Connect with us

Европа

Медицинска сестра наместо со вакцина боцкала со ФИЗИОЛОШКИ РАСТВОР!

Published

on

Здравствените власти на северот на Германија повикаа 8000 луѓе да ја повторат вакцинацијата, поради сомнеж дека медицинска сестра им давала физиолошки раствор, а не вакцина против коронавирус.

Полицијата го истражува инцидентот кој се случил во центарот за вакцинација во Фрисланд во близина на Северното Море, пренесува Би би си.

Осомничената медицинска сестра претходно признала дека на пациентите им давала физиолошки раствор, зашто скршила шест шишенца со вакцини.

Меѓутоа, полицијата открила дека многу повеќе луѓе примиле физиолошки раствор наместо вакцината на Фајзер/Бионтек.

Биле сослушани повеќе сведоци, но засега само медицинската сестра е осомничена.

Се претпоставува дека причина за инцидентот се антивакцерските убедувања на осомничената медицинска сестра, која на интернет објавувала текстови против мерките на владата за запирање на епидемијата на коронавирус.
Многумина од оштетените имаат над 70 години и спаѓаат во високоризична група.

Европа

(Видео) Италијанските стјуардеси се соблекоа за пpoтест поради зaгубата на работните места

Published

on

Околу 50 поранешни стјуардеси стоеја во редови на римскиот плоштад, прво ги фрлија торбите на калдрмата, потоа полека и синхронизирано, ги соблекоа палтата, униформите, здолништата, и високите потпетици

Околу 50 поранешни стјуардеси на веќе згасената италијанска авиокомпанија „Ал Италија“ ги соблекоа униформите во центарот на Рим на плоштадот Кампидољо, во знак на протест поради загубата на работните места и условите во кои нивните колеги се вработуваат повторно во новата компанија „ИТА Ервејс“.

Италијанската авиокомпанија „Ал Италија“, која со години е во финансиски проблеми, последен пат полета на 14 октомври, а нејзините авиони ги презеде авиокомпанијата ИТА, која почна да лета само еден ден по затворањето на „Ал Италија“.

Околу 50 поранешни стјуардеси стоеја во редови на римскиот плоштад, прво ги фрлија торбите на калдрмата, потоа полека и синхронизирано, ги соблекоа палтата, униформите, здолништата, и високите потпетици

Останаа боси, само во долна облека, во тишина, неколку минути. Потоа внимателно ги собраа алиштата и чевлите и заедно извикуваа: „Ние сме Ал Италија!“

Лидерите на синдикатите вршат притисок врз владата да ги продолжи надоместоците за невработеност до пет години.

Continue Reading

Европа

(Фото) Ексклузивно: Еве што содржи извештајот на Европскиот парламент за Македонија

Published

on

МИА дојде до извештајот за Македонија неколку часа пред тој да биде официјално објавен во Европскиот Парламент, заклучоците во политичкиот дел се генерално позитивни, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Комисија ја поздравува Македонија во делот на зајакнувањето на демократијата, владеењето на правото, и борбата против корупцијата, но осврнувајќи се на последните локални избори, европската извршна власт констатира дека напредокот е ограничен во делот на спроведувањето на препораките на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија. Се бара изборното законодавство и усвојувањето на релевантните закони да бидат финализирани навремено и на инклузивен начин.

Политичките тензии помеѓу партиите не доведоа до ситуации на бојкот како во минатото, Европската Комисија го поздравува ангажманот на опозициските партии во работата на Собранието, но забележува дека поларизацијата е длабока.

-Парламентарната работа беше попречена од политичката поларизација, интензивирана со Ковид-19, која повремено имаше последици врз обичните функции. Потребни се напори за зајакнување на улогата на Парламентот како форум за конструктивен политички дијалог, посебно во делот на реформската агенда за ЕУ, истакнува извештајот годинава.

Уште еднаш се покажува со прст кон забрзаните процедури на усвојување закони и се повторува дека тие мора да останат ограничени за да не се загрози демократскиот надзор.

