Tag Archives: Штедење

ГОСПОЃАВА Е НАЈГОЛЕМАТА ЦИЦИЈА на планетата: Готви во машината за садови!

Сите сакаме да примениме добар совет за заштеда на пари, но Стефани Бенет ги носи работите до крајност. Така, на пример, шета во темница низ својот стан, носејќи со себе сијалица, која ја става и пали само во просторијата каде што ќе остане да најде нешто. Тврди дека на овој начин само за струја заштедува околу 60 долари или околу 55 евра месечно.

Стефани, исто така, ги собира грутките и влакната што се собираат на дното од барабанот и гумата на вратата од машината за перење и од нив прави импровизирани памучни влошки, кои ги користи за отстранување на лакот за нокти и за шминкање.

Наместо обичен туш, го користи принципот на морнарски туш (кој троши многу помалку вода така што прво се натопува под вода, потоа се насапунува со исклучена вода и повторно ја отвора за брзо плакнење) и користи монитор за бебиња за да го предупреди својот партнер додека е под тушот дека е време да се исклучи водата.

Нејзиното момче Патрик Робинсон не го разбира начинот на живеење на неговата девојка и вели дека никогаш не се тушира ​​добро кај неа. Вели дека никогаш не успева добро да го измие целото тело, па често се чувствува како магаре бидејќи не се конфронтира и не се тушира ​​како што треба, пренесува порталот LADbible.

– Стефани има добра работа, работи во ординација. Заштедила многу пари, но не сака да троши ништо. Смешно е како живее, но јас ја сакам и затоа го прифаќам тоа, вели Патрик.

И тоа не е се. Стефани штеди и на вода за готвење тестенини, па ја користи истата вода повеќе пати. Со инјектирање, прецизно ја мери количината на детергент за перење што треба да се стави во машината за перење.

Вели дека умее максимално да го искористи секој вид на храна и пијалак во куќата, кои ги чува во посебни контејнери. Оваа приказна покажува и колку таа е посветена на штедењето: Кога купува во супермаркет, Стефани ги лупи бананите пред да ги стави на вага, исто како што го чисти грозјето од гранките и ги мери само бобинките.

А ако тоа ви изгледа бизарно, еве уште неколку детали: Стефани готви во машината за миење садови, па цврсто ги обвива чиниите во алуминиумска фолија за да се погрижи водата да не навлезе во нив додека се мијат другите садови околу нив. Така готви виршли, приготвува лазањи, риба и слично, бидејќи повеќе го сака тоа отколку да троши струја за да подготви оброк.

Поранешен министер до Ковачевски: Оди во Арачиново и учи ги твоите пајташи кои за 474% ја зголемиле потрошувачката на струја

Поранешниот министер за правда Михајло Маневски преку социјалните мрежи му се обрати на актуелниот премиер Димитар Ковачевски. Тој во својата објава вели дека премиерот треба жителите на Арачиново да ги учи како да штедат струја оти тие за 474% ја зголемиле потрошувачката на струја.

„Таче алабакот

Овој Таче не учи како да се штеди струја!
Оди бре ќелаш во Арачиново и учи ги твоите пајташи кои за 474% ја зголемиле потрошувачката на струја!?
Ја платија ли?
Какви мерки презеде за кражба на струја во Арачиново од 6 милиони евра?
Колку кривични пријави се поднесени?
Колку крадци на струја се казнети?
Николку
Го штитиш коалициониот партнер ДУИ, да не ти излезе од владата, а…
Не се секирај.
Тие не излегуваат од влада и со стап да ги бркаш.
Каде ќе најдат ваков башибозлуг да прават што сакаат.
Без никаква одговорност.
До кога….“, вели тој.

Апасиев: Штедете вие струја за Арачиново да троши пет пати повеќе

Претседателот на политичката партија „Левица“ со реакција на информацијата дека Општина Арачиново трошела повеќе струја од лани, во време на енергетска криза.

Информациите ги соопшти министерот за економија, Крешник Бектеши, а покрај Арачиново, повеќе струја трошеле и Општините Студеничани и Лозово. Шокантен беше податокот дека Општина Арачиново во октомври годинава, споредено со октомври во 2021 година, потрошила за 474 проценти повеќе електрична енергија, што значи дека потрошувачката е речиси пет пати поголема.

Апасиев, во стој стил, на социјалните мрежи напиша: „ШТЕДЕТЕ вие струја, за Арачиново да троши пет пати повеќе (за копање криптовалути). Ах, тој прекрасен ес-де-ес-овски соживот“.

Штедење – Премиерот се пофали дека за Брисел ќе летал со евтин комерцијален лет

Премиерот Димитар Ковачевски попладнево со владин тим отпатува за Брисел. Се објавија фотографии во некои медиуми од страна на читатели.

Во состав на владината делегација се вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

На самитот ќе се одржат неколку сесии на кои е предвидено премиерот Ковачевски, заедно со лидерите од Албанија, Србија, Косово, БиХ и Црна Гора, да дискутираат за регионалната соработка и заеднички регионални пазари, за енергетска стабилност и трансформација, како и за перспективите на Берлинскиот процес и стратешките прашања.

Спасовски штедел – Лета со нискобуџетни авиокомпании

Оливер Спасовски, Министерот за внатрешни работи во земјава во гостување во Канал 5 ТВ изјави дека за службените патувања многу често користи нискобуџетни компании.

Тој вели дека во услови на криза, мора да се рационализираат сите трошоци бидејќи тоа се финансиски средства на граѓаните и важно е да се вршат работите со најмал можен трошок.

Тоа не е ништо чудно, треба да ги користиме сите можности за да одбереме најповолни понуди за летање и во смисла на цена и во смисла на конекција. Многу често ги користам Изиџет, Визер, Рајанер итн., истакна Спасовски

Бислимовски до скопјани: Топлите радијатори на 24 и 25 степени, се минато, треба да се штеди …

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски во однос на почетокот на грејната сезона во Скопје вели:

„Во саботата почна грејната сезона. Доколку температурата во текот на денот е под 15 степени, треба да работат и топланите. Според информациите од ЕСМ, има одредени проблеми со внатрешна инсталација, но и кај некои топлотни станици и поради тоа се исклучени пумпите, но имало и дефект, кој технички може да се види. Ова е вообичаен почеток на грејната сезона. Како ќе поминува секој ден неделава, ситуацијата ќе се подобрува и непречено ќе се одвива грејната сезона“, рече Бислимоски во гостување на ТВ24.

Тој вели дека времињата кога еден стан со топли радијатори се загревал со температура од 24 степени целзиусови и нагоре, се минато.

-Треба да се штеди и нашите топлани да работат во оптимални режими. Да се покажеме солидарни и да не очекуваме дека повторно ќе имаме грејна сезона со 24-25 степени целзиусови во некои станови. Тоа што е минимум ќе се обезбеди – 21 степен целзиусов. Да потсетам дека побогати земји температурата ја намалија на 18 и 19 степени. Ние како РКЕ не се одлучивме да ги намалуваме тие гранични температури, рече Бислимоски во „Студио 10“.

ЕПОХАЛНО решение за штедење: Дојди душо да штедиме струја! (Видео)

Почна да застудува, а за препораките за штедење струја слушаме секојдневно – некои се во паника што да се прави и веќе се бараат алтернативи за топлење, а во истовреме и за штедење. Фолкерот од соседството, по име Раде Јоровиќ „решение“ имал во ракав уште во 1985 година кога и објавил многу интересна песна со наслов „Дојди душо, да заштедиме струја“.

Во многу емотивниот рефрен овој музички херој го има епохалното решение – најдобро е тој и неговата сакана заедно да заштедат струја – ем штедење ем уживање и сето тоа обвиткано со превезот на мистеријата затоа што тоа ѝ го предложил со шепот (другите да не слушнат).

Кога добро ќе се размисли предлогот на Јоровиќ и не е така лош, сега некој може ќе се кае, некој не, ама сигурно ќе се заштеди и нема да ви е ладно.

Во Црна Гора ќе се готви во ПОКЛОПЕНИ ТЕНЏЕРИЊА, бојлерот на 60 степени, фрижидерите на 4, а замрзнувачите на минус 18

Готвење во покриен сад, некористење лифт, префрлување на ЛЕД осветлување се дел од препораките на Владата на Црна Гора за намалување на потрошувачката на електрична енергија и зачувување на енергетската сигурност, објави Радио телевизија на Црна Гора.

Владата соопшти дека вчера на телефонска седница го усвоила Извештајот за работата на Националниот совет за анализа и следење на безбедноста на енергетиката и енергетското снабдување со Предлог препораки за намалување на потрошувачката на електрична енергија.

На општините им беше препорачано веднаш да се префрлат на ЛЕД осветлување, да го намалат јавното осветлување на „минимум безбедносно оправдано ниво“, да го ограничат или намалат осветлувањето на билбордите и осветлените реклами, како и рефлектори на спортски и други манифестации, кои треба да се организираат во текот на денот.

