Tag Archives: Сатира

Ајдеее…УЈП ќе оделе по СВАДБИ да бројат пари

 Се воведува данок на свадбен поклон во плик кои ќе треба дополнително да го наполни буџетот.

Министерот Бесими и неговиот тим веќе подолго време го разгледувале овој иден начин за прибирање на даночен доход во државната каса.

„ Како што сите добро знаете ние како влада работиме исклучиво за доброто на народот, но за да продолжиме со добрите дела мораме преку даноци да ги зголемиме приходите во државната каса. Затоа решивме да воведеме данок на СВАДБЕН ПОКЛОН ВО ПЛИК! Што тоа значи тоа значи дека инспекторите на УЈП ќе дремат пред секој ресторан и ќе чекаат свадбата да заврши, откако ќе заврши свадбата инспекторите одат заедно со младите на првата брачна ноќ и заедно ги бројат парите што ги добиле младите! Сумата што ја земале младоженците ќе биде оданочена симболично односно данокот ќе изнесува само 99,99% оданочување од собраната сума но младите исто така ќе добијат и фискална сметка која ќе можат да си ја скенираат и да си имаат повраток на ддв, на овој начин ќе има придобивки за сите.“ -истакна Бесими.

Сатирична вест на Think.mk.

Владата му ги продаде правата на Дизни да го користи Кастриот Реџепи

Премиерот Зоран Заев соопшти дека Владата на С. Македонија му ги продаде правата за користење на Кастриот Реџепи на Дизни.

По тој повод тој истакна дека новата аквизиција на Дизни на најдобар начин ја покажува сета сериозност на актуелната власт.– Фактот што Дизни го купи нашиот пратеник јасно покажува што мисли светот за работата на оваа Влада и нејзините резултати. Знаете, на граѓаните што живеат овде им е лесно да дадат свое мислење за тоа како работиме и што работиме, но кога некој од странство ќе го забележи тоа, особено компанија како Дизни, тогаш тоа е вистински показател за нашата вредност – истакна премиерот.

– Верувам дека ова е само првиот чекор кон успешна соработка со Дизни, бидејќи сигурен сум дека меѓу членовите на Владата има уште многу луѓе кои одговараат на стандардите на Дизни. Претставниците на оваа компанија првично сакаа да ги откупат правата за користење на Артан Груби кој брзо стана вистински хит во Америка, но откако ги гледаа настапите на министерката Шеќеринска и градоначалничката Теута Арифи без двоумење изјавија „го сакаме ова!“ – откри премиерот Заев.

– С. Македонија сега е светски лидер по бројот на функционери што ги купи Дизни и тоа е нешто со што сите треба да се гордееме – додаде тој.

На барање на новинарот да го коментира трансферот во Дизни, Кастриот Реџепи испрати СМС до нашата редакција „Ќе ги сретнам Мики, Паја и Шиља, јееееееееееее!“.

Првиот вицепремиер Артан Груби, коментирајќи ја постапката на пратеникот на Беса Кастриот Реџепи, кој не се појави на гласањето за доверба за Дизни, рече дека во парламентот има две линии – една кон Дизни и друга кон Мики, Паја и Шиљо.

Запрашан за обвинувањата од лидерот на Движењето Беса, дека власта му се заканувала дека нема да ги сретне мики, Паја и Шиљо,  Груби вели дека тоа се невистини.

„Не е точно, Кастриот отсекогаш бил ориентиран кон Дизни. Неговото срце спие во Дизни“, рече Груби.

Околу Кастриот Реџепи во последниот период се крена многу врева. Пратеникот се потпиша на иницијативата, а потоа одби да гласа против Дизни каде што ги откри миговите кога беше најбараниот пратеник, со оглед дека се потпиша на иницијативата за гласање за Дизни, а потоа на денот кога требаше да се гласа го немаше никаде, односно не се појави.

Реџепи за ТВ21 откри дека Дизни во моментов има собраниско мнозинство, односно дека има 61 пратеник и дека наскоро ќе дознаеме кој е 61-от.

Реџепи: Дизни има 61 пратеник!

ТВ21: Како 61, кој е 61-от?

Реџепи: Ќе видите деновиве, не можам да кажам, но има 61. Сигурен сум. Како што не знаевте за мене дека нема да гласам за рушење на Дизни, така не знаете кој ќе биде 61-виот, но ќе дознаете.(Извор: МИА од иднината, овој текст е сатира на актуелните случувања)