Tag Archives: Спутник

ЗАДАВЕН НАУЧНИКОТ КОЈ ЈА РАЗВИ ВАКЦИНАТА „СПУТНИК V“ (Фото)

Андреј Ботиков(47), еден од 18-те научници кои ја развивале вакцината Спутник V против коронавирусот во Националниот истражувачки центар Гамалеја, бил задавен во неговиот дом на улицата Рогова на 2 март. Руските власти го потврдија случајот и велат дека напаѓачот ја признал вината при сослушувањето откако бил приведен „во најкус можен рок“, пренесува Њузвик.

Обвинетиот за нападот е 29-годишен маж. Извештаите на Истражниот комитет на Русија(ИЦР) укажуваат дека се работи за погрешна провала. Напаѓачот избегал по настанот.

Научникот бил задавен со ремен.

Русија ОДОБРИ: Србија мoжe дa ja ИЗВЕЗУВА вakцинaтa „Cпyтник Б“

Треба да добиеме одобрување за извоз од нашите руски партнери за да не извезуваме на исти пазари, вели српскиот министер Поповиќ.

Рускиот институт „Гамалеја“ ја одобри употребата на 550 000 вакцини „спутник В“, кои до 13 август се произведени на белградскиот институт „Торлак“, соопшти денеска српскиот министер без ресор Ненад Поповиќ.

Тој за РТС кажа дека овие вакцини се со ист квалитет, како и оние што се произведуваат во Русија и дека се планира производство на четири милиони дози до крајот на годината.

Поповиќ наведе дека одлуката за извоз на вакцини ќе ја донесат српската влада и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Треба да се договориме со нашите руски партнери во кои земји ќе извезуваме. Треба да добиеме одобрување од нив за извоз за да не извезуваме на исти пазари. Но, сигурен сум дека за Република Српска, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, за нашите соседи, овие вакцини сигурно ќе ги има во доволни количини“, изјави Поповиќ.

Македонскиот министер за здравство Венко Филипче, кој во април беше во официјална посета на Србија, најави дека српскиот институт „Торлак“ ќе биде стратешки партнер македонските власти за набавка на вакцини против ковид-19.

За секој десетти Македонец вирусот корона не постои, „Спутник В“ најпосакувана вакцина

Секој десетти Македонец верува дека коронавирусот не постои, покажало истражувањето на јавното мислење кое го спровела Владата.

Според податоците, 11 отсто од граѓаните сметаат дека коронавирусот не постои, додека 3 отсто немаат одговор на ова прашање. Вирусот е реалност за 86 проценти од анкетираните граѓани.

Врз основа на истражувањето, 73 проценти од граѓаните изјавиле дека немаат прележано Ковид 19, 51 отсто дале потврден одговор на прашањето дали ќе се вакцинираат, 18 проценти се уште не одлучиле, додека пак 28 отсто изјавиле дека не размислуваат да се вакцинираат.

Според истражувањето, 51% од граѓаните би примиле вакцина, 18% се уште се мислат, а 28% рекле дека нема да се вакцинираат. Истражуваето покажало дека на Македонците омилена вакцина им е Сптуник В. За нејзе се изјаниле 65% од испитаните додека 61% би се вакцинирале со Фајзер. За кинеската вакцина се определиле 50%. Најмногу граѓани или 55% рекле дека не би се вакцинирале со АстраЗенека.

Помалку од половина од анкетираните, односно 44 отсто сметаат дека Министерството за здравство успешно се справува со пандемијата.

Во Србија почна да се произведува руската вакцина СПУТНИК В

На Институтот “Торлак” почна производството на руската вакцина Спутник В и во иднина ќе биде во можност да се извезува во земјите од регионот, изјави рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ).

– RFPI и Институтот за вирузологија и вакцина “Торлак” објавија дека во Србија започнаа производство на руската вакцина против корона вирусот. Со ваСрбија стана првата држава во овој дек од Европа која ќе произведе Спутник В. Производството во Србија е во согласност со најстрогите стандарди на рускиот производител – објавија во Фондот.

Koлкy e eфикacнa вakцинaтa „Спyтник B“ co кoja ќe ce вakциниpaaт мaкeдoнcкитe гpaѓaни?

Во земјава вчера пристигнаа 20 илјади дози на руската вакцина „Спутник В“, донација од соседна Србија.

Со донацијата од Србија ќе се вакцинираат вработени во Министерството за внатрешни работи, АРМ, новинари вработени во медиуми, вработени во обвинителство и судови, возачите на автобуси во ЈСП „Скопје“, пожарникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените на патарините.

Каков тип на вакцина е „Спутник В“?

Според информациите кои се споделени на страната kovid19vakcinacija.mk руската вакцина e 91,6% ефикасна.

– Тип на вакцина: аденовирус како вектор кои носи гени за С протеинот на САРС-Ков2 вирусот.

– Препорачана на возраст над 18 годиниПотребни се 2 дози, втората доза 21 ден по првата доза.

– Се дава мускулно во рамото.

– Ефикасност: Ефикасноста на Спутник В наспроти КОВИД-19 е пријавена на 91,6%. Бројката се заснова на анализа на податоците на 19.866 волонтери, кои примиле и прва и втора доза на вакцината Спутник В.

– Безбедност: Клиничките студии покажаа висока ефикаснот од 92% превенција од САРС-Ков2 инфекција. Исто така, се смета дека е безбедна – и нуди целосна заштита од хоспитализација и смрт.

– Најчести несакани ефекти: Некои несакани ефекти од вакцината се очекувани, но тие се обично лесни, вклучувајќи болка во раката, замор и покачена телесна температура.

Македонија е 59. земја во која е регистрирана оваа вакцина, вклучувајќи и неколку земји членки на Европската Унија и покрај тоа што истата моментално чека на одобрување од Европска агенција за лекови (ЕМА).