Tag Archives: раствор

Медицинска сестра наместо со вакцина боцкала со ФИЗИОЛОШКИ РАСТВОР!

Здравствените власти на северот на Германија повикаа 8000 луѓе да ја повторат вакцинацијата, поради сомнеж дека медицинска сестра им давала физиолошки раствор, а не вакцина против коронавирус.

Полицијата го истражува инцидентот кој се случил во центарот за вакцинација во Фрисланд во близина на Северното Море, пренесува Би би си.

Осомничената медицинска сестра претходно признала дека на пациентите им давала физиолошки раствор, зашто скршила шест шишенца со вакцини.

Меѓутоа, полицијата открила дека многу повеќе луѓе примиле физиолошки раствор наместо вакцината на Фајзер/Бионтек.

Биле сослушани повеќе сведоци, но засега само медицинската сестра е осомничена.

Се претпоставува дека причина за инцидентот се антивакцерските убедувања на осомничената медицинска сестра, која на интернет објавувала текстови против мерките на владата за запирање на епидемијата на коронавирус.
Многумина од оштетените имаат над 70 години и спаѓаат во високоризична група.