Tag Archives: спорт

Доаѓате на собир со Луј Витон, Ролекси и глумите ѕвезди, а на терен сте – ФК Долно Дупени

Македонија вчера доживеа дебакл на „Олд Трафорд“ против Англија (0-7) во квалификациите за Европското првенство (ЕП), а тоа предизвика бурни реакции кај македонската публика.

Навивачите не се задоволни од настапот на македонските фудбалери, иако играа против моќната Англија, но ова не е прво разочарување.

Пред неколку дена Македонија разочара и против Украина, откако водеше со 2-0 на полувреме, а на крајот загуби со 2-3.

Последниот „танц“ на Гоце Георгиевски: Националниот дрес секогаш бил светост за мене

Уште еден репрезентативец од генерацијата која беше причината за убавите ракометни денови во кои уживавме и уживаме, генерација која со своите игри успеа да ги „зарази“ со ракомет и оние кои не беа големи фанатици, генерација која беше причина фановите традиционално во јануари да ги запалат своите автомобили и да минат илјадници километри за да ја бодрат Македонија, одлучи да се збогува со националниот дрес.

Гоце Георгиевски денеска (18 часот) пред домашната публика во СЦ „Борис Трајковски“ против Турција ќе го одигра последниот „танц“ за Македонија.

„Кога ќе го вратам времето и сите случувања, овие 16 години навистина брзо поминаа. Првиот ден кога заиграв за репрезентација бев возбуден, бидејќи играш за Македонија, го претставуваш националниот дрес. Ова не се промени и ден-денеска. Настапот за националниот дрес го гледав како светост затоа што многу малку играчи добиваат шанса да играат за своите земји, а јас бев еден дел од сето тоа. Кога ќе се земе фактот дека игравме Европски првенства, Светски првенства, квалификации за Олимпијада, играњето за репрезентацијата добива уште еден голем плус“, ни рече Георгиевски.

Повеќе на Спортмедиа мк

Вардар загуби од Партизан, „Гробарите“ со провокации: Делчев е Бугарин, Македонија е Србија (ФОТО)

Партизан беше подобар и заслужено го доби мечот на теренот. Импресивен беше нивниот голман кој беше клучот за победата, Трнавац имаше 20 одбрани. Одлични беа и Зечевиќ и Петриќ кои постигнаа по осум гола. Кај Вардар, Талески даде девет гола, но немаше поддршка од другите, Карапалевски и Чувара постигнаа по три гола, Томовски имаше девет интервенции. Но, во салата доминираа провокациите од навивачите на Партизан кон Вардар. 

 На трибините имаа грчко знаме, велеа дека Гоце Делчев е Бугарин, а Комити е српско име. „Група со српско име, бугарски војник слави, мора да е тешко со таа криза на идентитет во главата“, стоеше на паролата на Гробари. 

 Тие скандираа и „Јужна Србија, никогаш Македонија“. Навивачката група на Вардар, „Комити“ имаа вистинско патешествие додека стигнат до Белград. Ги задржаа на српската граница неколку часа, а потоа полицијата бавно ги водеше до салата во Белград, влегоа во 55. минута од натпреварот. За времето колку што беа, успеаа да извадат една парола на која пишуваше: „Живо ви е кралството, колку и другарството“.

Антикорупциска со КРИВИЧНА за Наумче Мојсовски

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 81 седница донесе одлука да достави иницијатива до Јавното обвинителство за кривично гонење на актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и членовите на централната комисија поради основани сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер системот на финансирање фондации и спортски клубови.

ДКСК до Владата ќе достави и иницијатива за утврдување одговорност на овие лица, а до УЈП за извршување надзор на сите субјекти од областа на спортот во поглед на користење на средствата преку т.н. ваучер систем во периодот од 2020, 21 и 22 година.

Според анализите на ДКСК годишно на овој начин се трошат околу една милијарда денари, што се вложуваат во спортот по разни основи, но АМС нема никаква отчетност како ги доделува и како се трошат овие средства.

ДКСК, исто така, смета дека е неопходно да се интервенира и во самиот Закон за спорт, со носење на некое ново решение за распределба на средства со почитување на утврдени критериуми, за што веќе се дадени одредени предлози до кабинетот на вицепремиерката за добро владеење и до АМС.

Членот на ДКСК Владимир Георгиев, појасни дека во 2021 година биле анализирани постапките и активностите при спроведување и користење на средства при доделување на ваучери од Агенцијата за млади и спорт и централната комисија, како и за пропустите и непочитувањето на Законот од страна на дел од федерациите и спортските клубови при конкурирањето, нивното користење на средствата и отчетност.

Освен од АМС, податоци биле побарани и од фудбалската, кошаркарската, ракометната и одбојкарската федерација, како и до спортските клубови кои користеле средства од ваучери во висина од над еден милион денари.

  • Не почитувајќи ги критериумите за доделување средства по ваучер системот постојат сомнежи дека Централната комисија во континуитет од 2020 година досега врши незаконска распределба, односно доделување ваучери на повластени корисници, федерации и клубови, согласно интересот на поединци и групи, можеби и политички партии и ги ставиле во неповолна положба оние спортски субјекти кои не добиле соодветни средства, иако тоа право законски им припаѓало, изјави Георгиев.              

Според ДКСК, постои сомневање дека претседателот и членовите на централната комисија во 2020, 21 и 22 година, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределба на средства, со што го оштетиле буџетот на државата, но и лицата кои имале законско право на вакви средства, а не им биле доделени.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, посочи дека тие не се против доделување средства на клубовите, туку да се направи праведен систем без фаворизирање.

