Tag Archives: Советник

ДРЖАВАТА ГО ДАРУВА СОВЕТНИКОТ НА ПРЕМИЕРОТ: Верушевски покрај 344 дневници по 5.000 денари добил и два стана, од 100 и 47 мкв

Зоран Верушевски кој работи како советник на премиерот Димитар Ковачевски, станал сопственик на стан кој го користел додека бил функционер.

Како што објави ТВ Алсат, Верушевски, станот го користел во периодот 1995-2002 година, поради службената должност која ја извршувал, а потоа наводно ги овластил своите адвокати да се откажат од станот од 47 квадратни метри на улицата Рузвелтoвa и да го вратат на државата, врз основа на морална одговорност и добри намери.

Сепак, 18 години подоцна, преку тужба против државата, успеал да ја врати сопственоста на станот.

ТВ Алсат успеале да ја обезбедат првостепената пресуда во Граѓанскиот суд, која датира од 1 ноември 2021 година.

Одлуката на судот се заснова на повлекување на изјавата што Верушевски ја дал по 18 години, и врз основа на оваа постапка судот го презема имотот на државата и го пренесува во сопственост на физичкото лице.

Образложението на Верушевски, за повлекување на изјавата се темели на фактот дека, според него, адвокатите не биле овластени да постапуваат во овој случај, и непотпишување на актот од негова страна дава основа за враќање на станот.

Дополнителна причина, според Верушевски, бил фактот што тој инвестирал во станот даден од државата поради неговата службена должност, додека законските застапници немале овластување за прашањата директно поврзани со неговата сопственост и финансискиот аспект, туку само општо законско овластување за застапување.

Од станот од 47 квадрати, Верушевски се откажал бидејќи преку службена должност обезбедил уште еден стан од 100 квадрати. До денот кога ја тужел државата, тој го користел станот за кој станува збор.

Како што објавивме вчера, Верушевски ќе наплати од државата и за притворот кој што го минал поради аферата Пуч, односно по 5.000 денари за секој изминат ден во притвор.

Советникот на Зеленски ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: Рече дека НИВНА УКРАИНСКА РАКЕТА СРУШИЛА ЗГРАДА

Алексеј Арестович, еден од советниците на украинскиот претседател Володимир Зеленски, познат по своите толкувања и анализи, поради кои Украинците во неколку наврати беа жестоко бомбардирани, поднесе оставка.

Арестович рече дека ја поднел својата оставка од функцијата советник во кабинетот на претседателот.

Постапката ја нарече чин на „пристојност“.

Претходно, голем број функционери и активисти во Киев повикаа на казнување на Арестович, кој рече дека зградата во Днепар била уништена како резултат на украинската противвоздушна одбрана.

Таа изјава предизвика гнев во Украина, а наиде на одобрување во Москва и кај руските корисници на каналот Телеграм.

Инаку, пред два дена пратениците на Врховната Рада на Украина испратија официјално барање до шефот на СБУ со барање да се оценат постапките на Арестович за соработка со претставниците на „земјата агресор“ и создавање закани за безбедноста на Украина.

На изјавата на Арестович бурно реагираше градоначалникот на Днепар, Борис Филатов.

Тој додаде дека „очигледно некој се обложува на него“ во кабинетот на Зеленски. Филатов истакна дека СБУ и контраразузнавачките служби се „должни да одговорат“ на таквите изјави.

https://twitter.com/zoranceran2/status/1615291586685931520?t=qoyjQTefYqYC89-13S-LoA&s=19

Советник на Заев ги нарече ПРОCТИ граѓаните кои не сакаат да се ваkцинираат, биле убиjци

Советникот на Зоран Заев, Леон Бакрачески ги нарече ПРОСТИ граѓаните кои мислат различно од Владата за вакцината.

-Има граница на пристојноста. Мојата во моментов е помината. Ти се обраќам тебе. Ти, со изгледани 3 видеа на ЈуТјуб, со 70% препишани тестови во средно и 3 научени лекции на факултет. Ти, експерту за мерки што не знаеш што значи алгоритам и никогаш не понел одговорност нит за себе нит за тие околу себе. Ти што од ќерамиди уринираш врз луѓе кои животот го посветиле на наука и експертиза. Ти кој се ужаснува на директност кога не му одговара. ТИ кој бараш права а не ти е грижа за ПРАВОТО НА ЖИВОТ на луѓето околу тебе и не поседуваш грам емпатија. ТИ! Ти немаш право со твојот простотилук да шириш вирус и да убиваш луѓе! Да ги вадиш изјавите од контекст, да поставуваш небулозни прашања и теории на заговор. Твоето неинформирано мислење и нахален простотилак НЕ Е НАД ЧОВЕКОВИОТ ЖИВОТ, напиша тој на својот Фејсбук профил.