Tag Archives: Санкции

„Очекувам да се најде човекот кој вееше знаме со голема Албанија, и да се санкционира“

Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК во летното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека очекува институциите да го најдат човекот кој вееше знаме на голема Албанија и да се снакционира.

„Видете какви реакции предизвика веењето на знаме со Голема Албанија. Јас очекувам институциите да го пронајдат лицето и да го санкционираат. Тоа ме иритира и мене како Македонец, во мојата земја да се вее такво знаме“, рече Ангелов.

Со 23 бомби заканувачот БАРА УКИНУВАЊЕ САНКЦИИ – Македонците се соучесници во уништувањето на мојата земја

И денеска се пристигнати нови дојави за поставени експлозивни направи во повеќе објекти на скопското подрачје. На електронска пошта на скопскиот аеродром во Петровец пристигнала порака за поставена бомба по што веднаш следеше преземање на мерки. Веднаш биле откажани сите летови а надлежните полициски екипи ја започнале прверката.

– Македонците се соучесници во уништувањето на мојата земја. Затоа на денешниот ден се удруживме со нашите истомисленици и политичка партија за да ги минираме следните локации во Скопје и тоа со 8 бомби на Меѓународниот аеродром Скопје, 5 бомби во Националната арена „Тоше Проески“, една бомба во зградата на ФФМ, една бомба во ТЦ „Ист Гејт“, две бомби во хотел „Мериот“ и една бомба во хотел Сенигалиа, пишува во писмото кое утринава е испратено на електронската адреса скопскиот аеродром, текст кој веќе и се споделува на социјалните мрежи.

Во дописот меѓу другото се вели дека бомбите се активираат и ќе експлодираат на „сеизмичен покрет“.

– Можеме ова да го правиме секој ден, го сакате ли ова? Бидејќи крајот не изгледа добро по вас и вашите деца, граѓани, луѓе. Или можете да решите конечно да ја направите вистинската одлука. Суспендирајте ги санкциите, е.ани гомна, се вели во заканувачката порака.

Дојави се добиени и во Фудбалската федерација на Македонија, спортската сала „Борис Трајковски“, Фудбалската федерација на Македонија, хотелот „Александар палас“…

Османи за американскиот тим за санкции – „Ние побаравме да ни помогнат против корупцијата“

Македонија

Османи за американскиот тим за санкции – „Ние побаравме да ни помогнат против корупцијата“

Автор:Валмира Зендели07/12/2022 18:40

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели дека самата Македонија побарала САД да ни помогне во борбата против корупцијата. Ако не ги почнеме преговорите со ЕУ, стравував дека ќе останеме дека мониторинг, затоа побарав од САД да ни помогнат во однос на корупцијата, изјави шефот на дипломатијата. Меѓутоа, во однос на изјавата на Агелер во која вели „поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери“, Османи додава дека станува збор за сеопфатен поглед на корупцијата во земјава и дека поддржуваат бескомпромисна борба на сите нивоа.

Американската амбасадорка, Анџела Агелер, вчера преку „Твитер“ соопшти дека во земјава пристигнал американски тим за санкции со цел да утврди како стои работата со гонењето на корумпираните лица. Агелер во интервју за „Сител“ рече дека корупцијата е најголемиот предизвик со кој се соочува Македонија.

„Како што патувам низ земјава и зборувам со обичните луѓе, тие зборуваат за корупција секогаш кога треба да посетат лекар, секогаш кога бараат работа, секогаш кога детето им аплицира за одредено училиште. Искрено, корупцијата доведе до она што јас мислам дека е вистинска катастрофа за оваа земја и што толку голем број млади луѓе не сакаат да останат тука“, вели Анџела Агелер.

И министерот за внатрешни работи, Спасовски ја коментираше изјавата на Агелер, велејќи дека МВР стои на располагање за секаков вид активност за борба против корупцијата.

Амбасадорката на САД, Агелер, заклучи дека корупцијата ги „брка“ младите од земјава и дека тоа е најголемата загуба за Македонија.

Америте се налутија – Тим за санкции пристигна во Македонија, Агелер: Има потреба од повеќе истраги и гонења, никој не може да биде над законот

Тим за санкции од Вашингтон пристигна во земјава за да изврши поагресивен увид во поранешните и сегашните корумпирани актери, и да ги разгледа сите можни одговори, објави денеска на Твитер американската амбасадорка во Северна Македонија Анџела Агелер.

– Правосудниот сектор на Северна Македонија има потреба од повеќе истраги и гонења, за да се покаже дека никој не е над законот, подвлече Агелер.

Амбасадорката на САД пред неколку дена порача дека иако земјава чекори на патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи напредокот на Северна Македонија.

-Намалувањето на корупцијата е важно затоа што корупцијата во која било форма ја оневозможува оваа земја да напредува во економска, социјална, образовна и структурна смисла, за кои знаеме дека може и треба да продолжи да ги постигнува. Иако чекорите по патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи напредокот на Северна Македонија преку забавување на економскиот раст и поттикнување на најталентираните млади луѓе од земјата да бараат можности во странство, рече амбасадорката Агелер на средба со премиерот Димитар Ковачевски пред два дена.

