Tag Archives: скопјани

Ракија за 6 денари, шопска за 25 денари во една од најпознатите кафани во Скопје (Фото)

Спас од летните горештини скопјани пред земјотресот барале во летните бавчи на тогашните кафеани. Најчесто таму се одело фамилијарно, постарите пиеле пиво или шприцер, за децата имало лимонада, а најмалку еднаш месечно се јаделе вкусни ќебапчиња.

Една од најпознатите и најпосетените летни бавчи во Скопје била „Кермес“ во Градскиот парк, која била на три нивоа, но сепак во „шпицовите“ се поставувале и маси во тревата. Таму секогаш имало жива музика, а и скарата била многу вкусна.

Често налето се одело во „Кермес“, барајќи освежување, добра музика и вкусна скара. За ќебапчињата што се служеле се одело и со часови порано за да се фати место.

Погледнете го менито на една од најпознатите кафеани во Скопје од 1980 година.

Скопски коли на враќање од Дојран КРАДЕЛЕ КРОМИД ! (Фото)

Обвинувања на сметка на скопјани дека краделе кромид од попатните ниви враќајки се од продолжениот викенд пристигнаа утрово на социјалните мрежи. 

Во една фесбук група е споделено дека автомобили со скопски регистарски таблички вчера враќајќи се од Дојран попатно застанувале и краделе кромид од нивите на мештаните.

Колку е ова точно не се знае, сепак цената на кромидот достигна до 70-80 денари по килограм. 

Бислимовски до скопјани: Топлите радијатори на 24 и 25 степени, се минато, треба да се штеди …

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски во однос на почетокот на грејната сезона во Скопје вели:

„Во саботата почна грејната сезона. Доколку температурата во текот на денот е под 15 степени, треба да работат и топланите. Според информациите од ЕСМ, има одредени проблеми со внатрешна инсталација, но и кај некои топлотни станици и поради тоа се исклучени пумпите, но имало и дефект, кој технички може да се види. Ова е вообичаен почеток на грејната сезона. Како ќе поминува секој ден неделава, ситуацијата ќе се подобрува и непречено ќе се одвива грејната сезона“, рече Бислимоски во гостување на ТВ24.

Тој вели дека времињата кога еден стан со топли радијатори се загревал со температура од 24 степени целзиусови и нагоре, се минато.

-Треба да се штеди и нашите топлани да работат во оптимални режими. Да се покажеме солидарни и да не очекуваме дека повторно ќе имаме грејна сезона со 24-25 степени целзиусови во некои станови. Тоа што е минимум ќе се обезбеди – 21 степен целзиусов. Да потсетам дека побогати земји температурата ја намалија на 18 и 19 степени. Ние како РКЕ не се одлучивме да ги намалуваме тие гранични температури, рече Бислимоски во „Студио 10“.

ПАРНОТО за СКОПЈАНИ траеше само ТРИ СААТИ

Владата најави дека од 15 октомври скопјани ќе имаат парно греење но, од најавата малку се случи. Поточно, греење имаше само три шаса вод енот, и тоа не насекаде каде што има инсталација.

Најголем дел од Скопјани денеска добија парно греење, но само 3 часа. Топлинската енергија била исклучена по 9 часот, бидејќи потребната температура од 12 степени била достигната – вели првиот човек на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Дел од граѓаните од населбите Железара, Кисела Вода и Карпош утринава се пожалија дека немале греење или на млаки радијатори. 85 згради во главниот град останаа незатоплени – потврдуваат од ЕСМ. Директорот Ковачевски вели дека станарите самите биле виновни – или немале струја во потстаниците или пак не ги направиле потребните подготовки навреме.

– „Не е точно дека има повеќе граѓани, бидејќи ќе имаше реакции од граѓаните. Можно е самата станбена заедница да не била доволно подготвена да ја прими топлинската енергија во делот на топлинските пумпи, во делот на потстаниците, во делот на електричната енергија и во делот на поправка на системот. Значи ако во радијаторите претходно постоел воздух, оној воздух којшто треба да се испушти, не може топлината да го истисне воздухот. Значи самите заедници, самите граѓани мора да се подготват за да ја примат топлинската енергија“ – вели Васко Ковачевски – директор на АД ЕСМ.

