Tag Archives: Семејства

ЉУБОВНИЦАТА НА ЧАРЛС СЕГА Е КРАЛИЦА: Не избирала средства за да стигне до КРУНАТА, а уништила две семејства

Многумина се уште се изненадени и силно негодуваат поради фактот што Камила ја доби титулата на сопругата – кралица.

Принцот Чарлс официјално стана крал на Велика Британија на свечената церемонија на крунисување што се одржа во саботата.

Со него титулата кралица ја доби и неговата сопруга Камила Паркер, како што е наведено од желбите на самата Елизабета.

Многумина во Британија негодуваат сеуште за фактот што Камила од љубовница стана кралица, како и дека истото не е дозволиво за едно кралско семејство, меѓу другото уништувајќи две цели семејства на на патот до круната.

фотографија – Hugo BURNAND / AFP / Profimedia

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Жена и три дечиња останаа на улица – куќата им изгоре!

На социјалните мрежи е упатен апел за помош на семејство.

Се работи за мајка и три дечиња од скопско Катланово на кои пред неколку денови им изгорела куќата и истите во моментов се оставени на улица.

Нејзиниот сопруг починал откако бил хоспитализиран во многу тешка состојба.

Немаат ниту храна, ниту облека. Доколку сакате да донирате финансиски средства, тоа можете да го направите преку:

Здружение на граѓани “Стопли Срце”
Сметка за донации: 270072685480143
IBAN: MK07270722000030435
HALKBANK

(Видео) Cвeдоштво на лице кое меѓу првите пристигнале на место на несреќата: Сликата беше ужacна, цело време плaчeв

Неприлагодена брзина и грешка на возачот се најверојатната причина за несреќата со 45 жртви кај Бошнек. Ова за bTV го изјави секретарот на Окружниот совет за безбедност на Перник, Васко Пиргов, кој бил на местото на настанот заедно со првите полицајци и пожарникари.

„Не се раскажува, глетката е страшна, тие бегаа од задниот десен прозорец на автобусот“, изјави тој за bTV.

Според него, возилото застанало на бензинска пумпа, која е оддалечена само 20 минути од местото на трагедијата и невозможно е возачот да заспал.

Според Пиргов, возачот најверојатно возел со несоодветна брзина, а експлозијата која ја чуле патниците и за која говореше Зоран Заев е гумата која пукнала откако автобусот удрил во знак на патот.

Она што го открива тој е и најверојатната причина за пожарот, а тоа се канти со гориво кои се превезувале во предниот дел на автобусот, канти кои најверојатно се запалиле уште веднаш.

„Автобусот удира предна десна гума во знак кој летнал 45 метри напред. Патот беше
совршен, автобусот не можеше да се лизне. Нема знаци на кочее “, нагласи тој
тој.

Пожарот започнал од предната страна, а според полицијата, напред се превезувало гориво и резервни гуми:

Според Васко Пиргов, повеќето од жртвите најверојатно се задушиле.

Видеото ТУКА

Прилепски пожарникар со предлог: Парите за новогодишно украсување да се дадат на луѓето кои ги изгубија домовите во пожар

Прилепски пожарникар со предлог парите за новогодишно украсување да се дадат за семејствата чии домови изгореа во пожар.

Предлог…
До Др. Борче Јовчески , градоначалник на Општина Прилеп … Мојот градоначалник … 🤝
Се наближуваа нова година и празници во кои градот секоја година троши одредена сума на пари за украсување прослава и слични ново годишни “Кич” настани… 🎇
Мој предлог е…
Сите стредства кои треба да се потрошат за таа работа да бидат пренаменети за помош на семејства кои му е добре дојдена парична помош… 💶
На пример…
Во изминатава година неколку прилепски семејства останаа бес покрив над главата… нивните домови настрадаа од Пожар, тие семејства ден денес се мачат да обезбедат Дом за себе…
Сите сакаме да сме солидарни па еве можност да покажиме дека сме…
Да се помогне е подобро Нели?!
❤️
Како Пожарникар 👨‍🚒 при Pozarna Prilep Tppe Прилеп…
Бев дирекно вклучен во гаснењето на опожарените домови… 🔥
а сум и запознаен со проблемите на тие семејства… 📉
заради тоа Сега ја потегнувам оваа иницијатива… 👍
Да се направи добро дело за нашите сограѓани да можат повторно да имаат свој дом…
💖 Пишува пожарникар Блаже Јовески.