Парламентот, сепак, продолжи да ја игра улогата на надзор врз извршната власт.

-Власта треба да продолжи со реформскиот момент и да се фокусира на спроведување на постоечката законска рамка наместо да започнува спорадични нови иницијативи. Навремена и суштинска имплементација на реформската агенда бара постојана поддршка од општеството во целост, вели Европската Комисија, која додава и дека продолжува да се бара одговорност за насилниот упад во Собранието на 27 април 2017, вклучително и преку првостепени судски одлуки.

Што се однесува до јавната администрација Европската Комисија констатира “малку напредок“ во финализирањето на хоризонаталната функционална ревизија на државната администрација која е важно да биде усвоена од власта.

-Препораките за нова организација на државните административни тела со подобрени линии за отчетност треба да го потхранат релевантното законодавство кое треба да биде усвоено и спроведено, вели ЕК.

Судскиот систем е “умерено подготвен“ за ЕУ членство.

-Мал напредок е постигнат во однос на спроведувањето на стратегијата за судска реформа со што дополнително се одговара на препораките на Венецијанската комисија и на Експертската група за владеење на правото. Напори сѐ уште се потребни за да се обезбеди систематско спроведување на обновениот акциски план за стратегијата за судски реформи и стратегијата за човечки ресурси за судството и обвинителството, оценува Европската Комисија.

Умерена подготвеност покажува Македонија и во борбата против корупција, таа го зацврстува процесот на гонење криминал и корупција вклучително и високопрофилни случаи.

Генерално законската рамка за човекови права е во согласност со ЕУ стандардите, вклучително и во делот на насилството против жените но се забележува дека земјата треба да го зајакне спроведувањето на законите против говор на омраза.

-Надворешниот граѓански надзорен механизам врз полицијата не е целосно фунцкионален и отсуството на вистински независни истражители ги попречува напорите за справување со неказнивоста на полицијата и ефективното гонење.

Се бара земјата да ги подобри и условите во затворите и да ги зајакне алтернативите за затворски казни.

Напредокот во делот на слободата на изразување е ограничен.

-Општиот контекст за медиумски слободи е поволен и дозволува критичко медиумско известување иако имаше зголемени тензии за време на кризата со Ковид-19. Напорите за саморегулација треба да продолжат и да донесат конкретни резултати за напредок на професионалните стандарди во новинарството, смета Комисијата.

Се бара поголема транспарентност во рекламирањето од страна на државни институции и политички партии и реформа на МРТВ за да се обезбеди финансиска независност за јавниот сервис. Напредокот во МРТВ е попречен поради назначување на членови во релевантните тела.

-Кризата со Ковид-19 имаше силни последици врз медиумскиот сектор, посебно за регионалните и локалните чинители. Медиумските куќи беа вклучени во пакетот за помош, но работничките права на новинарите треба да се решат, бара ЕК

Continue Reading

Европа

Во Норвешка ЛОВЕЦ НА ЛУЃЕ: Со ЛАК и СТРЕЛИ убил 5 лица!

Published

on

Пет лица се убиени, а две се повредени синоќа во Норвешка, во нападот во кој биле користени лак и стрела.

Полицијата го уапси напаѓачот идентификуван како 37-годишен Данец кој живеел во Конгсберг каде се случи инцидентот , инаку град со 28.000 жители, 70 километри северозападно од Осло.

„Тој соработува и даде детаљни изјави во врска со нападот“, изјави неговиот адвокат Фредрик Нојман, не откривајќи информации за својот клиент.

Шефот на локалната полиција Ејвинд Ос кажа дека напаѓачот успеал да избега по првичниот судир со полицијата и бил уапсен 34 минути по почетокот на нападот.

„Ова е ужасен напад. Рано е да се шпекулира за мотивите“, изјави Ерна Солберг, на која токму вчера ѝ завршуваше премиерскиот мандат.

Ова е најсмртоносниот напад во Норвешка од 2011 година, кога Андерс Брејвик уби 77 луѓе.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк