Tag Archives: сандаци

Пановски за „Фокус“: За оваа болест не се предвидени ЛИМЕНИ САНДАЦИ, погребалните претпријатија си го ИЗМИСЛИЈА за да земат повеќе ПАРИ

Последните десетина дена, една од темите која се отвори, а која предизвика голем интерес во јавноста е дали пациентите починати од опасниот Ковид 19 можат да бидат преносители на вирусот, со оглед на тоа што повеќе од година ипол овие пациенти се погребуваат во вреќи и затворени сандаци, за да не се „заразат“ нивните најблиски, како и тие кои присуствуваат на погребот, пренесува Фокус.

Првично, тоа не преставуваше никаков проблем за најблиските на починатите, кои покрај големата болка, која ја доживуваат, не се спремни, како што велат ако се такви протоколите, да загубат уште еден член од семејството. Но, како што поминува времето, така перспективите се менуваат, па се поголем број на граѓани бараат објаснување дали тоа има логика и како ако некој веќе починал и не дише, може да ја пренесе болеста.

Од друга страна, и лекарите тврдат дека шансите некој да се зарази од починат пациент, кој бил болен од корона се минимални.

„За оваа болест не се предвидени лимени сандаци, тоа самите погребални претпријатија си го измислија за да земат повеќе пари, а власта срамно си молчеше. Кога ги прашаа пред година дена, рекоа дека тоа не е протокол. Од тогаш, мислам дека нема лимени сандаци, односно не се инсистира на нив. Знам дека сандакот не смее да се отвора и мислам дека не се изложува во капела, туку директно се оди на гробишта. Барем, така е на погребите на кои јас сум присуствувал. Немаше ограничувања на бројот на присутни. За вреќите мислам дека се користат за транспорт од болница до капела. Потоа, не знам дали со вреќата го ставаат телото во сандак. Шансите, умрен човек да пренесе ковид на здраво лице се минимални. Можеби е во ред да не се дава лешот на фамилијата, но нема логика да не им се дава да го видат од дистанца со заштита“. објаснува во изјава за „Фокус“, микробилогот Никола Пановски.

Извор: Фокус