ЕСМ засега обезбеди гас за работа на скопските топлани за само две седмици, односно до први ноември. Со приватникот ТЕ-ТО се уште нема договор и неизвесно е дали и кога ќе се вклучи во системот на топлинска енергија. Ковачевски вели дека поради нестабилните цени на гасот на светскиот пазар ќе набавуваат месец за месец, а истовремено преговарале за купување гас за до крајот на грејната сезона.

– „Да направиме кратки интервали на набавка на природен гас, затоа што цените на гасот на берзите и фиксните цени што се даваатсе во опаѓачки тренд. Имаат надолна линија и тоа значи дека ние после 20-ти, 25-ти октомври ќе се обидеме да набавиме енергенси за ноември месец, но исто така сме во разговори да набавиме 6-месечна испорака на природен гас со фиксна цена која ќе биде пониска од сегашната“ – рече Васко Ковачевски – директор на АД ЕСМ.

– „Цената по која ние сме го набавиле природниот гас за овие две недели е повисока од она што го имаме сега како понуда за месец ноември“ – вели Крешник Бектеши – министер за економија.

Ако на светскиот пазар нема гас или не може да се купи по поволни цени, топланите во Скопје ќе работат на дизел кој во моментов е прескап. Ковачевски се одлучил за таа опција бидејќи мазутот многу загадувал. Инаку 500 потрошувачи приклучени на Скопје Север исто така немаат парно, бидејќи компанијата во стечај има неподмирени долгови кон ЕСМ и од таму нема иницијатива да се најде начин да работи зимава. И покрај тоа што се растрчаа во „5 до 12“ да бараат ефтин гас, сега надлежните уверуваат дека Македонија не зависи од околните држави и дека парно греење ќе има во текот на цела грејна сезона.

Миа Андрија растури со ,,Скопјани во Охрид” (Видео)

Едното од видеата кои деновиве рушат рекорди на гледаност на социјалните мрежи е видеото на Миа Андрија. Како што вели таа видеото е направено на барање на публиката, а насловот е „Скопјани во Охрид“, да не испадне дека само охриѓаните не чинат. 

За цените во Охрид, шопската салата, рибата и однесувањето на скопјани…на самиот почеток таа напоменува дека секое препознавање е случајно.

Скопјани револтирани: Се краде на грамажа на Зелено пазарче и Бит Пазар

Дел скопјани не се задоволни од услугите кои ги нудат пазарите. Велат дека често се случува продавачите да крадат на грамажа, да не дозволуваат сам да си избереш производи,а потоа да ставаат расипан зеленчук и овошје во кесите, а ова најмногу се однесува на Зелено пазарче и на Бит пазар.

Има и чесни препродавачи и произведувачи на зеленчук и овошје, но проблем се оние кои „ги скриле“ вагите за мерење, велат скопјани.

Еве ги нивните реакции:

-На сите пазари е исто. Се сеќавам дека порано вагите се изнајмуваа од пазарот и истите беа баждарени, ова сега кој со леген, кој со вангла, ама мора да те украде… На зелен пазар вагите не се на 0 туку 200 или 300 гр.почетно, вели еден скопјанец.

-Се расипа и Зелено пазарче и се повеќе почна да наликува на Бит Пазар. Да ти заокружат на цена и тежина, вели друг.

-Со години пазарував на Бит пазар ама од тоа не пипај и пола скапано што ќе ти стават се откажав. Веќе неколку години од маркети и пиљари пазарувам.

– Ги редат напред најубавите парчиња, а во кеса ти го става најголемото ѓубре, скапано, исушено, никакво, а ти наплаќа како за екстра производи. Тоа ми е најодвратно, најбезобразно и повеќе никогаш не купувам од такви. Па уште се навредени ако им кажеш дека ти ја наполнил кесата со роба која му е за фрлање. Секоја чест на исклучоците, чесни и фер пазарџии, ретки се, но за среќа ги има, вели една скопјанка.

Проблем е и што цените не се јасно истакнати за секој да може да ги види, туку мора да се прашува, па продавачот соопштува како ќе му текне.

Скопје инфо

Возач на БМВ ги напна скопјани, си се “прошета” фраерот низ Камени мост

На социјалната мрежа Твитер викендов масовно се споделуваат фотографии од гостиварец кој со своето возило минува по Камен мост во центарот на Скопје.

