Tag Archives: Риба

(ФОТО) ХОРОР СЦЕНА НА ПЛАЖА ВО ЦРНА ГОРА Скелет од морско суштество ги исплаши посетителите

На Фејсбук страницата „Бар на длану“  беше објавена фотографија на која се гледа скелет на морско суштество кое излегува од песокот на брегот на Јадранското Море. Како што се испостави подоцна, тоа била риба мурина

фото: Фејсбук

Стаорецот што шеташе по пешкирите беше ништо во споредба со стравот и паниката што го предизвика застрашувачкиот скелет на морско суштество најден на плажа на црногорското приморје. На Фејсбук страницата „Бар на длану“  беше објавена фотографија на која се гледа скелет на морско суштество кое излегува од песокот на брегот на Јадранското Море. Како што се испостави подоцна, тоа била риба мурина.

И додека дел од неинформираните членови на групата се прашуваа за каква риба се работи, повеќето го знаеја одговорот.

“Риба луѓе, што ви е!! Не може да ве изеде, освен тоа, не сме на нејзиното мени, ама не дај боже да сме, кине кога ќе касне” – напишал еден од корисниците.

„Не плашеа кога бевме мали, немојте да одите на Лукобран, има мурини“ – коментира еден од локалните жители.

Други веќе пишуваа за специфичните карактеристики на рибата мурина.

„Мурината е чистач на морето од изумрени животни и риба што може да мириса труп на животно и на копно, па дури и да дојде да го зграби и да се врати во водата“.

„Мурина. Грдо и злобно, се крие во карпите, напаѓа ненадејно и многу брзо. Не ги напаѓа луѓето освен ако погрешно не го помеша со плен, т.е. риба. Уловена и добро подготвен е вистински специјалитет“ – пишува во еден од коментарите на овјавата.

ФОТО: Неверојатен улов, фатил златна рипка тешка 30 килограми која растела 20 години во езеро

Рибарот Енди Хакет успеал да улови златна рипка тешка дури 30 килограми. Овие риби обично живеат во домашни аквариуми кои не заземаат многу простор.

Сепак, Хакет успеал да фати многу поголема верзија, една од најголемите во светот, тешка повеќе од 30 килограми, пишува Гардијан.

Неверојатната риба позната по својата впечатлива портокалова боја, била ставена во езеро во Франција пред 20 години, и од тогаш било тешко да се фати.

На рибарот Хакет му биле потребни 25 минути за да ја извади рибата од водата.

Ова е хибриден вид вкрстен со јапонски кои шаран и се верува дека е вториот по големина уловен некогаш. Златната рипка или карас припаѓаат на семејството на крапови, но обично не ја достигнуваат оваа големина.

-Отсекогаш знаев дека Морков е таму, но никогаш не мислев дека ќе го фатам. Знаев дека е голема кога таа ја гризна мамката и почна да ја влече горе-долу, лево и десно. Потоа исплива на површина и видов дека е нешто портокалово. Феноменално е што ја фатив, но тоа е и чиста среќа, изјави Хакет.

Тој позираше со огромната риба пред да ја врати во водата.

Пронајден фосил од риба стар 95 милиони години !

Фосил на риба за кој се претпоставува дека е стар над 95 милиони години, е пронајден во Мексико, поточно во провинцијата Чијапас, на југоистокот на земјата. Се претпоставува дека таа живеела на северноамериканскиот континент во времето на диносаурусите.

Научниците сметаат дека фосилот припаѓа на вид риба од американското подрачје.

– Рибата имала голем број боцки на грбот и анални перки. Ова е досега неидентификуван вид кој живеел пред приближно 95 милиони години, односно во истиот период со диносаурусите, велат истражувачите.

Клејтон Мањо Канталис, научник од Националниот автономен универзитет на Мексико, рече дека на овој вид на риба му е дадено името „Choichix alvaradoi“ и според него потекнува од Мексико.

– Порано се веруваше дека рибите доаѓаат од Европа и се движат кон оваа област. Но, сега гледаме дека најстарата и прва риба живеела на овие простори, рече тој.

ФОТО: „Чудовиште“ од епски размери пронајдено на брег – научниците се обидуваат да дознаат што е ова чудо!

Посетители на една плажа во Калифорнија изминатата недела останаа затечени од она што го видоа на самиот брег. Имено, парот кој се шетал наишол на „чудовиште“, односно морска риба која што живее во морските длабочини.

ОИвој вид на риба е познат по израстокот на главата кој свети и со кој ги привлекуваат останатите риби, а необично е тоа што истата живее во длабочините на морето и чудно е што завршила на самиот брег.

Овие риби живеат на големи длабочини и навистина ретко можат да бидат забележани. Доста е чудно што една таква е пронајдена на површината. Се обидуваме да дознаеме како тоа се случило, соопштија научниците.

Во понеделникот рибата била замрзната, но се уште не се знае каде истата ќе биде чувана.