-Не гледаме дека сите препораки кои го дадовме се правилно применети, така што јасно е дека овој систем не дава соодветни резултати. Се надевам дека овие податоци ќе бидат доволна основа за законски измени кои ќе изградат праведен систем, порача Ивановска.

ДКСК, исто така, изразува загриженост и тоа што со законските измени од јануари минатата година, членовите на централната Комисија се именуваат по предлог на Владата, без утврдени критериуми за нивниот избор. 

„Македонски народе, одиме по светска титула!“: Гого Славески го развиори македонското знаме по новата голема победа

Македонецот Горјан Гого Славески продолжува со фантастичните настапи во бокс со голи раце, откако ноќеска дојде и до петтата победа по ред во БКФЦ серијата совладувајќи го со нокаут Кубанецот Јосденис Чедено.

Ова беше елиминаторска борба за добивање шанса за пресметка за титула во велтер категоријата, што значи дека шестиот дуел за македонскиот боксер ќе биде за престижниот шампионски појас.

Македонски народе, одиме по светска титула!“, извикуваше Гого по големата победа.

Славески е веќе 28-годишен спортист, кој веќе години наназад живее и тренира во Мајами, а со бокс се занимава уште од 17-годишна возраст кога почнал да ја претставува Македонија на регионална сцена.

Мајк и Кико од Прилеп им одржаа лекција на сите возрасни: Имаат по 9 години, а покажаа дека ниту еден медал не е поважен од другарството (Фото)

Дечките се Мајк Станкоски – голгетер на Победа генерација 2013 и Кико Тофилоски – голман од истата генерација во фудбалската школа “Перак”.

Нивните екипи денеска се сретнаа во натпреварот за трето место на турнирот за мал фудбал “Св. Никола 2022”. Малото финале за генерацијата 2013 заврши тесно, со резултат 1-1, а потоа на пенали победија фудбалерите на “Перак”.

Но, за овие дечки медалот беше помалку важен, туку има нешто што вреди повеќе од било каков медал, а тоа е другарството.

Мајк и Кико после натпреварот во духот на тоа другарство си ги разменија дресовите, се прегрнаа, се фотографираа и си честитаа за одличната игра.

Секоја чест! Многу повозрасни треба да учат од нив!

Аргентинците прво ги разменуваа дресовите со Хрватите, па потоа им ги фрлаа во канта за ѓубре – светот гневен по ова видео на Дибала на ТикТок (ВИДЕО)

Аргентина со победата над Хрватска од 3:0 си обезбеди пласман во финалето на Светското првенството во Катар кое ќе се одигра оваа недела.

Сепак, светот остана подзинат кога виде како на неспортски начин Аргентинците одлучија да го прослават влезот во финалето.

Снимката која ја објави Пауло Дибала на ТикТок покажа неспортско однесување на репрезентативците, односно на луѓе од стручниот штаб за кој може да следуваат и казни од надлежните на Мундијалот во Катар.

На видеото се гледа како еден човек доаѓа и ги фрла во канта за ѓубре хрватските дресови кои ги разменија фудбалерите на Аргентина со нив.

Видео:

https://www.instagram.com/reel/CmJSwf2jnXQ/?igshid=YmMyMTA2M2Y=

Хит видео: Мароканскиот фудбалер по победата танцуваше со мајка си на теренот

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА Мароко синоќа го воодушеви светот откако ги испрати дома репрезентацијата на Португалија и Роналдо и се пласираше во полуфиналето на Светското првенство. Утрово медиумите се преполни со фотографии од Мароканци кои слават, а една снимка целосно го воодушеви интернетот.

На него е прикажана мароканската фудбалерка Софијане Буфал која победата ја прослави со својата мајка. Мајката на Софијан Буфало се спушти на допир, а тие двајца заедно танцуваа среќен. Никој од нив не можеше да ја тргне насмевката од нивните лица, а видеото се најде на Твитер и го испрати апсолутен хит.

Илјадници луѓе го лајкнаа и споделија видеото на Мароканецот и неговата мама, а се чини дека првата репрезентација од Африка која стигна до полуфиналето на Светското првенство има се повеќе фанови и симпатизери.

Дејан Георгиевски испиша нова спортска историја!

Во светската спортка елита, таму каде што му е местото на „соколот“! Имаме нова спортска историја, за прв пат во Македонија имаме бронза од финално Гран При во олимписки спорт! Го имаме спортистот на годината, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на општина Бутел и еден од тренерите на таеквондистот Деан Георгиевски, Дарко Костовски.

-Дејан Геоегиевски на лична покана учествуваше на финално ГРАНД ПРИ во Саудиска Арабија, Деки со три победи над Мартинез од Шпанија (актуелен сребрен медалист од СП) победа со доминација, над Икарио од Бразил (прв носител на турнирот) победа со доминација, и над Душебаев од Казакстан дојде до историска бронза и нови 33 исклучително значителни бодови за олимписката норма ! Финалниот турнир ГРАНД ПРИ е најелитен таеквондо турнир веднаш после олимписките игри, на истиот имаат право да учествуваат само 16 најдобро рангирани во Светот, во олимпискиот официјален ранкинг по категорија. БРАВО ЈУНАК! Напиша Костовски.

Еквадорските навивачи со скандирање – САКАМЕ ПИВО, САКАМЕ ПИВО! (ВИДЕО)

На полувремето од мечот меѓу Еквадор и Катар, навивачите на селекцијата од Јужна Америка го побараа тоа што му фали на ова Светско првенство – пиво.

Катарските власти на два дена пред почетокот на Светското првенство решија да го прекршат претодниот договор и да забранат точење на пиво на стадионите.

На полувремето од мечот меѓу Катар и Еквадор, еквадорските навивачи скандираа: „Сакаме пиво, сакаме пиво“.