Ваквиот негов потег наиде на негодување на скопјани, кои, според објавите, очекуваат Министерството за внатрешни работи (МВР) да реагира и да го пронајде возачот врз основа на регистарските таблици на возилото.

ПУКАЊЕ НА ШАПКА: Скопјани отишле на одмор, па извадиле пиштоли

Жител на скопска Копаница во тетовската полиција пријавил дека соселанец пукал кон брат му при нивна средба на Попова Шапка. Инцидентот се случил околу 21 часот. Притоа, немало повредени луѓе.

-Дваесет и деветгодишниот  И.Ш од скопска Копаница во 21 часот и 25 минути пријавил дека на Попова Шапка, каде престојувал со неговиот брат  Х.Ш. и двајца нивни пријатели, по куса вербална расправија,  Ф.З.(27) од истото село извадил огнено оружје и пукал кон Х.Ш., но не го погодил, по што со возило се оддалечил од местото.

Според пријавеното, двајцата браќа подолго време имале нарушни односи со Ф.З, информира Марјан Јосифоски, портпарол  на СВР Тетово.

Сега полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

„Едно време кога ќе снемаше струја имаше дружба, сега замре разговорот, замре животот без струја“

КОГА ЌЕ СНЕМАШЕ СТРУЈА – Четиво на една скопјанка – Костадинка Бошковиќ, за едно време без стресување зошто нема струја, а колку многу се променија работите од ламбата на газје и „Смедеревецот“.

Без никаква најава во весниците, одеднаш мрак ќе го обземеше целото маало. Никој не стравуваше за ништо, прифаќајќи го тоа како нормална работа, која ќе потраеше кратко, а можеби и цела ноќ.

Страв! Од што? Околу нас се беше безбедно, секој секого познаваше, никој не посегнуваше по туѓата имовина, секоја порта отклучена, сечија рака понудена за помош и сечиј збор добронамерен. Дома како да немаше потреба од струја. Само радиото замолчуваше, ама се друго си функционираше, зошто и навиките и потребите си беа подредени на правилото” ништо не може да не изненади.” Ламбата на газје, нормално си имаше почесно место на ѕидот. Горе на креденецот, кибритот, толку потребен, што се купуваше цело пакетче од шест или десет кибрити, распоредени во фиоката на масата, или во оние три фиоки од креденецот, дути и во чешларникот за секој случај.

Во ” Смедеревецот” имавме најголема доверба. Тој никогаш не не изневеруваше. И ако нема струја, тука е тој и за ручек, и за подгревање млеко за бебињата, чај за болните, кафе за гостите, вода за бањање, жар во пеглата, старомоден ” фен” за сушење коса, ” машина” за вриење на алишта, сигурен извор на топлина, дење и ноќе. Нема стуја, нема стрес. Сочувано ментално здравје, без размислување околу подстаници, радијатори, клима уреди, бојлери и слично. Цела електроиндустрија во еден “Смедеревец” Ќе си ја наместевме коклицата под ламбата и домашната задача ќе ја довршевме, без никакво оправдување, дека сме немале струја. Никој не би ни поверувал, зошто, ете, Ви докажав, дека животот си функционираше и без струја.

Соседите, за да ” отепаат” време, ќе дојдеа и наместо шах, дама, домино, ќе се почестеа со муабет, жалејќи што пропуштиле некоја радио емисија. Е, кога, центар на сите домашни случувања, стана неговото височество – телевизорот, започнаа жалопојките, нашите маки, незнаејќи како да се справиме со вишокот време, лелекањето и одложувањето на сите обврски.

Се отуѓивме, приврзани за апаратот белата техника, натпреварот за материјални добра, љубомората, срамот од немоќ да се фати чекор, Ѕвониме, прашуваме, пцуеме. Батериите се празнат, се штедат. Ни улични светла, ни лифтови штракаат, ни домашни се пишуваат, ни фудбалски натпревар, ни тенис, ни… Никој не го споменува кибритот. Не се отвора фрижидерот. Замре разговорот. Замре животот. Сега, покрај се што имаме, оптоварени и со сметките за струја. Данок на време.

Линк од Фејсбук статус:

https://www.facebook.com/groups/638365006305772?multi_permalinks=2255982174544039&hoisted_section_header_type=recently_seen