Четиричлено семејство во август потрошило повеќе за 214 денари, со ученик во семејството плус 8.000 денари

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во август се зголемени за 214 денари во однос на јули, покажуваат податоците од најновата синдикална кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Според овие податоци, во август на едно четиричлено семејство за да ги покрие основните потреби му требале 34.342 денари, а доколку во семејството има барем еден ученик, тогаш трошоците се зголемуваат најмалку за осум илјади денари или во тој случај синдикалната кошница би изнесувала 42.342 денари.

Најмногу пари се одвојуваат за храна и пијалоци – 14.633 денари, а за домување 10.818 денари. За лична хигиена потребни биле 2.382 денари, а за превоз минимум 2.529 денари. За културни активности минимум биле потребни 1068 денари, а за здравје 736 денари.

– Анализите на ССМ покажува дека трошоците за живот континуирано се зголемуваат, а платите стагнираат. Трошоците на живот се исто така динамични. Според податоците што ги објавува Државниот завод за статистика, најмногу пораст е забележан ка храна и пијалоци со 1,5 проценти и тоа кај зеленчукот 15,8 проценти, сирењето и урдата 1,1 проценти, месото 0,9 проценти, лебот и житата 0,7 проценти и млекото исто така за 0,6 проценти итн. Посебен товар за граѓаните односно на едно четиричлено семејно домаќинство овој месец е и почетокот на учебната година за кој според податоците кои се официјално достапни и изнесени во јавност, родителите треба да одвојат најмалку по околу 8.000,00 денари по дете кое посетува настава во основно или средно училиште, велат од ССМ.

Оттаму сметаат дека е оправдано нивното барање минималната плата да биде најмалку во висина од 60 проценти од просечната плата бидејќи две минимални плати не се доволни за да ја покријат синдикалната минимална кошница.

– Ако со ваков интензитет продолжи зголемувањето на трошоците на живот и цени тогаш ниту три минимални плати не би биле доволни да го достигнат растот на Синдикалната минимална кошница. Ако само просечната плата расте, а минималната плата стагнира односно минимално се усогласува без да бидат прифатени забелешките на синдикатите, ќе имаме тренд на осиромашување на граѓаните, предупредуваат од ССМ.  

Во земјава вратени тepopиcти на ИCИC и членови на нивните семејства од Сирија и Ирак

Доцна синоќа, Владата на Република Македонија, успешно го заврши процесот на репатријација на државјани на Република Македонија од Сирија и Ирак за 4 мажи – странски терористички борци, 5 жени и 14 деца.

Процесот е спроведен согласно обврските на Република Македонија кои произлегуваат од меѓународното право, меѓународното право за човекови права, меѓународното хуманитарно право, стандардите и резолуциите на Советот за безбедност при Обединетите нации, информираа владините служби.

„Против четворицата странски терористички борци, по претходно обезбедени докази од страна на Министерството за внатрешни работи – Бирото за јавна безбедност, и во координација со Агенцијата за национална безбедност, поднесени се соодветни кривични пријави во согласност со националното законодавство.
Поради нивна недостапност на органите на прогонот, за истите имаше распишано меѓународни потерници, а во нивно отсуство, определена е мерка притвор, со решение на надлежен суд“, стои во владиното соопштение.

Надлежните соопштија дека репатрираните жени и деца ќе подлежат на четиринаесет дневен здравствен карантин на доброволна основа и неопходни лекарски прегледи, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, со цел заштита на јавното здравје.

Во наредниот период, надлежните служби ќе работат на обезбедување докази за можно учество во инкриминирани дејствија, за секој случај поединечно. Со исклучување на можноста за нивна вклученост во дејствија кои подлежат на казнено – правна одговорност, почитувајќи го во целост начелото на доброволност, ќе отпочне процесот на нивно рехабилитирање, ресоцијализирање и реинтегрирање во заедницата, односно во општеството.

Сите мерки и активности кои се преземаат од страна на институциите се базираат на обврските од Националниот план и процедурите за реинтеграција, ресоцијализација и рехабилитација на повратници од странски војски и членови на нивните семејства, усвоени од страна на Владата на Република Македонија, а за чија координација и имплементација е надлежна Канцеларијата на Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.

Република Македонија, како членка на НАТО и Глобалната коалиција за борба против ИСИС, во соработка со нашиот стратешки партнер САД, останува посветена во примената на највисоките стандарди во борбата против насилниот екстремизам и тероризмот, со цел осигурување на безбедност, сигурност, стабилност и просперитет на највисоко ниво за граѓаните на нашата земја и пошироко во регионот, велат од владата.

Над 100 семејства без леб, Баргала отпушти жена на само 4 месеци пред пензија: Не избркаа како кучиња !

Нe’ избркаа како кучиња! Не сме биле три дена. А ние, не три дена, три месеци не сме на работа. – изјави Борка Стоиловска, една од напуштените работнички.

Македонка Данева, на која ѝ останаа уште четири месеци до пензија рече: „На 11-ти сум била на работа, ме пуштија и ми рекоа дека ќе бидам на повик, и вчера ми стигна отказ, бидејќи на 16 не сум се јавила, а јас чекам повик. Секогаш било така, не само сега.“

Околу 100 семејства вчера останаа без својата егзистенција, откако стотина работници од штипската  фабрика за чевли БАРГАЛА, добија отказ. Работниците не го кријат својот револт и најавуваат ШТРАЈК. Не само поради добиените откази, туку и поради неисплатените плати и лошите услови за работа.

Имено, оваа штипска фабрика со години ги крши работничките права. На работниците не им исплаќа редовно плати, а ако ги исплати, тие се далеку под законскиот минимум. Прекувремените саати не им се исплаќаат, регресот за годишен одмор исто така, а ако се исплати, на работниците им било наложувано истиот да го вратат на сопственикот. Работниците се незадоволни и од условите за работа, бидејќи воопшто не се превземале мерки за заштита на нивното здравје, што резултирало и со смртни случаи за време на корона кризата.

Се поставува прашањето, како е можно оваа фабрика толку години да работи спротивно на законот, отворено кршејќи ги работничките права, а досега воопшто, никогаш и со ништо да не била санкционирана? 

Можеби одговорот лежи во фактот дека семејството Барзови, кои се сопственици на оваа фабрика, историски се во блиски односи со владејачката парија. Таткото на сегашниот сопственик Наум Барзов, Костадин Барзов, беше првиот генарелен директор на фабриката, а во 1998 година беше и кандидат за пратеник од редовите на СДСМ.

Дали Баргала е привилегирана и поради семејната врска на поранешниот пратеник (а сегашен градоначалник на Штип) со сопствениците на фабриката? Дали фактот дека штипскиот градоначалник е зет во семејството Барзови, ја става фабриката над законот?

Не помалку познат факт е дека семејството Барзови покрај фабриката Баргала, се сопственици и на уште две текстилни конфекции, како и штедилницата ,,Алкоса”, а согласно кажувањата на вработените, работничките права не се почитуваат ниту во овие фирми.

И покрај наводните ангажмани на синдикатот и на низа невладини организации, борбата за работничките права во оваа фабрика тапка во место со години и освен инстант „решенија“ за собирање политички поени, досега не е изнајдено долгорочно решение.

За решавање на проблемите на овие, како впрочем и на сите други работници во Република Македонија се потребни системски решенија, залагање на сите државни институции за почитување на правата на работниците, а за прекршителите на законот изрекување прекршочни и кривични санкции. Нешто, за кое што е потребна политичка волја, која очигледно не постои кај владејачката партија, пишува Антропол.мк.