Tag Archives: Шилегов

(Видео) Она кога ќе ти кажат нема втор мандат :)

Лидерот на ДУИ Али Ахмети најави големо изненадување кое ќе го обелодени на 5 јуни, на роденденот на партијата.

– На 5 јуни, повторно, нашето семејство ќе излезе со платформа која првично ќе биде дискутабилна и со големи дебати како што се дебатираше за „првиот албански премиер – рече вчера Ахмети во Липково.

Засега се шпекулира дека изненадувањето ќе биде заеднички кандидат Албанец со СДСМ за градоначалник на Скопје.

Премиерот Зоран Заев е информиран за големото изненадување на ДУИ кое лидерот на интегративците Али Ахмети најави дека ќе го обелодени на 5 јуни , на партискиот роденден.

– ДУИ има убава работа да соопшти во сабота, убава зтоа што е целосно во корелација со работењето на Владата, споделено е со нас, убава е затоа што е модерна и соодветна за 21 век. Тоа е освежување и новина – рече Заев но не откри детали бидејќи тоа е агенда на ДУИ.

Дали тоа значи дека нема втор мандат за Петре Шилегов останува да видиме.

Во прилог видео од реакцијата на градскиот татко Петре Шилегов кој мораше да слуша како од илјадници грла се скандира никогаш Северна, Само Македонија на прославата откако ракометниот клуб Вардар ја освоија титулата од Лигата на шампионите во 2019 година:

Шилегов: Спремен сум да донесеме закон за рушење на „Скопје 2014“

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов најави дека тој е спремен да се донесе закон за рушење на проектот „Скопје 2014“.

– Нас во моментов ништо, освен можеби личен страв кај министерката за култура и градоначалникот на Центар, не ни смета да го отстраниме споменикот Мајка Тереза. Јас мислам дека е личен страв, затоа што има страв од носење на одлука, одлуката некој треба да ја потпише. Јас сум спремен да донесеме закон за рушење на Скопје 2014. Јас на крај на министерката и градоначалникот им реков дајте ми јас ќе го срушам. Не затоа што мене не ми се свиѓа, туку не е автентично Скопје – рече Шилегов.

Дурловски му одговори на Шилегов: Јас не сум ракија па да ме ставаш во уста!

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 лидерот на Левица Димитар Апасиев го нарече фашист, а оперскиот пејач и експратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, оперска певачица!

Дурловски на ваквата провокација од страна на Шилегов одговори на Фејсбук:

-Ми пренесоа дека оној јадник од градски татко се потрудил да ме омаловажи на ТВ. А бе Шилегов, не сум јас ракија па да ме ставаш во таа твоја погана уста!

Шилегов Апасиев го нарече фaшиcт, а Дурловски – оперска певачица

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 лидерот на Левица Димитар Апасиев го нарече фашист, а оперскиот пејач и експратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, оперска певачица!

Видеа:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=4469056726443570&id=100000178601224

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=4468996329782943&id=100000178601224

Шилeгoв ќе потpoши 30 илjaди eвpa зa мacичkи зa шax?

Советот на Град Скопје изгласа меѓуопштински соработки со седум општини од подрачјето на Скопје за уредување на јавни површини за спорт и рекреација.

Во ниту една одлука за меѓуопштинска соработка со било која од наведените општини не се предвидува поставување повеќе од две маси, а не па 14(четиринаесет) маси за шах.

На промотивното видео за новиот урбан сквер во Аеродром, градоначалникот Петре Шилегов се фали со 14 шах маси само на овој сквер, а одлуката на Советот на Град Скопје предвидува поставување само една.

Она што фрла сомнеж и беше дискутирано на седницата на Советот на Град Скопје е висината на цената за една маса за шах која изнесува 71.400 денари односно 118.200 денари, а сега гледаме дека и бројот на поставени маси не кореспондира со оној од одлуките кои беа изгласани.

Слични модели на веќе поставените маси можат да се најдат и по 9.000 денари, цена осум пати пониска од цената по кои се набавени, а дополнително се платени 2000 евра плус ДДВ за основен проект на маса за шах.(проектирале маса за шах).

Дали овие маси за шах се набавени по цената од спецификацијата од одлуката за меѓуопштинска соработка со Општина Аеродром и изнесува 71.400 денари односно 118.200 денари

Зашто се поставени дури 14 шах маси на еден сквер и дали следи „шаховизација“ на скопските општини со скапите масички.

Не можеш да и смениш име на Ленинова зашто е од 45-та, ама на државата можеш

„Не може на улицата да и го смениш името дека се викала Ленинова од ’45та.

Името на државата можеш. Имињата на улиците се традиција и луѓето не може да се навикнат на нив со години. Казнуваат за употреба на терминот Македонија и именуваа улица по селото каде што го сменија името.“ – пишува граѓанин на Твитер.

https://twitter.com/MartianfromMKD/status/1362502323176693760?s=20

Апасиев до Шилегов: Несреќо скопска, дали си ти нормален бе, пијандуро една непрокопсана?

А бе ШИЛЕЏЕ, несреќо скопска. Па шо не кажуеш у јавност дека ист член од закон, до пред година дена си го толкувал на еден, а сега на друг начин – нормално, на штета на граѓаните! Така, за купено паркинг место у зграда, на скопјани си им наплаќал 5% ДДВ, а сега одеднаш им наплаќаш 18%, без притоа да има никакви законски измени у меѓувреме!? Или, еве, да ти нацртам: за паркинг кој кошта 2.000 ЕUR, наплаќаш неверојатни 20.000 денари данок!!! Дали си ти нормален бе, пијандуро една непрокопсана?#АрамискиТаткоНаГрадот

Напиша пратеникот од Левица на Фејсбук по повод наплаќањето на ДДВ за купено паркинг место во зграда од 5 % до 18% скопјани плаќале без законски измени.

Апасиев вели за паркинг кој чини 2.000 евра, Шилегов наплаќал 20.000 денари данок.

https://www.facebook.com/defensor.plebei/posts/3726217064110271