниту еднаш не беше доведено под знак прашалник. Македонија доминираше од првата до последната минута и заслужено го освои полниот плен кој сигурно е дека ќе ја крене самодовербата пред патувањето за Турција. Во ростерот го немаше Дејан Манасков кој е повреден, но тој може да игра на втората квалификациска средба.

Бековите имаа добар старт на натпреварот против најслаборангираниот тим во групата. Талески и Ѓорѓиев беа главни играчи во шутерската линија, потмопогнати од Митревски кој забележа две одбрани, на Македонија ѝ донесоа 8-4 во средината на првото полувреме. Луксембург во следните десет минути не успеа да постигне гол и тоа го чинеше катастрофа.

И покрај сите ротации на Лазаров, Македонија играше одлично во одбраната, го принуди противникот да греши, тоа донесе лесни напади за Македонија кои беа реализирани преку Филип Кузмановски и Цветан Кузманоски. На полувремето нашиот национален тим имаше предност од 18-7. Веќе беше јасен победникот по само 30 минути и Лазаров ги испроба сите играчи во вториот дел.

Деби-гол во дресот на Македонија постигна Марко Стојковиќ од РК Алкалоид, одличен меѓу стативите беше Марко Кизиќ кој ја доби шансата на местото на Никола Митревски и максимално ја искористи. Како што одминуваше мечот така се зголемуваше разликата. Највисоката предност која Македонија ја имаше беше 13 гола разлика. Пред финишот шанса доби и Иван Џонов кој исто така успеа да даде деби-гол, ама на минута пред крајот доби црвен картон поради остар старт.

Најдобри кај стрелците кај Македонија беа Мартин Серафимов, Цветан Кузманоски и Филип Кузмановски со по пет постигнати гола, пред Игор Ѓорѓиев кој даде четири гола од четири обида. Кај Луксембург се истакнаа Вердел, Хофман и Вејер, сите тројца дадоа по четири гола. Кај голманите Никола Митревски фати седум топки во првиот дел, додека Марко Кизиќ имаше шест одбрани во вториот дел.

Извор: Гол.мк

Вечерва сите навиваме за Кире и македонската ракометна репрезентација

Селекторот на ракометната репрезентација Кирe Лазаров, го објави конечниот список на ракометари со кои вечерва нашата селекција ќе ги брка првите бодови во квалификациите за следното Европско првенство.

Во „Борис Трајковски“ ќе гостува селекцијата на Луксембург, а за оваа средба Лазаров се реши на трибини да ги остави Мартин Томовски, Костадин Петров, Марко Митев и Михајло Младеновиќ. Поради повреда надвор од стројот е и левото крило Дејан Манасков.

Дуелот вечерва започнува со почеток од 19 часот.

Македонскиот ракомет обвиен во црно: Почина Андон Бошковски

Познатиот македонски тренер Андон Бошковски починал синоќа на 47-годишна возраст.

Домашниот ракомет загуби голем тренер, кој работеше во многу екипи како Металург, Вардар, Работнички, Младост Богданци, Еурофарм Работник, Струга, Голден Арт, Радовиш, Пролет, а имаше и интернационална кариера.

Во Романија го водеше тимот на Рома, беше селектор на Грузија, а изминатата полусезона беше тренер на Вуштриа од Косово.

Бошковски беше член на стручниот штаб на македонската репреземтација за време на најголемите успеси – петтото место на ЕП 2012 во Србија и квалификациите за Олимписките игри.

Ако одам во Битола 🎶 и 4000 битолчани во еден глас 📢(Видео)

🎶🎵🟢👏ПРЕКРАСНО! “Ако одам во Битола” – Димитар Андоновски и 4000 битолчани во еден глас.

Во драматичен ракометен натпревар и по изведување на пенали ракометарите на Еурофарм Пелистер вчеравечер го совладаа Мешков Брест со 27:26.

Во регуларниот тек, натпреварот одигран во Битола заврши нерешено 23:23.

Во фер и коректен натпревар битолчани заслужено патуваат во Задар на завршниот турнир од ракометната СЕХА лига, каде силите ќе ги одмерат со Веспрем од Унгарија.

Атмосферата во салата „Боро Чурлевски“ беше загреана уште пред почетокот на натпреварот кога пејачот Димитар Андоновски заедно со цела битолска публика заедно ја испеаја „Ако одам во Битола“.

Видео:

https://fb.watch/f9S7UQ4B6u/

Во Струга исвиркан Пендаровски на пристигнување на ракометен натпревар (Видео)

Видео се споделува на социјалните мрежи од како што се вели пристигнувањето на претседателот Пендаровски кој бил исвиркан од страна на публиката.

Видео: