Tag Archives: скопје

Ограбено казино во Скопје: Крадецот влегол и СО ОРУЖЈЕ ги земал парите од вработените

Денеска (04.04.2023), полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Ф.С.(27) од Синѓелиќ, скопско. Тој се сомничи дека на 30.01.2023 во казино на ул.„Жан Жорес“ со закана со оружје извршил разбојништво, при што одзел пари.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Данела го враќа Ќосето – поднесено барање до општина Центар

Градоначалничката Данела Арсовска отпочнува со постапка за враќање на споменикот на Андон Лазов-Ќосето пред судовите во Скопје.

Од општина Центар, за повеќе медиуми потврдија дека до нив е стигнато барање за отпочнување на процедура за враќање на Ќосето на крстосницата на која што претходно беше поставен.

Споменикот пред пет години беше отстранет по барање на ексградоначлникот Петре Шилегов.

Како што дознаваме Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со месеци го барала споменикот на Андон Јанев-Ќосето, кој во текот на 2018 година беше отстранет.

Споменикот на Ќосето долго време го баравме и успеавме да го детектираме. Ќе ги прашаме граѓаните, што се однесува до мене како градоначалник затоа што многу често беше поставувано ова прашање, не само во кампањата туку многу често и самите граѓани знаат да напишат, и да прашаат и ме интересираше каде е, изјави Арсовска уште минатата година.

Таа додала дека два месеци се обидувале да дознаат каде е ставен, дури и кружеле гласини дека можеби е стопен.

Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Својата дејност ја започнал како дел од Македонската револуционерна организација, а подоцна станува нејзин војвода.

(Фото) Обезглавено тело пронајдено на патот Скопје-Блаце во близина на клучката кај Визбегово

На магистралниот пат Скопје – Блаце околу 11.30 вчера (30.03.2023)часот е пријавено дека на коловозот кај клучката кај Визбегово која води кон скопската обиколница е пронајдено безживотно, обезглавено тело.

На лице место излезе увидна екипа, екипа на судска медицина како и јавен обвинител.

Според првичните инфромаци, најверојатно станува збор за илегален мигрант кој се нелегално се превезувал во приколка на камион од која и паднал, по што бил прегазен од тешко товарно возило кое не застанало и се оддалечило од местото на настанот.

Повеќе информации се најавени во текот на денешниот ден.

Фатен на дело: Среде бел ден, среде Центар ѝ бркнал во чантата и ѝ го одзел паричникот

Денеска (20.03.2023) околу 13.10 часот на автобуска постојка на бул.„11 Октомври“, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода М.П.(43) од Скопје.

Тој бил фатен при извршување кражба, при што од чанта на С.П.(65) од Скопје, при влегување во автобус, одзел паричник. Одземеното било вратено на оштетената, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Првиот знак при влез во Скопје – слика за цела држава! (Фото)

Твит на денот:

Одбележување на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи со ПОВОРКА НА ЖИВИТЕ (Фото)

Под мотото „11 март 1943 – Никогаш повеќе” денеска ќе биде одбележана 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи, што под покровителство на Владата, го организира Еврејската заедница во земјава и Фондот на Холокаустот.

Одбележувањето ќе почне со поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако. Најавени се обраќања на претседателот на државата Стево Пендаровски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, претседателот на парламентарната група за пријателство Израел- Северна Македонија, Хамад Амар, како и на Ернест Херцог од Светскиот Еврејски Конгрес, Мариа Багдасарова од Европскиот Еврејски Конгрес и Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница во земјава.

Во овој временски период ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници во градот.

Одбележувањето ќе продолжи на Градските гробишта Бутел каде ќе биде положено цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и пред споменикот на паднатите борци во НОБ.

Вечерва во Националната опера и балет ќе се одржи комеморативен концерт на кој се очекува да се обратат премиерот Димитар Ковачевски, амбасадорката на Израел, Симона Франкел, претседателот на Еврејската заедница во земјава Пепо Леви и претседавачот на Американскиот Еврејски Конгрес, рабин Ендру Бејкер.

Со поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако, денеска почна одбележувањето .на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи, што под покровителство на Владата, го организира Еврејската заедница во земјава и Фондот на Холокаустот под мотото „11 март 1943 – Никогаш повеќе”.

ПОВТОРНО ПУКАЊЕ ВО СКОПЈЕ: Нова пресметка во Бутел, двајца специјалци префрлени на Ургентно

Две лица со тешки телесни повреди се пренесени на Ургентен, откако пет до седум напаѓачи некаде околу 01.00 часот по полноќ на 12.03 ги пресретнале на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош во општина Бутел, каде ги претепале, јавува „Инфомакс.мк

Двајцата повредени се припадници на МВР и тоа во специјалните единици на полицијата.

Според информациите на Инфомакс, во нападот користено било и огнено оружје, но за среќа нема починати од престрелката.

Најмалку пет лица се дале во бегство со возило марка „Цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, додека возило со другата група напаѓачи беше запрена од полицијата и задржана на лице место.

Полицијата трага по избеганите, а на лице место се чека увидна екипа и обвинител.

Минатата недела на само 300 метри од плоштадот во центарот на градот се случи професионална ликвидација на две лица со автоматски пушки, а сторителите се уште не се најдени.

Претходно беше киднапиран внукот на екс-министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски по кого полицијата се уште трага.

Фото и извор: Инфомакс.мк

Скопјани добиваат ПРВ „ЛИДЛ“ маркет, еве каде ќе се наоѓа

Германскиот голем трговски синџир „Лидл“ ја купил локацијата на Бриколаж од компанијата Скопски пазар, ексклузивно дознава „Фактор“.

Таму се очекува да биде отворен првиот маркет на „Лидл“ во Македонија. Набргу се очекува да се случи и официјалната трансакција, а засега нема информации за која сума е комплетирана зделката.

Претходно компанијата беше во потрага за работници кои ќе работат па во низа беа објавени неколку огласи:

(Видео) Двојно убиство во Скопје, запален и автомобил во Визбегово

Автомобил марка Ауди е запален во скопско Визгегово, се претпоставува дека автомобилот е искористен од страна на убијците во скопскиот “Шиша бар” во кој вечерва беа убиени две лица, а рането е едно лице.

Од МВР за Инфомакс потврдуваат дека:

На 06.03.2023 во 20.11 час. во СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Неофицијално, според нашите информации почина и третиот ранет во случајот со пукањето.

Екипа на судска медицина е на терен, нема увидна екипа на терен и се чека јавен обвинител, објаснува во живо уредникот на Инфомакс, Алекснадар Митовски.

Како што објасни тој, неофицијално ваквото пукање е поврзано и со вчерашните превирања во ДУИ каде Изет Меџити беше разрешен од функцијата во Чаир, а на негово место е назначен Министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Измачуван коњ на скопските улици: Го влечат со автомобил

Коњ, за кој не се знае дали бил користен како превозно средство, бил влечен утрово по скопските улици со автомобил. Ваква страшна глетка начекале скопјани, пишува Независен.мк.

Три лица биле во автомобилот со кој бил влечел коњот, кои во момент излегле од возилото кога коњот паднал.

Случајот предизвика лавина реакции во јавноста и загриженост меѓу граѓаните. Не е познато дали ваквиот настан е пријавен во МВР.

Вакви слики од коњи кои се измачувани низ улиците имаше и изминативе години.