Tag Archives: семејство

Потpaгата завpши: Пpoнајдени изгоpeните т ела на тpичленото ceмејство Ѓокиќ

Tеeлата на тpojцата членови на семејството Ѓокиќ, кое минатата недела иcчезна без тpaга во близина на Алексинац, се пpoнајдени во атаpoт на селото Моpaвац, пишyваат cpпските медиyми повиkyвајќи се на извopи во полициjaта.

Од утрово, кога беше пpoнајден нивниот 3aпален автомобил, poднините на семејството, но и цела Србија, чекаа инфopмација од влacтите да до3наат што се cлyчило со тpoјцата член0ви на семејството: бpaчниот пap Горан (57) и Гордана (56) и ќерката Лидија (25).

Неколку часа п0доцна, полициjaта coопшти дека пpoнашла и те ла, а дyри потоа cтигна потвpдата дека тоа е ceмејството Ѓокиќ, по кое со денови се тpaга.

Нивниот автомобил беше последен пат cнимен на надзoopна kaмера во соседната Тешица, но дури по два часот Hoќта. Целоcна миcтеpија е што се cлучyвало во 120-те минyти отkoга тpгнале kон домот во Алеkсинац.

На меcтото на yжacното 3лocтоpcтво се yпати и миниcтерот за внатpeшни paботи на Сpбија, Александар Вулин

Kиднапиpaна девојка од скопско, ја држеле поранешното момче и неговите родители

На 13.09.2021 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, 55-годишен маж од с.Копаница, скопско, пријавил дека неговата ќерка била физички нападната и еден период противправно задржана од А.С. (18), со кого била во љубовна врска, и неговите родители Р.С.(46) и С.С.(45), сите од с.Ласкарци, скопско.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Tетово: Дури ЧЕТВОРИЦА членови од исто семејство починале од Ковид, се заразиле на СВАДБА

Четири члена од исто семејство починале во ковид центарот во тетовската болница, објави Слободен печат.

– Сега е пандемија. Насекаде треба да има аларм за негрупирање и дистанца. Кај нас тие мерки не се почитуваат и за жал имаме многу голем број починати. Повеќето се со слаб имунитет и се е генетика. Имаме починати неделава четворица од исто семејство. Тие се заразиле на свадба и за жал починаа. Лицата се од една фамилија, живееле во две куќи една до друга и постојано биле во контакт. Кога се зема целата фамилијарна анамнеза, се гледа дека имаат наследни болести и слаба генетика. Имаме и семејства каде имале многу тешка клиничка слика па излегле со добри резултати од болница. Граѓаните не се чуваат, имаат слаб имунитет и повеќето се невакцинирани. Седат во групи, не носат маски, а не се вакцинирани, изјави доктор Миранда Пајазити.

Сите четворица пациенти биле од исто семејство и според епидемиолошката анкета дале податок дека присуствувале на свадбена прослава, а починале во период од една седмица.

Ова е семејството кое ја освои најголемата ЛОТО добивка во Македонија, вредна 669.000 евpa (Видео)

Мите Велковски е млад пензионер, вреден, скромен и ведар човек, ги обожава своите четири внучиња и вели дека сè што прави, прави за нив. Во ова ќе се препознаат многумина. Она што го го вбројува во (сè уште) поретките, е тоа што редовно, најредовно, уплаќа лото, без испуштање коло.

Со непоколеблива надеж и верба во среќата, од својата скромна пензија, за секое коло издвојувал по 200/240 денари. Но, тоа што го направи најредок е 7-ката. Најголемата премија за 7-ка во историјата на лото-игрите на среќа кај нас, падна токму со броеви коишто ги содржани една од 10-те комбинации уплатени од Мите Велковски, на продажното место ЈМБ Компани во скопско Визбегово. За само 200 денари тој освои рекордна премија вредна 41 163 771 денар (близу 670 000 евра) – oбјавија од Државната лотарија на Македонија.

Среќен, пресреќен за добивката, сакаше да им ја поддржи вербата на учесниците во играта на среќа лото и да им се заблагодари. Затоа застана пред камерите и ја сподели својата радост и радоста на своето семејство коешто се вброи во среќните лото-семејства на играчи со наградена долгогодишна верба.

Ние, од Државна лотарија, имавме задоволство да го запознаеме семејството Велковски, од скопско Визбегово, при нивната посета (со торта со лого Лото-7), првиот работен ден по извлекувањето. По редовната проверка на уплатеното ливче и официјална потврда на добивката, видно возбудени, ни ја раскажаа среќната приказна и без двоумење се согласија за јавна објава – пишуваат од Државна лотарија.

Имено, во сабота вечерта на 26.6.2021 извлекувањето на 7-те добитни бројчиња од нашата Лото-7 (коло 50), го следела сопругата заедно со внучињата. Како што ни се довери, таа го има задолжението да ги запишува извлечените броеви, кога сопругот не е дома. Кога видела дека била постигната 7-ка и кога на екранот, прочитала испис – продажното место ЈМБ Визбегово, му се јавила на Миле за да ги проверат броевите.

„7-ката е кај нас“ – одговорил Мите. Сè уште не верувајќи, го повикала синот за уште еднаш, заедно да ги проверат седумте броеви.

Вечерта, веднаш по извлекувањето, Мите се јавил во контакт центарот на Државна лотарија и го оставил својот број. Ние, уште истата вечер го контактиравме, а веќе во понеделникот се запознавме. По посета на просториите на Државна лотарија, следуваше гостување во студиото на Лото-7, во Канал 5, на местото каде што разиграните топчиња ја потврдија неговата верба во среќата и се совпаднаа со броевите во неговата 3-та комбинација. Потоа, го посетивме и среќното место „ЈМБ Компани“ во Визбегово, каде што Мите, последните две години, секое коло уплаќа по 10 комбинации. Добитната комбинација: 1, 20, 24, 25, 31, 32, 34 е составена од роденденски датуми, но и од броеви кажани од внучињата.

Мите, 32 години бил вработен како чувар во Македонски железници. Со сопругата (пензионирана негувателка во детска градинка), ќерката, синот, снаата и 4-те внучиња живеат во семејната куќа во Визбегово. Куќата, како што ни раскажаа, ја граделе со години „со свои раце“. Во саботата наутро, посакал да се живи и здрави со сопругата и да дочекаат да пораснат внучињата и направат свои семејства, а дотогаш да успеат да им купат по еден стан „од дедо и баба“.

Среќата, вербата и надежта, очигледно имаат заеднички патишта.

Честитајќи му на Мите и семејството Велковски, сите граѓани над 18 години ги поттикнуваме на верба и надеж. Ние сме тука за да обезбедиме можност за остварување соништа. Не треба посебна подготовка, ниту голема инвестиција за со редовна игра да се дојде до вонредна среќа – стои во објавата од Лотарија на Македонија.

„Вистинска парада на гордоста“ во Битола – дом, семејство, родители, мајка, татко и деца

Во Битола по вторпат вчера се одржа „Вистинската парада на гордоста”.

„Ова е „Вистинска парада на гордоста“ со која може да се зачуваат традиционалните вредности, дом, семејство, брак, деца, мајка и татко, а сето тоа ни гарантира сигурна иднина. Бракот е институција која треба да се негува, не сакаме тоа да се редефинира. Сакаме бракот да си остане каков што е, да нема родител 1 и родител 2“, изјави Петковски.

“Вистинска парада на гордоста” по втор пат во Битола.

Начелата по кој треба да сме водени за организирање на “Вистинската парада на гордоста” се:
-Дом
-Семејство
-Родители-МАЈКА и ТАТКО
-Деца
Начела дадени од Бога и начела по кои треба да ги воспитуваме нашите деца и идните наши генераци после нас во духот на нашата ПРАВОСЛАВНА ХРИСТИЈАНСКА вероисповед 🙏- велат од Иницијативата граѓани.

Да бидеме хумани: Семејство од Долно Коњаре остана без кров над глава

На семејството Балиќ од Долно Коњаре вчера им изгоре се, целата куќа, се што имале и мачно создавале.

Луѓето со три машки деца, од 8 до 12 години се сега сместени во гаража. Сега им е потребно буквално се.

Сите кои сакаат да донираат, побарајте ја Марија на 078 206 070, а таа ќе ви даде контакт или ќе ја однесе кај семејството вашата донација!

Да бидеме хумани и да му помогнеме на оваа семејство. 

Семејство нуди работа на Бахамите – Пар треба да им го чува имотот, но тоа не е се

Богато семејство од Флорида, плаќа околу 120.000 годишно за пар кој ќе се грижи за нивниот приватен остров на Бахамите.

Ако сакате островски живот, а немате пари за тоа – оваа можност може да биде идеална. Семејство од Флорида бара искусен пар кој ќе стане долгогодишен член на тимот, кој ќе им помогне во управувањето со нивниот имот на Бахамите.

Парот ќе ги ужива погодностите на вработување, вклучено сместување, здравствена заштита и стоматолошки бенефиции, како и автомобил предвиден за работните задачи.

Нивната основна работа вклучува и работа на голем имот на Флорида кој се состои од три куќи, девет купатила и имот на Бахамите каде има четири куќи со по четири спални соби во секоја од нив.

Повремено парот ќе пречекува и гости на аеродром. Работата подразбира и извршување на домашни работи како одржување на хигиена, перење алишта, пеглање. Работното време е од понеделник од петок од осум наутро до пет попладне, со повремени викенд ангажмани кои би се плаќале како прекувремена работа.

Семејствата на Верица и Иле стапија во контакт: Изгубив сестра, но добив брат!

Семејството на 20-годишната Верица Белчовска од Берово, чие срце сега чука во градите на младиот Иле Стрезовски од Брвеница, и семејството на Иле, стапиле во контакт. Цветко, таткото на Иле за ,,Фокус” вели дека телефонски разговарал со Мартин, братот на Верче, и целата фамилија не може да се совземе од емоциите. Болка, неизвесност, страв, благодарност, се соочувале со помешани чувства, но како што вели, над се преовладувала огромната благодарност кон хуманата фамилија Белчовски, чиј гест му дал нова шанса на Иле, но и на многу други луѓе.

-Се слушнавме со братот на Верче телефонски. Изгубив сестра, но добив брат, ми рече. Со таа реченица е кажано се, нашата благодарност не може да се опише со зборови, сите ние се уште сме како во сон, полека започнуваме да сфаќаме што навистина се случи.

Двете сестри на Иле заедно со зетот вчера заминаа во Русиново, да присуствуваат на погребот на Верче. Тоа е најмалку што можеме да направиме, да ја покажеме нашата почит кон девојката чиј живот трагично заврши, но и кон нејзиното семејство кое ја покажа целата своја големина со хуманиот гест. Вечно сме им благодарни, да се стабилизира состојбата на Иле, да помине сето ова, секако дека планираме во иднина и лично сите да се запознаеме, да се видиме со луѓето чија добрина ја трогна целата земја – раскажува таткото.

Целосната вест може да ја погледнете на „ФОКУС“