Tag Archives: разделба

За жал главна вест денеска е дека Тамара и Мачка се разделуваат!

По шпекулациите во естрадните кругови дека Тамара Тодевска се разведува од сопругот Александар Димитровски – Мачка, се појави и потврден одговор од пејачката за нивниот брачен статус, а денеска за жал тоа е главна вест во Македонија.

Тамара и Мачка се одлучиле да се разделат, но да останат во добри и коректни односи, пред сѐ штитејќи го интересот на нивните две деца. Тамара сметала дека е добро децата да одржуваат добра комуникација со својот татко и дека тој е дел од нивните животи.

Тодевска ја потврди информацијата.

Да, точно е дека се разделуваме, но апсолутно дека ќе одржуваме редовна комуникација. Ние имаме две деца, и многу е здраво и нормално децата да можат да растат и да поминуваат време и со својот татко. Ова не е ниту прв ниту последен случај. Тоа што за мене искрено е многу важно, тоа се децата, нивните права и интереси да останат заштитени. Јас ја разбирам работата на медиумите и потребата од ексклузивни информации, но во овие моменти најмногу мислам на децата, кои сакам да останат на страна од оваа приказна, особено од медиумски преписки и слично. И Хана и Дарен посетуваат училиште, градинка, веќе не се мали, разбираат и одговорноста на мене и Мачка е голема, пред сѐ да ги заштитиме нив, вели Тодевска.

На прашањето како се носи периодов со обврските, дали ќе паузира со настапите и слично, таа  изјави:

-Секако дека продолжувам со работа. Учествував на Макфест, периодов ја промовирам мојата нова песна „Замижи“, а работам и на други песни и проекти. Животот продолжува, работата исто така, а мојов не е ниту прв ниту последен случај. Само ќе ги замолам веб-порталите, медиумските работници, кога ќе „трчаат“ по кликови и бомбастични наслови, да имаат чувство на одговорност особено пред децата… Јас сум издржала и позитивен и негативен притисок, ќе го издржам и ова, но децата мора да бидат заштитени, посочува Тамара.

За потсетување, Тамара и Мачка склучија брак во 2015 година и имаат две деца, 6 годишната Хана и 3 годишниот Дарен, да им се живи и здрави тоа е најважно 🙂

Денеска социјалните мрежи изобилуваа со недолични коментари за разделбата како „Требаше да уште кога ја утна химната да те остави…“ итн. што само покажува колку сме мизерни како општество и колку само немилосрдно и без осет се осмелуваме да коментираме за туѓите животи, да навредуваме и осудуваме, мизерно граѓани, мизерно…

фото:Инстаграм принтскрин