Препораките за органите на државната управа, локалните самоуправи, државните претпријатија, јавните институции и стопанството предлагаат користење скали наместо лифт, исклучување на осветлувањето на крајот од работното време, загревање на просториите до максимум 20 степени Целзиусови – со исклучок на болниците, установи за социјална заштита, градинки и училишта.

Исто така, префрлување на LED осветлување, не вклучување на осветлувањето во текот на денот и некористење темни завеси и предмети кои ја заматуваат природната светлина, но и не спуштање на ролетни и поставување на бироа кон природно осветлување.

Во долгата листа на методи за штедење за домаќинствата, стои дека термостатот на бојлерот треба да биде поставен на максимум 60 степени, фрижидерите на четири, а замрзнувачите на минус 18 степени, со разумна употреба на грејни уреди.

Се повикуваат граѓаните „да го користат сонцето колку што е можно за осветлување во текот на денот“, а во грејната сезона да ги спуштат ролетните и да ги влечат завесите навечер, да не ги покриваат радијаторите со мебел и облека, а облеката да ја перат на пониска температура и сушење на воздух, а не во машини.

„Треба да се готви во покриен сад, бидејќи на тој начин се заштедува и до 20 отсто енергија, треба да се користат и садови чија големина е пропорционална на грејната површина за да се избегне губење на 20 отсто енергија“, предлага Владата. во делот што се однесува на подготовката на храната, и напоменува дека кога водата ќе зоврие, температурата треба да се спушти „на најниската можна температура на која ќе продолжи да врие“.

Кога станува збор за греење на домаќинствата, препорачаната температура за просториите каде што се задржувате подолго време е од 20 до 21 степен, кога спиете до 18 степени, а кога излегувате од дома во текот на денот до 16 степени, т.е. , најмногу десет степени „во случај на подолги отсуства“.

Се препорачува јавниот сервис на Црна Гора и радиодифузерите кои имаат национална фреквенција, меѓу другото, да емитуваат промотивни видеа од областа на енергетската ефикасност и рационалното користење на енергијата и да поканат експерти кои ќе ја подигнат свеста на граѓаните „за потребата од енергија транзиција“ со корисни совети.

Синдикатот бара администрацијата да работи од 9 до 15 часот за да се штеди cтpyja

Јавниот сектор да работи два часа помалку, од 9 до 15 часот, кога има најмногу дневна светлина и кога е најтопло во текот на денот, е мерката за заштеда на електична енергија што ја предлага Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС).

Како што соопшти денеска претседателот на КСС, Благоја Ралповски енергијата што ќе се заштеди од јавните институции потоа да им се даде како помош на бизнис секторот и јавно – комунлните претпријатија за да се спречат поголеми ценовни шокови.

– Може да се направи рационализација, јавниот сектор може да работи со скратено работно време од два часа со што ќе се заштедат големи количини електрична енергија. Може да се направат дежурни тимови кои ќе ги сервисираат неопхоедните дејности во текот на еден ден, истакна Ралповски.

Штом требало да се штеди зошто не се укинат 3 – 4 министерства?

На македонската влада и стана навика да укажува дека треба да се штеди. Криза било, морало порационално да се троши, загрижени се министрите.

Мнозинство од граѓаните во Македонија ги земаат на мајтап овие владини апели, барања, опомени… Зошто е така? Зарем населението не ја гледа сериозноста на ситуацијата? 

-Ја гледаме сериозноста на ситуацијата, но не ја гледаме сериозноста на Владата во намерата да штеди, сака само населението да го товари, ни одговори еден аеродромец утрово на прашањето.

Логичниот одговор наметнува друго прашање: Кога ќе следи намалување на бројот на министрите и пратениците, кога ќе се намали администрацијата односно сиот оној „јавен сектор“ кој е прегломазен и прескап?

Така ќе покаже Владата дека навистина таа почнува да штеди. Така ќе се даде пример и другите да штедат.

Впрочем за намалување на државните функционери кои дебело се платени има и друга (дебела) причина – до сега нивната бројка беше планирана за повеќе од два милиони жители, ако веќе се намалило населението (што покажа пописот), треба да се намалат и тие кои и „служат“ на граѓаните на Македонија.

Како за се и текнува на министрите, за ова не им текна?

Има премногу министерства во Македонија. Најмалку 3 -4 треба да отпаднат. Има премногу јавни претпријатија, разни агенции и слично. Сите тие имаат раководни кадри со шофери и секретарки, па дури и советници. Многу управни одбори, па надзорни… Се тоа треба да се намали.

Па нели криза е, а и следела уште поголема? 

Текст на Скопско ехо