Tag Archives: регулаторна

Регулаторна донесе одлука: Се намалуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РепубликаМакедонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,39 % во однос на одлуката од 26.04.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,041 ден/кг и сега ќе изнесува 51,784 ден/кг.

Од 29.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин      ЕУРОСУПЕР БС – 95  84,00   (денари/литар)

Моторен бензин   ЕУРОСУПЕР БС – 98      86,00  (денари/литар)

Дизел гориво   ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)   85,50  (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 84,00  (денари/литар)

Мазут М-1 НС  51,784 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините  за 0,19 %, кај дизелот има намалување за 1,242%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,986% и кај мазутот намалување е за 2,305%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,088%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 29.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Нова честитка од регулаторна: После 22 часот готивото повторно поскапува

Ниту вечерва граѓаните нема да можат да спијат поради новото поскапување на цената на горивата.

Како и во текот на вчерашниот ден, Регулаторна ја крие својата одлука како змијата нозете со цел да се избегнат редиците на автомобили пред бензиските пумпи како и недостатоците на гориво кои во изминатите денови се јавија на голем број бензиски пумпи ширум државата.

Вечерва горивото повторно се зголемува за околу 3 денари што значи дека вчерашната мерка на Владата на Димитар Ковачевски за намалување на цената на горивото за околу 10 денари со намалување на давачките не само што е веќе целосно анулирана туку горивото ќе биде поскапо и од цената пред оваа мерка да треба да стапи на сила.

И додека граѓаните мака мачат да ги наполнат резервоарите на своите автомобили Владата и Регулаторна очигледно имаат слух само за сопствениците на големите ланци на бензиски пумпи кои отворено се заканија дека ќе ја руинираат економијата.

Регулаторна комисија утре одлучува колку ќе поскапе струјата, бизнисите на протест

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе донесе одлука колку ќе поскапи струјата. На подготвителна седница регулаторот треба да одлучи кои трошоци и во колкав процент од барањата за раст на цената ќе им ги признае на енергетските компании. Официјално која ќе биде цената на електричната енергија во следните шесет месеци ќе се знае во четврток.

“За утре е закажана подготвителната седница на која РКЕ пред енергетските компании ќе ги презентира механизимите кои ќе ги активира при носење на новата одлука за цената на електрична енергија“, соопштија од РКЕ.

Од регулаторна очекуваат сите страни да се солидаризираат во ова кризно време и да попуштат во однос на крајната цена за домаќинствата. Но, според информации на Алсат, Дистрибуција бара повисока цена за својата услуга од 100 отсто, МЕПСО бара раст на својот дел од 82 отсто. Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум до регулаторна нема испратено конкретно барање. Она што е веќе извесно е што државната ЕСМ ќе добие зголемување на цената за произведената струја која ќе ја продава на универазлниот снабдувач за13 посто. Од Нова година наместо 36 евра мегават час струја ќе чини 41 евро.

Надлежните уверуваат и покрај кризната состојба во енергетиката, рестрикции на струјата нема да има.

„Граѓаните и малите потрошувачи немаат и не треба да имаат рестрикции. Во нашето опкружување има недостаток на електрична енергија и во дел од државите се вршат рестрикции на електрична енергија“, рече Васко Ковачевски директор на ЕСМ.

Од владата веќе потенцираа дека зголемувањето на цената на струјата нема да надмине 10 отсто.

Македонските компании не можат да го издржат поскапувањето на струјата, но и зголемувањето на цената на гасот, а бараат да бидат обесштетени од државата. Во спротивно тие најавуваат масовни протести веднаш после Божиќ. Индустриската струја за фирмите беше зголемена три пати во последните два месеци, а на многу компании ненадејно им беа раскинати договорите за снабдување со струја од нивните снабдувачи.

Фирмите морале да склучат нови договори со кои однапред ќе плаќаат по 500 евра за мегават/час за да ги обезбедат снабдувачите кои купуваат струја на берзата по нови, видно зголемени цени. Истовремено, цената на струјата за домаќинствата веќе е качена и изнесува 108 евра за мегават час плус ДДВ од 5 отсто, што не смее повеќе да се качува, вели за Ѓорѓи Манасков, претседател на Стопанската комора за енергетика. Тој предвидува дека и цената на гасот трикратно ќе се зголеми.

Манасков најави дека доколку барањата за обесштетување и замрзнување на цените не бидат исполнети, фирмите ќе излезат да протестираат на улиците.

На 1000 денари сметка за струја, 50 денари поскапување!?

Се понеизвесно колкави ќе бидат јулските сметки за струја што ќе ги добијат граѓаните во август. Влада ќе препорача да нема зголемување на цената, но не може сама да одлучи, зашто тоа е работа на Регулаторната комисија за енергетика, вели вицепремиерот Фатмир Битиќи. 

„Ние како Влада работиме, слушаме и ги следиме состојбите и ќе препорачаме да нема зголемување на цената на електричната енергија, но не можеме да одлучиме. Регулаторната комисија за енергетика одлучува за цената. Но, ќе работиме на подобрување на состојбите во енергетиката, на вложувањето во обновливи извори на енергија, во живеење зелено“. – Фатмир Битиќи,  вицепремиер задолжен за економски прашања.

Со либерализацијата на пазарот, ЕСМ како државен производител, годинава обезбедува 70% од потребите, и овој процент до 2025 ќе се намали на 30%. Тоа ќе повлече поголемо купување на струја на берзите, по повисоки цени, зашто ќе се набавува од трговци, а не од производители. Но од „Електрани“ велат дека и годинава целата струја што ќе ја произведат ќе ја понудат за домаќинствата, а не само законските 70%, по цена која нема да ја надмине сегашната. 

Претседателот на Регулаторната комисија тврди дека цената на струјата нема да биде зголемена како што бараат сега енергетските компании.

Производството на електрична на енергија во земјата е преполовено во последните десет години и падна на историско најниско ниво поради лошата хидролошка состојба, но и неколку природни непогоди во РЕК Битола. Од друга страна потрошувачката се зголемува. Домаќинствата лани потрошиле за 5% повеќе во однос на 2019. Познавачите велат дека растот на потрошувачката, меѓу другото е поради новиот тренд кај помладите да „копаат“ криптовалути на своите компјутери дома. Овој тренд е во постојан раст во сите земји, па така во Исланд количината потрошена струја на компјутери за копање крипотовалути, каде има и цели фабрики за тоа, ја надмина онаа што ја користат домаќинствата.

Горивата поскапуваат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ. РКЕ одлучи, горивата од полноќ поскапуваат.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) се  зголемуваат за 1,00 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 42,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,448 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.02.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува
32,884 ден/кг.