Американската амбасадорка во повеќе наврати нагласува дека граѓаните во земјава заслужуваат независен правосуден сектор и дека политичкото мешање нема место во овие постапки. Таа рече дека борбата против корупцијата во земјава ќе ја направи приоритет на Амбасадата на САД затоа што корупцијата ја кочи оваа земја од многуте успеси што може да ги постигне.

Заменик-помошникот на државниот секретар на САД Габриел Ескобар пред неколку дена изјави дека санкциите на САД за корумпираните политичари од Балканот имаат ефект и дека Вашингтон ќе продолжи со санкционирање корумпирани функционери од регионот.

Путин со виц против Западот и санкциите: Тато, зошто е ладно?

Рускиот претседател Владимир Путин кажа виц за санкциите против Русија.

Во вицот на Путин, на запад син го прашува својот татко зошто е ладно.

Неговиот татко одговара дека тоа е поради рускиот напад на Украина и поради санкциите воведени кон Русија.

Тогаш синот го прашува таткото зошто се воведени санкциите, а таткото одговара дека тоа е со цел Русите да се чувствуваат лошо.

А, ние сме Руси?, прашал синот.

Не, одговорил таткото

Епа тогаш зошто ни студи и ние се чувствуваме лошо, зачудено прашал синот

Путин вчера изјави дека се наоѓаме на историски пресвртница.

Во современиот свет ретко кој ќе може да остане настрана. Оние кои сеат ветер ќе жнеат бура. Настаните продолжуваат да се развиваат според негативното сценарио и се претворија во криза од големи размери, рече Путин.

Брисел не искара дека НЕ ГИ СПРОВЕДУВАМЕ МЕРКИТЕ ПРОТИВ РУСИЈА

Европската унија во својот извештај за Македонија вели дека мерките за санкции кон Русија сме ги донеле, и за нив тоа е во ред, но – дека тие не се спроведуваат со што, имплицитно, се доведува во сомневање прозапдната ориентација на актуелната власт од страна на ЕУ.

Во извештајот се вели дека во овој дел има напредок, но дека земјата продолжува да не ги спроведува рестриктивните мерки кон Русија усвоени од ЕУ во март.

Во извештајот не се наведува прецизно за кои мерки се работи но јасно се наведува дека Македонија не ги спроведува со што практично Брисел ја оценува владата недоволно активна своите одлуки да ги спроведе во пракса.

Свои ингеренции за надворешната политика и спроведување на европските мерки или санции кон Русија имаат претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Кој е под санкции – Во Русија дизелот е 28 денари!

Во време на засилени санкции против Русија и анти-руска масовна хистерија цените на горивата во државата се драстично пониски од било кое друго место на планетата земја.

Ководителот на Тешки Муабети на Инфомакс, Јанко Илковски објави фотографија на која се гледа дека дизелот кој во Македонија стана поскап и од бензинот во Русија се продава по цена од 28 денари, односно 60 Рубљи.

-Дизелот и бензинот во Русија се 60 рубљи, што би дошло некаде околу 28 денари литар. Се прашувам, кој е под санкции, они или ние?

Владата планира да санкционира негативно мислење!

Ако помине владиниот предлог за промени на законот на граѓанска одговорност граѓаните ќе бидат санкционирани и за негативно мислење, што порано се нарекуваше вербален деликт и беше укинат по крајот на социјализмот.

Овој владин предлог кој асоцира на најцрните денови на сталинизмот и фашизмот е дел од формалниот предлог на Илинденска до Собранието.

,,Новиот предлог да се одговара за навреда и за “негативно мислење” не е ништо помалку од цензура на мала врата! Јас можам да напишам дека Владата не работи добро- оп тужба за навреда. Комшијата има лоша фризура- оп навреда.
Кој латентни нацисти сте Вие!!!!”, пишува за предлогот на владата адвокатот Јанаки Митровски.

Според текстот ќе се одговара и за објавување на негативно мислење од страна на граѓаните, предвидува Предлог законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета којшто го предлага Владата, преку Министерството за правда, а кој деновиве влезе во собраниска процедура.

,,За навреда одговара тој што за друго лице со утврден или очевиден идентитет, со намера да наштети на неговата чест и углед, со изјава, содржина, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази омаловажувачко, понижувачко или негативно мислење, стои во спорниот став од членот 6 во Законот”, стои во текстот од законот.

За предлогот реагира и адвокатот Александар Тортевски.

Путин: Фала на ЕУ за санкциите, само на храна заработивме 25 милијарди долари

Рускиот претседател Владимир Путин проговори за санкциите кои ЕУ со години ги има кон Русија и оти тие ги зајакнале руската економија.

Благодарам на ЕУ за санцкиите во земјоделството. Прво стравувам но вкупниот ефект е повеќе од добар. Извозот на наша храна надмина 25 милијарди долари. Сакам да им се заблагодарам на нашите земјоделци. Направија одлична работа-објасни Путин.